КАФЕ ПАУЗА

Tag: елегантна

  • Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Сакате да се претставите како автентична дама со стил, да му оставите впечаток и да се чувствувате секси. Можеби високите потпетици се добри за вашата самодоверба и транспарентност, но дали некогаш навистина сте морале да одите со нив? И внимателно да го надгледувате секој чекор за вашата штикла да не се заглави помеѓу плочките (ако тие се ситни, бидејќи тоа е вистинска спортска дисциплина), во секој момент да се придржувате до оној кој е до вас за да одржите рамнотежа и на некој начин да поминете дупло поголема далечина од реалната, бидејќи вложувате поголем напор од оние кои не мора да балансираат.rnrn1-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вие сте повисоки од него

    rnУпс, 15 см се премногу високи. И тој ве гледа налутено. Се обидува да оди малку понапред или поназад од вас, а вие се обидувате да го фатите за рака, бидејќи на жена со високи потпетици ѝ е потребна силна машка потпора. Прашање е колку тој има чувство за вашата урбана дамска ранливост, а може едноставно се чувствува неудобно што не може да ве гледа малку одозгора, како што е редот.rn

    2. Изгледате неадекватно

    rnИзлегува дека тој ве однел на неговото омилено место, а таму никој не е дотеран и вие едноставно се издвојувате. Премногу сте елегантни за место на кое сите се опуштени, не поради тоа што не се грижат за себе, туку поради амбиентот во кој се наоѓаат. Вие се чувствувате толку неадекватно што сакате да заминете дома и да се пресоблечете или пак да ја најдете најблиската продавница и да купите балетанки. Може да побарате да одите на некое друго место или да го спроведете горенаведениот план. Состанокот е пропаднат, затоа што вие се чувствувате лошо, но прашање е како тој ќе се однесува и дали ќе има разбирање околу тоа. Ако тоа му е забавно, кој знае, може со задоволство ќе се сеќавате на тој состанок.rnrn2-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    3. Романтична прошетка – лоша идеја

    rnМомчето е романтично и мислело на сите ситници. После лесната вечера со вино, тој сакал малку да прошетате. Лесната прошетка после вечерата требало да овозможи лежерен разговор и воспоставување на таа комуникација која произлегува од удобно поминатото време и бришењето на почетната напнатост. Одлична идеја. Но, вие не сте во можност да шетате, бидејќи одењето во штикли претставува напор, концентрација и предизвик, а удобната прошетка е невозможна кога постојано внимавате да не се сопнете. Покрај тоа, кој е во состојба да шета половина час одејќи на прсти?rn

    4. Цело време мислите на вашите обувки

    rnСе облековте за седење и прекрстување на нозете и сега ви е криво бидејќи не можете да прошетате, како и што делувате вкочането во негово присуство во атмосфера во која баш ви било удобно да одлучевте поинаку да се облечете. И така, наместо навистина да се опуштите, бидејќи тоа е единствено нешто што може да го направите додека седите, вие размислувате за моментот кога одлучувавте дали да одите со оние пониските чевли на платформа, кои ви се многу удобни и овие елегантни сандали и како победила желбата да оставите впечаток наместо да ја послушате интуицијата.

  • Јастог плетенка – нова лесна фризура за елегантен, но опуштен изглед

    Јастог плетенка – нова лесна фризура за елегантен, но опуштен изглед

    Драги дами, новото стилско освежување за вашата коса е плетенката јастог, која така се нарекува заради тоа што обликот на фризурата навистина така наликува. Се носи на едната страна, одлична е за свадбени, како и за други специјални прилики, делува и елегантно и опуштено, а најдобро ќе ја изведат девојките со погусти и малку виткани коси. Еве како да ја направите.rnrn8-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mkrnrn1. Најдобро е косата да ви е миена ден претходно за да се постигне подобра текстура и „порастурен“ изглед. Добро е да ставите спреј за текстура на врвовите за да оневозможите природните масла во влакното да ви ја сплескаат косата.rnrn2. Префрлете ја целата коса на едната страна, оставајќи неколку прамени слободно да паѓаат на спротивната. Нив можете да ги навиткате со дебела четка така што локните ќе бидат дебели околу 3-4 см. Ова ќе придонесе за обликување на лицето.rnrn3. Поделете ја косата на пола, правејќи преден и заден дел. Од задниот дел издвојте три помали делови и секој поединечно замотајте го околу себе. На крајот поврзете ги благо во еден замотан прамен. Прицврстете го овој дел со шнола за да можете да работите на другиот дел.rnrn1-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk 2-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mkrnrn4. Земете го предниот дел од косата, поделете го на два еднакви дела и замотајте ги посебно, а потоа искомбинирајте ги во еден извртен прамен.rnrn5. Спојте ги предниот и задниот дел, извртувајќи ги во еден прамен. Прицврстете со 5-6 шнолички покрај увото. Ова ќе го држи цврсто почетокот на плетенката.rnrn3-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk 4-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk5-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mkrnrn6. Повторно нанесете спреј за текстура од шноличките надолу, потоа извртете ги околу себе двата дела од остатокот од косата и на крајот двата дела искомбинирајте ги во еден, повторно вртејќи, но овој пат до долу. Не вртете премногу цврсто, нека биде малку лабаво за да добиете повеќе бујност и текстура.rnrn7. Пикнете шноли нагоре низ целата плетенка, како да ѝ додавате скелет, а потоа прицврстете го крајот со ластиче.rnrn6-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mk7-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mkrnrn8. Завршете со лак за коса.rnrn8-jastog-pletenka-nova-lesna-frizura-za-eleganten-no-opushten-izgled-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Направете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути

    Кога некој би ви рекол дека за само пет минути можете сами да си направите елегантна фризура, која одговара за секаква прилика, сигурно би биле воодушевени. Но, не станува збор за шега, туку за одличен трик, благодарение на кој со само едно ластиче за коса и шноли за прицврстување, можете да заблескате со оваа гламурозна превртена пунџа.rnrnНаправете си гламурозна превртена пунџа за само 5 минути rn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • 1 ластиче за коса
    • rn011

    • Неколку црни класични шноли за прицврстување
    • rn011

    • Лак за коса
    • rn

    rn

    Постапка:

    rnДоколку косата ви е миена истиот ден и е лизгава, напрскајте ја со лак за коса, за да добие тежина. Дигнете ја косата во коњско опавче и врзете ја со ластиче во иста боја како вашата коса. Држејќи го опавчето со едната рака, разлабавете го ластичето малку, повлекувајќи го околу 2-5 см од коренот. Во просторот помеѓу ластичето и главата, раздвојте ја косата, за да формирате „џепче“. Коњското опавче префрлете го преку ластичето и вметнете го во добиениот џеб, така што да се сокрие секое влакно од косата. Добиената пунџа притиснете ја со дланката спрема темето, а со шноличките прицврстете ги останатите непослушни влакна.rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 кежуал фризури со полуфатена коса

    3 кежуал фризури со полуфатена коса

    Сакате да ја носите косата опуштено преку ден, но не сакате да изгледате обично, ниту пак пренападно. Овие три фризури се одлични за вас, а за да ги направите нема да ви требаат повеќе од 30 минути.rnrnПуштената коса е здодевна, а фатена во опавче не е баш соодветна за на работа. Но полупуштена, полуфатена е сосема соодветна за дневна кафе-шема со пријателите, за на работа или за на факултет. Ваквата фризура е женствена е и свежа.rnrnКога правите ваква фризура, косата прво треба да ви биде добро исчешлана. Потоа, со пегла исправете ја за да ја доведете во ред или пак извиткате ја. Овие 3 туторијали во слики ќе ви прикажат како да направите елегантна фризура со полуфатена коса, чекор по чекор.rnrn3 кежуал фризури со полуфатена коса 3 кежуал фризури со полуфатена коса 3 кежуал фризури со полуфатена косаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лебдечка када која овозможува врвна релаксација

    Лебдечка када која овозможува врвна релаксација

    Британската компанија за скулпторски мебел „Splinter Works“ го креирала веројатно најсовршениот дизајн за релаксирање во интимните мигови кои сакате да ги поминете со себе.Лебдечка када која овозможува врвна релаксација Лебдечка када која овозможува врвна релаксацијаМодерниот дизајн потсетува на лулка, а е конструиран од карбонски влака кои ја овозможуваат цврстината и овозможуваат обликување комплексни облини. Лебдејќи над подот, кадата т.н. „Vessel“ е прикачена за ѕидот со два држачи од нерѓосувачки челик, а елегантната подна чешма е поставена на соодветно место, за да не ви пречи во текот на капењето.Лебдечка када која овозможува врвна релаксација Лебдечка када која овозможува врвна релаксацијаЗа одводот постои вграден одводен ситем на надворешното дно од кадата.(9) lebdechka kada koja ovozmozhuva vrvna relaksacija-www.kafepauzaСо должина од околу 2,7 метри, оваа скулпторска када е достапна во различни бои како црвена, сина, жолта, розова, бронзена и сребрена, а може да се порачаат и различни големини кои ќе соодветствуваат на личните преференции на купувачот.Лебдечка када која овозможува врвна релаксација Лебдечка када која овозможува врвна релаксација Лебдечка када која овозможува врвна релаксација Лебдечка када која овозможува врвна релаксација
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Елегантна бела куќа во Шпанија

    Елегантна бела куќа во Шпанија

    Во текот на последниве неколку години, шпанската архитектонска фирма A-cero изгради добра репутација со нејзините впечатливи, смели и модерни дизајни. Оваа куќа, изградена во Кадис, Шпанија, исто така, претставува еден блескав пример од оваа компанија.Елегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаРаспослана на површина од 400 метри квадратни, во оваа бетонска куќа, доминира белата боја, што ѝ дава една свежина и чистота, поради што најверојатно ќе им биде омилена на педантните луѓе.Елегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаДвокатната куќа во Шпанија има елегантен базен во дворот, кој е изработен така да изгледа како да се губи во просторот и фантастична тераса на кров, која е совршено место за организирање домашни забави или за удобно безделничење во мрзливите топли денови.Елегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаВо внатрешниот дел, гостите можат да се релаксираат во огромниот простор за живеење, во засебната телевизиска соба, дневната соба или во комплетно опремената кујна. Нагоре по скалите, се наоѓаат огромни и раскошни спални соби, кои имаат сопствен тоалет.Елегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во ШпанијаЕлегантна бела куќа во Шпанија
    rnrnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Модерен руски дом сместен помеѓу дрвја

    Руската архитектонска фирма Атриум го дизајнирала овој прекрасен, модерен дом, лоциран во близина на Москва, Русија, за семејство со едно дете. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаПозиционирана на врв од рид, помеѓу многу дрвја и фантастична природа, оваа резиденција нуди неверојатен поглед низ прозорците. Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаКуќата има специфична и елегантна надворешност. Сопствениците на домот можат навистина да ја почувствуваат природата во нивната куќа, бидејќи таа однадвор и однатре е обложена со ист дрвен материјал.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаИсто така, до куќата има уште една градба, чиј кров функционира како место од кое можете најдобро да ја набљудувате природата и сите нејзини убавини, а во зимно време, се претвора во лизгалиште за деца.Модерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаМодерен руски дом сместен помеѓу дрвјаrn

    ———————————————————————————————————————————————————————rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.