КАФЕ ПАУЗА

Tag: евтино

  • 6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет

    6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет

    Иако патувањето може понекогаш значително да влијае врз вашиот буџет, реалноста е дека ако одите на евтина дестинација и се задржите таму подолго време, всушност ќе заштедите. Веројатно токму поради тоа и терминот „дигитален номад“ стана познат во последните години, а се однесува на оние кои можат да работат од каде било во светот. Во продолжение ви предлагаме неколку такви евтини дестинации.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    1. Камбоџа

    rnВо Камбоџа можете да најдете сместување за само 10 евра и тоа во туристичките градови како Сием Реап. Единствено што ќе ве чини повеќе е посетата на Ангкор Ват. Храната се состои од тестенини и пржени специјалитети кои се продаваат на улица како и свежо овошје, а нивната цена е повеќе од прифатлива.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    2. Индија

    rnХотелот Хари Пиорко во Делхи е еден од најпознатите хотели во цела Индија, а овде преноќевањето чини околу 3 евра. Покрај тоа, уличната храна е евтина и вкусна, така што единственото нешто што навистина ќе ве чини би била авионската карта.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    3. Мароко

    rnДоколку сте љубител на зачини и производи од текстил, кожа и керамика, морате да посетите марокански пазар. Градовите како Маракеш и Есаоиура се познати не само по нивните феноменални пазари, туку и по евтиното сместување.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    4. Непал

    rnВо главниот град на Непал, Катманду, цените за сместување почнуваат од 4 евра за ноќевање, а патувањето со автобус од еден до друг град ќе ве чини околу 8 евра. Доколку патот ве однесе накај Непал, морате да ги пробате традиционалните пелмени кои се нарекуваат „момо“. Една порција ќе ве чини околу 1 евро.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    5. Лаос

    rnДоколку погледнете на мапа, ќе видите дека територијата на Лаос наликува на палма. Овде дефинитивно ќе уживате при посетата на будистичките манастири и водопадот Куанг Си. Секако, додека сте во Лаос не пропуштајте ја и традиционалната масажа која ќе ве чини околу 5 евра.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

    6. Либан

    rnЗа жал, Либан се соочува со голема економска криза и инфлација, па може да се каже дека е една од поевтините дестинации за оние кои носат долари и евра со себе. Тука можете да најдете фалафел сендвич (улична храна, типична за Средниот Исток) за само половина евро, а максималната цена што може да ја платите за такси е 4 евра.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrnrnОткако прочитавте за овие неверојатни дестинации, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

    9 дестинации за евтин одмор во 2020 година

    Најдобрите спомени се случуваат на одмор, па ако сакате да резервирате патување, овие дестинации треба да ги земете предвид. Според едно истражување во кои биле опфатени 42 дестинации, трошоците за храна, за пијалаци и за другите потреби се најниски во овие туристички места.rn

    1. Сончев Брег, Бугарија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnСместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.rn

    2. Мармарис, Турција

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnМармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.rn

    3. Токио, Јапонија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnТокио се најде на третото место и поради тоа вреди да направите едно долго патување за да го посетите овој град. Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.rn

    4. Алгарве, Португалија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnНема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.rn

    5. Коста дел Сол, Шпанија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnБеше очекувано Шпанија да се појави на овој список, па еве ја на петтото место. Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.rn

    6. Кејптаун, Јужна Африка

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnЈужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако сте доволно храбри, резервирајте нуркање во кафез.rn

    7. Хои Ан, Виетнам

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnХои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.rn

    8. Бали, Индонезија

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnВо Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Не пропуштајте ја и можноста за нуркање бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.rn

    9. Прага, Чешка

    rn9 дестинации за евтин одмор во 2020 годинаrnrnСтавете ја Прага на списокот за патувања во текот на следната зима. Позната по своите раздвижени празнични пазари, Прага е идеално зимско чудо. Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.rnrnПогледнете каде треба да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак.

  • Како да организирате поволно патување од соништата?

    Како да организирате поволно патување од соништата?

    Дали понекогаш само сакате да ги спакувате вашите куфери и да отпатувате негде, па макар и само на неколку денови? Во оваа желба често ве спречува недостатокот од време, бројните обврски, но најмногу цената на патувањата. Но, доколку добро го испланирате патувањето, можете да го вклопите буџетот што ви одговора, а за тоа ви се потребни само малку време и труд. За таа цел ќе ви се најдат следниве едноставни трикови.rnrnКако да организирате поволно патување од соништата?rn

    1. Проверете ги цените на билетите за одредени датуми

    rnДоколку се одлучите за датум кој не е во сезона на патувања, голема е веројатноста да најдете навистина поволен авионски билет. Доколку имате флексибилен датум за патувањето, проверете ги понудите од авионските компании и одбере ја најевтината опција за датумот со најниска цена. На овој начин можете да заштедите многу.rn

    2. Прилагодете го сместувањето со буџетот

    rnДоколку патувате со друштво, нема потреба сите да бидете во посебна соба и да плаќате многу. Наместо тоа, изнајмете соба во хостел која е многу поевтина, или најдете заеднички апартман. Покрај тоа што ќе заштедите, сигурно и добро ќе се забавувате. Исто така, веб-сајтовите за резервации често имаат разни попусти, па редовно следете ги понудите и начекајте ја најдобрата.rn

    3. Заштедете на храна

    rnВажно е да најдете сместување со појадок, бидејќи на крај тоа ќе биде најевтината опција. За останатите оброци бидете практични. Купувајте намирници од маркет и сами подготвувајте ги оброците, или побарајте некој евтин ресторан.rn

    4. Самите организирајте го патувањето

    rnАгенциите можеби нудат одлични аранжмани, но често со многу повисока цена. Доколку самите го организирате истото патување, ќе платите многу помалку. Па, одвојте време и самите режирајте го вашето патување.rnrnДоколку не можете да се одлучите за дестинација, погледнете ги најевтините градови во Европа за викенд патување.

  • Што да подарите за 8-ми март доколку сте со ограничен буџет?

    Што да подарите за 8-ми март доколку сте со ограничен буџет?

    Доколку последните неколку денови сте биле зафатени, голема е веројатноста Денот на жената да ве фатил неподготвени. Но немојте да се грижите, постојат неколку идеи за подарок што можете да го набавите веднаш. Покрај тоа, овие подароци се евтини и се одлични доколку немате многу пари за трошење.rn

    1. Цвеќе

    rnШто да подарите за Денот на жената доколку немате многу пари?rnrnОвој подарок е класика со која не можете да згрешите. Веројатно не постои личност која не се расположува кога ќе виде убав цвет. Покрај тоа, не мора да купувате само каранфил или рози, пуштете ја вашата фантазија и направете ваш букет.rn

    2. Фотографија

    rnШто да подарите за Денот на жената доколку немате многу пари?rnrnКога последен пат сте испечатиле фотографија? Најверојатно многу одамна. Па затоа ова може да биде совршен подарок за Денот на жената. Најдете некоја заедничка фотографија која буди убави сеќавања, испечатете ја и подарете ја. Сигурно нема да погрешите.rn

    3. Филмска вечер

    rnШто да подарите за Денот на жената доколку немате многу пари?rnrnПодарокот, се разбира, не мора да биде предмет. Денот на жената е одлична прилика со саканата личност да изгледате филм со силна хероина. Доколку можете да одвоите некој денар, киното е одлична опција. Во спротивно, филмската вечер можете да ја одржите и дома и да направите ваша приватна забава.rn

    4. Храна

    rnШто да подарите за Денот на жената доколку немате многу пари?rnrnПостои ли личност што не сака храна? Веројатно не. Без разлика дали станува збор за вечера во ресторан, хамбургер во некој сендвичара или чоколадо од продавница, храната секогаш е сигурен подарок.rn

    5. Женско излегување

    rnШто да подарите за Денот на жената доколку немате многу пари?rnrnОваа година Денот на жената е во петок, што значи дека имате одлична можност да организирате женско излегување со пријателките. Доколку немате пари за излегување, забавата секогаш можете да ја одржите и дома.rnrnДоколку не ви се допаѓаат овие предлози, погледнете ги совршените подароци за секоја жена во вашиот живот.

  • 9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтино

    9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтино

    Обидувајќи се да ги следат модните трендови, многу жени забораваат дека познатиот и скап бренд не е исто што и добар модел на чевли. Ако сè уште носите превисоки, неудобни чевли или чевли со чуден дезен, овие совети ќе ви се најдат.rn

    1. Премногу светкави детали

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnСкапите фустани декорирани со камења можат да изгледаат навистина добро. Но, чевлите со премногу светкави детали изгледаат чудно. Исто така, кристалите што се користат на чевлите се со слаб квалитет и често можат да паднат дури и по првото носење. Ако навистина сакате светкави обувки, одберете некои со металик нијанса.rn

    2. Екстремно високи чевли со платформа

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnНекои жени сакаат да носат чевли со висока платформа. Но, без разлика колку ќе платите за нив, овие чевли никогаш нема да изгледаат скапо или елегантно. Високата платформа ја менува пропорцијата на целото тело и прави да изгледате чудно. Најдобро е да одберете чевли со многу мала платформа или без неа. За да изгледате добро доволни ви се класични чевли со високи потпетици.rn

    3. Комбинирање неколку бои

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnОбидете да избегнувате носење премногу бои бидејќи и најскапа облека може да изгледа евтино ако нијансите не се добро балансирани. Најдобро е да комбинирате најмногу 2 бои.rn

    4. Многу метални детали

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnКоланите, нитните и боцките можеби изгледаат добро, но понекогаш дизајнерите додаваат премногу од овие детали на чевлите. Сосема е во ред да одберете чевли со неколку нитни, но избегнувајте ги оние со премногу додатоци.rn

    5. Кожни чевли

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnИако изгледаат добро, овие чевли често се валкаат и се оштетуваат откако ќе ги облечете. Мат чевлите со иста форма ќе изгледаат многу поскапо. Ако сакате светкави кожни чевли, одберете некои со неутрална боја како беж, црна или бела.rn

    6. Леопард принт

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnМоже да биде вистинско искушение да ги купите овие чевли, но е навистина важно да ја одберете вистинската боја. Класичните чевли со леопард принт обично се поврзани со лош вкус за мода. Ако сакате животински принтови, одберете некои со необичен дезен.rn

    7. Неудобни чевли

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnСекогаш обидувајте се да најдете удобни чевли. Неудобните обувки често изгледаат чудно и имаат лошо влијание на здравјето на грбот и нозете. Дури и ако ги најдете чевлите од соништата, немојте да ги купувате ако се премногу тесни или ако одењето со нив е болно. Нестабилниот од изгледа лошо без разлика колку скапи чевли носете. Покрај тоа и најмалата промена во вашето одење може да ги оштети ѓоновите, а тоа потоа има и лошо влијание на здравјето.rn

    8. Премногу лажна кожа

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnМногу брендови почнаа да произведуваат чевли со еко кожа, и тоа е одлично. Но популарните продавници кои продаваат обувки од лажна кожа се со многу лош квалитет. Овие обувки изгледаат евтино и брзо ја губат формата. Ако сакате чизми од лажна кожа, најдобро е да одберете некои пониски.rn

    9. Стари чевли

    rn9 причини зошто вашите чевли изгледаат евтиноrnrnЗа да оставите добар впечаток, грижете се за вашите чевли и поправајте ги ако има потреба од тоа. Постојат многу начини да ги исчистите чевлите направени од различни материјали.rnrnПогледнете и која е облеката што никако не треба да ја комбинирате со штикли.

  • 12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

    12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одмор

    Има уште многу време до летниот одмор, но дозволено ни е да мечтаеме! Секое патување во странство нуди нови впечатоци, знаења и искуства. Но, честопати не се осмелуваме да отпатуваме поради финансиските трошоци и помислата дека патувањето е скап луксуз. Доколку сакате да патувате, но и да заштедите, разгледајте ги следниве 12 неверојатни земји кои нудат одличен одмор без да ви го испразнат паричникот. Почнете да тргате по некој денар на страна уште од сега и подгответе се за незаборавен летен одмор!rn

    1. Романија

    rn12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одморrnrnСместување: Од 6 евра па нагоре за хостел, од 11 евра па нагоре за хотелrnrnХрана: Од 3 евра па нагореrnrnТранспорт: Од 0,34 евра па нагореrnrnРоманија е местото каде што се среќаваат реалноста и бајките. Во Романија има премногу туристички атракции, живописна архитектура, неверојатни пејзажи и ниски цени. Цената на сместувањето варира во зависност од градот. Освен во хотел или хостел, можете да се сместите во мини бунгалов покрај море за цена од 8 евра па нагоре. Нема да потрошите повеќе од 3 до 5 евра доколку сакате да јадете во некое локално ресторанче и да ги пробате традиционалната мусака и чорба. Целодневна карта за подземна железница во Букурешт чини околу 1,1 евро.rn

    2. Лаос

    rn12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одморrnrnСместување: Од 4 евра па нагоре во хостел, од 9 евра па нагоре во хотелrnrnХрана: Од 2 евра па нагореrnrnТранспорт: Од 2 евра па нагореrnrnОваа смарагдна земја е позната по нејзините егзотични предели. Лаос е одлично опција за луѓето кои сакаат да шетаат и да уживаат во живописни реки, планини и водопади. Ќе потрошите 9,5 евра доколку сакате да одите на 8-часовно патување со кајак до пештерите во Ван Венг. Лесно ќе најдете сместување во хостел или хотел. Менито е исто така многу поразлично: Компири и месо за 2 евра, палачинки за 1 евро, супа од шкампи за 3 евра, 1,5 кило банани за 0,5 евра и слично. Доколку не сакате да се возите со автобус, може да изнајмите мотор за 6 евра на ден или велосипед за 1,5 евро на ден.rn

    3. Португалија

    rn12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одморrnrnСместување: Од 8 евра па нагоре за хостел, од 16 евра па нагоре за хотелrnrnХрана: Од 4 евра па нагореrnrnТранспорт: Од 1,85 евра па нагореrnrnСѐ е возможно во извонредната Португалија: Прошетки на прекрасните плажи, јавање на коњи во Мадеира, дегустација на вино во Алто Доуро, средби со китови во близина на Азорес и слично. Можете да се сместите во хостел, хотел или во куќа блиску до море. Најпопуларните јадења се риба на скара за 2 евра, бакалар со зеленчук за 3 до 4 евра и топли лепчиња со разни филови. Ако сакате да јадете во ресторанче, ќе ве чини околу 11 евра за двајца. Можете и да си зготвите вкусна вечера ако купите говедско за 7 евра, пилешко за 6 евра, шкампи за 9 до 11 евра, школки за 2,5 евра, кашкавал за 5 евра и овошје за 2 евра. Ако сакате да ги посетите музеите во Лисабон, барајте попуст во продавниците и не плаќајте за транспорт со тоа што ќе купите Lisboa Card.rn

    4. Бугарија

    rn12 неверојатни земји каде што можете да поминете многу евтино на одморrnrnСместување: Од 7 евра па нагоре за хостел, од 15 евра па нагоре за хотелrnrnХрана: Од 2 евра па нагореrnrnТранспорт: Од 0,51 евра па нагореrnrnНајверојатно сте биле во Бугарија досега, па знаете дека цените се навистина ниски. Сигурно сте ги посетиле познатите плажи како што се Златни песоци, Несебар и Сончев брег. Ако не сакате да се сместите во хотел или хостел, можете да изнајмите бунгалов за 12 евра. Вечерајте во ресторан за 4 евра, појадувајте во кафуле за 1,5 евра и одете на ручек за двајца за 10 евра. Ќе потрошите околу 12-14 евра за леб, сирење, компири, пилешко, овошје и вино ако си купите сѐ во супермаркет.rnrnПродолжете на втората страница за останатите земји…rnrn

  • Удобен и евтин дом кој се гради за само 6 часа

    Удобен и евтин дом кој се гради за само 6 часа

    Низ целиот свет се зголемуваат цените на живеалиштата. За да се справат со тоа многу луѓе се одлучуваат за мал дом. Други пак се одлучуваат да живеат патувајќи. А постојат и оние кои одбираат самоодржливи домови и живеат мирно во природата.rnrn(1)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mkrnrnЗа да понуди решение за високите цени на имотите, една компанија ги создала M.A.D. Ова е дом „на склопување“ и чини само 27.000 евра. Покрај тоа, може да биде поставен на која била рамна површина и тоа за само 6 часа. Овие куќи се безбедни, направени се од квалитетни материјали и доаѓаат во повеќе големини. Можете да одберете куќа од 27 метри квадратни по цена од 27.000 евра или пак куќа од 84 метри квадратни по цена од 62.000 евра.rnrn(2)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mkrnrnСтруктурите имаат сопствени соларни панели, систем за вода, како и ЛЕД осветлување. По плаќањето, куќата пристигнува во рок од 60 денови. Оваа структура ги има сите модерни удобности – целосно опремена бања, кујна, скали и електроника.rn

    „Создадовме удобен и безбеден простор кој се прилагодува според вашите потреби“, изјавиле од компанијата.

    rn(3)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mkrnrn(4)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mkrnrn(5)udoben-i-evtin-dom-koj-se-gradi-za-samo-6-chasa-kafepauza.mkrnrnПогледнете и некои од најуникатните куќи во кои ќе посакате да живеете.

  • Дознајте кои се најевтините градови во светот каде што можете да бидете богати со малку пари

    Дознајте кои се најевтините градови во светот каде што можете да бидете богати со малку пари

    Самото патување не е евтино, но постојат градови каде што животот воопшто не е скап и ќе можете да си поминете одлично и со малку пари. Во овие градови нема да потрошите многу за да се забавувате, да ручате во полуксузен ресторан или да си поминете одлично во некој ноќен клуб. Дознајте за кои светски градови станува збор…rn

    Рио де Жанеиро

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnГрадот во кој се одржаа посладните Олимписки игри нуди одлична комбинација од поволни цени и добар квалитет. Станува збор за огромен град во кој има сѐ, а познато е и дека цените се значително паднати во последните неколку години.rn

    Асунсион

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnЌе се задржиме уште малку во Јужна Америка, само што сега наместо во Бразил, ќе појдеме во Парагвај. Главниот град на оваа држава доживува вистински туристички развој во последните неколку години, што не е воопшто чудно ако го земеме предвид фактот дека се работи за град со богата историја, многу постара од Рио и Буенос Аирес.rn

    Јоханесбург

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnЕден од трите главни града на Јужноафриканската Република се движи напред со големи чекори. Станува збор за еден од најмодерните градови на африканскиот континент, преполн со облакодери и високи згради. Токму поради тоа, неговиот изглед многу потсетува на американските и западноевропските градови.rn

    Лагос

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnСледен на листата е поранешниот главен град на Нигерија. Тука живеат околу 16 милиони жители, но нема да сретнете премногу туристи, бидејќи Нигерија сѐ уште не е толку присутна на туристичките мапи.rn

    Санкт Петербург

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnСигурно се прашувате дали е можно еден руски царски град да биде толку евтин! Одговорот е „Да“. Санкт Петербург е град со бурна историја кој за време на неговите 350 години постоење има „видено“ многу повеќе и од градовите што постојат преку 1.000 години. Во овој град, на секој чекор ќе се среќавате со по некоја приказна од минатото, бидејќи вредните остатоци од неговата историја се насекаде.rn

    Киев

    rnДознајте кои се најевтините градови во светот каде можете да бидете богати со малку париrnrnГлавниот град на Украина е поволен за сечиј џеб. Се работи за огромен град, но и за еден од најстарите европски градови кој на некој начин претставува родно место на целата источноевропска словенска цивилизација. Љубителите на црквите и катедралите ќе уживаат во прошетката, бидејќи ретко кој град може да се пофали со повеќе вакви објекти од Киев.rnrnВо продолжение дознајте и кои се најдобрите 15 места за живеење во светот.

  • 6 лесни и евтини начини да го освежите вашиот стил

    6 лесни и евтини начини да го освежите вашиот стил

    Постојат периоди кога сте презаситени со облеката што ја имате во вашиот плакар. Но, тоа не е причина да фрлите сѐ и да почнете да купувате нови алишта. Наместо тоа, обидете се со овие лесни и евтини начини на коишто ќе го надополните вашиот стил и ќе се чувствувате поразлични.rn

    1. Заменете ги врвките за чевли

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnКога постојано ги носите истите патики со исти врвки, може малку да ви изгледа досадно. Наместо да потрошите повеќе пари и да купите нов пар патики, заменете ги само нивните врвки. Новите врвки ќе внесат свежина и ќе изгледате сјајно. Најважно од сѐ е што не чинат многу и лесно можете да го изведете ова.rn

    2. Заменете ги копчињата

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnИзненадувачки, но вистинито: Копчињата зборуваат многу за една јакна. Па, наместо да потрошите еден куп пари на нова, одличен начин да го освежите изгледот на вашата стара јакна е да ги замените копчињата. Лесно можете да ги пронајдете во продавница, а и на интернет каде што се нудат најразлични видови. Тие не чинат многу, а можете да ги замените и самите дома.rn

    3. Користете ги модните додатоци на поинаков начин

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnМислевте дека марамите се наменети само за носење на врат, нели? Но, тоа не е нивната единствена намена. Врзете ја околу ременот на чантата и добијте поинаков изглед. Исто така можете да го искористите и ѓерданот во улога на нараквица.rn

    4. Освежете ги старите фармерки

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnГолеми се шансите дека имате стари фармерки во вашиот плакар што не ги носите веќе. Но, сте ги платиле скапо, па не сакате туку-така да ги фрлите. Наместо тоа, можете да го освежите нивниот изглед така што ќе ги искинете.rn

    5. Поправете ги рабовите на фармерките

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnПокрај тоа што можете да ги искинете, изгледот на фармерките можете да го освежите и со тоа што ќе ги промените рабовите. Оставете да висат неколку конци на глуждовите и комбинирајте со омилените чизми оваа есен.rn

    6. Ставете мал брош на јаката од јакната

    rn6 лесни и евтини начини да го надополните вашиот стилrnrnМал интересен брош на јаката од вашата јакна може да направи да изгледате поубаво и повпечатливо. Не чини многу, а е прекрасен моден додаток.

  • 12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    Колку пати досега ви се случило да купите нешто затоа што е евтино, а тој предмет, парче облека или храна, воопшто не ви се потребни? Или постојано следите попусти, а по некое време кога ќе сe пресметате, ќе сфатите дека и не сте заштедиле многу, дури и сте платиле повеќе од планираното. Постојат некои трикови со кои трговците ги намамуваат потрошувачите, но тоа е и нивната работа. Затоа, внимавајте на што ги трошите вашите пари. Ние ви нудиме 12 моменти за кои мислите дека штедите финансии, а всушност на долг рок ве чинат многу поскапо.rnrn(1) 12 начини преку кои мислите дека штедите, а всушност ве чинат поскапоrn

    1. Купувате евтин мебел или апарати за домаќинство

    rnКога станува збор за штедење при купување мебел и апарати за домаќинство треба добро да се размисли. Голем дел од луѓето тешко се одлучуваат да купат поскапи парчиња мебел или техника. Но, одлуката да се купи евтин мебел и апарати, многу често значи дека набрзо ќе треба да ги замените со нови, па може да ве чини двојно или тројно повеќе. Можеби ќе најдете кревет за многу ниска цена, но по некое време ќе се покаже како сосема неудобен за седење или спиење. Истото се случува и со кујнските апарати и другата техника. Купувајте паметно, некогаш е подобро некои работи да се платат поскапо. Квалитетот игра важна улога при изборот.rn

    2. Купувате работи само затоа што се на попуст

    rnОваа навика може многу да ве чини. Постојано сте опкружени со огласи и реклами за големи снижувања, но потрудете се да не обрнувате многу внимание на нив и запрашајте се што е она што вистински ви треба. Без оглед колку и да е ниска цената на она што го купувате, сепак парите ќе ги дадете за нешто што не ви треба. Таквите предмети или облека обично завршуваат заборавени во плакарите и фиоките.rn

    3. Не плаќате осигурување или ја плаќате најниската стапка

    rnОва е една честа грешка меѓу луѓето. Никој не мисли на „црните денови“, кои секако не значи дека со сигурност ќе дојдат, но секогаш е подобро да сте осигурени, како вие, така и личниот имот. Сè може да се случи во животот. Избегнувајќи ја ниската месечна рата при плаќање на некое осигурување, може да ви предизвика голема главоболка и проблеми во одреден момент од животот.rn

    4. Го игнорирате одржувањето на вашиот автомобил

    rnАвтомобилот секогаш сигнализира кога му е потребна некаква обнова. Колку повеќе вложувате во него, толку подолго ќе ве служи. Доколку не обрнувате доволно внимание може да се создаде дефект кој подоцна скапо ќе ве чини.rn

    5. Постојано пазарувате на сајтовите за попусти

    rnТоа може навистина да се исплати, но не секогаш. Добро е да побарате одредена понуда, но доколку постојано сте вклучени и ги следите сите снижувања, постои опасност да паднете во искушение и да купувате работи и услуги кои не ви се потребни.rn

    6. Премногу го ограничувате буџетот

    rnСфатете ја оваа финансиска навика како претерано амбициозна диета. Колку повеќе се изгладнувате, толку се поголеми шансите планот да не ви успее и по неколку дена да се фрлите на масната и калорична храна. Така е и со претераното штедење. Доколку редовно си ги исполнувате потребите во границите на нормалата, ќе го намалите ризикот од прекумерно трошење одеднаш.rn

    7. Одбивате да ги употребувате кредитните картички

    rnГолем дел од луѓето во текот на животот се соочиле со одредени проблеми поврзани со кредитните картички и поради тоа изгубиле доверба во нив. Вистината е дека треба многу да се внимава на сумата која што ја имате, затоа што лесно може да се изгубите и да отидете во минус, но картичките нудат и удобност и имаат големи предности доколку паметно ги користите. Распрашајте се во вашата банка кои се поволностите кои можете да ги добиете од користењето на картичките. Секогаш советувајте се со финансиски експерти доколку имате некои нејасни прашања.rn

    8. Купувате евтини парчиња облека

    rnВо ова искушение особено често паѓаат жените. Едноставно не можете да одолеете кога ќе видите дека можете да купите здолниште или блуза по неверојатно ниски цени. Но, проблемот настанува по првото перење. Веднаш ќе ја видите вашата грешка.rn

    9. Штедите на храна

    rnМногу често се случува, наместо храната којашто ја сакате и којашто е здрава да ја замените со некој поевтин оброк. Тоа не е најдобра идеја затоа што мислејќи дека штедите, вие всушност ќе бидете принудени да купите дополнителна храна за да го задоволите апетитот. Исто така, една попаметна идеја е да ја наполните кујната со квалитетни продукти од кои можете да си зготвите здрав ручек или вечера, наместо да немате ништо во фрижидерот, па да одите во најблискиот ресторан, што ќе ве чини многу поскапо.rn

    10. Не штедите за пензионерските денови

    rnОва е една честа грешка, особено меѓу помладата популација. Староста брзо доаѓа, затоа добро би било доколку успеете барем мал дел од вашата заработка да ја вложувате во некои пензиски фондови, кои ќе ви обезбедат долгорочна сигурност.rn

    11. Секогаш избирате промотивни услуги

    rnГолемите компании секогаш нудат промотивни цени кои звучат многу примамливо за потрошувачите. Но, по неколку месеци промоција, може да се соочите со високи цени на услугата, а договорот што сте го потпишале да не можете да го прекинете без да платите одредена казна. Затоа, секогаш кога потпишувате каков било договор, внимавајте што е напишано најдолу, со најситните букви.rn

    12. Купувате поединечни, наместо производи во поголеми пакувања

    rnКолку пати ви се случило да се одлучите да купите едно парче тоалетна хартија, затоа што не сакате да земете пакет со 12 парчиња? Следниот пат добро погледнете ја цената и ќе сфатите колку пари можат да се заштедат на големите пакувања. Тоалетната хартија е само еден пример. Речиси секој производ, барем во големите супер маркети, може да се најде во голем пакет, за неколку пати пониски цени.