Многу девојки посакуваат да имаат полни усни, но не сакаат да подлегнат на естетската хирургија. За среќа, нема потреба од пластична операција, бидејќи усните можете визуелно да ги зголемите и на природен начин!rnrnrnrnЗа да го постигнете овој ефект, потребни ви се само две состојки: цимет и малку вазелин.rnrnrnrnСтавете ги состојките во сад и мешајте сè додека не добиете густа смеса. Кога добро ќе се соедини, нанесете ја на усните, протријте и оставете да отстои некое време.rnrnНа крај, измијте се и вашите усни ќе изгледаат поголеми!rnrnПрочитајте нешто повеќе и за овие бјути трикови што настанале пред неколку векови, а ги практикуваме и денес.
Колкупати досега сте се запрашале дали естетската хирургија е навистина делотворна кога се во прашање популарните третмани како што се липосукцијата и отстранувањето на целулитот и дали постојат некои други делотворни методи кои можат да се применат наместо овие инвазивни, но и скапи процедури? На овие прашања искрено одговараат некои од најголемите експерти од оваа професија.rnrnrn
„Жал ни е, не постои третман кој во целост го отстранува целулитот!“
rn
„Другарките и познаниците отсекогаш ме прашуваат дали постои добар третман кој го отстранува целулитот, и мојот одговор е секогаш ист: Не! Па така, на пример, во многу познатата метода наречена целулиза, се користи интензивен ласер, а поголемиот дел од луѓето не се свесни дека секој пат кога ќе се изложат на вакви интензивни третмани, постои ризик од инфекции. Овие ризици се ниски, но и понатаму постојат, а притоа морате да ја земете и цената предвид, која воопшто не е ниска, па третманот се наплаќа и по неколку илјади долари. По сè ова, резултатите воопшто не се доволно импресивни“, вели Бери Коен, професор по медицина, доктор по реконструктивна и пластична хирургија, член на Американското здружение на пластични хирурзи.
rn
„Спијте на грб!“
rn
„Ова е најдобрата работа која можете да ја направите за брчките на лицето. Доколку спиете на страна или на стомак, ќе имате подлабоки брчки на онаа страна на лицето која се ослонува на перницата, особено кога се во прашање линиите околу усните. Колку и да ве изгледа неверојатно, па и неизводливо, овој начин на спиење не врши дополнителен притисок на вашата кожа и навистина е делотворен. Меѓутоа, доколку ви е премногу тешко да ја усвоите оваа навика, тогаш заменете ја памучната перница со свилена или сатенска. Овие ткаенини се поблаги за кожата на лицето“, објаснува Едвард Х. Фариор, доктор за пластична хирургија специјализиран за подрачјето на лицето, некогашен претседател на Американската академија за пластична и реконструктивна хирургија на лицето.
rnrn
„Понекогаш мислиме дека сте луди!“
rn
„Пријателите честопати ме прашуваат дали би требало да направат некоја корекција на лицето. Една познајничка потполно непотребно беше опседната со поправка на малите и едвај забележливите испакнувања на носот, а друг познајник, залуден од идејата да ги оперира ушите, сметајќи дека премногу стрчат. Ниту една од овие неправилности јас никогаш не сум забележал. Во таквите ситуации им велам: ‘Оставете го вашето лице на мир, бидејќи кога еднаш ќе заминете во тој правец, никако добро нема да излезе од тоа.’ Луѓето стануваат опседнати и од најмалите неправилности, кои во некои случаи имаат позитивно влијание, бидејќи само тие ги гледаат како лоши. Кога не ми веруваат дека е така, им ја покажувам својата брада и ги прашувам дали забележуваат нешто необично и неправилно, а тие секогаш одговараат со не, но потоа им покажувам една мала и чудна асиметрија за која само јас сум свесен.“, кажува Едвин Вилијамс, доктор за пластична хирургија специјализиран за областа на лицето, претседател на Американската академија за пластична и реконструктивна хирургија на лицето.
rn
„Отстранувањето вишок кожа од стомакот е сериозна хируршка интервенција!“
rn
„Оваа интервенција е позната и под името ‘Tummy tuck’, а подразбира отстранување на вишокот кожа и сало од долниот дел на стомакот, поради што е сè популарна помеѓу жените кои неодамна родиле. Некои мајки кои ги познавам и не кријат дека биле на овој вид пластична операција – тоа повеќе не се смета за срамота, како што беше порано. Но, важно е да разберете дека ова не е брза и лесна интервенција. Потребно е некое време за телото да се оправи. Поголемиот дел од отокот се намалува во првите неколку недели, но обично е потребно од шест до осум недели за надуеноста на кожата сосема исчезне. Може да помине и до година дена додека белегот, кој обично се протега од едниот колк до другиот, да исчезне и конечниот резултат да стане видлив. Многу луѓе не го знаат тоа“, вели Анурет К. Бајај, доктор од Оклахома, пластичен хирург и член на Американската асоцијација на пластични хирурзи.
rnrn
„Сериозно оттргнете се од цигарите и лежењето на сонце!“
rn
„Имав пациентка на која ѝ беа потребни многу реконструкции на лицето, но ѝ кажав дека нема да ја оперирам сè додека не го остави пушењето, макар шест месеци. Кога се врати на преглед после интервенцијата, белезите не ѝ зараснаа како што треба. Веднаш знаев дека повторно почнала да пуши. На пријателите и на членовите на семејството секогаш им кажувам дека само со еден поглед може да откриете дали некој пуши – дури и ако се во прашање само неколку цигари дневно. Кожата многу пати поради пушењето, и сонцето полесно ја оштетува. Ако еден близнак поминува многу време на сонце, а другиот го избегнува, ќе изгледа како едниот близнак да е постар за 10 години од другиот. Тргнете се од сонцето и престаните со пушењето! Тоа се најлесните начини за одржување младешки изглед на кожата“, вели др. Едвин Вилијамс.
rn
„Липосукцијата никогаш нема да биде замена за вежбањето!“
rn
„Луѓето секогаш ме прашуваат колку килограми ќе изгубат со помош на липосукцијата. Тоа е голема заблуда. Липосукцијата е процедура за обликување – не нешто што магично ќе ве направи послаби. Нема многу хирурзи кои тоа јасно им го ставаат до знаење на пациентите. Зборував со пријатели за случаи каде што докторите на своите пациенти им ветуваат неверојатни резултати кои едноставно не се возможни. Уште полошо, знам и луѓе кои после операцијата биле незадоволни со резултатите. Килограмите се губат со вежбање и диети. Ако пациентот сака да изгуби многу килограми, ќе му кажам да соработува со нутриционист помеѓу шест месеци и година дена пред да започнеме со зафатот. Морате да имате идеална тежина, или нешто блиско до тоа, пред липосукцијата, бидејќи само така ќе добиете најдобри резултати“, истакнува Скот Бредли Гласберг, доктор, претседател на Американското здружение на пластични хирурзи.
Независно каква музика сакате, сигурно ви се случило да почувствувате како ви лазат морници кога ќе слушнете некој пејач или пејачка со прекрасен глас. Но, сте се запрашале ли некогаш зошто се случува тоа? Според науката, ова искуство е зголемено чувство на возбуда и се објаснува како еволуциски остаток од нашите рани предци кои се топлеле со топлиот воздух кој се задржувал во првиот слој на нивната многу повлакнеста, скоро крзнена кожа.rnrnrnrnЧувството на морници се должи на брзата промена на температурата – од покачена на намалена, што ги кревало влакната, целосно вклучувајќи го одново слојот со топлина. За среќа, денес носиме облека за да ни биде топло, но физиолошката реакција е сѐ уште присутна – имено, програмирани сме да создаваме „морници“ како реакција на разни дразби, со таа разлика што денес тоа е убавината во уметноста или природата, отколку температурната промена.rnrnИстражувањата од Државниот Универзитет во Јута, С.А.Д., исто така анализирале зошто некои луѓе доживуваат вакво чувство почесто од другите и се заклучило дека „отвореноста кон искуството“ било факторот што правело на некои луѓе почесто да им поминуваат морници. Ова и не е некое големо изненадување ако се земе предвид фактот дека луѓето кои ја имаат оваа „способност“ повеќе ја ценат естетиката и убавината во нештата и имаат необично активни имагинации, па длабоко се внесуваат во музиката која ја слушаат.
Добро е познато дека машките и женските хороскопски знаци се разликуваат во некои работи, па затоа ние денес решивме да ви откриеме 8 најкарактеристични особини на жените Ваги.rnrnrn
1. Можат да ве шармираат кога и како сакаат
rnЖените Ваги се познати како неверојатно шармантни личности, бидејќи се многу досетливи и имаат одлична смисла за хумор. Нив ги сакаат сите луѓе, бидејќи тие знаат да го прилагодат својот шарм на секоја личност и во секоја ситуација. Тие едноставно сакаат другите луѓе да ги сакаат, па затоа се одлични во „читањето“ на луѓето и прилагодувањето на нивниот карактер.rn
2. Неодлучни се
rnВагите нема да се она што се ако не се неодлучни и ако постојано не мислат дали нешто да направат или пак да кажат не. Иако оваа особина може да им помогне при решавањето на некои конфликти, од друга страна пак, може да претставува вистинско мачење кога треба да се донесе одлука. Нив никогаш не треба да ги прашувате да изберат помеѓу две работи, туку е неопходно да ги ставите пред совршен чин.rn
3. Тие се вистински дипломати
rnАко сакате да смирите некои ваши блиски луѓе, во тоа задолжително ангажирајте ги жените Ваги. Тие се неверојатно мирни, па со самото тоа идеални личности за решавање на сите можни конфликти. Тие секогаш ќе пронајдат заеднички јазик со другата страна и нема да дозволат ниту најмала ситница да прерасне во конфликт, а конфликтот во голема расправија.rnrnrn
4. Ги почитуваат правичните и праведните личности
rnНикој не ги сака повеќе правичните и праведните личности, ниту пак ги цени повеќе од жените Ваги. Едноставно, тие се тип на личност кои секогаш настојуваат да одржуваат фер и коректни односи со другите луѓе, кои не ја сакаат неправдата, а уште помалку луѓето кои се неправедни. Доколку сакате да се дружите или забавувате со жена Вага, овие две особини мора да ги поседувате.rn
5. Премногу се интелигентни
rnЖените Ваги, па и самите Ваги, важат за премногу интелигентни личности кои многу читаат, информирани се за сè и упатени во сè што се случува околу нив. Ќе ве изненади начинот на кој зборуваат, со своите интелигентни шеги, но и со досетливоста и мудроста.rn
6. Тие се големи естетичари
rnВагите, а особено жените Ваги се големи естетичари и имаат око и за најситните детали. Па затоа, тие најчесто се занимаваат со некој вид уметност, а доколку тоа не им е работа, тогаш како по правило им е хоби.rnrnrn
7. Обожаваат да флертуваат
rnАко може да се каже за некој хороскопски знак дека сака да флертува и многу дека ужива во тоа, тогаш тоа дефинитивно се Вагите. Било да се врзани или пак не, Вагите секогаш ќе флертуваат, бидејќи едноставно тоа е појако од нив. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите Вагите не се ниту свесни дека флертуваат, туку тоа го забележуваат откако другата страна ќе им даде повратна реакција.rn
8. Секогаш се смирени
rnВагите не се ниту малку импулсивни, па никогаш нема да ги видите како „полудуваат“ или да се толку нервозни за да не можат да го скријат тоа. Едноставно, тие пронаоѓаат излез во секоја ситуација и се обидуваат да не прават голема драма околу тоа. Меѓутоа, и тие имаат свои луди минути и тогаш би било најдобро да стоите подалеку од нив.rnrn
Кирилица, латиница, грчко, кинеско и арапско писмо… и тоа се горе-долу сите азбуки за кои знаеме. Иако латиницата е сè подоминантна поради зголемувањето на англискиот јазик на глобално ниво, на планетава сепак постојат и опстојуваат уште многу различни писма, а некои од нив иако не се многу познати, се особено убави.rn
Мјанмарска (бурманска) азбука
rnМјанмарската азбука е составена од симболи кои наликуваат на крукчиња и полукрукчиња кои секогаш се цртаат, односно пишуваат, во правец на движењето на стрелките на часовникот. За жал, Мјанмарците сè поретко ја користат оваа естетски прекрасна азбука поради влијанието на индискиот и англискиот јазик. Таа пред сè се користи во верските храмови за време на церемониите.rnrnrn
Сингала
rnСингала е азбука која се користи на островот Шри Ланка. Има преку 50 букви, но само 38 од нив редовно се користат во денешно време. Нејзината употреба е сè поретка, па денес се користи само во будистичките манастири, а се изучува и во училиштата.rnrnrn
Грузиска азбука
rnИако е сместена помеѓу две моќни култури – руската и турската, малата Грузија успеала да го зачува своето оригинално писмо низ годините. Сепак, и таа се соочува со силно влијание на руската култура за време на Советската ера. Наликува на арапското писмо, но е поедноставно за читање.rnrnrn
Тагалог
rnЈазикот на Филипините се нарекува филипино, а ја користат латинската азбука. Филипино е мешавина од јазиците кои одамна се користеле на островот и шпанскиот јазик, а тие стари јазици ја користеле убавата азбука тагалог. Таа потекнува од индо-европските писма и по малку наликува на латинското. И тагалог е азбука во изумирање.rnrnrn
Ханачарака
rnХаначарака била создадена на индонезискиот остров Јава со цел стандардизирање на индонезискиот јазик. Нејзината употреба слабее по забраната за време на јапонската окупација за време на Втората светска војна, а потоа речиси се губи под влијанието на латинското писмо. Денес се користи само на сообраќајните знаци.rnrnrnrn rnrn
Кога станува збор за стилот и модата најчесто важи правилото „За вкусови не се расправа“. Но, понекогаш ексцентричноста на модните креатори ја преминува границата на убавото. Се навикнавме да носиме навистина неудобни чевли само заради нивната естетика и убавина, но која е поентата да го правиме тоа ако се грди? И секако, модата не е само форма, естетика, убавина – модата е став. Но понекогаш, производот е резултат единствено на недостиг од инспирација и потреба од внимание.rnrnrnrn rnrn
Гостински пост: д-р Гоце КрстиновскиrnrnrnЗагубата на само еден заб во усната празнина незабележливо почнува да влијае на состојбата на останатите заби. Иако во прво време се чини неверојатно, треба да знаете дека промените што ќе ги претрпат останатите заби и коската низ годините, може да доведат до загуба на други заби. Со тоа се намалува способноста за џвакање, и како што се зголемува бројот на загубени заби, имате проблеми со изговорот, ги губите естетиката и самодовербата. Погледнете на анимацијата како се случува тоа:rn
rnЗатоа, реставрирањето на изгубените заби претставува обврска кон вашето здравје. Она што треба да го знаете за начините на надоместување на забите е следново:rnrn1. Сите досегашни студии покажале дека денталните импланти се најсигурниот и најпредвидливиот начин да се третира губењето на забите. Светот веќе го одбележа 30-годишното искуство во поставувањето на дентални импланти, а стручњаците ја оценуваат успешноста на процедурата со над 97% во рамки од 10 години.rnrn2.За разлика од денталните мостови, за кои е потребно состружување на најчесто здрави заби, денталните импланти се фиксирани за коската во која претходно бил сместен извадениот заб. Со тоа најреално се имитира природната всаденост на забите внатре во виличните коски.rnrn3.Идеалнатазамена за забот кој се вади, со некои исклучоци, се прави при истата посета, со тоа што веднаш по вадењето се поставува имплантот заедно со привремен заб. На тој начин се постигнува максимално зачувување на естетиката и воопшто нема да ги почувствувате последиците од вадењето на забот.rn
rnИнформирајте се! Со соодветна нега, денталниот имплант ќе Ве служи доживотно.rnrnАвторот е специјалист по орална хирургија и имплантологијаrnконтакт-имејл: gocebt23@yahoo.comrnrn
Густо еспресо на едната страна, чиста кафена подлога за вашите икони на другата… Љубителите на кафето и на боите на кафето сигурно ќе уживаат во оваа десктоп-позадина. Ќе ви овозможи уредност и естетика на работната површина.rnrnКликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1280×680) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.rn