КАФЕ ПАУЗА

Tag: екстремни спортови

  • 7 екстремни спортови кои треба да ги пробате

    7 екстремни спортови кои треба да ги пробате

    Екстремните спортови не се само за зависниците од адреналин со долгогодишно искуство. И обичниот човек има можност да ја почувствува акцијата и возбудата. Всушност, никогаш досега не било полесно да се обидете во сноубординг, падобранство или скокање со параглајдер од карпа.rnrn(7)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnВозбудата не може да се спореди со ништо, но секако има и други придобивки. Екстремните спортови ќе ве одржуваат во одлична форма, ќе ве одведат на најубавите места во светот и ќе ве запознаат со многу страсни луѓе. Во продолжение прочитајте за 7-те екстремни спортови кои и вие би можеле да ги пробате, од кои некои се прилично лесни, но некои од нив бараат и голема храброст.rn

    1. Планински велосипедизам

    rn(4)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСлично како и обичниот велосипедизам, планинскиот вклучува возење по земјени и неасфалтирани патеки. Теренот вообичаено овозможува поголем отпор на телото, па токму поради тоа е и одлична вежба за негово обликување. Скоро секој може да се занимава со овој спорт, ако има соодветен велосипед и избере добро место за возење.rn

    2. Болдеринг

    rn(0)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСтанува збор за активност слична на качувањето по карпи, освен што во овој случај нема јажиња и заштитна опрема. Едноставно со голи раце се искачувате по карпите. Да, звучи опасно, но болдерингот всушност се изведува на релативно мали карпи, ретко повисоки од 2 метри. Потребни се специјални чевли за дополнителна сигурност, како и креда за рацете да ви бидат суви. Тоа е одлична можност за тренинг, како и за забава.rn

    3. Сноубординг

    rn(6)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСноубордингот е еден од најпопуларните екстремни спортови во светот затоа што е неверојатно забавен. За почетници секако не е лесен, но кога еднаш ќе воспоставите баланс, веднаш ќе станете зависни.rn

    4. Кајакарство на диви води

    rn(1)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnКајакарството на диви води може да биде навистина тежок и прилично опасен спорт. За да успеете да се справите со дивите бранови треба да имате голема храброст, но токму тоа го прави ова искуство забавно и возбудливо.rn

    5. Скокање со падобран

    rn(2)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnСкокањето од авион од илјадници метри височина е екстремно, но денес скоро секој може да го направи тоа. Фактот што поранешниот претседател Џорџ Буш го прославил својот 90-ти роденден со скок со падобран, ни покажува дека никогаш не е доцна да се обидете и вие.rn

    6. Скокање со параглајдер од карпа

    rn(3)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnОва се смета за поопасен спорт од скокањето со падобран, но е неверојатно возбудлив и доколку се изведува под контрола на професионалец и со правилен тренинг, може да го изведе секој страстен аматер.rn

    7. Скокање од карпа во вода

    rn(5)-7-ekstremni-sportovi-koi-treba-da-gi-probate-kafepauza.mkrnrnАко мислевте дека скокањето од карпа со параглајдер е страшно, обидете се да го направите тоа без него – со скок во вода. Секако, ова е навистина екстремно за почетници, но вреди да се научи. И доброто е што за овој скок не ви потребна посебна опрема.

  • Фристајл трикови со инвалидска количка

    Фристајл трикови со инвалидска количка

    Арон Фотерингам има телесна попреченост целиот свој живот, а од третата година користи инвалидска количка. И покрај тоа, тој денес се занимава со екстремни спортови.rnrnФристајл трикови со инвалидска количкаrnrnНеговиот брат, инаку страстен возач на BMX, го повикал со себе во паркот велејќи му дека треба да се обиде да направи некој трик со количката. Арон отишол, пробал и никогаш не престанал со тоа. Денеска користи количка изработена специјално за него, од внимателно одбрани материјали кои овозможуваат подобро возење и изведување на сите фристајл лудории кои тој сака да ги проба.rnrnВеќе учествува и во Нитро циркусот, па затоа на следното видео имате можност да ги погледнете триковите кои ги изведува за потребите на една реклама.rnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Адреналински фотографии за полнење на батериите

    Адреналински фотографии за полнење на батериите

    Доза адреналин за љубителите на екстремни спортови… ;)rnrn

    Неверојатен скок со падобран над Мајами. Фотографија на Ралф Тарнер
    Неверојатен скок со падобран над Мајами | Фотографија на Ралф Тарнер
    rnrn
    Екстремно кајакарство. Фотографија на Дезри Тејт
    Екстремно кајакарство | Фотографија на Дезри Тејт
    rnrn
    Адреналинско качување на карпа над море. Фотографија на Дејвид Клифорд
    Адреналинско качување на карпа над море | Фотографија на Дејвид Клифорд
    rnrn
    Скок преку кањон со велосипед. Фотографија на Марко Тониоло
    Скок преку кањон со велосипед | Фотографија на Марко Тониоло
    rnrn
    Екстремен алпинист во пукнатина на карпа. Фотографија на Пол Брајд
    Екстремен алпинист во пукнатина на карпа | Фотографија на Пол Брајд
    rnrn
    Слободен скок од 421-метарската кула во Куала Лумпур, Малезија. Фотографија на Винсент Тијан
    Слободен скок од 421-метарската кула во Куала Лумпур, Малезија | Фотографија на Винсент Тијан
    rnrn
    Екстремно одење по јаже. Фотографија на Маркус Страдлер
    Екстремно одење по јаже | Фотографија на Маркус Страдлер
    rnrn
    Огромен сноубордерски  скок. Фотографија на  Скот Серфес
    Огромен сноубордерски скок | Фотографија на Скот Серфес
    rnrn
    Сноубордери ја освојуваат вертикалната падина во Алјаска. Фотографија на Скот Серфес
    Сноубордери ја освојуваат вертикалната падина во Алјаска | Фотографија на Скот Серфес
    rnrn
    Момче виси од врв на висококатница во Украина. Фотографија на Кирил Опех
    Момче виси од врв на висококатница во Украина | Фотографија на Кирил Опех
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скок од Монт Еверест – највисокиот скок од планина на сите времиња

    Скок од Монт Еверест – највисокиот скок од планина на сите времиња

    Русинот Валери Розов, член на клубот за екстремни спортови на Ред Бул, ја одбележа 60-годишнината од првото освојување на Монт Еверест со скок од највисокиот врв на светот. Шеесет години откако Едмунд Хилари и Тензинг Норгај за првпат се качија на „Покривот на светот“, Розов скокна со својот вингсуит костим од истиот тој покрив и го направи највисокиот бејз скок од планина досега.Скок од Монт Еверест – највисокиот скок од планина на сите времињаРозов поминал три недели во аклиматизација пред да тргне во освојување на врвот со својот тим за што им требале 4 дена. Тргнале од северната страна, затоа што оттаму имал најдобри услови за слетување.rn

    rnИнаку Валери Розов е легенда на екстремното скокање. Има 48 години, а од почетоците во 1993 година до денес направил повеќе од 9.000 скокови. Притоа има освоено и многу титули во екстремните спортови во кои се натпреварува.rnrnАко самиот скок не ви беше доволен, во следното видео во три и пол минути е даден поопширен приказ на неговата авантура.rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан

    Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан

    Специјалност на бразилскиот фотограф Александре Соки е фотографирање на екстремните спортови, па затоа заминал на Хаваи со тимот на кајакарот Педро Олива со цел да снимаат за бразилско кајакарско ТВ шоу. Локацијата на снимање била покрај активниот вулкан Килауеа, каде што овие авантуристи кајакареле на само неколку метри од лавата која течела кон водата.Возбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканrn
    rn

    „Станавме во 3.30 часот наутро, на пристаништето бевме во 4 часот, а во 5.45 веќе бевме кај вулканот, уште пред изгрејсонце, за да го добиеме најдоброто светло за лавата и кајаците во водата. Стигнавме таму и првите дваесетина минути само гледавме наоколу чудејќи се што да правиме… тогаш Педро реши да влезе во кајакот и да оди… не го очекувавме тоа, вели Соки.

    rnТој сакал да влезе во водата за да направи уште подобри фотографии, но се премислил затоа што нејзината температура била околу 90 степени. Сепак, сликал доволно за да ни го пренесе амбиентот во кој овие храбри авантуристи го пробивале својот пат низ врелата вода. Лавата која тече кон водата, пареата и разбранетата вода биле вистински предизвик за нив, а Педро Олива дури го загубил своето весло поради високата температура.rn
    rn

    „Се надевам дека кога луѓето ќе ги видат овие слики нема да си помислат дека е безбедно да се весла толку блиску до лавата, затоа што навистина не е така,“ додава Соки.

    rnВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулканВозбудлива кајакарска авантура покрај активен вулкан
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?

    Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?

    Паркурот официјално не е признаен како спорт, но никој не може да негира дека за да се практикува неопходно е добро да се развијат телото и умот. Тоа е извонредна вештина составена од трчање, качување, скокање, прескокнување, нишање итн, кои кога ќе се спојат заедно даваат можност за брзо и креативно совладување на секакви препреки. Убавината на таквиот чин доаѓа не само од големината на предизвикот, туку и од инвентивноста на трасерот (оној кој вежба паркур), а тоа на оние од оваа галерија никако не им недостасува.Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Возбудлива паркур галерија: кој вели дека луѓето не можат да летаат?Ако овие фотографии ви го разбудија интересот за паркур, прочитајте повеќе за паркурот во Македонија.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вингсуит летање – врвно адреналинско искуство

    Вингсуит летање – врвно адреналинско искуство

    Вингсуит летањето е екстремен спорт кој на човекот му овозможува да го постигне она за што отсекогаш мечтаел – да лета како птица. Благодарение на силниот наплив на адреналин и спектакуларната глетка за време на летот, тој станува сè повеќе популарен во светот.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВаквиот начин на едрење во воздухот се постигнува со помош на специјален вингсуит костум изработен од синтетички материјали. Неговата посебност која му дава можност да го држи човечкото тело долго во воздухот се состои во додадениот материјал помеѓу рацете и телото и помеѓу двете нозе. На тој начин телото добива повеќе површина, па е многу полесно да одржи во воздухот. Сепак, овој костум не е доволен за безбедно спуштање на земјата, па затоа и падобранот е задолжителен дел од опремата.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоЕден вингсуит лет започнува со скок во бездна. Погодно за тоа е која било висока локација, а најчесто тоа се прави од високи карпи или авион (како падобранското скокање). Откако летачот кратко време е во слободен пад, тој ги раширува рацете и нозете и почнува да лебди во воздухот благодарение на специјалниот костум. Од овој момент, тој може слободно да го управува својот лет во воздухот во рамки на техниката што ја поседува и на она што го овозможуваат воздушните струи. Брзината на летот е фантастична – со помош на ветрот лесно може да премине 200 км/ч.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВингсуит летање – врвно адреналинско искуствоВингсуит костумот е така дизајниран што овозможува широк простор за маневрирање. Искусен летач би можел да ужива и во извесни лудории во воздухот, но никако не смее да претера со тоа поради можноста за грешки и енормната опасност од повреди кои можат да завршат фатално. Кога веќе ќе се спушти доволно блиску до тлото, летачот го пушта падобранот и безбедно се спушта на земјата. Ваквите летови не траат премногу долго, тие секогаш се пократки од десет минути.Вингсуит летање – врвно адреналинско искуствоЗа да се започне со вингсуит летање, неопходно е потенцијалниот летач да има огромно искуство со падобранско скокање. Повеќето училишта бараат барем 200 скокови пред да ги примат кандидатот на курс. Ако сте далеку од тоа, изгледајте ги следните видеа и уживајте!rn

    rn

    rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Викториини водопади

    Викториини водопади

    Автор: Мандевска Бојанаrn

    Дали сте љубители на водопади, на убавата глетка која тие ја нудат или пак на симфонијата од природни звуци отсвирени од падот на водата? Можеби сте екстремен спортист кој ја обожава природата? Дали сте чуле за реката Замбези, или пак за Викториините водопади?

    rn

    Викториини водопади

    rn

    Викториините водопади се лоцирани во Јужна Африка на реката Замбези, која е граница помеѓу Замбија и Зимбабве. Се смета дека тие се едно од седумте чуда на природата. Доколку застанете на работ од реката, ќе бидете сведоци на спектакуларна глетка богата со возвишена и инспиративна убавина која ја нудат водопадите. Ако се послужиме со зборовите „Mosi-oa-Tunya“ на локалното племе „Kololo“ ќе добиеме име кое најдобро ги опишува овие водопади „чад што грми“.

    rn

    Викториини водопади

    rn

    Дејвид Ливингстон, шкотски мисионер и истражувач, вели „ова не се ниту највисоките, ниту најдлабоките водопади, но се најголеми.“ И да сте неколку милји оддалечени од водопадите, сепак сте во можност да видите како 546 милиони кубни метри вода паѓа од рабовите на водопадите во ширина од 2 км и 100 м длабочина. Поради широката базалтна карпа од која паѓа водата и уште неколкуте драматични клисури низ кои тече, водата ја претвора Замбези од широка и спокојна во дива и жестока река.

    rnrnrn

    Викториини водопади
    Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)
    rnrn
    Викториини водопади
    Панорамска фотографија (кликнете за да ја видите поголема)
    rnrnКога се споменуваат Викториините водопади неопходно е да се спомене и „Базенот на ѓаволот“ како една од најпривлечните локални атракции во оваа област.rnrnВикториини водопадиВикториини водопадиrnrnОбласта на Викториините водопади е уште позната и како „Adventure Centre“ (Центар на авантурата) на Јужна Африка. Оваа област нуди добра забава и моќни адреналински предизвици за љубителите на екстремните спортови: банџи скокови, кајакарење по брзи води, „лебдење“ над водопадите, сафари, водени прошетки, риболов, прошетка со лавови, летање во балон на топол воздух, нуркање.rnrnОсвен „водените лудории“ кои ги нуди оваа област за екстремните спортисти, таа има забавни и интересни понуди и за помирните души – прошетки во природа, планинарење по локалните планини, пливање. Едноставно тука никогаш нема да ви биде здодевно.rnrnВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиВикториини водопадиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Канцелариите на Ред Бул во Лондон

    Канцелариите на Ред Бул во Лондон

    Автор: Петар ТодоровскиrnrnРед Бул им дал крилја на дизајнерите на „Џамп Студиос“, а овие возвратиле со прекрасни модерни работни простории. Просториите од XIX век се реновирани и претворени во едни од најубавите канцеларии во светот воопшто. Црпејќи инспирација од екстремните спортови поддржувани од Ред Бул, дизајнерите ги исполниле трите ката со лебдечки скали, комфорни кафетерии и барови, маса за состаноци дизајнирана според пинг-понг маса, голема лизгалица и многу други нешта соодветни на хиперактивноста и адреналинот по кои е позната компанијата.Канцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во ЛондонКанцелариите на Ред Бул во Лондон
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10-те најекстремни спортови во светот

    10-те најекстремни спортови во светот

    Автор: Ивана ДимитровскаrnrnДали сте се запрашале зошто луѓето воопшто се одлучуваат за екстремни спортови? Екстремните спортови можат да бидат прилично опасни и ризични по здравјето на учесниците, а неретко завршуваат и со фатални последици. Некои велат дека тоа е единствениот начин на кој можат да го покачат нивото на адреналин, да се одвојат од останатите, да демонстрираат решителност, одлучност и храброст или едноставно да направат нешто различно и поинакво.rn

    1. Volcano boarding (Сурфање на вулкан)

    rnБордањето по снег веќе не е во мода. Спуштање по активен вулкан на специјално дизајнирани дрвени бордови со брзина не поголема од 80 км/ч е вистинскиот предизвик. Илјадници љубители на овој спорт се искачуваат на подножјата од планината Сиро Негро во Централна Америка, каде се наоѓаат едни од најубавите вулкански стази за бордање. Оние кои пробале сведочат за неверојатниот адреналински шок кој се јавува кога треба да се помине вулкански наклон од 41 степен во своите најстрмни делови, на релативно млад вулкан кој досега еруптирал преку 20 пати, последен пат во 1999 година. Со своите почетоци во 2005-та година овој тип спорт привлекол повеќе од 10.000 бордери.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    2. Train surfing (Сурфање на воз)

    rnПред сè, станува збор за илегален спорт кој е популаризиран во 80-тите години во Германија, кој опфаќа искачување и сурфање на воз во движење од надворешната страна. Опасноста во спортот, освен можноста да се падне, е и во потенцијалните пречки на патот: тунели, кабли и слично. Иако подземните железници со години водат против-кампања, сурфањето по возови се практикува на големо во Африка и во Индија. Професионалците во овој спорт ги докажуваат своите способности на најбрзите возови во Германија, InterCityExpress. Овие возови постигнуваат максимална брзина од 280 км/ч.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    3. Crocodile bungee (Банџи-скокање над вода со крокодили)

    rnЗа оние за кои висината не е доволен предизвик постои алтернативен вид банџи-скокање и тоа скокање во води полни со крокодили. Ова дополнително зачинување кое го вовеле Австралијците дефинитивно остава без здив, а какво е чувството… за тоа сведочат само најхрабрите (најлудите) авантуристи!rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    4. Slacklining (Екстремно одење по јаже)

    rnНајкратката дефиниција за овој екстремен спорт би била: одење по затегнато јаже на голема висина. Впрочем, јажето воопшто и не е затегнато, а најчесто и се прилагодува според тежината на изведувачот. Целиот концепт е во вештината на одржување телесен баланс во стресни околности: неверојатни висини и отстранување на заштитните придржувачи. Моменталниот рекорд според Гинисовата книга го постигнал Кристијан Шу, преминувајќи процеп на Норвешки фјорд во Кјеранг на висина од 1.000 м, висина еквивалентна на 3 Ајфелови кули.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    5. B.A.S.E. jumping (Скокање од згради, мостови, антени и карпи)

    rnОвој тип спорт е всушност скокање со падобран, но на некое поопасно ниво. Разликата е во тоа што скоковите започнуваат од фиксни објекти, како и кај параглајдерството, но со затворен падобран. Акронимот B.A.S.E. е кратенка од четирите објекти кои најчесто се користат како потенцијални стартни позиции: згради, антени, мостови, карпести рабови. Опасноста на спортот лежи во недостигот на време да се отвори падобранот по скокот.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    6. Limbo skating (Поминување под автомобили со ролшуи)

    rnЗа многумина речиси невозможно, овој тип лизгање под коли е последното лудило во Индија. Сам по себе спортот бара флексибилност, физичка спремност и способност за гимнастички баланс. Неофицијалниот светски рекордер е Аникет Чиндак, индиското чудо од дете, кое досега прошло под 57 коли.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    7. Heli skiing (Скијање по скок од хеликоптер)

    rnОвој пред сè скап спорт, вклучува амбициозен обид за скијање по стрмни и непристапни терени до кои може да се стигне само со хеликоптерски превоз. Освен скијањето, дури и самиот хеликоптерски превоз може да биде опасен. Френк Велс, поранешен претседател на корпорацијата Волт Дизни, загинал во хеликоптерска несреќа при обид за хели-скијање.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    8. Cave Diving (Нуркање во пештера)

    rnЗамислете да се најдете на повеќе од 30 м длабочина во мрачна, ладна и длабока подводна пештера. Нуркачите мора да се добро обучени и спремни за ваков вид експедиција, но и покрај тоа постојат низа опасности кои прават овој спорт да се вброи на листата најекстремни. Можно е да се остане без кислород, да се згреши патеката или да се биде изеден од некое чудно пештерско суштество. Според статистичките извештаи преку 500 нуркачи имаат загинато од првото пештерско подводно спуштање во 1960 година па навака. За љубителите на овој спорт, но и за оние кои сакаат да пробаат, подводните пештери во Матка се доволен предизвик.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    9. BirdMen (Луѓе-птици)

    rnСо специјална опрема: летечки костим и контрола на движењата, луѓето навистина можат да летаат! Брзината која може да се постигне се движи 220 – 240 км/ч. Популарна локација за ваков вид спуст е долината Ромсдал во Норвешка.rnrn10-те најекстремни спортови во светотrn

    10. Skydiving (Слободен пад од авион)

    rnЕкстремен спорт за сите оние кои се заситиле од „едноставното“ спуштање со прикачен падобран, па одат еден чекор погоре: фрлање од авион без прикачен падобран, за потоа, во текот на паѓањето друг падобранџија да им обезбеди безбеден начин за слетување. Велат дека наједноставен начин да се совлада стравот од висина е доколку се фрлите свесно од целосно функционален и исправен авион. Добар дел од падобраните имаат и висински самоактивирачки систем, односно во случај да заборавите да го ослободите, сам ќе ја заврши работата на одредена висина од земјата, но тоа се разбира, само доколку го имате со вас. Во спротивно довербата во вашиот партнер е единствената сигурна работа која ќе ве спушти на тврдо тло.rnrn10-те најекстремни спортови во светот
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.