КАФЕ ПАУЗА

Tag: ѓавол

  • Викенд книга: „Мрачни места“ – Џилијан Флин

    Викенд книга: „Мрачни места“ – Џилијан Флин

    Дали можеме да се родиме лоши? Глупаво прашање, нормално дека не. Но, доколку ја прашате Либи Деј, таа ќе ви го каже токму спротивното.

    rn

    Наша оценка: 8

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnВикенд книга: „Мрачни места“ - Џилијан ФлинrnrnКога ја прочитав „Ејми ја нема“ си ветив дека ќе се потрудам и другите дела на Џилијан Флин кога-тогаш да се најдат во мои раце. Жената е едноставно генијална, па доколку сте љубители на добри трилери и мистерии не можете да погрешите со нејзините книги.rnrnДали можеме да се родиме лоши? Глупаво прашање, нормално дека не. Семејството, пријателите, општеството е она што ни помага да се изградиме, да формираме карактер, тие луѓе и институции нè учат што е добро или не и тие се оние кои понекогаш нè зезнуваат, па може да се случи да станеме „лоши“, нели? Но, доколку ја прашате Либи Деј ќе ви го каже токму спротивното:rn
    rn

    „Имам некоја злоба во мене, вистинска и реална како орган. Исечи ми го стомакот и можеби ќе излезе, месеста и темна, ќе се лизне и ќе падне на подот за да можеш да ја згазнеш со нога. До крвта на семејството Деј е. Нешто не е во ред со неа.“

    rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Сакам Книги

    rnrnrn


    rnrnНо, Либи не е лоша. Напротив таа е жртва на морничава трагедија која го уништува нејзиното семејство и ја остава психички и физички осакатена за цел живот. Нејзината мајка и две сестри се брутално убиени кога Либи имала само 7 години, таа е единствената преживеана покрај нејзиниот брат кој е осуден на доживотна казна поради убиствата. Да, нејзиниот брат кој тогаш имал петнаесет години е убиецот и истиот тој лежи во затвор поради сведочењето на Либи која е сигурна дека го слушнала него во ходникот пред звукот на секирата и сачмарката. Либи има и татко, но тешко дека може да се смета за родителска фигура бидејќи не се грижи за своето сиромашно семејство пред убиствата, а уште помалку се грижи што се случува со Либи и Бен после трагедијата.rnrnЛиби денес има 24 години и сериозни психички последици од „таа ноќ“ како што е и очекувано. Пасивна, без волја за живот, со самоубиствени мисли, Либи во изминатите години живеела од фондот кој го креирале луѓето ширум светот кои сакале да ѝ помогнат. Нема работено ниту еден ден во животот па кога парите во тој фонд ќе се истрошат Либи едноставно не знае како да се грижи сама за себе. После убиствата Бен е автоматски осуден на доживотна казна, сите подразбираат дека сомнителниот тинејџер кој се поклонувал на ѓаволот си го искасапил семејството. Либи е убедена во истото и никогаш не оди во посета на нејзиниот брат. Но, кога ќе се соочи со финансиските проблеми, Либи наоѓа бизарна можност повторно да влече пари без да работи. Открива дека постои група на луѓе кои се опседнати со убиството на нејзиното семејство, убедени дека Бен е невин и подготвени да ѝ дадат пари за да почне да открива што се случило точно таа ноќ. Либи прифаќа.rnrnДодека се запознаваме со оваа девојка денес, наизменично дознаваме што се случувало дента пред убиствата и тоа преку мислите на мајката Пети Деј и братот Бен. Станува збор за повеќечлено, сиромашно семејство кое крпи ден со ден, но во суштина односите помеѓу нив се прилично нормални. Бен е фрустриран тинејџер и во некоја фаза на слушање dead metal музика, самотник кој нема многу пријатели на училиште што се должи на неговата работа како чистач преку викендите, но и покрај сè ова, неговото однесување на почетокот не е ништо различно од она на неговите врсници. Каде тргнало толку погрешно?rnrnКако што веројатно и самите забележувате, книгата е прилично депресивна, а ликовите се постојано опседнати со мрачни и лоши мисли. Џулијан Флин уште на почетокот ја убива надежта дека нешто сепак би можело да заврши позитивно и покрај ваква трагедија. Мислам дека поголем дел од ликовите во книгата се напишани според најгрдите примери на човештвото. Ми беше прилично тешко да се поврзам со кој било од ликовите, дури и со Либи Деј, која би требало да биде светла точка во целиот ужас, девојчето кое преживеало и кое има шанса за добар живот.rnrnИскрено, кога веќе читам таков хорор во кој се убиени мајка и две малечки девојчиња со секира и сачмарка, па уште и детално е опишана секоја сцена, веројатно би очекувала солиден заплет и вистинско откровение кога ќе дознаам кој е убиецот. За мене, лагата врз која е изградена оваа приказна беше премногу болна и нефер, но некои од вас можеби тука ќе ја пронајдат смислата на книгата. Како и да е, можеби на вакви дела им треба повеќе време за да легнат, а јас уште сум во фазата кога рипам на секој звук во станот и страв ми е да си одам дома сама, 🙂 што горе-долу е ефект што сакате да го постигнете кога читате хорор или психолошки трилер, па верувам дека Џилијан Флин во тој дел и овој пат си ја заврши работата.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до сабота, 7 февруари 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

  • 15 моќни цитати од Ф. М. Достоевски

    15 моќни цитати од Ф. М. Достоевски

    Автор: Зорица ТодороваrnrnФјодор М. Достоевски, најзначајниот руски писател и столб на реализмот како литературен правец, никогаш нема да престане да нѐ воодушевува со неговото длабоко разбирање на човековата психологија. Претставувајќи ја проблематичната политичка, социјална и религиозна атмосфера на Русија во 19-от век, неговите дела се одразуваат на нас дури и денес. Доколку ја прочитавте „Злосторство и казна“ само затоа што ви беше задолжителна лектира во средно училиште, ние ќе ве мотивираме да прочитате уште некое од неговите ремек-дела.rnrn3-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mkrnrn

    „Пред сѐ, не лажете се самите себеси. Оној што се лаже себеси и ги слуша сопствените лаги доаѓа до состојба кога не може да ја препознае вистината во себе и околу себе, и така губи секаква почит спрема себеси и другите. А немајќи никаква почит, престанува да љуби.“

    rn

    „Убавината е истовремено и таинствена и ужасна. Господ и ѓаволот таму се борат, а бојното поле е срцето на човекот.“

    rn

    „Зашто жената – тоа ти е брате, ѓаволот знае што е, барем нив добро ги познавам! Само обиди се пред неа да ја признаеш сопствената вина: ‘Виновен сум’, – речи – ‘прости ми, извини’ – ќе ти упати цел порој префрлања. Воопшто таа нема да ти прости веднаш и просто, туку ќе те понижи како крпа, ќе ти го нареди и она што не било, сѐ ќе земе, ништо нема да заборави, дури и ќе додаде нешто свое, и дури тогаш ќе ти прости. И тоа најдобрата, најдобрата меѓу нив! Ќе ти истружи сѐ што може, потоа сѐ ќе ти натовари на главата – во нив се крие некакво мршојадство, во сите до последната, во тие ангели, без кои не можеме да живееме.“

    rn

    „Луѓето, сета таа комедија ја сметаат за нешто сериозно. И покрај сиот свој неоспорен ум. И во тоа е нивната трагедија. И се разбира, страдаат, но… но затоа живеат, живеат реално, не фантастично, зашто страдањето и е живот!” – Браќата Карамазови

    rn

    „Човекот е несреќен затоа што не знае дека е среќен. Само тоа е.“ – Демони

    rn2-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mkrnrn

    „Хм… да, сѐ е во рацете на човекот а тој дозволува да му побегне од кукавичлук, тоа е начело. Би било интересно да се знае што е тоа од што мажите најмногу се плашат. Преземање нов чекор, изговарање нов збор, тоа ги плаши најмногу… Но јас веќе зборувам премногу.“

    rn

    „Болката и страдањето се секогаш неизбежни за една длабока интелигенција и големо срце. Навистина големите луѓе мораат, сметам, да проживеат голема тага на оваа земја.“ – Злосторство и казна

    rn

    „Дека човекот милува да создава и да пробива патишта е сосем неоспорно. Туку зошто тој тогаш толку страсно исто така ги сака и уривањето и хаосот?“

    rn

    „Од очајот доаѓаат најдлабоките задоволства, особено кога е човек крајно свесен за безнадежноста на својата состојба.“ – Записи од подземјето

    rn

    „И сега повторно си го поставив прашањето: дали ја љубам? И повторно не можев да си одговорам, т.е. повторно, по стоти пат, одговорив дека ја мразам.“ – Коцкар

    rn1-15-mokjni-citati-od-f-m-dostoevski-kafepauza.mkrnrn

    „Индивидуалното добро дело секогаш ќе постои, зашто тоа е потреба на личноста, жива потреба за директно влијание на една личност врз друга.“

    rnrn

    „Суштината на религиозното чувство не се подведува под никакви расудувања, под никакви грешки и злосторства и под никакви атеизми; тука е секогаш нешто друго; тука има нешто такво околу кое вечно ќе се слизнуваат атеизмите и вечно ќе зборуваат ‘не за она’.“

    rn

    „Има луѓе за кои е тешко да се каже нешто такво кое би можело да ги претстави наеднаш и целосно во нивниот најтипичен и најкарактеристичен изглед; тоа се оние луѓе, кои обично се нарекуваат ‘обични’ луѓе, ‘множество’ и кои и навистина го претставуваат најголемото множество на секое општество.“

    rn

    „Дали е вистина, кнезу, дека еднаш сте кажале како ‘убавината’ ќе го спаси светот? ‘Господа’, им се обрати тој гласно на сите, ‘кнезот инсистира дека убавината ќе го спаси светот! А јас инсистирам дека тој има така весели мисли затоа што е заљубен.’“ – Идиот

    rn

    „Зар под вакво небо можат да живеат секакви лути и хировити луѓе?“ – Бели Ноќи

  • Дали би застанале покрај напуштена количка од која се слуша бебешки плач?

    Дали би застанале покрај напуштена количка од која се слуша бебешки плач?

    Веројатно повеќето би рекле „да, секако“. Но, размислете пак. Или не размислувајте, погледнете го видеото, па потоа одговорете. :)rnrnrnrnОва ѓаволско бебе е машина, која повеќе изгледа реално отколку роботски. Количката се управува со далечински управувач, местејќи се точно пред минувачите на улиците на Њујорк Сити, додека скриените камери ги следат нивните реакции. Изгледа смешно од оваа страна, но како би изреагирале ако привлечени од невиниот плач, тргнете да му помогнете на напуштеното бебе, а наместо него, го здогледате ова чудо?rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ријана со психотичен видео запис за „What Now“

    Ријана со психотичен видео запис за „What Now“

    Ријана направи мрачен, психотичен видеоспот за поп-рок баладата „What Now“ од албумот „Unapologetic“, во кој таа изведува егзорцизам. rnrnРијана со психотичен видео запис за „What Now“rnrnСнимено во морничаво складиште во Тајланд, видеото ја прикажува мрачната страна на Ријана, проследено со растреперени движења на камерата и секси искривувања на нејзиното тело, кои треба да го прикажат ѓаволот кој го измачува нејзиното тело. Погледнете го ова „опседнато“, но визуелно примамливо видео. :)rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта и значењето на симболите

    Моќта и значењето на симболите

    Зад симболите се кријат безброј верувања, митови, тајни кодови и што уште не. Прочитајте дел од нив…rnrn1. Прстенот на рибарот е вториот официјален симбол на папата. На него се изгравирани риби и Св. Петар. Ова име го носи за да потсетува дека Поглаварот на Римокатоличката црква се јавува како наследник на апостолот, кој по професија бил рибар. Прстенот за првпат се споменува во 1265 година, во писмото на папата Климент IV до неговиот внук. Од средновековието пак, се зачувала традицијата, секој посетител на поглаварот да го допре прстенот со усните, како знак за послушност пред неговата волја. До 1842 година тој се користел и како печат, за да ги потврди папските писма од приватен карактер.rnrnЗа секој нов папа се изработува нов прстен, на кој на латински се гравира неговото име. Го добива за време на инаугурацијата. По неговата смрт, прстенот се уништува во присуство на кардинали, за да се исклучи можноста за фалсификување документи со стар датум.Моќта и значењето на симболите2. Пентаграмот е нарекуван уште и Соломоновиот знак. Тој е познат од древни времиња и ги симболизира петте големи принципи на човештвото: љубовта, мудроста, вистината, правдата и добродетелта. За раните христијани пак, зраците на пентаграмот ги означуваат петте рани на Исус Христос, а според некои записи тој е симбол и на женскиот почеток. Но, ваквите позитивни перцепции на превртената ѕвезда за кусо време биле заборавени.rnrnСимболот е вкучен во кампањата на Ватикан за надминување на паганските религии и така се претвора во заштитен знак на ѓаволот. Во денешно време, тој е омилен симбол на сатанистите.Моќта и значењето на симболите3. Христовиот столб – крстот – Иако нам ни е познат како христијански симбол, крстот всушност преставува пагански остаток. Во грчките оригинали на трите најстари евангелија, тој никаде не се споменува како место на Христовото страдање. Таму се споменува зборот „стаурос“, кој во превод значи столб.rnrnКрстот, заедно со кругот се најстарите симболи познати во човештвото. Во некои култури тој го симболизира светот, но подлежи и на други најразлични интерпретации. Откако во 4-от век, императорот Константин го прифаќа христијанството и го наложува како религија во Византија, крстот станува официјален симбол. Неговата вертикална линија го означува божественото, а хоризонталната овоземното.Моќта и значењето на симболите4. Црниот камен во Каба, древниот храм во Мека е најсветото место за муслиманите. Независно каде се наоѓаат, за молитва верниците секогаш се вртат во насока на Каба, во чијшто источен агол е вграден црниот камен. За светото поклонение таму годишно се собираат повеќе од еден милион верници.rnrnПотеклото на црниот камен до ден денешен е мистерија. Легендата вели дека највисокиот муслимански симбол е остаток од метеорит. Се верува дека е паднат од небото за да им покаже на Адам и Ева каде да изградат храм. Всушност каменот бил почитуван од арапските племиња многу пред појавата на исламот. Мухамед го користи овој факт, претворајќи го каменот во централен елемент на своето учење. Користејќи ја неговата популарност, тој го олеснува ширењето на неговото проповедање.Моќта и значењето на симболите5. Бројот на ѓаволот – 666 – Овој број во библиски контекст секогаш предизвикува загриженост, бидејќи се смета дека зад него се крие нумеролошкото олицетворение на сатаната. Како сатана е опишуван римскиот император Нерон, кој бил прогонувач на христијаните. На хебрејски, сумата од нумеролошките вредности на буквите од неговото име е 666.rnrnТајни кодови постојат и се шират уште од антиката. Популарен е еден пример со букви од латиницата. Ако прифатиме дека А=100, Б=101, C=102…, и го пресметаме збирот од буквите во името на Хитлер, ќе го добиеме бројот 666.Моќта и значењето на симболите6. Свастика – Крстот чии краеви се свиткани под агол од 90 степени во правец кон десно, се јавува како симбол во различни култури за време на целокупната човечка историја. Зборот свастика значи предмет кој носи среќа или навестува нешто добро. Луѓето го носеле на себе како амајлија.rnrnНо, односот кон свастиката се менува за време на Хитлеровата диктатура, заради која симболот бил дури и забранет во голем број европски држави. Свастиката помеѓу германските племиња била позната како крстот на Тор. Интересно е тоа што нацистите не го користеле овој термин, кој е во согласност со нивната историја, туку преферирале да го позајмат индискиот термин свастика. Уште поинтересно е тоа што симболот бил пронајден во еврејски храмови во Палестина, пред 2.000 години.rnrnВо Индија сè уште на многу места се цртаат свастики: на вратите од храмовите, врз куќите, ткаенини со кои се завиваат свети текстови… Индиската свастика има точка во секое квадратче.Моќта и значењето на симболите7. Пирамидата со окото што гледа сè – се наоѓа на државниот печат на Соединетите Американски Држави. Идејата за овој симбол е на американскиот уметник и философ, Pierre Eugène du Simitière. Но, неговиот дизајн е без сончеви зраци. Конечниот изглед е дело на Чарлс Томпсон, секретар на Конгресот.rnrnПредмет на шпекулации е и некогашната американска банкнота од еден долар, на која се наоѓал симболот. Видот бил во оптек само 2 години и тоа уште на почетокот на историјата на САД, кога на нејзино чело застанува Џорџ Вашингтон. Се верува дека тој е член на масоните и дека пирамидата е всушност нивен симбол. Друг член на тајното братство кој ја враќа обновената банкнота во оптек е Рузвелт. Така според многумина, започнува ерата на „новиот светски поредок“… Симболот е познат и во христијанството. Триаголникот го симболизира Бог во три лица (Светата Тројца), а зраците се сонцето на правдата. Моќта и значењето на симболите8. Бројот 13 – Петок 13-ти или црн петок буди тревога кај многу луѓе. Причината сè уште не е јасна, постојат само бројни хипотези. Факт е дека и до денешен ден бројот 13 се поврзува со несреќа. Според нумеролозите бројката 13 „страда“ бидејќи е под 12, која пак, симболизира завршен циклус. Има 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во Тарот картите, 13 е картата на смртта.rnrnСтравот од Црн Петок оди дотаму што во многу облакодери недостасува 13-ти кат, на некои аеродроми писта со број 13, голем број хотели не нудат соба со таков број, а во формула 1 нема болид со бројот 13. Во Фиренца при нумерирање на улиците тој бил намерно испуштен. Интересно е тоа што бројот 13 најмногу се влече во германското лото.rnrnДруго истражување покажува дека веројатноста за несреќа во овој ден е 4 пати поголема отколку во другите денови. Психолозите го објаснуваат овој факт со зборовите дека луѓето од страв „го влечат“  ѓаволот за опашката. Ова ја потврдува и силата на суеверијата.Моќта и значењето на симболите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Запознајте го грофот Дракула

    Запознајте го грофот Дракула

    Што се крие зад моќното име на грофот Дракула?

    rnЗа едни тој е симбол на страв и ужас, за други народен херој, за некои голем христијанин, за некои антихрист… Безброј приказни и митови се врзани за животот на Дракула. Од досегашните записи, нема дилеми единствено околу неговото вистинско име и местото на раѓање. Се викал Влад Трети Цепеш и е роден во 1431 година, во Сигишоара, Трансилванија, која во тој период била под власт на Унгарците. Три пати бил војвода на Валахија (1448; 1456–1462; 1476).rnrnСин е на принцот и витез во братското здружение „Редот на змејовите“, Влад Втори Дракул (Дракул доаѓа од латинскиот збор „драк“ и значи змеј) и на принцезата Чнеајна од Молдавија. Цепеш имал и тројца браќа (Мирчеа Втори, Влад Чалуграрул и Раду чел Фрумос). Се претпоставува дека потекнува од кралско семејство од Валахија, а Дракула е неговиот прекар и значи „син на змејот“. Така бил наречен во чест на неговиот татко, заради неговата храброст и заслугите во борбата против Турците. Но, покрај змеј, зборот „драк“ истовремено (на романски) значи и ѓавол. Кога се потенцира темната страна на Цепеш, на површина испливува второто значење на зборот и Дракула се претвора во лошиот лик од приказните, односно во „синот на ѓаволот“.Запознајте го грофот Дракула„Редот на змејовите“ е создаден од унгарскиот крал Зигмунд Луксембуршки, за да го штити христијанството од непријатели, особено од Турците. Членовите биле облечени во црвено-црна комбинација. Коинциденција или не, токму така е опишан и вампирот, наречен гроф Дракула, во книгата на ирскиот писател Брам Стокер. Во Редот, од своите 5 години членувал и Цепеш. Доказ за тоа е неговиот потпис на еден од документите, кои биле подоцна пронајдени. Тој се потпишувал како Wladislaus Dragwlya или Drakwlya.rnrnВлад Цепеш Дракула на 17 години ги изгубил татко му и неговиот постар брат. Тие биле обезглавени од страна на аристократите. Според легендите, ова бил пресудниот момент, кој го излудел Дракула и од него направил монструм. Тргнал да го одмазди семејството и започнал со свирепите измачувања и убиства…rnrnДруга легенда пак, заради која се верува дека Дракула станал брутален владетел е самоубиството на неговата прва сопруга, чие потекло е непознато. Според легендата, Турците испратиле писмо до неа, во кое ù напишале дека го убиле Влад Цепеш, кој во тој момент бил на бојното поле. Откако го прочитала, таа не можела да се помири со загубата и се фрлила од еден од прозорците во реката Аргеш (денеска е позната како Реката на принцезата) која течела под замокот. Кога дознал што се случило, Дракула им објавил војна на Турците. Тогаш се свртел и против црквата, со образложение дека таа била должна да ја заштити неговата сопруга од злото, а не го сторила тоа. Од бракот со првата сопруга тој имал само едно дете.rnrnДракула се оженил и по вторпат, за ќерката на кралот Матијас, Илона Шилаѓи, со која имал два сина. Постариот се викал Влад Четврти Дракула, а името на помладиот е непознато.Запознајте го грофот ДракулаЦепеш за првпат се споменува во турски хроники од 15-16-ти век, каде е наречен „Војводата којшто набива на кол“ (kaziklu bey). Тоа име го добива поради жестоките методи што ги користел при егзекуциите на затворениците и на неговите противници. Омилено измачување му било набивањето на жртвата на кол. На ваков ужасен начин усмртил околу 100.000 од неговите жртви, меѓу кои и голем број Турци, но тогаш тоа не го направило немилосрден убиец, туку национален херој. Неговиот народ го гледал како човек кој ја брани земјата од султанот и го штити христијанството.rnrnЕден од митовите е дека на Турците што ги заробувал со заби им го одгризувал грлото. Некои од нив ослободувал, но само за да има кој да ги раскажува неговите монструозни дела и да сее страв меѓу неговите и непријателите на неговиот народ. Така настанала легендата за вампирот кој цица човечка крв.rnrnДракула бил убиен во 1476 година, во една од битките против Османлиите. Тие неговата глава ја ставиле во мед и му ја испратиле на султанот, кој потоа ја покажувал на народот, за да го увери дека Дракула е мртов.rnrnСе верува дека посмртните останки на Дракула биле закопани во Валахија. Во 1931 година, кога грбот бил откопан заради одредени истражувања, во него не било пронајдено апсолутно ништо. Најверојатно тој бил мета на крадците… Некои пак, веруваат дека гробот на Дракула се наоѓа во манастир во Снагов (во близината на Букурешт).rn
    rn

    Замокот на Дракула (Замокот Бран во Романија)

    rnЗапознајте го грофот ДракулаЗамокот Бран, попознат како Замокот на Дракула во минатото бил од стратешко воено и економско значење. На почетокот бил дрвена тврдина, изградена во 1212 година, од витезите на Тефтонскиот ред. Тогаш бил нарекуван „Dietrichstein“. Во 1377 година, унгарскиот крал им дозволува на жителите на Брашов да издигнат нова тврдина на истата локација.rnrnНивните потомци, во 1920 година одлучиле замокот да ù го подарат на романската кралица Марија. Тој брзо станал нејзина омилена резиденција. Денес посетителите можат да видат артефакти главно од нејзиното време, како мебел и традиционални таписерии, кои биле нејзини лични колекции. Она што недостасува, се предмети кои би сведочеле за животот на крвавиот владетел Дракула.rnrnВо 1948 година, кога Романија е под комунистички режим, Владата го конфискува замокот од нејзината ќерка и наследничка, принцезата Илеана и го депортира целото кралско семејство. 58 години подоцна, во 2006 година, Романската влада имотот му го враќа на нејзиниот единствен син Доминик од Австрија, принцот на Тоскана, познат како Доминик Фон Хабсбург, архитект во државата Њујорк. Тој уште наредната година сакал да го продаде и го ставил на аукција, но властите го спречиле во намерата.rnrnДенеска замокот на суровиот владетел е една од најпосетуваните и најпопуларни туристички атракции во светот. Се издига величествено на карпа со преубав поглед, близу градот Бран, помеѓу романските провинции Трансилванија и Влашко. Во него има долги и темни ходници, во кои се верува дека грофот Дракула се криел од Османлиите…Запознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот ДракулаЗапознајте го грофот Дракула
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.