КАФЕ ПАУЗА

Tag: експерти

  • Што значи доколку не сонувате?

    Што значи доколку не сонувате?

    Покрај тоа што соништата се мистериозни за оние кои ги сонуваат, тие се исто така непознати за експертите. Сепак, познато е дека соништата се невробиолошки процес, исто како и размислувањето.rnrnШто значи доколку не сонувате?rnrnСоништата се резултат на зголемена активност во дел од мозокот наречен неокортекс, а научниците сè уште се обидуваат да разберат како различни видови соништа активираат различни области на мозокот.rnrnИако сè уште не е утврдено зошто сонуваме или што точно значат нашите соништа, постојат одредени теории.rnrnСпоред експертот Мајкл Брус, целта на сонувањето е обработка и складирање на информации.rn

    „Една од функционалните цели на сонот е да се преместат информациите од вашата краткорочна во вашата долгорочна меморија“, објаснува Брус.

    rnСите ние доживуваме емотивни настани, а соништата се одраз на обработката, разбирањето и складирањето на овие настани, потврдува Брус.rnrnПокрај емоционалната обработка и зацврстувањето на меморијата, соништата се извор на креативност и инспирација со векови.rn

    Зошто некои луѓе не сонуваат?

    rnОва всушност не е точно. Факт е дека сите сонуваат. Оние кои мислат дека „не сонуваат“, всушност доживуваат длабок заборав.rn

    „Она што им се случува на повеќето луѓе е дека кога ќе се разбудат, нешто ги тера веднаш да заборават што сонувале“, вели Брус.

    rnНеприродните будења како што се оние предизвикани од будилникот или лаењето на гладниот миленик лесно можат да нè спречат да се потсетиме на нашите соништа, бидејќи веднаш почнуваме да дејствуваме и мозокот нема време да ги обработи информациите од нашите соништа и да ги запомни.rnrnПовеќето од нашите соништа се случуваат за време на РЕМ спиењето. Според Брус, околу 80 проценти од РЕМ спиењето се троши во сон, иако можете да сонувате и во други фази на спиење.rnrnПостојат неколку сценарија кои можат да го спречат РЕМ спиењето и следствено сонувањето. Како што објаснува Брус, „Лековите за спиење, анксиозноста, депресијата, дури и лековите против болки може да имаат драматичен ефект врз намалувањето на РЕМ спиењето“.rnrnПомалку РЕМ сон значи помалку материјал за потсетување од соништата, а одредени додатоци во исхраната, алкохол и кофеин, исто така, може да имаат негативен ефект врз РЕМ спиењето.rnКако најлесно да се потсетите на сонот што сте го сонувале?rnrn„Будете се во исто време секој ден“, советува Брус. Ако, на пример, постојано се будите во 7 часот наутро во текот на три недели, целиот распоред за спиење ќе се прилагоди на тоа. Не само што ќе почнете да се будите природно во ова време, туку и веројатноста да се сеќавате на вашите соништа ќе биде поголема.rnrnБрус исто така советува да водите дневник за соништата во кој ќе пишувате за вашите соништа веднаш штом ќе се разбудите, што е одличен начин за зајакнување на „мускулите“ на потсетување. Покрај тоа, Брус препорачува да не брзате да станете кога ќе се разбудите. Останете и лежете неколку минути во текот на кои ќе се потсетите на вашите соништа.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rsrnrn 

  • Еве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работа

    Еве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работа

    Без разлика на трудот и времето што ќе го вложите во подготовката за интервју, секогаш може да ви биде поставено прашање кое нема да знаете како да го одговорите. Дали треба да одговорите со „не знам“ баш поради тоа што не знаете? Ризикот е голем, а токму во тој момент лицето што ве интервјуира може да ги процени вашите способности за работа под притисок. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да се справите со ваквата ситуација.rnrnЕве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работаrn

    1. Што и да ве прашаат, не лажете

    rnСпоред експертите, доколку не можете да го одговорите прашањето користејќи примери од лично искуство, во ред е да направите некаква споредба и да одговорите на овој начин: „Не сум бил/а во ваква ситуација, но еве на кој начин јас би ја решил/а…“. Правите голема грешка доколку се обидувате да лажете наместо да признаете дека не знаете, а тоа остава лош впечаток за вас на лицето кое ве интервјуира.rn

    2. Ако не разбирате што ве прашуваат, побарајте појаснување

    rnОва е една од најлошите грешки што кандидатот може да ги направи на интервју за работа. Не значи дека ако зборувате доволно долго го одговарате прашањето онака како што би се очекувало од вас. Наместо тоа, побарајте објаснување доколку ви е потребно. Тоа истовремено ќе покаже и колку сте полни со самодоверба. Тоа, од друга страна, може да ви даде и доволно време да размислите за одговорот.rn

    3. Не се откажувајте и не одговарајте со „не знам“. Борете се докрај.

    rnВо ред е да признаете дека сè уште не сте се стекнале со одредена вештина или не сте се соочиле со одреден проблем. Наместо тоа, оставете до знаење дека сте желни да дознаете и научите. Можете да одговорите од типот на: „Сè уште не го знам тоа, но подготвен/а сум да ги научам потребните вештини“. Никогаш не споделувајте директно дека го немате потребното искуство, туку обидете се да најдете некаква поврзаност со вашето досегашно искуство и она што порано сте го работеле.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како да одговорите на интервју за работа, можеби ќе сакате да прочитате и 8-те работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро ако ве одбија на интервјуто за работа.rnrnИзвор: huffpost.com

  • Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

    Сонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертите

    При толкувањето на сонот покрај контекстот треба да се обрати внимание и на помалите детали. Сепак, со оглед на тоа дека многумина од нас честопати сонуваат како патуваат, експертите се одлучија да дадат свое толкување за значењето на овој сон.rnrnСонувавте како патувате? Еве што би можело тоа да значи според експертитеrn

    Толкување на сонот

    rnВажно е да се напомене дека обидите за толкување на соништата врз научна основа се главно неуспешни. Општо земено, соништата се сметаат како средство за зацврстување на меморијата и потенцијално „предвидување“ на иднината (нашиот мозок поминува низ потенцијални сценарија што би можеле да се случат). Како и да е, секој барем еднаш во животот сонил сон што му се чинел премногу релевантен за сето она што моментално се случува и се запрашал кое е значењето на сонот. Само вие самите можете вистински да разберете што значат симболите во вашите соништа, но постојат некои вообичаени елементи во соништата, а се предмет на истражување.rn

    Причини зошто сонувате како патувате

    rn

    1. Копнеете по слобода

    rnДоколку сонувате дека патувате може да значи дека сте во потрага по слобода. Според научниците, во овој период на ограничувања, вашата желба за слобода на движење се одразува токму преку овие сонови.rn

    2. Вашиот живот е полн со случувања и активности

    rnПокрај желбата за слобода, соништата со патување можат да навестат дека има некакво движење во вашиот живот, без разлика дали е лично, професионално или географско.rn

    3. Работите се под ваша контрола

    rnДоколку во сонот патувате во возило и тоа сосема мирно, без никакви пречки, значи дека најверојатно чувствувате контрола над некој аспект од вашиот живот.rn

    4. Работите се надвор од контрола

    rnОд друга страна, доколку возилото во кое патувате наиде на некакви пречки на патот, тоа може да значи дека се соочувате со тешкотии при реализирање на вашите нови планови и дека најверојатно патот кој сте го избрале не е вистинскиот. Доколку во сонот возите автомобил и доживеете сообраќајна несреќа, тоа значи дека сте под некаков емотивен стрес.rn

    5. Имате напредок во кариерата (или размислувате во таа насока)

    rnДоколку сонувате како летате во авион, тоа може да биде поврзано со вашата кариера, бидејќи како што авионот полетува за да се вивне во небото, така и вие посакувате вашата кариера да достигне ново ниво. Од друга страна, авионите можат да го претставуваат и вашиот духовен свет.rn

    6. Барате нешто

    rnВо зависност од вашата дестинација, соништата како патувате можат да значат дека барате нешто во вашиот живот. Така, на пример, доколку вашата дестинација е плажа, тоа значи дека копнеете по мир. Доколку пак, патувате накај болница, тоа би можело да значи дека сте на патот кон исцелувањето.rnrnОткако прочитавте за толкувањето на соништата со патување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто имате повторливи соништа и што значат тие.rnrnИзвор: mindbodygreen.comrnrn 

  • Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!

    Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!

    Реалните телевизиски емисии во кои, поединци, под стручен надзор на лекари или тренери, сакаат да ослабат, со оправдување дека таа цел не можат сами да ја постигнат, во последно време се многу популарни ширум светот. Тоа се должи на фактот што во овие емисии учествуваат луѓе со прекумерна тежина, кои на овој начин, преку напорни вежби и посебен начин на исхрана, тие брзо успеваат да изгубат голем број килограми. Но, што се случува со овие луѓе кога ќе се изгасат камерите и кога ќе си заминат во своите домови, враќајќи се на секојдневната рутина?rnrn(1) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rnrnНеодамнешна студија објавена во магазинот „Дебелина“, се обидува да пронајде одговор токму на ова прашање – што се случува со луѓето кои за многу кус временски период слабеат, кога ќе се вратат во реалноста? За таа цел, научниците ги набљудувале животните навики и резултатите кај 14 луѓе со прекумерна тежина, кои минале низ таков „брз“ режим на губење телесната маса. Човечкото тело одлично може да ја одржува рамнотежата на метаболизмот, па дури и во несекојдневни услови, како што е прекумерната дебелина. Но, со наглото намалување на бројот на калории, како и брзото губење на тежината, човечкиот организам се „збунува“ и тешко ги поднесува настанатите промени. Всушност, човечкото тело почнува да копнее по неопходната енергија којашто му е скратена со гладувањето. Тука се наметнува прашањето, какви последици остава наглото губење на килограмите врз метаболизмот?rnrn(2) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rnrnОва истражување дошло до заклучок дека по 6 години од учеството во реалните телевизиски програми, 13 од вкупно 14-те набљудувани случаи, повторно се здебелиле. Некои од нив дури и се вратиле на истата тежина што ја имале пред да учествуваат во програмата за брзо слабеење. Тоа се случило затоа што телото се обидело да ја надополни енергијата што му недостасувала, а метаболизмот на овие луѓе не успеал да воспостави рамнотежа. Кај нив, всушност, била намалена потрошувачката на калориите и метаболизмот бил значително забавен. Поради тоа за одржување на саканата тежина им била потребна поголема физичка активност и диета, во споредба со периодот пред да се пријават на брзата програма за слабеење. Ова покажува дека таквиот начин на нагло слабеење никако не е трајно решение, и дека е многу тешко да се одржи таков начин на живот, за да се држат килограмите под контрола.rnrn(3) Внимавајте, наглото слабеење може да ви го уништи метаболизмот засекогаш!rn

    „Ова истражување покажува дека учесниците во таквите брзи програми за слабеење, по излегувањето од процесот, мораат во целост да го сменат начинот на кој живеат, во борбата против килограмите“, посочуваат експертите кои го спровеле истражувањето.

  • Едноставни, но ефикасни спа тајни за совршена кожа

    Едноставни, но ефикасни спа тајни за совршена кожа

    Баш како тренерот кој се обидува да ги доведе вашите мускули во одлична форма, така и спа центрите се обидуваат да ја подигнат убавината на вашата кожа на повисоко ниво. После еден третман (или два) ќе се изненадите колку вашата кожа може да биде свилена. Но, тоа што многумина не го знаат, а треба, е фактот дека можете да постигнете идентични резултати и дома. Разни експерти за убавина ги споделија нивните тајни со нас за да научиме како да се однесуваме кон нашето тело како професионалци. Најдоброто од сè? Не мора да закажувате, ниту пак да оставате бакшиш.rnrn1-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Спа тајна бр. 1: Негувајте се како да сте родени за тоа

    rnКористење пилинг за тело неколку минути додека сте под тушот е подеднакво ефикасно како и медитирањето во текот на „километарските“ телефонските разговори. Токму поради тоа, козметичарите стануваат опседнати со пилингот. Посебен трик? Сконцентрирајте се посебно на секој дел од телото од 5 до 10 минути, започнувајќи од рамената, а завршувајќи до прстите на нозете.rn

    „Можеби делува како претерување, но навистина е потребно толку време за да се добие видно понежна кожа“, велат експертите.

    rnИсто така, тие користат единствени начини на триење за да ги отстранат мртвите клетки од кожата.rn

    „Користиме бавни, кружни движења притискајќи ја кожата со палците“, вели една козметичарка.

    rnДоколку сакате да ја направите кожата екстра свилена, нанесете пилинг додека вашата кожа е сува.rn

    Спа тајна бр. 2: Не бегајте од производите од супермаркетот

    rnМислите дека сите „специјални“ креми се премногу гламурозни за вас? Размислете повторно. Во правењето и мешањето на кремите за третмани, многу спа центри се потпираат на евтини (но ефикасни) состојки. Па така, во садот за маникир ќе ви сипат млеко бидејќи млечната киселина ја омекнува кожата подеднакво добро како и некоја наменска и скапа крема. Не е ретко и во средствата за пилинг да се додаде шеќер за да го направат „погруб“ и поефикасен. А, како ви звучи фактот дека во кремите за тело додаваат малку мед за да биде екстра хидратантен? Уште еден супер трик за домашна употреба: Исцедете пола лимон во купката – лимоновиот сок има природни киселини кои ќе ја осветлат кожата.rnrn2-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Спа тајна бр. 3: Зголемете ја дозата на тоа што го мачкате

    rnМногумина користат пилинзи, лосиони и млеко за тело како да се направени од злато – малку. Таа количина едвај се трга од вашите дланки и воопшто не допира до длабинските слоеви на вашата кожа. Затоа не чудете се зошто не сте задоволни од резултатите на вашата нега. Во спа центрите не штедат на креми. Не само што супер ја хранат вашата кожа, туку имаат и психолошки ефект: Допуштете си себеси луксуз кој ви ја „храни“ потсвеста, но и со тоа дава чувство на нега.rnrnДоколку ве заплашува цената на големите пакувања, можете да се определите барем за поголеми количини од производот, па определете се за количина рамна на големината на едно топче за голф. Ниту ќе банкротирате, ниту ќе чувствувате вина, а вашата кожа ќе профитира.rn

    Спа тајна бр. 4: Прескокнете ја супер опремата

    rnЗа ефикасна нега не ви е потребна опрема за да го постигнете совршениот изглед. Исто така, во спа центрите користат едноставни алатки за луксузни третмани. Така на пример, практикуваат нанесувањето на кремите и маските да се одвива со регуларни четки за бојадисување за брзо, лесно и темелно да се намачка целото тело. Тупферите кои ги користат се истите оние што вие ги користите дома. Но, она што не го гледате се сунѓерите и луфите кои се користат за сите клиенти и кои стојат со недели и месеци во спа салоните. За разлика од нив, вие би требало да имате ваши бјути „алатки“, посебно луфи за капење кои би требало редовно да ги менувате, по можност еднаш месечно.rn

    „Овие производи се идеални за собирање бактерии, па затоа е потребно редовно да ги менувате. Освен тоа, новите производи ѝ даваат многу подобро чувство на кожата“, велат дерматолозите.

    rn

    Спа тајна бр. 5: Маските може да имаат повеќенаменска употреба

    rnИмате своја омилена маска за лице? Тогаш би требало да знаете дека таа не мора да ви служи само за нега на лицето. Поединечни козметичари ги користат и за нега на вратот и градите.rn

    „Кожата на овие делови од телото се подеднакво деликатни како кожата на лицето, т.е. им пријаат маски кои имаат благотворни состојки како овошните екстракти“, велат дерматолозите.

    rnЗа максимален ефект нанесувајте ја маската така што ќе ја „лизгате“ со прстите преку лицето со брзи движења нагоре.rn

    „На овој начин ќе ја забрзате циркулацијата и апсорпцијата на сите хранливи состојки од маската“, велат експертите.

    rnside profile of a young woman getting a back massagern

    Спа тајна бр. 6: Фатете ги капките вода

    rnЗа да го продолжите животот и сјајот на кожата после третманот, експертите се сложуваат дека би требало да поработите на хидратацијата.rn

    „Намачкајте го целото тело со крема од 3 до 5 минути после излегувањето од кадата или тушот. Во спротивно, влагата од кожата ќе исчезне, па кремата нема да успее да продре во кожата толку ефикасно колку во случајот кога таа да е влажна“, велат експертите.

    rnКога е во прашање нанесувањето на производот, еве една супер стратегија – кремата мачкајте ја со кружни движења одоздола, па нагоре (во правец на срцето), со што ќе ја поттикнете циркулацијата и ќе добиете убава румена боја на образите.rn

    Спа тајна бр. 7: Замотајте се во мек пешкир

    rnСега кога сте достигнале бјути совршенство, „нурнете“ се во мек, миризлив (по можност малку загреан на радијатор) пешкир. Топлината ќе ја подигне температурата на телото, па маслото и сите останати хранливи состојки од кремата ќе продрат длабоко во кожата. Ова е момент каде што сте ја допреле точката при која експертите го велат следново: „Опуштете се и уживајте.“ Топла шолја чај, исто така, може да направи чуда.rnrn4-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rn

    Бонус тајни:

    rn Моќта на допирот: Секако, масажата совршено пријае, а новите истражувања покажуваат дека таа исто така може да го отстрани и стресот. Масажата ги стимулира посебните рецептори под кожата кои му праќаат сигнал на мозокот да ги забави дишењето и работата на срцето. Идеалната масажа трае од 20 до 30 минути и го опфаќа целото тело, со оглед на тоа дека овие рецептори се наоѓаат насекаде. Најдобар ефект дава секојдневната масажа, но и онаа брзата, фокусирана само на грбот, која треба да ја применувате неколкупати неделно, бидејќи може да го намали нивото на кортизол, супстанца која е блиску поврзана со појавата на стрес. Бонус ефект ќе постигнете доколку користите масло од лаванда кое има смирувачко дејство.rnrnНамалете ги светлата: Совршената, пријатна атмосфера не секогаш подразбира цел тон наоколу поставени и запалени свеќи. И класичното осветлување може подеднакво да ја направи атмосферата посебна. Определете се за светилки со помала волтажа и доколку е можно, пештерни. Ниските ламби поставете ги во просторијата така што да емитуваат дискретно и „топло“ светло.rnrn5-doznajte-gi-primenete-gi-i-usovrshete-gi-spa-tajni-za-sovrshena-kozha-www.kafepauza.mk_rnrnСлушајте ги вистинските тонови: Во изборот на музика која е идеална за спа центарот, експертите се потпираат на само една работа – пулсот. Значи, за да ги одведете вашето тело и дух на некое поубаво место изберете ја онаа музика која ќе ги доведе вашите отчукувања на срцето во нормала (од 60 до 80 отчукувања во минута). Ова музика би требало да биде рамномерна во јачина и темпо, па класичната музика или лесниот соул и џез, ќе бидат сосема добар избор.rnrnНурнете се во мирисите“: Вашата спална соба мора да блеска, но подеднакво и добро да мириса. Во спа центрите употребуваат едноставен, но фантастичен трик – миризливи свеќи кои емитуваат мирис на лаванда, еукалиптус и цитрусно овошје. Апсолутен хит во некои спа центри се свеќи на база на восок од соја, кои ги замениле класичните миризливи свеќи, бидејќи многу подолго горат, а емитуваат поинтензивен мирис.

  • Паметните телефони повеќе не се во тренд. За 5 години ќе ги замениме со нешто друго!

    Паметните телефони повеќе не се во тренд. За 5 години ќе ги замениме со нешто друго!

    Телекомуникациските експерти проценуваат дека паметните телефони во наредните пет години би можеле да престанат да се употребуваат.rnrnrnrnИзвештајот, кој го опфати анкетирањето на 100.000 жители во Шведска и уште 39 други земји, открива дека мнозинството од испитаниците веруваат дека паметните телефони ќе станат уреди на минатото.rnrnСега, вниманието и интересот се пренасочуваат на вештачката интелигенција, односно на помагалата без екран. Многу истражувачи од полето на информатичката технологија предвидуваат дека носливите направи како Apple Watch, полека ќе почнат да ги заменуваат паметните телефони.rnrnПаметните телефони и не се толку практични во рацете, на пример кога готвиме или возиме автомобил. Постојат и голем број други ситуации во кои уредите со екрани не се покажаа практични. Затоа се смета дека во рок од 5 години, паметните телефони ќе престанат да се употребуваат и ќе останат во заборав – коментира Ребека С. Ангсторм, дел од тимот на „Ериксон“.

  • Колку време треба мажот да „издржи“ во сексот за и двете страни да бидат задоволни?

    Колку време треба мажот да „издржи“ во сексот за и двете страни да бидат задоволни?

    Половина час? 10 минути? Колку би требало сексот да трае, поточно колку мажот би требало да „издржи“ за односот да им донесе задоволство и на двете страни? Дали времето воопшто треба да биде фактор за мерење на успешноста на сексуалниот однос? Науката се обидела да одговори на овие неколку прашања со цел да ни даде неколку бројки според кои би можеле да се водиме.rnrnКолку време треба мажот да „издржи“ во сексот за и двете страни да бидат задоволни?rnrnЗа поголемиот дел од мажите, сексот трае кратко. Според истражувањата, од моментот на пенетрација до оргазмот на мажите им се потребни помеѓу 4 и 7 минути, во најдобар случај 10 минути. Но, за жените ова време е прекратко. Експертите сметаат дека вистинската мерка за жените е помеѓу 7 и 13 минути. Според мислењето на сексуалните терапевти, 7 минути е во ред, додека 13 минути се крајниот посакуван резултат каде што и двете страни ќе бидат целосно задоволни.rnrnЗа квалитетен сексуален однос, кој ги задоволува и двете страни, експертите советуваат:rnrn1. Не ја игнорирајте предиграта – Повеќето жени сметаат дека предиграта би требало да трае многу подолго, додека мажите често ја игнорираат. Нежно потсетете го вашиот партнер дека и таа е важен дел од сексуалниот однос. Додека мажите се визуелни типови и допирот најчесто не им е потребен, жените сепак преферираат стимулација со допир која максимално ќе ги возбуди.rnrn2. Разбудете ја вашата авантуристичка страна – Секој пар во својот сексуален живот треба да вложи што повеќе флексибилност и фантазија бидејќи на тој начин сексот ќе биде многу подобар и ќе трае многу подолго од просекот.

  • Што мислат експертите за „50 нијанси сиво“?

    Што мислат експертите за „50 нијанси сиво“?

    Романот „50 нијанси сиво“ ја освои женската читателска публика низ целиот свет и покрај негативните оценки од литературните критичари. Јасно е дека нејзината литературна вредност не била она што ги привлекло читателките, туку содржината исполнета со садо-мазо секс и истражувањето на сексуалноста. Но, што всушност мислат експертите за филмот, за книгата и за целата фама околу нив?rnrnШто мислат експертите за „50 нијанси сиво“?rn

    Естер Перел, експерт за врски и автор на книги од оваа област


    rn

    „’50 нијанси сиво’ открива како женската сексуалност функционира под површината. Книгата им помогна на многу жени да се поврзат со своето еротско ‘јас’, но што е уште поважно, им овозможи да ја прифатат замрсеноста на нивните еротски потреби и парадоксалноста на нивните фантазии затоа што приказната им даде дозвола на нив да гледаат како на нормални нешта.rnrnНие обично мислиме дека жените имаат помал интерес за секс, но што ако тие всушност имаат помал интерес за сексот таков каков што го имаат (со своите партнери)? Што ако на жените им треба повеќе за да се запалат, отколку што им е потребно на мажите?rnrnСе прашуваме и како може во време во кое жените се борат за рамноправност тие да фантазираат за насилно заведување?rnrnЕве што фантазиите откриваат за женската сексуалност: жената никогаш не е повредена во нејзината фантазија за насилно заведување, туку болката е само во незиниот интерес за задоволство. И што е уште поважно, кога во ваквото сексуално сценарио мажот е оној кој ги носи сите одлуки и решава и ѝ кажува што да прави, тој всушност ја ослободува неа од најголемата еротска блокада која ја имаат жените – товарот на грижата за него.rnrnСо други зборови, нејзината потчинетост на мажот во оваа фантазија ја ослободува неа од потребата да мисли на чии било потреби освен нејзините. Навистина, тајната на женската сексуалност е исклучително нарцисоидна.“

    rnШто мислат експертите за „50 нијанси сиво“?rn

    Рита Вотсон, советник за врски и блогер


    rn

    „И покрај популарноста на романтичните филмови и романи, како и нежните гестови, годинава љубовните подароци како розите ќе бидат потиснати од провокативното и привлечното. Лисиците од ’50 нијанси сиво’ разработија цела индустрија и го изненадија светот.rnrnНо, експертите не се изненадени.rnrnОд научните податоци кои се на располагање може да се види дека сексуалните апетити на жените се манифестираат исто како оние на мажите и тоа отсекогаш било така. Иако жените долго време не се интересираа за порнографијата, ‘50 нијанси сиво’ ја донесе оваа тема во клубовите на читатели, во ток-шоуата и на големиот екран. Мекото порно е лесен начин да се предизвика женската имагинација и нивната желба за егзотичен сексуален живот.rnrnДали некој кој има мали деца се прашува зошто оваа книга се нарекува ‘порно за мајки’? Тоа е скокотливо искуство за мајките кои се преморени за допир кој води до секс и е живописен визуелен портрет на жените со садо-мазо фантазии.“

    rnШто мислат експертите за „50 нијанси сиво“?rn

    Сузан Њуман, психолог, автор на книги од областа на психологијата и блогер


    rn

    „Веднаш се загрижив штом ја видов на телевизија рекламата за ‘50 нијанси сиво’. Како родител загрижена сум што децата се изложени на слики и пораки за кои се премлади да ги разберат и се толку експлицитни.rnrnТелевизиската реклама за претстојниот филм намерно е направена да биде провокативна, но со оглед на тоа што децата и тинејџерите можат и сигурно ќе ја видат, тоа ми изгледа како погрешен чекор и неодговорност од страна на филмските продуценти.rnrnДецата прелесно се импресионираат. Знаеме за негативниот ефект врз децата од насилничките видео игри. Кога има трагедии како онаа во Њутаун, Конектикат (масовно пукање и убиства во основно училиште), тогаш родителите се советувани да им го ограничат пристапот до таквите информации на децата.rnrnСе накривуваат идеите за здрав секс и сексуални врски. Загрижена сум дека овие слики ќе се врежат во младите умови поради убавите реклами и ќе станат нивна идеја за тоа што се очекува во сексот од нив. Да, оние 30 или 60 секунди можат да го постигнат тоа.rnrnФановите и љубопитните ќе одат во кината да го гледаат ‘50 нијанси сиво’ само затоа што тоа е ‘50 нијанси сиво’. Посуптилен опис во рекламите би ги заштитило децата и пак би го имал истиот успех во бокс офисот.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

    Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

    Учењето децата да си го сакаат телото е една од најтешките задачи за еден родител во денешно време. Културата во која живееме може да ги натера да мислат дека не се вредни за ништо доколку не изгледаат согласно одреден критериум, па затоа родителите мораат да се борат со тоа уште додека тие се мали. Еве што експертите советуваат во врска со тоа.rnrnКако да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?rn

    Сакајте си го вашето тело

    rnАко вие не се чувствувате убаво во вашето тело онакво какво што е, на децата им праќате порака дека сепак треба да почитуваат одреден критериум. Ако постојано велите дека сте дебел/а пред вашите деца, бидете сигурни дека тие ќе го имитираат вашето однесување.rn

    Научете ги дека „дебел/а“ не е чувство

    rnАко им речете „се чувствувам дебело“ ќе им покажете дека дебелината е чувство, а не состојба. Кога ќе научат дека индексот на телесна тежина определува дали се дебели или не, а не тоа како се чувствуваат, ќе добијат и подобра слика за своето тело.rn

    Научете ги дека слаб не значи здрав

    rnСекој може да ослабе ако не јаде и се изгладнува, но тоа не значи дека ќе биде здрав. Објаснете им на вашите деца што значи здрав режим на исхрана и дека во најдобар случај ќе изгледаат онака како што ги направила природата. Сè друго би било нездраво.rn

    Не изигрувајте полицаец

    rnНаучете ги да јадат здрава храна и не чувајте нездрава храна дома. Откако ќе ги научите дека пржените компирчиња и слатките се најубави на светот, џабе е да трчате по нив и да им забранувате да ги јадат. Тие ќе најдат начин да стигнат до нив додека вие не гледате.rnrnКако да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?rn

    Мотивирајте ги да спортуваат

    rnТие и бездруго се огледуваат на спортистите кои ги гледаат на телевизија, па искористете го тоа да ги насочите кон спортување. Со тоа подобро ќе ги развијат своите тела, а ќе стекнат и поголема самодоверба.rn

    Практикувајте „здрави“семејни активности

    rnВремето кое го поминувате задно како семејство можете да го поминете во правење и јадење многу слатки и гледање телевизија или во прошетки на чист воздух и играње во паркот. Имате избор во оваа ситуација.rn

    Поттикнете ги да ги искажуваат чувствата пред вас

    rnСоздадете амбиент во кој вашите деца ќе можат да ги искажат чувствата пред вас без да се плашат од нешто. Во случај да имаат сомнеж во врска со начинот на кој изгледа нивното тело, тие ќе можат да дојдат кај вас и да ви се доверат, а со тоа ќе ви дадат можност да интервенирате навреме и на најдобар можен начин.rn

    Немојте да бидете негативни

    rnИ секако, негативните коментари не смеат да излезат од вашата уста. Дури и да мислите дека вашето дете може да изгледа подобро, тоа чувајте си го за себе. Ништо не може да го погоди толку силно како негативниот коментар на родителот. Тоа ќе му ја уништи сликата која ја има за своето тело и самодовербата сосе неа. Потребен е тактичен пристап кој детето ќе го насочи на правиот пат.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 навики на луѓето со лошо здравје

    10 навики на луѓето со лошо здравје

    Оние кои имаат лошo физичко и психичко здравје, сосем разбирливо имаат и „отровни“ навики кои треба да се избегнуваат. Ова се 10 лоши навики на луѓето кои не водат здрав начин на живот.rnrn10 навики на луѓето со лошо здравје rn

    1. Секогаш го очекуваат најлошото

    rnОвие личности секогаш го очекуваат најлошиот исход од што било. Претпоставуваат дека никој не ги сака, дека никогаш нема да бидат успешни, дека што и да направат нивниот труд ќе биде залудно потрошен, со еден збор за себе мислат дека се вистинска збрка. Секогаш мислат дека најлошите сценарија ќе се остварат и се разбира, тоа не им носи ништо добро. Доколку уште пред да започнете што било, вие го оставате неуспехот не само како опција, туку како најверојатен резултат, тогаш најверојатно нема да успеете.rn

    2. Не ја преземаат одговорноста за сопствените неуспеси

    rnВеруваат дека сè што им се случува е судбина над која тие немаат никаква контрола. Тоа е бидејќи не сакаат свесно и трезвено да преземат одговорност за нивните неуспеси или за она што го направиле погрешно. Секогаш е некој друг виновен и секогаш мислат дека тие се под нечие влијание.rn

    3. Безрезервно веруваат во реклами и најнови трендови

    rnНема да се распрашаат или да побараат совет од експерт. Едноставно доколку некој спомне дека одреден производ е добар, ќе го купат. Ако слушнат дека новиот производ за слабеење прави чуда, ќе го пробаат, ако за некој лек се тврди дека е добар, ќе го купат. Никогаш нема критички и реално да размислат дали тој производ ги дава саканите резултати, ниту пак дали е добар за здравјето.rn

    4. Секогаш го одбираат полесниот пат

    rnСекогаш очекуваат веднаш да бидат наградени за нивниот труд и сакаат инстант резултати. Кога имаат можност ќе го одберат полесниот пат бидејќи сметаат дека и со помалку работа можат да постигнат големи резултати. А дури и да не успеат, секогаш ќе можат да обвинат некој друг за тоа.rn

    5. Не си поставуваат цели

    rnТие не си поставуваат цели. Не работат за вистинска промена на она што не им одговара во животот и не се трудат да го дадат најдоброто од себе. Може да речат дека сакаат нештата да се подобрат, но нема да направат стратегија за подобрување.rn

    6. Завидливи се на туѓиот успех

    rnЗавидливи се кога некој друг е успешен. Чувствуваат лутина кога некој друг е попривлечен од нив, заработува повеќе пари или живее подобар живот. Не гледаат колку напор другата личност вложила за да ужива во она што го поседува, туку едноставно сметаат дека не е праведно што тие тоа го немаат.rnrn10 навики на луѓето со лошо здравје rn

    7. Не преземаат одговорност за своите здравствени проблеми

    rnНе се однесуваат одговорно кога станува збор за нивното здравје. Доколку имаат проблеми со тежината или со некаква болест, едноставно ја префрлаат вината на гените. Наместо наследните болести или ризичните фактори на здравјето во семејството да ги сметаат за предупредување да водат поздрав начин на живот, тие ги сметаат за неизбежна несреќа.rn

    8. Не слушаат совети од експерти

    rnСекој кој ќе ги поттикне да преземат поголема одговорност, според нив е човек кој „соли памет“ и не знае да гледа за себе. Нема да го послушаат советот од докторот да прекинат со пушење или консумирање алкохол, ниту пак совет од стоматолог, адвокат или финансиски советник.rn

    9. Одбегнуваат барање креативни решенија на проблемите

    rnВеруваат дека постои еден начин да се реши некој проблем и доколку тоа не успее проблемот просто нема решение. Нема да се обидат да изнајдат поинакви, креативни начини на решавање на одредени потешкотии, туку за брзо ќе кренат раце.rn

    10. Озборуваат

    rnНаместо да се фокусираат како да го подобрат својот живот, тие зборуваат за туѓите животи. Шират озборувања и гласини и им годи да зборуваат за другите. Наместо да гледаат за себе, зборуваат што другите би требало да прават различно. Туѓите несреќи и проблеми се мерило за нивниот успех.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.