КАФЕ ПАУЗА

Tag: душа

  • Не занемарувајте го повикот на вашата душа!

    Не занемарувајте го повикот на вашата душа!

    Понекогаш се случува да заборавите кои сте, од каде доаѓате и што можете да бидете, па затоа ви треба некаков потсетник. Дали го занемарувате повикот на вашата душа? За волја на вистината, вашата душа е вашата вистинска суштина, вашето вистинско постоење, а еве ги најважните работи кои вашата душа сака да ги запомните.rnrnНе занемарувајте го повикот на вашата душа!rn

    1. Вие сте токму таму каде што треба да бидете

    rnВашата душа сака да запомните дека без разлика на околностите, местото каде што сте во овој момент е местото каде што треба да бидете. Изборите, исходите, патеките по кои можевте да одите не се важни. Запомнете дека сè се случува со причина и ништо не е случајно.rn

    2. Сè е привремено

    rnНишто не трае вечно, доброто, лошото – ништо не е трајно. Затоа, прифатете ги подемите и падовите на животот.rn

    3. Сè што ви треба е веќе во вас

    rnСпознајте се, анализирајте се себеси. Сè што ви треба, вашата сила, храброст, сочувство и љубов, сето тоа постои внатре во вас.rn

    4. Живејте го сегашниот момент

    rnНе живејте во минатото и не сонувајте за иднината. Најдете ја вашата страст и преземете акција сега и овде. Следниот момент во вашиот живот не е поважен од овој момент. Направете го денес она за кое сонувате цело време и сфатете дека вашите минати постапки требаше да се случат за да можете да научите и да растете.rn

    5. Ослободете ги вашите стравови

    rnВашата душа сака да запомните дека има само две вистини во целиот универзум, првата е љубовта, а втората е стравот, целосно спротивставени една со друга. Затоа, за да доживеете состојба на вистинска и чиста љубов, неопходно е да го елиминирате стравот.rn

    6. Ослободете се од вашата потреба за контрола

    rnСтавете крај на илузијата дека можете да имате контрола врз исходите од животот. Не знаеме што ќе донесе иднината и не можеме да ги разбереме последиците од секоја акција и реакција, па затоа вашата душа сака да запомните дека мора да сакате без да се приврзувате, да живеете без очекување и да ги перципирате нештата без осудување.rnrnОткако прочитавте за повикот на душата, можеби ќе сакате да прочитате и за комуникацијата со душата: 7 начини на кои вашето вистинско јас се обидува да ве води.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • На кој начин патувањето влијае врз умот и душата?

    На кој начин патувањето влијае врз умот и душата?

    Патувањето го лечи умот и е лек за секаква монотонија и депресија. Еве на кои начини патувањето влијае врз умот и душата.rnrnНа кој начин патувањето влијае врз умот и душата?rn

    Ги зголемува самодовербата и трпението

    rnПатувањето е одличен начин да стекнете нови пријатели и да создадете нови спомени. Освен тоа, тоа ве прави потолерантни и притоа ја зголемува вашата самодоверба.rn

    Ги смирува умот и душата

    rnПатувањето ви помага да се одморите и да избегате од секојдневните обврски, а притоа го освежува вашиот ум вдахнувајќи му нова енергија. Затоа, без разлика колку сте зафатени секоја година, одвојувајте време и откривајте нови места. Освен тоа, патувањето е еден од најдобрите начини и за промена на сопствената перцепција.rn

    Ќе ве натера да сфатите дека ништо не е вечно

    rnПатувањето ќе ве натера да сфатите дека ништо не е трајно на овој свет и дека сите работи завршуваат во одредено време. Без разлика дали се работи за вашите грижи или вашата депресивна душа, ќе сфатите дека секоја дилема и секој сомнеж си имаат свој крај. Времето лечи речиси сè, па така ќе научите дека и тешкотиите не се вечни.rn

    Го подобрува вашето расположение

    rnПатувањето е вистински извор за позитивна енергија, но и начин на закрепнување од секојдневните грижи. Како што му е потребен одмор на телото така и срцето и умот одвреме-навреме треба да одмараат. Ви треба време за себе, а токму патувањето може да ви го пружи тоа време. Тоа, од друга страна, ќе ви помогне да го откриете вашето вистинско „јас“ заедно со сите ваши амбиции, желби и стравови.rnrnОткако прочитавте за влијанието на патувањето врз умот и душата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто патувањето е добро за да избегате од вашата рутина.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Тест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!

    Тест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!

    Погледнете ја сликата внимателно и одберете го сонцето што најмногу ве привлекува. Тоа ќе ви даде мудра порака!rnrnТест: Изберете сонце и откријте ја мудроста на вашата душа!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 1″ active=”false”]Душата е создател кој се појавува таму каде што некогаш владеел хаосот. Вредностите кои ве водат низ животот се честа и моралот. Посветени сте на своите обврски докрај, а притоа се обидувате максимално да ја искористите својата креативност. Ова е нешто што треба да се обидете да го избегнете за да не ја потрошите сета енергија. Имате лидерски вештини кои можат да ви помогнат да ги постигнете вашите цели. Покрај тоа, домот и семејството ви се најважни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 2″ active=”false”]Ова е сонцето на понизноста. Иако блеска, тоа не е доволно за да ги манифестира сите ваши способности. Но, ова сонце е знак и дека имате голема сила во себе и ги имате сите квалитети за да постанете добар човек. Сепак, има нешто што го попречува вашиот личен развој. Доволно е да бидете искрени со себе и да ги отстранете сите пречки за да заблескате во сиот ваш сјај.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр.3″ active=”false”]Вашата внатрешна моќ произлегува од спојот на хармонијата и божествената енергија. Вистинската убавина ја барате во древните култури и комуникацијата со духовниот свет. Никогаш не се обидувате да ја занемарите интуицијата. Од друга страна, внимавајте да не станете премногу емоционално кревки. Вашата чиста природа може да ве направи ранливи и наивни во очите на другите. Затоа, обидете се да се заштитите од злите намери.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 4″ active=”false”]Се разликувате од другите со вашите необични идеи и мисли. Сè ви изгледа возможно, а тоа може да биде инспиративно за вас и за оние околу вас. Честопати имате високи очекување од другите, а тоа ви предизвикува заблуди. Освен тоа, во себе носите голема количина енергија која најчесто ја трошите на непотребни работи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг за како да го искористите вашиот потенцијал.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Сликата која ќе ја одберете ќе ви открие која е желбата на вашата душа!

    Тест: Сликата која ќе ја одберете ќе ви открие која е желбата на вашата душа!

    За да се чувствуваме исполнети и среќни, мора да знаеме што е она што нè тера да одиме напред во животот. Не е секогаш лесно да се најдат одговори на овие прашања, но овој тест може да ви помогне. Доволно е да се повикате на интуицијата и да одберете една од овие три слики.rnrnТест: Сликата која ќе ја одберете ќе ви открие која е желбата на вашата душа!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Вашата вистинска желба е да успеете и да стекнете почит од луѓето во вашето најблиско опкружување. Подготвени сте да работите на тоа секој ден. Сепак, стравот и несигурноста можат да ве спречат да одите напред. Ниската самодоверба ве тера понекогаш да се сомневате во вашите идеи и цели. Вашата душа, од друга страна, сака да поминете низ сето ова и да престанете да се саботирате себеси за да го добиете она што го заслужувате. Морате да ризикувате![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Приврзани сте кон околината, кон нештата што ги поседувате, но и личните односи. Нормално е да создадете посебна врска со сето она што е дел од вашето секојдневие, но исто така треба да бидете отворени за промени и подобар живот. Време е да почнете да гледате на нештата од различна перспектива. Време е да го реализирате вашиот потенцијал, како и да ги искористите сите можности кои ви се нудат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Оваа слика укажува на фактот дека веќе сте го пронашле својот пат во животот, но честопати повеќе се концентрирате на туѓите потреби отколку на своите. Најголемата желба на вашата душа е да ги поставите вашите приоритети на прво место. На тој начин ќе си создадете личен простор кој ќе ве направи посреќни и позадоволни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој мал тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест кој ќе ви открие како да го искористите вашиот потенцијал.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете змеј и откријте која е мисијата на вашата душа

    Тест: Изберете змеј и откријте која е мисијата на вашата душа

    Секој од нас доаѓа со посебна мисија на овој свет. Доволно е да изберете една од овие слики и да откриете која е вашата.rnrnТест: Изберете змеј и откријте која е мисијата на вашата душаrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Змеј бр. 1″ active=”false”]Дали забележавте дека постојано се обидувате да одите напред, но секогаш кога ќе добиете дополнителни приходи се јавуваат неочекувани трошоци? Најважно од сè е да се соочите со стравот дека нема да се ослободите од овие финансиски ограничувања. Запрашајте се дали овој страв се јавува како резултат на помислата дека не заслужувате да имате повеќе во животот. Од друга страна, можеби сте уверени дека секогаш кога редите успеси, нешто доаѓа во вашиот живот и ви го одзема она што тешко сте го заработиле. Вашата задача во овој живот е да работите на подигање на свеста. Ветете си дека ќе направите сè што е можно за да го тренирате вашиот ум да не мисли дека парите ќе исчезнат веднаш штом ќе се појават. Можете да напредувате во финансиска смисла, иако тоа би било бавно на почетокот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Змеј бр. 2″ active=”false”]Дали се чувствувате несреќно во овој момент? Дали повеќе се грижите за туѓите потреби отколку за вашите? Една од причините зошто е тоа така е дека најверојатно вашата личност премногу зависи од пофалбите на другите. Ваша задача е да откриете кои сте вие, да ги споделувате вашите таленти и способности со светот. Односот на другите кон вас ви значи и правите сè за да им помогнете, дури и кога тие не бараат помош од вас. Ова е причината зошто сте честопати разочарани и зошто луѓето имаат тенденција да ја искористат вашата добрина. Од денес започнете да работите повеќе на вашата самодоверба. Размислете кои се вашите вештини и интереси и најдете време за нив. Нека вашите цели ви бидат приоритет, а за сето останато ќе се погрижи судбината.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Змеј бр. 3″ active=”false”]Дали ви се случило да не можете да ѝ ставите крај на нездравата и зависна врска, без разлика дали се работи за личен или професионален живот? Можеби одговорот лежи во вашиот страв од осаменост како и стравот да дадете отказ. Свесни сте дека не можете да продолжите вака, но се плашите од промени. Направете самоанализа и откријте кој е изворот на ова однесување. Од друга страна, ако се анализирате себеси подетално, ќе сфатите дека имате сè што ви треба за да се справите со нови предизвици. Откријте и каде лежи коренот на стравот од напуштање. Сега е вистинското време да ја залечите оваа рана, да бидете посамоуверени и да им ставите крај на ситуациите кои нема да ви донесат никаква корист.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг и да откриете со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Откријте со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа!

    Тест: Откријте со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа!

    Погледнете ја внимателно сликата и одговорете што беше првото што ви го привлече вниманието. Вашиот одговор ќе ви открие со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа.rnrnТест: Откријте со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Мали цветови во позадина” active=”false”]Вашата душа е полна со хармонија и добрина. Секогаш зрачите со позитивна енергија, а тоа понекогаш може да предизвика завист кај другите. Ја наоѓате убавината што ја носи секој со себе, а оттука произлегува вашата добрина. Вие сте оние кои не се интересираат за површното, туку се обидувате да нурнете во душата на другиот. Секогаш знаете да го дадете вистинскиот совет, па затоа многумина ја бараат вашата помош и поддршка во време на неволја.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Лотосов цвет во средина” active=”false”]Имате способност да се фокусирате на нештата околу себе, а притоа да останете смирени и исполнети со внатрешен мир. Знаете да го постигнете она што го сакате благодарение на вашата памет и интелигенција. Сигурни сте во своите способности. Ги сакате убавите работи во животот. Полни сте со самодоверба и цврсти ставови, а како резултат на оваа особина можете за миг да сфатите кому можете да му верувате, а кому не.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Жена” active=”false”]Зрачите со живот и спонтаност. Полни сте со желба за авантура иако немате јасна цел. Уживате во секој нов ден и свесни сте за фактот дека секој преживеан момент е убав сам по себе. Љубопитни сте по природа, а токму тоа прави никогаш да не ви е здодевно бидејќи секогаш можете да најдете нешто во што ќе уживате. Луѓето ве сметаат за харизматична личност која зрачи со емпатија и затоа ви се воодушевуваат. Ширите љубов и убавина каде и да одите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Црвено срце” active=”false”]Вие сте енергична душа, полна со љубов и живот. Зрачите со енергија која ви помага да ги остварите сите ваши соништа. Дури и луѓето во вашата непосредна околина се свесни за тоа дека околу вас има посебна позитивна аура. Убавината со која зрачите има моќ да го трансформира светот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnОткако прочитавте со каква внатрешна убавина зрачи вашата душа, можеби ќе сакате да направите и друг тест за да откриете од што најмногу се плашите.rnrnИзвор: atma.hr

  • Изберете слика и дознајте каков договор имате со вашата душа во овој момент

    Изберете слика и дознајте каков договор имате со вашата душа во овој момент

    Секој има многу различни договори со душите со кои се сретнува во текот на животот. Целта на секој предизвик и благослов е духовна еволуција на двете страни. За да откриете која е темата на вашиот договор, одберете ја картата што најмногу резонира со вас.rnrnИзберете слика и дознајте каков договор имате со вашата душа во овој моментrn

    1. Напуштање и страв од промени

    rnДали останувате во врските подолго отколку што е потребно? Дали понекогаш се наоѓате во нездрави и зависни односи, лично и професионално? Најверојано вашиот договор со душата е да се борите против стравот од напуштање и против стравот да останете сами.rnrnНе е дека не сте свесни за токсичноста и за тоа дека тие ситуации не се за ваше добро, но се плашите од промени и мислите дека е подобро да бидете во токсична ситуација отколку да бидете сами.rnrnОбидете се да откриете од каде потекнува стравот од напуштање. Можеби веќе знаете од каде потекнува тој страв.rnrnСега е совршено време да ја лекувате таа рана и да научите како да заминете кога знаете дека нешто не е за вас.rn

    2. Самоувереност и идентитет

    rnДали се чувствувате непријатно кога сте во центарот на вниманието и кога целото внимание е насочено кон вас? Дали мислите дека потребите на другите луѓе се поважни од вашите? Дали е можно да го правите тоа несвесно затоа што вашиот идентитет е силно поврзан со одобрувањето на другите?rnrnВие треба да откриете кои сте како индивидуа и да ги негувате и да ги споделите вашите дарби со светот.rnrnУбаво е и важно е да ги поддржувате другите, но честопати ги ставате потребите на другите луѓе пред вашите потреби.rnrnПонекогаш работите за други, иако тие не бараат помош, а вие се чувствувате отфрлени затоа што не побарале помош од вас уште на почетокот. Вашиот идентитет е поврзан со она што другите луѓе го чувствуваат за вас.rnrnНа некој начин, вие се подготвувате за разочарувања и привлекувате луѓе кои би можеле да ја искористат вашата дарежлива природа. Започнувајте го денот со позитивни мисли што ве поттикнуваат целосно да ја прифатите и да ја искористите вашата лична моќ.rnrnРазмислете за вашите страсти и вештини и преземете ги потребните чекори за да ги прифатите. Вашата задача е да ги постигнете своите цели, а духот ќе се погрижи за сè останато.rn

    3. Страв и недостаток на свесност

    rnДали забележавте дека постојано се обидувате да напредувате, а кога имате пари на вашата банкарска сметка, се појавува неочекуван трошок и треба да ги потрошите тие пари? Со текот на времето, ќе почнете да се прашувате дали некогаш ќе напредувате.rnrnЗапрашајте се дали ви се случува тоа затоа што не ви е судено да живеете во изобилство или затоа што мислите дека секој пат ќе почнете да напредувате, ќе се појави нешто и ќе ви го одземе она за коешто многу се трудевте за да го добиете?rnrnВашиот договор со душата е да дејствувате преку недостатокот на свест. Големи се шансите да сте растеле во околина во која тешко можело да се живее или можеби не сте имале доволно средства за живот.rnrnВетете си дека ќе дадете сè од себе да не мислите дека кога ќе добиете нешто, истото тоа ќе ви биде одземено.rnrnМожеби полека ќе напредувате финансиски, но ќе мора да вложите многу труд за да ги контролирате мислите и зборовите.rnrn[message_box title=”Изберете месечина и дознајте каква личност сте.” color=”yellow”]Тест: Изберете месечина и дознајте каква личност сте[/message_box]

  • Колку секој хороскопски знак се однесува како стара душа?

    Колку секој хороскопски знак се однесува како стара душа?

    Секој хороскопски знак има одредени карактеристики со кои ја покажува својата душевна „класичност“ и степенот на емотивна зрелост. Кои се карактеристиките на вашиот хороскопски знак прочитајте во текстот што следува.rnrnКолку секој хороскопски знак се однесува како стара душа?rn

    Овен

    rnВие не сте материјалист. Повеќе се грижите за искуствата што ќе ги доживеете отколку за работите што ги поседувате.rn

    Бик

    rnВие ги цените длабоките лични врски. Повеќе би сакале да имате 1 вистински пријател отколку 10 обични.rn

    Близнаци

    rnПовеќе од времето поминувате размислувајќи и анализирајќи ги нештата. Никогаш не „скокате во акција“ без добро да ги разгледате сите аспекти.rn

    Рак

    rnПовеќе сакате да го поминувате времето сами. Се фрустрирате кога предолго сте во гужва.rn

    Лав

    rnВашиот вкус не соодветствува со современите уметници. Вие ја цените постарата музика, како и романите и уметничките дела кои се класични.rn

    Девица

    rnВие секогаш сте тој кој дава совети. Важите за личност на која пријателите секогаш ѝ се обраќаат за време на криза.rn

    Вага

    rnЗрели сте и емотивно интелигентни. Удобно се чувствувате во вашата кожа.rn

    Скорпија

    rnМожете да ги „читате“луѓето. Веднаш ги чувствувате нивните вистински намери.rn

    Стрелец

    rnПовеќе уживате во тивки, мирни моменти отколку во моменти кои носат возбуда и авантура. Не мора секогаш да бидете во „акција“.rn

    Јарец

    rnВие имате непресушна жед за знаење. Вљубени сте во учењето, личната надградба и усовршување.rn

    Водолија

    rnВие претпочитате ноќите да ги поминувате дома наместо во клубовите и баровите. Попрво би сакале да „се гушкате“ со добра книга отколку да се дружите.rn

    Риби

    rnОбично имате постаро друштво затоа што имате проблем да се поврзете со луѓето на своја возраст.rnrnМожеби сакате да откриете и кои 6 хороскопски знаци се најголеми флертувачи.

  • Дознајте колку е стара вашата душа

    Дознајте колку е стара вашата душа

    Што е тоа што нè прави толку различни едни од други? Што е тоа што ја прави една личност помудра од своите врсници, друга со поголема желба за моќ, а трета детинеста, и покрај истите години? Без разлика дали верувате во реинкарнација или тој поим ве иритира, ќе се уверите дека теоријата за староста на душата може да се примени на различни луѓе во вашиот живот.rnrnДали сте старец или дете: Дознајте колку е стара вашата душа?rnrnВелат дека животот е „патување“ и „училиште“ кое нè учи важни лекции. Но, зошто?rnrnДали некогаш сте размислувале за можноста дека лекциите кои ги учиме и мудроста која ја стекнуваме во овој живот се пренесува на нашиот следен живот? Можеби нашиот живот не е единствено патување на искуство, напредок и созревање – туку тотално свесно постоење?rnПа, што всушност е старосна доба на душата? Теоријата за реинкарнацијата ни вели дека човекот нема само една прилика за живот и учење. Тој има неколку животи во кои расте, учи и созрева.rnrnСтаросната доба на душата се темели на различни нивоа на напредок, кои душата ги добива во текот на своите реинкарнациски патувања. Како што личноста напредува на хиерархиската скала, исплатувајќи ја кармата, таа може слободно да се врати во единствена и бескрајна свест, доживувајќи конечно ослободување.rnrnНекои оваа состојба ја нарекуваат „нирвана“, некои „небо“, а други „рај“.rnПостојат 5 старосни доби на душата. Разбирањето на различните нивоа на човечкото постоење развива емпатија, разбирање и дава подлабок увид на животот. Старосните доби се подредени од „почетник“ до „напредно ниво“. Исто така постои и 6-та доба која ги надминува сите останати – постара душа. Во продолжение погледнете кои се тие доби и откријте во која припаѓате вие.rn

    Душа на новороденче

    rnПримарен фокус: Да се биде жив.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Основни животни вештини, опстанок, морталитет.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 0-4 години.rnrnОсновни карактеристики: Суровост, нетрпеливост, разиграност, возбуда, вознемиреност, едноставност, претпазливост, зависност од група луѓе, повлекување.rnrnЛичностите кои припаѓаат во оваа категорија се познати и како новородени души. Тоа се личности кои често се сметаат за неуки, детинести и невини, неспремни за сложениот живот. Бидејќи поседуваат едноставно разбирање кон животот и целосно безопасен пристап кон светот, новородените души тешко се прилагодуваат во „социјалните друштва“. Наместо тоа, тие претпочитаат познати групи, племиња и луѓе во дива и нескротлива околина.rn

    Душа на дете

    rnПримарен фокус: Припадност.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Социјална структура, правила, улоги, меѓучовечки односи.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 4-13 години.rnrnОсновни карактеристики: Хармонија, дисциплина, послушност, одредена улога, апсолутизам, прецизност, дисциплина, традиционализам, силни вредности.rnrnПознати како детски души, овие луѓе бараат значење, ред и стабилност над хаотичната и непостојана природа на животот. Често се сметаат за чисти, скромни и ригидни и имаат тенденција да бидат конзервативни, религиозни и да ги следат правилата. Нивните морални верувања се дефинирани со културен и традиционален морал или пак со религиозен состав.rn

    Млада душа

    rnПримарен фокус: Независност.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Личен развој, слободна волја, личен успех.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 13-29 години.rnrnОсновни карактеристики: Амбициозност, конкурентен дух, иновативност, материјална добивка, претприемништво, слобода, индивидуалност, егоцентричност, самоизразување.rnrnПознати и како адолесцентни души, овие личности често живеат со изреката „Ќе биде по мое или нема да биде никако“. Адолесцентната душа, исто како и адолесцентот, е во потрга по независност, друштвен статус и материјална корист. Во суштина, ова се луѓе кои носат промени и се одговорни за некои од најголемите напредоци во светот. Желни се за успех и се насочени кон надворешниот свет, па многу често тие се работохолици.rn

    Зрела душа

    rnПримарен фокус: Човечна хармонија.rnrnЛекции кои треба да ги научат: Емпатија, психолошка стабилност, независност, самосвесност, односи.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 29-55 годиниrnrnОсновни карактеристики: Чувствителност, љубопитност, дипломатија, интроспективност, еднаквост, соработка.rnrnОвие личности често се во потрага по меѓучовечки и психолошки хармонии. Често се сметаат за невротични, но грижливи. Бидејќи се фокусирани на внатрешниот свет, многу често тие тешко се носат со комплексноста и лукавиот живот. Зрелите души се либерални, фокусирани на односите и големи визионери. Целта на нивниот живот не е само опстанокот, исполнувањето на својата улога и материјалната корист, туку и разбирањето, емпатијата и пријателството.rn

    Стара душа

    rnПримарен фокус: Духовно исполнување.rnrnЛекција која треба да ја научат: Независност, автономност, мудри совети, духовна свест.rnrnСпоредба на возраста со човечки години: 56+ години.rnrnОсновни карактеристики: Осаменост, духовност, одвоеност, филозофирање, хуманитарна работа, замор, немотивираност, емпатија.rnrnСтарата душа се појавува на крајот од инкарнацискиот циклус. Бидејќи оваа душа веќе ги искусила првите 4 фази на постоење, таа веќе го има заокружено знаењето за друштво, односи и воопшто за светот. Во оваа фаза, таа во секојдневниот живот не доживува интересни настани, па затоа поради тоа може да биде загрозена нејзината самодоверба. Со опуштен филозофски поглед кон светот, старите души зрачат со длабочина, мир и мудрост. Тие се фокусираат на самоисполнување и самореализација. За старите души, светот е испреплетена таписерија која се стреми кон станувањето „Едно“.rn

    Постара душа (староседелец)

    rnПостарите души се појавуваат на крајот на циклусот. Тие се разбудени суштества кои се обединети со вистинската божествена природа. Тие најчесто се нарекуваат „просветители“ или „духовни учители“.rnrnИако повеќето луѓе не се вклопуваат во целосност во некои од овие категории и често се преклопуваат со други, многу луѓе имаат тенденција да живеат во една душа повеќе од другите.rnrnПрочитајте и дали науката може да ги потврди реинкарнацијата и астрологијата?

  • 10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност

    10 начини за детоксикација на вашата душа и ослободување од негативност

    Чистотата е половина здравје. Кога станува збор за чистотата на психата клучот лежи во мирниот ум, успехот и среќата во животот. Мирен ум и тело е еднакво на спокој и благосостојба. Денес мирот е најскапоцен, но и најпотребен. Неговата потреба може да се изедначи со потребата за вода. За да бидете во хармонија со самите себе, прво мора вашиот внатрешен свет да го исчистите од негативности. Па, како да постигнете детоксикација на вашата душа? Прочитајте во продолжение.rnrn

    1. Елиминирајте ги влијанијата, а самата психа постепено ќе се исчисти и ќе зацврстува

    rnИсклучете го загадувањето на околината. Престанете со ментално загадување. Исклучете ги телевизиските програми кои ви пренесуваат негативни вибрации, затворете им ја вратата на оние коишто мислат дека вашиот ум е место за фрлање на психоактивен отпад.rn

    2. Побегнете од илузиите

    rnОслободете со од синџирите на социјалните мрежи. Излезете од виртуелниот свет – блокирајте ги каналите преку кои таа штетна негативност се вселува во вашите неврони.rn

    3. Храна

    rnМногу е важно што јадете, но уште поважно е во какво расположение јадете и кој е со вас присутен во просторијата додека јадете. Сè тоа влијае на психата на поединците.rn

    4. Предмети

    rnОслободете се од сите предмети коишто ве ограничуваат, растажуваат и ве враќаат во негативно расположение. Едноставно е, земете го предметот во рака и ако не ви буди позитивни емоции – фрлете го!rn

    5. Налепници

    rnСите налепници од шампоните, средствата за чистење, парфемот и останати производи одлепете ги и фрлете ги. Тие се скриени реклами коишто се направени да „бодат во очи“ и секогаш да бидат во вашиот фокус. Не сте свесни колку ви го одвлекуваат вниманието таквите производи, ги блокираат вашите мозочни клетки.rn

    6. Престанете да го правите тоа што не ви се допаѓа и што не ви годи!

    rnМногу е едноставно и за ова нема потреба од дополнително објаснување.rn

    7. Одјавете се

    rnОдјавете се од негативни луѓе и исклучете ги од својот живот. Прекинете да комуницирате со негативни и неурамнотежени луѓе.rn

    8. Ослободете се од ментални трауми

    rnРазговарајте со психолог за тоа што ве мачи. Тоа може да биде нешто од детството, можеби нешто што неодамна се случило и на кое не сте обрнале внимание, а тоа потсвесно ве труе. Признајте си ја траумата и исфрлете ја од вашиот ум.rn

    9. Сфатете кои сте

    rnПриспособете ја фреквенцијата на вашето ЈАС. Еднаш засекогаш сфатете кои сте, каде сте тргнале и што сакате. Кога ќе се усогласите сами со себе, сè ќе биде полесно.rn

    10. Иднина

    rnИсфрлете ја од глава сликата за како треба да изгледа вашата иднина. Препуштете ѝ се на сегашноста. Не се оптоварувајте со она што мора да биде или со што би било кога би било.rnrnОткријте кои се знаците дека е време за детоксикација на вашата душа.