Кај секој човек во помала или поголема мера владеат четирите главни елементи: вода, воздух, земја и оган. Нивната пропорција во голема мера ги одредува индивидуалните карактеристики на личноста како што се темпераментот или карактерот. Овој тест ќе ви помогне да откриете кој од овие елементи преовладува кај вас. Погледнете ја сликата и брзо одлучете се за еден елемент, но не ги игнорирајте ги резултатите затоа што тие ќе ви откријат нешто повеќе за вашите скриени квалитети.rnrnrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Вашиот елемент е воздухот. По природа сте спонтана личност и постојано се движите напред, во потрага по нови предизвици и авантури. Сите ве опишуваат како друштвена и шармантна личност и постојано сте опкружени со пријатели. Сакате да се забавувате. За вас, животот би немал смисла доколку ѝ се предадете на секојдневната рутина, па така везден сте во потрага по нешто ново, бегајќи од монотонијата и секојдневието.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Вашиот елемент е огнот, а тоа значи дека имате извонредни лидерски квалитети. Обдарени сте со страстен темперамент и желба да се издвоите од мнозинството. Тоа не е тешко да се забележи: давате сè од себе за да изгледате подобро од сите други. Наметливи сте, енергични и секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието. Понекогаш е тешко да се справиме со нив затоа што честопати се тврдоглави и неспособни за конструктивен дијалог, сметајќи дека само нивното мислење е точно.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Вашиот елемент е земјата што значи дека вие сте рационално и мудро суштество и не сте склони кон сентименталност. Тоа може многу да ви помогне во животот: малку работи можат да ве извадат од рамнотежа. Трезвено гледате на работите и имате остар ум кој може да ви помогне да ги читате луѓето како отворена книга. Сепак, во некои случаи се истакнувате со прекумерна претпазливост како и недоволна љубов, нежност и грижа, особено кон вашите најблиски.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 4″ active=”false”]Водата е вашиот елемент. За вас карактеристично е тоа што го сакате животот, ги сакате луѓето и сонувате за голема и несебична љубов. Во животот често сте жртва на измама затоа што кај другите го гледате само доброто, затворајќи ги очите пред нивните недостатоци, а понекогаш и пороци, особено кај партнерот. Полни сте со креативност што лесно можете да ја преточите во песна, слика или друга форма на уметност. Целосно сте посветени на семејството и лојална личност сте по природа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувте со овој тест, откривајќи нешто повеќе за вашите скриени квалитети, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете кои се вашите скриени моќи.rnrnИзвор: namastest.net
Вилијам Џон Ворнер во 1894 година издал книга за читање на дланките, каде што, помеѓу останатото, нагласил дека секоја дланка може да биде поврзана со некој од четирите елементи: Вода, воздух, земја или оган. Главните карактеристики се забележуваат со внимателно прегледување на должината и обликот на прстите, но и на самите дланки. Погледнете во продолжение во кој елемент ќе се пронајдете вие.rnrnrn
Воздух
rnРацете во елементот воздух се долги и тенки, најелегантни од останатите. Вообичаено овие луѓе имаат подолги плочи на ноктите, а честопати имаат и долги нокти. И самата дланка е издолжена, па цел впечаток е повеќе од елегантен. Во вештината на читање на дланките се верува дека менталната енергија на човекот настанува во зглобовите, па преку дланката стигнува до врвовите на прстите. Поради тоа личностите со раце во знакот на воздух добро размислуваат пред да направат нешто. Покрај тоа, долгите прсти се знак на активен ум кој никогаш не се одмора. Тие може да запаметат неверојатна количина информации, а брзо им се досадува, па постојано бараат нова забава.rn
Оган
rnРацете во елементот оган се одликуваат со широки дланки и кратки прсти. Ако раката делува премногу кратко и заоблено, тоа е знак дека личноста е тврдоглава. Ако покрај ова зглобовите на прстите се пошироки од вообичаените, знајте дека со оваа личност тешко се излегува на крај. Луѓето со кратки дланки многу брзо донесуваат одлуки. Од нив потекнуваат сите брилијантни идеи кои другите не би се осмелиле да ги спроведат, но проблемот е во тоа што тие бргу им поминуваат. Овие луѓе се идеални за продавачи, затоа што имаат такви способности. Тие се љубезни и не можете да им се спротивставите, дури и кога не сакате да учествувате во она што тие ви го предлагаат. Имаат харизма и секогаш се во центарот на вниманието.rn
Вода
rnПокрај родените во елементот воздух, и луѓето родени во елементот вода имаат прилично долги раце, но се одликуваат и со влажност која другите ја чувствуваат кога се ракуваат со нив. Многу често дланките на овие личности се испотени, но дури и кога не им се, тие создаваат некое влажно чувство. Дланките им се заоблени и набиени, па ваквите личности се многу емотивни и имаат меки раце. Тие секогаш сочувствуваат и поради тоа е неопходно да формираат некој заштитен штит околу себе, за да не бидат повредувани или искористувани. Додека на другите им опростуваат речиси сѐ, себеси не си дозволуваат ниту најмала грешка, па многу страдаат додека не научат да си простат. Сите сакаат да имаат вакви луѓе како најдобри пријатели. Секогаш имаат разбирање за сѐ и спремни се да помогнат, а често е доволно само да го чуете нивниот глас и да се смирите.rn
Земја
rnОвие луѓе имаат дланки како шепи на мечка. Тие им се големи, долги, широки, со еден збор, огромни! За разлика од елементот вода, дланките на луѓето во елементот земја им се премногу суви. Овие луѓе честопати се многу тивки, но тоа не значи дека се срамежливи. Тие се како планина: Сигурни, непроменливи и спремни по секоја цена да им се спротивстават на промените. Овие луѓе се многу вешти со нивните раце, па најчесто за живот заработуваат од некој занает, или пак едноставно тоа им е некакво хоби. Тие може да бидат сѐ – од масери до столари. Тие не се премногу емотивни и се гордеат со тоа. Не ги интересира религијата, ниту духовноста, туку само цврстите научни факти. И во животот се такви, постојано бараат веродостојни и непроменливи луѓе, а не толерираат никакви драматизирања.
Долго време луѓето мислеле дека златото е најскапата материја на светот. Но, гледано од денешна перспектива, таквото мислење е сосема погрешно. Погледнете ја оваа листа од 16 елементи и супстанци кои се рангирани според најниската до највисоката цена, а златото не е ниту во првите 10.rn
16. Шафран – 11 долари за грам
rnrnrnОвој зачин е уникатен, поради фантастичниот вкус и здравствените придобивки од неговата употреба. Во неговото производство се вложува огромен труд и време, но квалитетите што ги поседува шафранот не можат да се споредат со ниту еден друг зачин.rn
15. Злато – 56 долари за грам
rnrnrnСтанува збор за најпознатиот скапоцен метал, особено популарен кај жените во вид на накит. Златото е почитувано од памтивек, а луѓето кога сакаат да пофалат или истакнат одредена убава работа ја споредуваат со неговата скапоценост.rn
14. Родиум – 58 долари за грам
rnrnrnИсклучително редок метал. За да се долови во колкаво мало количество е присутен, треба да се нагласи фактот дека во еден тон од Земјината кора, родиумот е застапен со само 0,001 грам.rn
13. Платина – 60 долари за грам
rnrnrnОва е редок и скапоцен метал со сребрена боја. Исто како и златото, платината е отпорна на киселини, алкалии и други соединенија.rn
12. Метамфетамин – 100 долари за грам
rnrnrnОваа супстанца е забранета со закон. Таа е психостимуланс од класата на психоактивни лекови фенетиламин и амфетамин.rn
11. Рог од носорог – 110 долари за грам
rnrnrnОвие рогови имаат голема вредност поради лековитите својства кои ги содржат, како и за изработка на големи и цврсти рачки за ножеви. Поради ловокрадците, носорозите се речиси на работ од истребување.rn
Модерната култура е исполнета со светликави, но плитки ветувања за среќата и задоволството. Масовните медиуми ни кажуваат дека ако сме богати, имаме поубава и поголема куќа полна со секакви нешта, имаме убав автомобил, ако сме вечно млади, со витка фигура и добро облечени дека ќе бидеме среќни и задоволни.rnrnrnrnНо, психолозите докажале дека постојат 3 главни работи кои придонесуваат за среќата и благосостојбата на една личност. Ова се основните принципи на концептот познат како „теоријата на самодетерминација“. Оваа теорија ја зголемува разликата помеѓу вродените и надворешните цели кои водат до среќата. Фокусирањето на семејните, пријателските и емоционалните вредности ќе ви донесат многу поголемо задоволство од материјалните богатства и ќе ни обезбедат побогат и позначаен живот.rn
1. Автономија
rnВродени цели, желби и квалитети се она што ни е потребно за среќата да се манифестира во нашиот живот и да стане трајна.rn
„Луѓето кои ги сфаќаат своите вродени цели имаат високо ниво на среќа, но луѓето кои се концентрираат на надворешните цели немаат подобрување во нивната лична благосостојба. Авторите претпоставуваат дека луѓето можат да почувствуваат моментално задоволство по остварувањето на некоја ваква цел, но тоа не трае“, вели Дрејк Баер во неговата студија „Зошто бркањето надворешни цели може да ја уништи вашата среќа“.
rnКога се чувствувавте како личност која има контрола врз својот живот, која може да донесе автономни одлуки и која има слобода и независност да биде она што е, тогаш вашиот пат кон среќата е веќе обележан. Луѓето кои чувствуваат дека имаат глас и присуство, кои не се врзани и забранети од конвенцијата или очекувањата на другите се многу посреќни.rn
2. Способност
rnСе раѓаме со одредени квалитети и способности кои го детерминираат она што некои луѓе го нарекуваат судбина. Но, сите ние сакаме можност и шанса. Еднаков пристап до образование, до слободно движење, вработување, основни потреби како дом, храна, вода и безбедност. Среќата е детерминирана од тоа колку слободно можеме да ги добиеме не само основните вештини за преживување, туку и способноста да бидеме целосни во тие вештини кои ни дозволуваат интелектуално, уметнички, политички и комично да се изразуваме. Учењето на новите работи ја зголемува среќата.rn
3. Поврзаност
rnНачинот на кој се поврзуваме со другите луѓе во нашиот живот е најважниот фактор за среќата. Несвесно, повеќето луѓе имаат врски чисто од облигација. Само најсилните луѓе искусуваат вистински конекции со истомисленици. Често се чувствуваме должни да поминуваме време со семејството, пријателите, колегите, познаниците и оние личности кои влегле во нашиот живот сосема случајно. Но, вистинската среќа се постигнува кога сме доволно зрели да разбереме дека го имаме правото да одлучиме со кои луѓе вреди да го поминуваме времето и кои луѓе заслужуваат место во нашиот живот.
Природата може да ви го одземе здивот со својата убавина, да ви ги допре срцата со својата величественост или да ве расплаче со својата суровост. Кога мислите дека конечно сте откриле и сте решиле некои работи, таа ќе ве изненади, бидејќи честопати знае да биде неочекувана и нејзините чуда се секогаш променливи. Како и природата, така и ние луѓето постојано се менуваме. Нашите хороскопски знаци влијаат врз нашето однесување, но некои карактерни особини остануваат константни. Во тој контекст, кој е вашиот див елемент на природата?rn
Овен – Планина
rnrnrnОвните имаат високи очекувања за себе и се големи авантуристи. Тие секогаш сакаат да стојат исправени на своите две нозе, горди и смели, со крената глава.rn
Бик – Вулкан
rnrnrnБиковите ги чуваат своите чувства скриени длабоко во себе додека во еден момент тие самите не испливаат на површината. Понекогаш одбиваат да се откажат и им е потребно време да прифатат туѓа гледна точка.rn
Близнаци – Пеперутка
rnrnrnБлизнаците се социјални, адаптивни и комуникативни суштества на кои лесно може да им здодеете. Тие сакаат да стигнат да разговараат со секого и да ги шармираат сите со својата привлечност и шарм.rn
Рак – Пештера
rnrnrnРаковите чувствуваат голема љубов кон својот дом, и додека ги обожаваат сите свои пријатели, познаници и се разбира семејството, тие понекогаш сакаат да бидат сами.rn
Лав – Цвеќиња
rnrnrnЛавовите го обожаваат вниманието и немаат никаков проблем откако ќе го добијат, да го задржат. Тие се одлични во социјалните групи и пријателските кругови, но можат да бидат интересни и кога се сосема сами.rn
Девица – Печурки
rnrnrnДевиците се аналитични и воздржани суштества кои ги чуваат своите емоции во себе и се секогаш неверојатно фокусирани, дури и на најмалите детали.rn
Вага – Глуварче
rnrnrnВагите бараат рамнотежа и хармонија и најдобро се чувствуваат кога ќе можат да избегнат конфликт. Понекогаш можат да изгледаат строго, но тоа е само поради нивното засилено чувство за правда.rn
Скорпија – Корален гребен
rnrnrnСкорпиите се забавни, весели и обожаваат да живеат раскошно. Не постои никаква пречка која може да им застане на патот, бидејќи се многу страсни и посветени кога станува збор за успехот и исполнувањето на целите.rn
Стрелец – Облаци
rnrnrnСтрелците го сакаат движењето и патувањата. Ним треба да им биде дозволено да одат каде што сакаат и кога сакаат, бидејќи за нив слободата е сѐ. Тие исто така имаат големи мозоци и обожаваат да филозофираат.rn
Јарец – Шума
rnrnrnЈарците се стратези, организатори и решавачи на проблеми. Тие се цврсти и секогаш стојат високо. Сакаат да планираат и нивната сила и брзина на размислување се неверојатни.rn
Водолија – Водопад
rnrnrnВодолиите сакаат да си ги прават работите по свое и да го живеат животот по свои правила. Тие уживаат во убавината која ја пронаоѓаат во природата и често знаат да ја искористат како инспирација за нивната работа.rn
Риби – Езеро
rnrnrnРибите имаат силна интуиција и бескрајно знаење и затоа е лесно да се каже дека тие се вистински стари и мудри души. Тие даруваат сѐ додека повеќе не можат да го прават тоа и немаат никаков проблем да останат во позадината наместо во центарот на вниманието, бидејќи знаат која е нивната вредност.
Зад овој проект стои архитектот Денис Красиков, кој целиот декор, го надополнува со впечатливи елементи во индустријален стил. Станува збор за нетипичен скандинавски дом. Самиот простор е отворен и светол, благодарејќи на огромните прозорци, високиот таван и паметниот дизајн.rnrnrnrnДобар визуелен ефект е постигнат преку контрастот на белата боја на ѕидовите со сивите тонови на мебелот. Поговорките на ѕидовите ја оживуваат атмосферата и на домот му даваат личен печат. Сепак, се чини дека главниот фокус е ставен на кујната, која е одлично дизајнерско решение. Индустријална, а сепак домашна и функционална. Осветлувањето во спалната соба е интересно и амбиентално. Уживајте во фотографиите!rnrn
Швајцарскиот занаетчија и комедијант Ursus Wehrliе дефинитивно добро познат по неговите книги „Уметноста на расчистувањето“, во кои тој зема познати уметнички дела и буквално ги расчистува и средува, како да станува збор за просторија. Делата кои ќе ги погледнете во продолжение, се дел од неговата штотуку необјавена публикација, во која го задржува неговиот специфичен вид уметност. Овој пат тој од една фотографија, прави нова, уредно распоредувајќи ги елементите во неа според бојата, структурата и слично.rn
Лимон-жолтата боја се доживува како весела и жива. Доколку во вашиот дом доминираат мрачни и мртви бои, еве неколку елементи кои, доколку се во жолта боја, може да ви го освежат и разиграат просторот.rnrnперница, свеќник, магнет, столче, вазна, чаша, корпаrnrnЕве и неколку конкретни примери кои ќе ви дадат идеи за уредување на вашите простории во домот, доколку одлучите да ги освежите со примена на жолтата боја.rnrnСредновековна, модерна дневна собаrnrnСончев дизајн на кујнаrnrnУбава жолта бањаrnrnДлабина со смели пругиrnrnЕлегантна трпезаријаrnrnИзвонреден дизајн на влезrnrnМодерна, неокласична дневна собаrnrnДраматична дневна собаrnrnСкали со бели странични панелиrnrnОфарбана столица од бамбусrnrnКујна со смели жолти елементи