Овој еж се вика Синамон (Цимет) и тотално му го променил животот на сопственикот што го спасил. Синамон има своја облека и мебел, но и профил на Инстаграм, а во продолжение погледнете како изгледа еден просечен ден на овој еж што го живее најдобриот период од својот живот.rnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn
Животните се најслатките авантуристи. Новите ѕвезди на Инстаграм, ежот Херби и бенгалската мачка Одри, тоа го докажуваат од ден на ден. Тие заедно нѐ потсетуваат на најубавите делови од нашата планета и уживаат во секој заеднички момент.rnrnrnrnНивната пријателка, фотографката Талита Гирнус, постојано ги слика додека тие позираат пред планини, на ливади полни со цвеќиња или додека уживаат во попладневната ужина. На нивната среќа ѝ нема крај, а нивниот профил на Инстаграм има дури 1,6 милиони следбеници.rnrnТалита ги објавува фотографиите од своите љубимци на Инстаграм профилот mr.pokee, што е всушност името на нејзиниот прв еж од кој почнало сè.rnrnrnrnrn
„Го знаете ли она чувство како светот да застанал на неколку секунди? Е, па така јас се чувствував кога Поки беше првпат во моите раце“, се присетува Талита на својата прва средба со својот прв еж кој тогаш бил стар само 8 недели.
rn
„Беше многу мирен додека лежеше на мојата дланка. Се чини како да сакаше да ми каже дека припаѓа баш тука“, продолжува да раскажува Талита за нејзиниот некогашен љубимец.
rnrnrnrnrnЗа жал, ежето Поки умрело малку пред неговиот четврти роденден, на почетокот од 2019 година. Меѓутоа, неговиот дух и понатаму живее на Инстаграм профилот посветен на авантурите на Херби и Одри.rn
„Со сите сериозни работи што се случуваат во светот, на луѓето им треба причина да се насмевнат. Јас сум среќна што тоа можам да им го овозможам преку фотографиите со Херби и Одри“, вели Талита и дополнува дека секогаш кога некој ќе го посети нејзиниот профил треба да се присети дека никогаш не треба да ја изгуби вербата во добрината и секогаш треба да го следи своето срце.
Сте знаеле ли дека боцките на ежовите се всушност коса која е зацврстена со кератин? Но, и покрај нивните боцки, сигурни сме дека нема да бидете изненадени од научниот факт дека ежовите се апсолутно неодоливи. Токму затоа и собравме неколку емпириски податоци со цел да го поддржиме ова наше тврдење. Уживајте!rnrnrnrn
Ежот Марутаро живее живот кој со еден збор може да биде објаснет како неодолив. Без разлика на тоа што се наоѓа во Јапонија, ова слатко суштество успеало да достигне светска популарност. Благодарение на своите 95.000 следачи на Твитер, Марутаро ги поминува своите денови во истражување, јавање гумени патчиња, позирање пред камера и одржување на својата неодоливост за огромна публика. Некој дури би рекле и дека тој е најпознатиот еж во светот. Вие што мислите?rnrnrnrn
Даен Модафери работи во филмската и ТВ индустрија, па токму затоа таа решила да направи фотографии од нејзиниот еж исто како тој да е дел од филм. Таа креира најразлични сцени, а Хамфри покажува извонредни актерски способности. Погледнете колку слатко изгледаат авантурите на ова неодоливо еже…rnrnrnrn
Сте помислиле ли некогаш како би изгледале зајакот или пингвинот без крзно? Би биле ли уште така слатки?rnrnПогледнете ги овие интересни фотографии од животни без крзна или пердуви и пробајте да ги препознаете.rn
Зајак
rnЗајаците се голем исклучок. Неверојатно се слатки дури и без нивните крзна. Зајачето прикажано на сликите се родило без крзно, но во наредните три месеци крзното му пораснало.rnrnrnrnrn
Кенгур
rnНа кенгурите не им расте крзно сè додека не се подготвени да ја напуштат безбедната торбичка на мама.rnrnrnrnСабрина, малечкиот кенгур на сликата долу, била напуштена од нејзината мајка па негувателите ја чуваат завиткана во ќебенце за да ѝ биде топло.rnrnrn
Шимпанзо
rnИ шимпанзата, исто како и луѓето, може да страдаат од ќелавост. Никогаш не сте помислиле дека шимпанзата имаат толку мускули, нели? :)rnrnrnrnrn
Бабун
rnБабуните сигурно не би ги препознале без крзно. Но, ќелавоста кај бабуните е поврзана со осаменост. Оваа женка е забележана како скита сама, напуштена од нејзината група.rnrnrnrnrn
Вомбат
rnСлично како кенгурите, вомбатите живеат во торбите на своите мајки до 7 месеци.rnrnrnrnВомбатот кој ве поздравува на сликата е Карман која во 2010 година била спасена откако нејзината мајка била прегазена. Од тогаш за неа се грижи прифатилиште за диви животни во Мелбурн.rnrnrn
Куче
rnНе грижете се, овие кучиња не страдаат од ќелавост, тие се природно такви. Перуанските ќелави кучиња се стара раса на домашни животни кои се одлични миленици за луѓе кои се подложни на алергии бидејќи немаат влакна.rnrnrnrnrn
Стаорец
rnОвие ќелави стаорци се резултат на комбинација на гени за научни цели.rnrnrnrnrn
Пингвин
rnТие прекрасни црно-бели птици. Дали се толкави убавци и кога се „ќелави“?rnrnrnrnОва пингвин бебе е родено без пердуви и оставено од страна на неговото семејство. Некои тврдат дека неговата ќелавост е предизвикана од неухранетост. За среќа, по еден месец добра грижа, овој малечок пингвин се кренал на нозе и добил прекрасни пердуви.rnrnrn
Морско прасе
rnЗа сите мажи кои мислат дека ќелавоста создава одбивност кај жените, еве вистински пример дека тоа не е пречка кај вистинскиот шмекер. Овој вид морски прасиња се раѓаат без крзно, и имаат влакна само на нивните стапала и ноздри.rnrnrnrnrn
Верверица
rnОд друга страна, еве пример за најслаткото животно кое воопшто не е слатко без крзно. Ваквата појава е предизвикана од крлежи и разни паразити, и верувале или не, честа е кај верверичките.rnrnrnrnrn
Ракун
rnПоради красти и габични инфекции, ракуните може да го изгубат нивното скапоцено крзно.rnrnrnrnrn
Какаду
rnОва е 35 годишниот Оскар кој останал без своите божествени пердуви по своја вина. Нему му бил дијагностициран чуден синдром – самиот си ги кубе пердувите бидејќи го иритираат.rnrnrnrnrn
Еж
rnА баш помисливте дека никогаш нема да имате прилика да видите како изгледа еж без боцки.rnrnrnrnОва е Бети и за неа се грижат негуватели од прифатилиште за животни. Таа не може да се врати во дивината без нејзиниот одбранбен механизам – боцките, а поради истата причина не може да си најде партнер. Па помислете пак пред да се жалите дека немате среќа во љубовта.rnrnrn
Мечка
rnШто е пострашно од мечка? Мечка без крзно!rnrnrnrnВо Лајпциг, Германија, група женки поради чуден генетски недостаток, ненадејно ги изгубиле своите крзна. На сликата е Долорес, една од нив. Можно е да ја сонувате вечер и воопшто нема да биде убаво.rnrnrn
Ехидна
rnНикогаш не би помислиле дека под тие остри боцки се крие нешто толу слатко. Уште еден доказ дека не е сè како што изгледа.rnrnrnrnЕхидната снесува само едно јајце и го чува 10 дена кога малечкото се изведува од јајцето. Бебето се раѓа без боцки и крзно.rnrn
Ова мало еже било на повеќе места отколку што можете да замислите. Запознајте го Биди, 3-годишен еж од Африка кој живее во државата Орегон заедно со своите сопственици, Тони ДеВиси и Том Антерсехер. Овој пар кој ужива во планинарење и истражување на природата, го носи Биди на сите нивни авантури. Веднаш по првите неколку фотографии на Инстаграм, Биди стана огромна интернет сензација и токму затоа тие решиле да му отворат сопствен профил на кој ќе ги објавуваат сите негови прошетки. Погледнете дел од највозбудливите патувања на ова еже…rnrnrnrn
На прв поглед Марутаро е само обичен еж.rnrnrnrnНо, мислењето ќе го промените откако ќе видите какви сè емоции тој умее да покаже. Марутаро е навистина славен на Твитер, а со помош на својот сопственик, лист хартија и бои, тој ги прави најслатките фаци.rnrnПонекогаш Марутаро е среќен…rnrnrnrnнавистина храбар…rnrnrnrnили вистински заводник…rnrnrnrnа понекогаш едноставно се чувствува како патка…rnrnrnrnно воглавно е многу кулrnrnrnrnПогледнете дел од многуте лица на Марутароrnrn
Инстаграмерот Шота Цкамото од Токио, гордо го фотографира неговото милениче еж кое се вика Дарси, но е најдобро познато како @darcytheflyinghedgehog. Дарси без конкуренција е едно од најслатките мали ежиња во светот. Боцкавото мало девојче е неодоливо додека удобно си седи во своите чевли, се одмара на шпил карти, љубопитно истражува четка за коса или пак, спие на дланката од својот сопственик.rnrnrnrnСлаткото мало милениче е 3-годишен еж кој го добил своето име според поранешниот басист од бендот „The Smashing Pumpkins“ и според Цкамото, во некои карактеристики таа навистина наликува на девојката која била инспирација за нејзиното име. Без разлика на нејзините боцки и фактот дека ежињата најчесто се заштитнички и претпазливи, Дарси е топла, таа е мало животинче кое едноставно не можете да не го засакате.rnrnrnrnСекоја фотографија на Инстаграм-профилот на Цкамото е послатка од претходната и токму поради тоа нема да можете да престанете да го гледате ова мало домашно животно и неговите неодоливи авантури. Гледајќи ги фотографиите дури ќе се запрашате што размислува Дарси додека го истражува големиот свет околу неа. Нејзиниот сопственик вели дека никогаш не пишува наслови под фотографиите бидејќи сака да им овозможи на гледачите со помош на нивната фантазија да создадат своја приказна за Дарси. Тој исто така изјавил дека можеби ќе издаде детска книга и ние целосно ја поддржуваме неговата идеја.rnrnrnrn
Роман за извештаченоста на интелектуалните клишеа кој ги возвишува тивките победи на ненаметливите…rnrnВо светот на богаташките снобови, едно девојче не може да го најде своето место, а жена во години одбира да не се истакнува повеќе од својата улога како домарка. Мириел Барбери е новелист и професор по филозофија, па сосем очекувано станува збор за филозофско дело кое на ненаметлив начин ќе ви пренесе многу теории и размислувања за животот. rnrnРоманот примарно се концентрира на животот и однесувањето на богатите семејства од елитните квартови на Париз. Со иронија и критицизам, авторката ќе ги одгатне своите видувања кон овој сталеж и извештаченоста на нивната интелигенција како и глупавите клишеа за нивната култура.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnМеѓу другите жители во луксузните апартмани на една париска улица, живеат двата главни протагонисти во овој роман, навидум толку различни но со по некои заеднички особини. Рене е 54-годишна домарка на зградата која веќе 27 години се грижи за беспрекорниот ред во живеалиштето на семејствата од високата класа на француското општество.rnrnПалома е 12-годишшно девојче кое не може да го најде своето место во зграда полна снобови кои не си гледаат подалеку од носот. Зборувајќи искрено, на Палома буквално ѝ се гади од нејзиниот татко-парламентарец и мајка ѝ која мисли дека ја открива својата интелигенција постојано цитирајќи паметни мисли и која ги смирува своите нерви полнејќи се со апчиња за мирен сон. Секако, тука е и постарата сестра на Палома, која нема ни култура ни почитување, располага со сосем погрешни и плитки сфаќања за животот а иронијата е во тоа што се спрема да студира на угледен колеџ за каде ѝ е врачена стипендија.rnrnРене, опишувајќи се себеси како сиромашна и грда жена со прекумерна тежина, е многу повеќе од обична домарка, само што не им дозволува на плитките незаинтересирани умови да ја дознаат вистината за неа. Рене всушност е самоук експерт, го чита Толстој, разни дела на познати филозофи, има истанчен вкус за уметноста од XVII век како и за јапонската култура. Рене ја маскира својата интелигенција прикажувајќи се како неука домарка. Таа е осамена вдовица со само една вистинска пријателка, Португалката Мануела за која вели дека располага со вроден осет за буржоаско однесување и дека и покрај тоа што е слугинка, таа прилега на дама и поседува беспрекорни манири.rnrnРене се води според теоријата дека за сиромашна и непривлечна домарка, високиот интелект е проклетство и нема воопшто значење. Поучена од несреќен случај во нејзиното семејство знае да си стои на место и да не се вплеткува во свет каде не припаѓа.rnrnСè се менува кога јапонскиот бизнисмен Озу ќе се всели на 4-тиот кат во зградата. Тој и Палома се единствените кои вистински умеат да погледнат под маската на Рене и да ја насетат скриената префинетост на жена која навидум е само куќна помошничка. Според Палома, Рене поседува елеганција на еж однадвор накострешена со боцки, а однатре крие вистинска префинетост.rnrnРене и Палома со сигурност имаат една заедничка особина, и двете го прикриваат својот интелект. Палома како 12-годишно девојче поседува вистинска можност за длабоко размислување и толкување на нештата, но не сака да се експонира. Неа ѝ пречат извештаченоста и амбициозноста на богатите кругови, па често знае да побегне од сè криејќи се на безбедно. Палома, која ги презира богаташките кругови е презаситена од животот и иако е на многу рана возраст не може да му најде смисла на своето постоење. Тоа ја втурнува во меланхолично и безволно расположение што ја тера да донесе одлука – да се убие на денот на својот 13-ти роденден.rnrnКорицата дава впечаток на роман кој нема цел ни идеја и кој е ужасно здодевен, но напротив. Романот ќе ве внесе во главите на две навидум спротивни личности и ќе ви помогне да го разберете нивното размислување, воедно збогатувајќи ве со по некоја мудрост.Како и двете протагонисти ќе си помогнат една на друга? Дали Рене конечно ќе се ослободи од стегите на буржоаскиот живот и надмените погледи на извештачените припадници на високата класа? Ќе пронајде ли некој кој умее вистински да погледне во нејзината душа? Дали Палома конечно ќе ја разбере убавината на животот кој вреди да се живее во непрестајна потрага на тоа секогаш во никогаш?rnrnКнижарница ТРИ, ГТЦ, I кат тел: 02/3238-722 knizarnica@kniga.com.mkrnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до вторник, 22 октомври 2013. rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn