ТВ серија за една хакерка која се обидува со своите вештини да ја најде нејзината исчезната сестра, додека истовремено се обидува да открие сериски убиец кој е опседнат со неа…
rn
Главни улоги: Викторија Џастис, Кејси Џон Дејдрик, Харви ГиленrnrnЖанр: драма, криминал, мистеријаrnrnКреатор: Кристијан ТејлорrnrnПремиера: 12 јануари 2015rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува со киднапирањето на Сара, помалата сестра на Линди (Викторија Џастис). Тоа се случува пред нејзините очи, но беспомошната Линди и покрај целиот труд, нема да успее навреме да стигне до неа. Дејството продолжува 3 години подоцна каде што ние веднаш откриваме дека Линди имала одредени проблеми со законот. Изгледа нејзините хакерски вештини ја довеле до мала неволја. Но, тоа нема да ја спречи да престане со нејзината мисија да ја пронајде својата помала сестра која сè уште е исчезната и токму затоа продолжува неавторизирано да влегува во досиејата на ФБИ.rnrn
rnrnИ покрај тоа што целосно ја поддржува, Софија (Кирси Клемонс), нејзината најдобра пријателка ја советува малку да се забавува и да почне повторно да оди на состаноци. Токму затоа таа и ќе ѝ направи профил на една апликација за запознавање со цел да ја натера малку да се опушти и да запознае личност со која ќе може барем малку да заборави на нејзиниот бивш дечко и на сите оние лоши работи кои ѝ се случиле во последниве неколку години. Линди во текот на една вечер, преку оваа апликација ќе запознае многу мажи и нема да биде заинтересирана за ниту за еден од нив. Но, од друга страна пак, еден од нив ќе биде многу заинтересиран за неа и ќе почне да ги убива сите оние со кои мисли дека таа е во врска. Линди случајно ќе налета на сајбер сериски убиец, па токму затоа и ќе се придружи на ФБИ со цел да го открие и спречи.rnrn
rnrnОваа ТВ серија навистина има голем потенцијал, па доколку приказната продолжува да се одвива со ова темпо таа може да биде навистина интересна. Уште во првата епизода ќе се случат илјадници нешта кои целосно ќе го привлечат вашето внимание и кои ќе ве натераат веднаш да ја спуштите и следната епизода со цел да видите што ќе се случи понатаму. Токму затоа ако сте расположени за криминалистичка драма, исполнета со многу мистерија, тогаш „Eye Candy“ е совршен избор за викенд маратон.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
