КАФЕ ПАУЗА

Tag: хакер

  • 10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите

    10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите

    Мобилните телефони се незаменлива алатка со која комуницираме, пресметуваме, се информираме, па дури и пазариме. Додека за компјутерите користиме антивируси и посветуваме внимание за да се заштитиме од потенцијален хакерски напад, истото ретко го правиме за телефоните, иако нив ги користиме почесто. Експертите споделуваат како криминалците може да стигнат до нашите податоци и што може да сторите за да се заштитите.rnrn10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакеритеrn

    1. Користење јавни Интернет мрежи

    rnОтворените мрежи им дозволуваат на криминалците лесно да споделуваат штетен софтвер на секој што е поврзан на мрежата. Впрочем, лесно е секој да направи лажна мрежа која изгледа како отворена Интернет мрежа. На мобилниот телефон најдобро е се поврзете преку виртуелна приватна мрежа (VPN – Virtual Private Network), која ќе го спречи поврзувањето на незаштитени мрежи.rn

    2. Заклучувајте го екранот со лозинка

    rnДоволен е само еден момент на невнимание во продавница или кафуле за некој да ви го земе телефонот. На овој начин, доколку немате лозинка, некој хакер може да ви инсталира апликација за следење или крадец може да ви го украде телефонот и да пристапи до вашите битни информации, како кредитна картичка или адресата.rn

    3. Оневозможете го појавувањето на пораките на екранот

    rnМногу телефони се подесени на тој начин за да покажуваат дел од секоја примена порака на екранот дури и додека телефонот е заклучен. На овој начин, ризикувате одредени важни пораки да бидат видени од сите околу вас.rn

    4. Чувате стари мејлови

    rnДоколку не ги бришете старите мејлови, хакерите може да добијат информации за секоја интернет-страница или интернет-услуга што сте ја користеле кога ќе влезат во вашето сандаче.rn

    5. Отворање несигурни линкови на социјалните мрежи

    rnПовеќето од нас се внимателни кога станува збор за мејлот, но што се случува кога ќе погледнете сомнителна објава на некоја социјална мрежа? Секогаш добро погледнете ја објавата пред да притиснете на линкот бидејќи може да завршите на интернет-страница која ќе го зарази вашиот телефон со вирус.rn

    6. Одјавувајте се од платформите за пазарење

    rnСекогаш одјавувајте се кога ќе завршите со користење на одредена платформа која вклучува плаќање со картичка, како Пејпал, Амазон итн.rn

    7. Подесете го телефонот на автоматско ажурирање

    rnКомпаниите редовно ги ажурираат верзиите на телефонскиот оперативен систем за да поправат грешки и да спречат нивно повторно појавување. За да не проверувате дали на телефонот му е потребно ажурирање, подесете го да го прави тоа автоматски.rn

    8. Бидете внимателни кога ја споделувате локацијата

    rnСподелувањето на локацијата на социјалните мрежи или во групи може да им помогне на криминалците да откријат каде се наоѓате и да ви испраќаат штетни мејлови поврзани со местото или да ве ограбат.rn

    9. Не отворајте несигурни документи на мејл

    rnНикогаш не преземајте документи кои се испратени од несигурни извори. Експертите велат дека девет од десет сајбер-напади започнуваат со вакви мејлови.rn

    10. Разгледајте ги апликациите пред да ги преземете

    rnАпликациите кои прикажуваат реклами може да бидат штетни за телефонот доколку притиснете на погрешна реклама. Пред да инсталирате одредена апликација, разгледајте ја внимателно. Понекогаш, подобро е да платите за одредена апликација отколку да инсталирате бесплатна верзија која може да биде штетна.rnrnИсклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

  • Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Професиите од соништата постојат и тие се одлично платени

    Дали сакате професионално да ја стилизирате храната или да дегустирате вина? Погледнете ги најинтересните професии кои се бараат во светот и со кои можеби и вие ќе сакате да се занимавате. Па зарем има ли некој кој не би сакал да дегустира сладоледи и за тоа да зема 60.000 долари годишно?rnrnПрофесиите од соништата постојат и тие се одлично платениrn

    1. Техничар кој ги крева работите во воздух – 150.000 долари годишно

    rnОваа личност е задолжена да ги крева во воздух сите потенцијални опасни работи и објекти кои сѐ уште не експлодирале. За да се искачат на скалата на успехот, треба да поседуваат одредени квалификации кои не е тешко да се добијат.rn

    2. Хеликоптерски пилот за далеководи – 101.000 долари годишно

    rnРаботата се состои од летање покрај далеководи и проверување на нивната исправност и функционалност со помош на камера која е прицврстена на самото летало. Природно, за оваа работа треба да имате соодветно образование, но добрата вест е што во Америка можете да добиете пилотска дозвола ако поминете 2.000 часа во воздух.rn

    3. Пилот/управувач со воздушен балон – 70.000 долари годишно

    rnМожете да летате со балон во текот на целиот ден и сѐ што ви треба е само една пилотска дозвола.rn

    4. Работа во областа на синхронизација – 80.000 долари годишно

    rnСинхронизација на реклами, анимирани филмови… Не ви се потребни никакви посебни квалификации, иако постојат курсеви за правилно акцентирање, дикција и изговор, воопшто.rn

    5. Играч на видео игри – 50.000 долари годишно

    rnНезависно дали се работи за тестирање на новите видео игри или помагање на другите играчи да стигнат до следното ниво, сѐ што ви е потребно за оваа работа е љубовта кон гејмерската индустрија.rn

    6. Автор на крстозбори – 70.000 долари годишно

    rnПравењето крстозбори за весниците на прв поглед можеби изгледа лесно, но станува збор за една навистина комплицирана работа за која е потребно многу време и трпение да ја совладате.rn

    7. Дегустатор на сладоледи – 60.000 долари годишно

    rnЛичноста која се бави со оваа работа треба да има некакво искуство во светот на кулинарството, а не само да биде љубител на сладоледи, бидејќи треба да го оцени вкусот, текстурата, мирисот и другите елементи на овој вкусен десерт.rn

    8. Дегустатор на вино – 51.000 долари годишно

    rnТреба да знаете да им препорачате на клиентите различни вина. Потребен е и курс, но и долгогодишно искуство, но потоа следат патувања и дегустација на најфините вина ширум светот.rn

    9. Стилист за храна – 77.000 долари годишно

    rnПрофесијата вклучува подготовка и стилизирање на храната за списанија и реклами. Условот е страста кон храната и креативноста, но и естетскиот пристап. Предност при вработувањето ќе имаат личностите кои имаат завршено соодветно образование или посетувале кулинарски курсеви.rn

    10. Етички хакер – 140.000 долари годишно

    rnОвој тип хакери се ангажирани од страна на владите и компаниите за да се одбранат од другите хакери. Природно, потребни ви се високо образование и искуство во ИТ секторот.rn

    11. Главен офицер за прислушување – 140.000 долари годишно

    rnДоколку ве привлекува шпионажата, тогаш не правете го тоа бесплатно. Оваа професија бара следење на социјалните мрежи и пронаоѓање податоци кога и каде се спомнуваат одредени компании кои ќе ве плаќаат. Освен личните склоности, добро би било доколку имате соодветни квалификации од областа на маркетингот и искуство со работа на социјалните медиуми.rn

    12. Инженер на трки – 134.000 долари годишно

    rnОваа личност служи како главен комуникатор помеѓу тркачките автомобили и возачите. За оваа работа ќе ви биде потребно добро познавање на математиката и физиката, поконкретно диплома од едно од овие две подрачја и докажано искуство.rn

    13. Лик од анимиран филм од Дизни – 32.000 годишно

    rnДоколку не ви е проблем да се облечете како некој лик од анимираните филмови од Дизни и да парадирате цел ден, тогаш ова е вистинската работа за вас. Потребни ви се конкретни физички предиспозиции и карактеристики, како висина и изглед, но и комуникација со децата.rn

    14. Холивудски каскадер – 100.000 долари годишно

    rnАко ова ве интересира, тогаш бидете подготвени на тепачки, бегање од експлозии и живеење во голема опасност. Но, дури и со одличната физичка издржливост, сепак мора да поминете низ обуката за каскадери.rn

    15. Дизајнер на градини во филмовите – 84.000 долари годишно

    rnДоколку ја сакате природата и имате око за уредување на зеленилото, а со тоа и поседувате уметнички таленти и основно познавање на филмот и градинарството, тогаш можете добро да заработите ако ја изберете оваа професија.

  • ТВ серија: Господин Робот (Mr. Robot)

    ТВ серија: Господин Робот (Mr. Robot)

    ТВ серија за брилијантен хакер кој страда од антисоцијално нарушување

    rn(1) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Рами МалекrnrnЖанр: криминал, драмаrnrnКреатори: Сем ЕсмаилrnrnПремиера: 24 јуни 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што нè води во секојдневниот живот на младиот и брилијантен хакер, Елиот (Рами Малек). Тој страда од антисоцијално нарушување, но истовремено се бори и со илузии. Без разлика каде е, тој има чувство како луѓе во одела да го следат. Претерано е параноичен и нема многу пријатели. Елиот не ги запознава луѓето како што тоа го прават сите. Доколку сака да открие нешто повеќе за одредена личност, тој им го пробива компјутерот и ја следи нивната комуникацијата со другите преку социјалните мрежи, мејлови и пораки. Токму затоа и знае за нив многу повеќе одошто тие се свесни.rnrn(2) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkrnrnТој преку ден работи како инженер за сајбер заштита, а во текот на ноќта преку хакирање се обидува да го направи светот подобро место за живеење. Токму затоа и ќе го привлече вниманието на еден анархист, кој има големи планови за луѓето во Америка. Всушност неговата идеја е толку голема и брилијанта, што младиот Елиот едноставно нема да може да ѝ одолее. Но, поради своите психолошки проблеми ќе се бори со себе, не знаејќи дали овие настани се вистинити или само дел од неговата фантазија.rnrn(4) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-gospodin-robot-mr-robot-www.kafepauza.mkrnrnСтанува збор за детално изработена приказна, опколена со мистерија и заговори кои се поголеми од сите нас. Елиот ќе ве натера почнете да се сомневате во сè што гледате пред вас, откривајќи ви еден сосема нов свет, скриен свет, од кој тајно владеат моќни луѓе кои се невидливи за останатите. Рами Малек исклучително го игра ликот на Елиот, што само дополнително придонесува за успешноста на оваа ТВ серија. Па, ако сте расположени за теории на заговор, рушење на општеството какво што го знаеме и многу мистериозност, тогаш оваа приказна без сомнение брзо ќе ви стане омилена.

  • ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

    ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

    ТВ серија за една хакерка која се обидува со своите вештини да ја најде нејзината исчезната сестра, додека истовремено се обидува да открие сериски убиец кој е опседнат со неа…

    rn(5) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)Главни улоги: Викторија Џастис, Кејси Џон Дејдрик, Харви ГиленrnrnЖанр: драма, криминал, мистеријаrnrnКреатор: Кристијан ТејлорrnrnПремиера: 12 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со киднапирањето на Сара, помалата сестра на Линди (Викторија Џастис). Тоа се случува пред нејзините очи, но беспомошната Линди и покрај целиот труд, нема да успее навреме да стигне до неа. Дејството продолжува 3 години подоцна каде што ние веднаш откриваме дека Линди имала одредени проблеми со законот. Изгледа нејзините хакерски вештини ја довеле до мала неволја. Но, тоа нема да ја спречи да престане со нејзината мисија да ја пронајде својата помала сестра која сè уште е исчезната и токму затоа продолжува неавторизирано да влегува во досиејата на ФБИ.rnrn(1) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (2) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)rnrnИ покрај тоа што целосно ја поддржува, Софија (Кирси Клемонс), нејзината најдобра пријателка ја советува малку да се забавува и да почне повторно да оди на состаноци. Токму затоа таа и ќе ѝ направи профил на една апликација за запознавање со цел да ја натера малку да се опушти и да запознае личност со која ќе може барем малку да заборави на нејзиниот бивш дечко и на сите оние лоши работи кои ѝ се случиле во последниве неколку години. Линди во текот на една вечер, преку оваа апликација ќе запознае многу мажи и нема да биде заинтересирана за ниту за еден од нив. Но, од друга страна пак, еден од нив ќе биде многу заинтересиран за неа и ќе почне да ги убива сите оние со кои мисли дека таа е во врска. Линди случајно ќе налета на сајбер сериски убиец, па токму затоа и ќе се придружи на ФБИ со цел да го открие и спречи.rnrn(3) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (4) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)rnrnОваа ТВ серија навистина има голем потенцијал, па доколку приказната продолжува да се одвива со ова темпо таа може да биде навистина интересна. Уште во првата епизода ќе се случат илјадници нешта кои целосно ќе го привлечат вашето внимание и кои ќе ве натераат веднаш да ја спуштите и следната епизода со цел да видите што ќе се случи понатаму. Токму затоа ако сте расположени за криминалистичка драма, исполнета со многу мистерија, тогаш „Eye Candy“ е совршен избор за викенд маратон.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да изберете безбедна лозинка?

    Како да изберете безбедна лозинка?

    Во денешно време, лозинка ни е потребна речиси за сè за што секојдневно го користиме Интернетот – праќаме и примаме имејл пораки, ја проверуваме состојбата на сметката во банка, користиме програми за чет и видео разговори како што се МСН и Скајп, а да не ја споменуваме масовната комуникација во светски рамки преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.rnrnБидејќи сите полека, но сигурно стануваме сè позависни од Интернет и тој стана составен дел од нашиот начин на живот, многу е важно да знаеме дали лозинките кои ги одбираме се безбедни. Следуваат неколку совети за правилен избор на вашите лозинки при регистрација.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    1. Што повеќе карактери – толку подобро

    rnНикогаш не креирајте лозинка со помалку од 6 карактери, бидејќи таквата може лесно да биде „пробиена“ од страна на хакери со користење brute-force софтвери. Мајкрософт препорачува да се создаваат лозинки од минимум 14 карактери, доколку е тоа возможно.rn

    2. Не користете постоечки зборови

    rnЗборовите кои постојат во речникот на кој било јазик во светот, напишани од лево кон десно или од десно кон лево, не треба да се користат како лозинки, бидејќи лесно можат да бидат „уловени“од страна на сајбер-криминалците.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    3. Создадете едноставна формула

    rnСоздадете лозинка базирана на некоја едноставна реченица, која ќе можете да ја запаметите. На пример, ако реченицата ви гласи: „Сакам да научам како да креирам безбедна лозинка со овие совети“, вашата лозинка нека биде составена од првите букви на секој збор, (на латиница) а потоа по случаен пат изберете кои букви да ви бидат големи, а кои мали за да ја направите покомплицирана за декодирање: SdnKDKblsOS.rn

    4. Со бројки е побезбедно

    rnСледно што треба да направите за да биде вашата лозинка уште побезбедна, е да додадете бројки во средина, но избегнувајте да го внесувате бројот на вашите години, датумот на раѓање или бројот на адресата на живеење: SdnKD74KblsOS. Потоа, додадете симбол и/или интерпункциски знак, на почетокот и на крајот на лозинката: %SdnKD74KblsOS?rn

    5. Не користете една лозинка за сè

    rnНемојте истата лозинка која ја креиравте да ја користите за пристапување на вашиот Фејсбук профил, за проверување на сметката во банка на Интернет, за Скајп и во сите ваши онлајн регистрации. Ако вашата лозинка еднаш ја пробијат, ќе станете чувствителни на сите видови сајбер-опасности.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    6. Меморирање на лозинки

    rnАко имате многу лозинки за меморирање, несомнено ќе имате тешкотија да ги запаметите сите. Најсигурно ви е да пробате да ги запаметите, но ако не можете, тогаш запишете ги на лист, кој ќе го чувате на безбедно место, каде никој нема да ви го види (никако немојте да го залепите на бирото каде што ви стои компјутерот). Ако и таа варијанта не ви е баш практична, тогаш почнете да користите пасворд менаџер, на пример KeyPass, кој безбедно ќе ги чува сите ваши лозинки на едно место, а вие ќе треба да запаметите само една лозинка, за да пристапите до него.rnrnКако да изберете безбедна лозинка?rn

    7. Заштитете ја вашата лозинка

    rnПоради безбедносни причини, избегнувајте да ја користите вашата лозинка на јавни компјутери и никако немојте да ја споделувате преку имејл порака, дури и ако истата е побарана да ја испратите од страна на компанија во која имате доверба.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.