КАФЕ ПАУЗА

Tag: Европа

  • Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!

    Пештери Нерја: „Најстарата“ туристичка дестинација во Европа!

    Европскиот туризам, мора да се признае, е прилично стар. Градовите Венеција и Рим ја имале репутацијата на најпосетени туристички дестинации уште во 18 век, а во 19 век, пак, Париз, како центар на модата, бил омилената дестинација за американската елита. Сепак, ниту еден од овие градови не може да се спореди со пештера во јужна Шпанија што, како што пренесува CNN, била посетувана уште пред 40 илјади години.rnrnПештери Нерја: „Најстарата туристичка дестинација во Европа!rnrnПештерите Нерја кои се протегаат во должина од околу 5 километри, се наоѓаат во близина на Нерја (веднаш до Малага) во Андалузија. Тие се познати по нивните сталактити и сталагмити, а откриени се во 1959 година за прв пат по илјадници години од страна на пет пријатели кои барале лилјаци.rnrnДенес, посетителите можат да одат на 45-минутна тура и да уживаат во прекрасната глетка од сталактити, сталагмити и други видови на спелеотеми.rnrnНо, пред неколку илјади години, посетите имале повеќе спиритуален карактер за разлика од денес. Досега во пештерите се откриени 589 праисториски слики (посетителите не можат да ги посетат овие области од конзерваторски причини), а просториите се користеле и за погребни обреди. Истражувачите сметаат дека во овие пештери луѓето доаѓале на „аџилак“ пред повеќе од 40 илјади години!rnrnВо текот на истражувањето биле користени најсовремени техники за датирање со јаглерод – нешто што досега не се користело во пештерите. На тој начин, истражувачите можеле да ја одредат староста на јагленот на земјата, кој останал како резултат од пожари како и од факелите со кои посетителите си го осветлувале патот.rnrnВо текот на истражувањето биле пронајдени и докази за праисториски посетители, за кои досега се сметало дека не оставиле поголема трага во Шпанија.rnrnОткако прочитавте за најстарата туристичка дестинација во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и за светлечките пештери на Нов Зеланд.rnrnИзвор: cnn.com

  • Кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?

    Кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?

    Секој од нас посакува да живее во поубав и подобар свет. Тоа е особено важно и додека патувате – претпоставуваме дека еден од главните критериуми при изборот на туристичка дестинација е и љубезноста и гостопримливоста на локалното население. Сигурно не би сакале да патувате некаде ќе се чувствувате небезбедно или непожелно и покрај туристичките атракции и знаменитости на тоа место.rnrnКои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?rnrnНа крајот на краиштата, некои градови, односно нивните жители, се повеќе или помалку пријателски расположени. Меѓутоа, ако посетите некој од овие, не треба да се грижите за мирот и пријатната атмосфера.rnrnЕдно истражување имало за цел да открие кои се најпријателските градови во Европа земајќи предвид низа фактори, од стапката на криминал и среќата до ставовите за ЛГБТК+ заедницата.rnrnСпоред студијата, најпријателскиот град во Европа е градот од земјата на часовниците, банките и сирењето – Цирих! Второто место, пак, му е доделено на Копенхаген, исто така во голема мера благодарение на нивото на среќа и прифаќањето на ЛГБТК+ заедницата, додека на третото место се наоѓа Минхен, град со исклучително ниска стапка на криминал.rnrnКои се најпријателските градови во Европа за 2023 година?rnrnВо првите 10 градови според ова истражување, покрај споменатите три, влегоа и Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин.rnrnОткако прочитавте кои се најпријателските градови во Европа за 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најпријателските земји во Европа.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Кој е најромантичниот град во Европа?

    Кој е најромантичниот град во Европа?

    Кога станува збор за најромантичните дестинации во Европа, најчесто ни паѓаат на ум неколку европски метрополи како на пример Рим, Лондон, и, се разбира, неприкосновениот град на љубовта и светлината, Париз.rnrnКој е најромантичниот град во Европа?rnrnСепак, едно истражување ги рангирало најромантичните метрополи во Европа врз основа на специфична анализа на податоци и било спроведено од страна на компанијата Catamaran Charter Croatia која изнајмува катамарани на јадранскиот брег.rnrnГрадовите на листата се рангирани според бројот на ресторани и хотели опишани како романтични. Според студијата, хотелот или ресторанот е „романтичен“ доколку така е опишан на веб-страницата TripAdvisor, каде што корисниците имаат можност да остават свои оценки и впечатоци за нивните патувања.rnrnНа врвот на листата е Лисабон, па ако барате романса, главниот град на Португалија очигледно е местото за вас. Лисабон има 588 романтични ресторани и 152 романтични хотели, што е најголем процент по жител од сите европски метрополи.rnrnСледен на листата е Монако, делумно поради неговата мала големина во однос на бројот на „романтични“ места, додека Париз го зазема третото место.rnrnВо продолжение погледнете како изгледа комплетната листа на 10-те најромантични метрополи во Европа:rnrn1. Лисабон, Португалијаrnrn2. Монако, Монакоrnrn3. Париз, Францијаrnrn4. Сан Марино, Сан Мариноrnrn5. Рим, Италијаrnrn6. Андора ла Веља, Андораrnrn7. Амстердам, Холандијаrnrn8. Атина, Грцијаrnrn9. Прага, Чешкаrnrn10. Рејкјавик, ИсландrnrnОткако прочитавте за најромантичниот град во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали знаете кои се најпријателските земји во Европа?

    Дали знаете кои се најпријателските земји во Европа?

    Многумина од нас патуваат за да откријат нови култури, да уживаат во прекрасните природни пејзажи и да посетат познати туристички атракции. Но, еден од најважните елементи за незаборавен одмор во друга земја се луѓето. Така, пријателски настроените локални жители можат значително да придонесат за да ја засакаме нивната земја.rnrnДали знаете кои се најпријателските земји во Европа? rnrnСписанието Condé Nest Traveller ги објави резултатите од овогодинешната анкета за избор на најпријателските европски земји со домаќини кои се секогаш позитивно расположени и подготвени да им помогнат на странците.rnrnЧитателите ја избраа Ирска како најпријателската европска држава за 2022 година. Овој резултат можеби и не е така изненадувачки особено доколку се земе предвид фактот дека Ирците се сметаат за најпријателската нација во светот. Освен тоа, Ирска изобилува и со многубројни природни и културни атракции. Една од работите која не смеете да ја пропуштите доколку патот ве однесе накај Ирска е посетата на локалните пабови во Даблин каде ќе имате можност да ги запознаете локалните жители.rnrnНа второ место се наоѓа Португалија, а на трето Грција. Покрај честите предрасуди дека луѓето на северот на Европа се „ладни“, дури три земји се најдоа на листата – Исланд, Финска и Данска.rnrnЕве ги првите 10 земји кои се најдоа на листата за најпријателски европски земји според читателите на Condé Nest Traveller:rnrn1. Ирскаrn2. Португалијаrn3. Грцијаrn4. Исландrn5. Финскаrn6. Турцијаrn7. Данскаrn8. Холандијаrn9. Италијаrn10. ШпанијаrnrnОткако ги прочитавте резултатите од оваа анкета, можеби ќе сакате да прочитате и која е најучтивата држава во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Зошто луѓето во минатото носеле перики?

    Зошто луѓето во минатото носеле перики?

    Во минатото мажите носеле перики за кои плаќале големи суми и кои биле вообичаени за богатата класа во Европа. Како и зошто започнал овој тренд?rnrnЗошто луѓето во минатото носеле перики?rnrnКако и многу други приказни од средниот век, приказната за периките започнува со сифилисот. Во 1850 година жителите на Европа морале да се соочат со пандемија на сифилис која се ширела со неверојатна брзина.rnrnБез антибиотици, жртвите морале да се соочат со тешки последици како слепило, осип, деменција, отворени рани и опаѓање на косата.rnВо тоа време губењето на косата се сметало за понижувачки чин, а долгата коса била популарен статусен симбол. Кога брат му се разболел од сифилис, англискиот политичар Семјуел Пепис во својот дневник напишал: „Ако брат ми преживее, нема да може да ја покаже главата во јавност, а тоа ќе биде голем срам за мене“.rnrnТака, со појавата на сифилисот почнал да се развива бизнисот со перики. Болните ги криеле крастите и ќелавите глави со перики кои биле изработувани од човечка коса, но и од коњски и козешки влакна. За да се отстранат непријатните мириси, се користеле прашоци со мирис на лаванда и портокал, поради што се родил терминот „напудрени перики“.rnrnВо тоа време иако истакнати благородници носеле перики, сепак тие не биле толку популарни. Тоа се променило кога кралот на Франција во 1655 година почнал да ја губи косата. Францускиот крал Луј XIV имал само 14 години кога косата почнала да му се проретчува. Загрижен дека тоа ќе му го наруши угледот, кралот обезбедил дури 48 перики за да си го спаси угледот.rnrnТака, носењето перика станало вистински тренд. Најобичната перика чинела 25 шилинзи, што била неделна плата на граѓаните од средната класа, а за посложени перики се плаќало дури и до 800 шилинзи. Но, овој тренд почнал да изумира кон крајот на 18 век и тоа почнувајќи од периодот на Француската револуција.rnrnОткако прочитавте за овој тренд, можеби ќе сакате да прочитате и за 7 -те стандарди за убавина од минатото кои изгледаат навистина бизарно денес.rnrnИзвор: nationalgeographic.rsrnrn 

  • Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Езерото Анси се смета за едно од најчистите и најубавите езера во Европа, а се наоѓа во истоимениот град кој уште е познат и како алпска Венеција поради многуте канали, но и прекрасната архитектура. Градот е вистински бисер на француските Алпи, пред сè поради живописниот пејзаж кои го сочинуваат прекрасните планински врвови и магичното глацијално езеро.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnГратчето се наоѓа во Југоисточна Франција, 35 километри јужно од Женева и 150 километри од Лион. Тоа е идеална дестинација доколку сакате да избегате од гужвите на големите градови. Сигурно нема да ве остават рамнодушни малите мостови, уличките, продавниците и пазарите.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnНајпознатата туристичка атракција во градот е замокот Анси, кој денес служи како музеј и е прогласен за историски споменик од страна на Министерството за култура.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВо замокот се изложени многубројни скулптури и слики од локалните уметници, а од посебно значење е колекцијата од 15 век па наваму на мебел, фотографии и макети на алпски планински куќи. Замокот бил изграден меѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи. Во текот на историјата, замокот бил уништен во пожар неколку пати и напуштен во 17 век. Потоа, служел и за потребите на војската сè до 1947 година. Денес во замокот се наоѓа и опсерваторија.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВреди да се посети и Palais de l’Isle (Островска палата) од 12 век, која некогаш служела и како затвор. Помеѓу езерото и стариот град пак, се наоѓа Мостот на љубовта кој нуди преубав поглед кон езерото, а во близина се наоѓа и паркот Jardins de l’Europe (Европски градини) каде можете да уживате во природата.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnОсвен тоа, токму овде секоја година во текот на јуни се одржува најстариот фестивал за анимирани фестивали во светот (основан е во 1960 година).rnrnВо секој случај, нема да погрешите со изборот на ова гратче доколку сте во потрага по мало, идилично место кое ќе ви ја долови магијата на Франција.rnrnОткако прочитавте за малото француско гратче Анси, можеби ќе сакате да прочитате и за градот на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот!

    Рај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот!

    Старите мостови кои го издржале забот на времето можат да ве пренесат за миг стотици и стотици години назад во минатото за да го почувствувате духот на едно друго време. Чекорејќи по нив ќе ја осетите магијата на старовековните традиции и тоа на сосема непосреден и природен начин. Многубројните мостови кои ги граделе Римјаните и Османлиите на територијата на Европа и ден-денес гордо ја раскажуваат својата приказна и претставуваат дел од најзначајните културно-историски споменици. Во продолжение прочитајте за дел од нив.rn

    Понте Векио, Фиренца

    rnПонте Векио (во буквален превод значи „стар мост“) е една од најпознатите туристички атракции во Фиренца и најстариот мост во градот. Се смета дека првиот мост бил изграден на истата оваа локација уште во римско време, додека сегашниот мост датира од 1345 година. Понте Векио отсекогаш бил домаќин на трговци и продавници, особено продавници за накит. Дури и денес мостот го красат многубројни блескави излози.rnrnРај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот! rn

    Карлов мост, Прага

    rnКарловиот мост е една од култните историски знаменитости во Прага изграден на реката В’лтава. Неговата изградба започнала во 1357 година како замена за стариот Јудитин мост кој бил оштетен во поплава во 1342 година. По изградбата на мостот на почетокот на 15 век, Карловиот мост, тогаш познат како „Камен мост“, бил единствениот начин да се премине реката. Изграден во готски стил, мостот е долг 516 метри и е украсен со 16 лакови и 3 кули. Неговата локација нуди и преубав поглед кон градот кој сигурно ќе ве маѓепса.rnrnРај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот! rn

    Римски мост, Кордоба

    rnРимскиот мост во Кордоба. Шпанија, е изграден од страна на Римјаните во 1 век п.н.е., а според арапскиот географ Мухамед ал-Идриси, „ги надминува сите други мостови по убавина и сила“. Долг околу 247 метри, а широк 9 метри, се наоѓа на реката Гвадалкивир која е втората најдолга река во Шпанија. Доколку сте фан на „Игра на тронови“, тогаш сигурно ви е познат.rnrnРај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот! rn

    Стар мост, Мостар

    rnСтариот мост кој е изграден од страна на Османлиите и потекнува од 16 век, се наоѓа во Мостар, Босна и Херцеговина. Мостот бил срушен за време на војната во 1993 година, но повторно бил изграден неколку години подоцна. Денес е под заштита на УНЕСКО и е популарна туристичка атракција на реката Неретва.rnrnРај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот! rn

    Пон Неф, Париз

    rnПон Неф во Париз е најстариот мост во градот, кој датира од 16 век. Во 1577 година, кралот Хенри III со декрет ја објавил изградбата на нов мост на Сена и назначил комитет кој ќе го следи проектот. Следната година бил поставен камен-темелникот од страна на самиот крал, во присуство на неговата мајка, Катерина де Медичи, и неговата сопруга, Луиз де Лорен. Денес, мостот е еден од симболите на градот.rnrnРај за очи: 5 стари европски мостови кои треба да ги видите барем еднаш во животот! rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најубавите европски мостови, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 градови ја зачувале својата средновековна архитектура.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Најубавите дестинации во Европа за оваа зима

    Зимата за многумина од нас е најубавото годишно време затоа што ни ја носи магијата на новогодишните и божиќните празници, романтиката под студеното ѕвездено небо, адреналинот на скијачките патеки. Доколку сакате да ја искусите бајковитата зимска магија, а сè уште не знаете каде, ние сме тука да ви ги предложиме најубави зимски дестинации во Европа.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Цермат, Швајцарија

    rnПоголемиот дел од годината, Цермат е село потонато во мир и тишина. Но, за време на зимската сезона, овде доаѓаат скијачи од цел свет за да уживаат на безбројните скијачки патеки. Цермат е рај за искусните скијачи. Сепак, селото има што да им понуди и на туристите кои не скијаат. Прошетките во градот и по околните ридови се вистинско уживање бидејќи сонцето сјае и во студените денови и ги прави совршени прошетките во природа. Можете да се санкате или да шетате со водич и да откриете и други, помалку познати места во близина. Една од најпримамливите патеки за зимско планинарење е патеката од Блаухерд до Флухалп, долга околу 2 километри.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Рејкјавик, Исланд

    rnЗа многумина Исланд е најубав во зима. Ние во целост се согласуваме затоа што снежните пејзажи што ги нуди ова место мора да се видат и доживеат, барем еднаш во животот. Исланд, земјата на вечните гејзири, нуди авантури што не можете да ги најдете во другите европски земји. Секој февруари Рејкјавик е домаќин нa Зимскиот фестивал на светлата каде можете да уживате во светлосни инсталации и други активности на отворено. Доколку пак сакате да се загреете, Исланд е познат по своите геотермални базени каде можете да се капите во топла вода под студеното ноќно небо. Доколку сте по планинарењето не пропуштајте да направите обиколка по околните села на Рејкјавик како и да го посетите Големиот гејзир (се проценува дека е стар околу 10.000 години).rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Абиско, Шведска

    rnДоколку сте во потрага по место кое нуди преубав поглед на поларната светлина, а сте со ограничен буџет, тогаш Абиско е вистинскиот избор за вас. Местото се карактеризира со посебна микроклима што ги зголемува шансите да видите разиграна светлина на небото, што не е случај со другите скандинавски дестинации. Абиско е совршена дестинација за љубителите на зимските спортови. Во близина на ова место се наоѓа првиот леден хотел во светот каде можете да преноќите на температура од -5 степени Целзиусови или да одите на турнеја со водич за да дознаете повеќе за неговата изградба и историја.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Халштат, Австрија

    rnХалштат е полн со бајковити цркви од 12 век и шармантни куќички расфрлани по снежните падини на планините Дахштајн. Халштат е гратче со население од 1.000 жители кои живеат во дрвени куќи. Кога е покриено со снег и мраз, гратчето изгледа како да е дел од руска бајка.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrn

    Прага, Чешка

    rnВо Прага зимата доаѓа на почетокот на зимата и трае сè до крајот на февруари, а за сето тоа време покривите и црковните куполи се постојано под снежна покривка. Зимската магија е доловена и преку многубројните новогодишни пазари. Прага е особено жива и весела во втората половина на декември кога ја посетуваат многубројни туристи. Февруари е исто така идеален месец за посета на овој град поради карневалската сезона со блескавата парада на костуми. За време на целата зимска сезона на многу места во градот има лизгалишта, а можете да слушнете и концерт на класична музика во некоја од средновековните цркви. Вреди да се спомене и фактот дека Прага е дом на повеќе од 100 музеи и галерии како и на една од најстарите библиотеки во светот.rnrnНајубавите дестинации во Европа за оваа зимаrnrnДоколку се забавувавте со нашиот избор на најубави туристички зимски дестинации во Европа, ви препорачуваме да прочитате и  за снежните хотели во Скандинавија кои нудат поразличен зимски одмор.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Дали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски град

    Многубројните легенди, богатата историја и стариот град го прават Краков еден од најпосетуваните градови на стариот континент. Во продолжение прочитајте дел од занимливостите за овој град што ги одбравме специјално за вас.rnrnДали знаевте дека Краков е град на змејовите и студентите? 8 занимливости за овој европски градrnrn1. Краков е втор по големина град во Полска, сместен во јужниот дел на државата, на брегот на реката Висла.rnrn2. Денешниот град е основан во VII век. Основан е на местото на населба која датира од камената доба и во текот на историјата станал вториот најважен град во денешна Полска. Зачетоците на градот почнуваат како селска населба на ридот Вавел и за него е важно да се каже дека бил значаен трговски центар во словенска Европа.rnrn3. Главниот плоштад на Краков, „Рунек Гловни“ се наоѓа во центарот на стариот град. Со површина од речиси 4 хектари, тој е најголемиот средновековен плоштад во Европа.rnrn4. Според една легенда, во 13 век, за време на инвазијата на Татарите, дежурниот стражар пробал да ги алармира граѓаните за приближувањето на непријателот преку свирењето на труба. Иако градските порти биле навреме затворени, сепак, една татарска стрела успеала да го погоди стражарот во грлото пред да даде сигнал со трубата. Денес, во чест на стражарот, од повисоката кула на базиликата Света Марија се слуша карактеристичниот звук на труба кој одекнува четири пати, секојпат нагло прекинат – како метафора на незавршената мелодија на трубачот.rnrn5. Јагелонскиот универзитет е основан во 1364 година под името „Краковска академија“ и е вториот најстар универзитет во Централна Европа по Карловиот универзитет во Прага. На Јагелонскиот универзитет е отворена и првата катедра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија.rnrn6. Во Краков живеат 750.000 луѓе од кои 200.000 се студенти, што го прави еден од најголемите студентски градови во Европа.rnrn7. Познатата слика на Леонардо да Винчи, „Дамата со хермелин“ се чува во музејот Чарториски, еден од најстарите музеи во Полска.rnrn8. Легендата за змејот е веројатно најпознатата легенда поврзана со овој град. Според оваа легенда, за време на владеењето на кралот Кракус се појавил змеј кој се населил во една пештера под ридот Вавел. Змејот ги уништил околните села и се хранел со добиток, но и со девојки. Затоа кралот наредил да го убијат змејот, во замена нудејќи ја раката на својата ќерка на оној кој ќе успее во тоа. По многу неуспешни обиди на витезите, еден чевлар успеал во мисијата. Тој купил овца, ѝ ја натопил волната со сулфур и му ја принел на змејот како жртва. Ненаситниот змеј ја изел овцата, по што почувствувал голема жед. Се спуштил до брегот на реката Висла за да ја изгасне жедта и за кратко време експлодирал. Денес, во чест на оваа легенда, секоја година во Краков се одржува фестивал на змејот.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Краков, ви препорачуваме да прочитате и за мало село во Полска каде што сѐ е покриено со цртежи од разнобојни цвеќиња.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • 5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    5 преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есен

    Иако пандемијата влијае врз нашиот вообичаен начин на патување, така што денес ни треба посебна подготовка за да се чувствуваме безбедно на саканата дестинација, сепак, и тоа е остварливо. Туристичката сезона веќе не е во полн ек, но од друга страна, есента е идеално време за нови познанства па и за патувања: во топлите есенски денови можете мирно да шетате по прекрасните локалитети и поевтино да платите за хотелски аранжмани. Во продолжение, ви препорачуваме 5 дестинации за оваа есен.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    1. Бордо, Франција

    rnИзбран за најубава дестинација во Европа, Бордо е град што ќе ги оживее вашите сетила за мирис и вкус, место каде ќе доживеете преубави спомени. Бордо го посетуваат оние кои бараат автентично место, историја, топлина, насмевки, традиционална гастрономија. Не пропуштајте ја плажата Аркашон во близина на градот, чија убавина ќе ве натера да се заљубите во југоисточниот француски регион, Аквитанија. Бордо истовремено е традиционален, модерен, класичен и космополитски град, а есента е идеално време за негова посета.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    2. Фиренца, Италија

    rnТуристи од сите краишта на светот ја посетуваат Италија, а особено оние во потрага по мали, романтични места и културни крстосници. Во Италија се наоѓа и дел од најубавите музеи во светот. Па така, за време на некој тивок есенски ден можете да ја посетите галеријата Уфици во Фиренца и да им се восхитувате на ремек-делата на италијанските сликари и скулптори.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    3. Билбао, Шпанија

    rnНекои од најголемите светски уметници како Енди Ворхол, Ив Клајн и Жан Мишел Баскија ве очекуваат во музејот Гугенхајм во Билбао. Во овој период од годината, бројот на туристи кои го посетуваат музејот е намален, така што нема да чекате редици. Во постојаната музејска поставка се изложени извонредни уметнички дела на кои ќе може да им се восхитувате во тишината на тивките музејски сали. Доколку претпочитате пејзажи, нема проблем! Лозјата околу Билбао се вистинска ерупција на есенски бои.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    4. Торино, Италија

    rnУште еден италијански град на нашата листа со предлози. Торино е совршена опција за оние кои сакаат да ја истражуваат Италија. Местото кое никако не смеете да го пропуштите во Торино е египетскиот музеј, вториот најголем музеј во светот за египетската цивилизација по оној во Каиро.rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrn

    5. Будимпешта, Унгарија

    rnГлавниот град на Унгарија е вистинската дестинација за уживање во есен. Искачете се по ридовите на Будимпешта и уживајте во преубавата панорама на Дунав, зградата на Парламентот, а дрвјата во кафено есенско руво ќе направат да се чувствувате сакано во еден од најромантичните градови во Европа. Градот нуди безброј активности – возење со кочија, крстарење по Дунав, посета на ридот Гелет, базиликата Свети Стефан… листата е бесконечна. За што и да се одлучите, нема да погрешите!rnrnПет преубави места во Европа кои можете да ги посетите оваа есенrnrnДоколку ви се допаднаа нашите предлози, погледнете ги овие 15 спектакуларни фотографии кои ќе ве однесат на патување низ целиот свет.