КАФЕ ПАУЗА

Tag: држави

  • 5 држави што немаат реки

    5 држави што немаат реки

    Во светот што е поделен на речиси 200 земји, природните ресурси не се „подеднакво“ распределени. Сè повеќе се зборува за недостатокот на вода, но некои држави се целосно лишени од нешто што често го земаме здраво за готово, а тоа се реките. Додека Русија има илјадници реки, една голема и богата земја нема ниту една. Сепак, има повеќе земји без ниту една река, околу 15, а еве некои од нив:rn

    1. Либија: Реките доаѓаат и си одат

    rn5 држави што немаат рекиrnrnПустинската земја во Северна Африка не може да се пофали со постојана река. Она со што може да се пофали е т.н. Голема Река создадена од човечки раце. Станува збор за огромен систем на цевки што ја наводнуваат земјата и сочинуваат 70 проценти од изворот на вода за пиење во Либија.rn

    2. Бахреин: Стабилна нула

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОстровското кралство Бахреин, исто како и Либија, нема постојани реки. Покрај тоа, податоците за периодот помеѓу 1972 и 2017 година покажуваат дека нивото на површинските течности останува стабилно: „околу нула милијарди кубни метри годишно“.rn

    3. Саудиска Арабија: Десалинизација како решение?

    rn5 држави што немаат рекиrnrnОваа земја зафаќа површина од 2 150 000 квадратни километри и нема ниту една река, а обезбедува вода за 34 000 000 жители.rnrnРечиси половина од водата за пиење доаѓа преку десалинизација, односно отсолување на морска или солена вода. Многумина се прашуваат дали тоа е решението за иднината на светот, каде што сè повеќе се зборува за недостатокот на вода.rn

    4. Ватикан: Најмалата земја во светот без река

    rn5 држави што немаат рекиrnrnВатикан нема ниту една река, а е оддалечен околу 400 метри од италијанската река Тибар. Тибар е сè повеќе предмет на јавна дебата поради загадувањето на водата, па можеби Ватикан не е толку несреќен што нема река. Нешто губите, нешто добивате – во овој случај, добивате помалку грижи.rn

    5. Малта: Голиот бисер на Медитеранот

    rn

    5 држави што немаат реки

    rnЗаедно со Ватикан и Монако, Малта е третата и последна европска земја што нема ниту една река. Покрај тоа, нема (постојано) езеро. Ако погледнете сателитска снимка на овој архипелаг среде Медитеранот, ќе забележите сиво-кафени тонови, со само неколку траги од зеленило. Но, секогаш постои поглед кон морето и радост кога прогнозата најавува дожд.rnrnПрочитајте за оазата „Сива“ во Египет – едно од најчудните места што треба да ги посетите.

  • 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    Без разлика дали размислувате за патување во друга држава, барање на ново работно место или само сакате да ја промените вашата адресa, мислата дали ќе ве прифатат луѓето таму секогаш ви поминува низ главата.rnrnСпоред искуствата на странските државјани, Португалија, Тајван и Мексико имаат медали за најдобри и најпријателски домаќини, додека ледениот пречек може да се очекува во Швајцарија, Кувајт и Австрија.rnrnПортугалија се најде на златното место за најдобри домаќини, а пријателски пристап може да се очекува и во Камбоџа, Бахреин и Коста Рика. Кувајт веќе четири години стои на првото место, но скоро половина од странските државјани откриле дека не се чувствуваат добредојдени. Тие се навредуваат од Австријците, бидејќи не биле заинтересирани да стекнат нови пријателства, а на Швајцарците им било тешко да се отворат.rnrnПогледнете ја оваа листа на 10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели.rn

    1.Португалија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    2.Тајван

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    3.Мексико

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrn

    4.Камбоџа

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    5.Бахреин

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    6.Коста Рика

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    7.Оман

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    8.Колумбија

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    9.Виетнам

    rn

    10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријатели

    rn

    10.Канада

    rn10 држави во кои најлесно можете да стекнете нови пријателиrnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за неколку иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот.

  • 13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнато

    13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнато

    Данокот за брада во Русија, данокот за вдовици во Англија, данокот за сол во Франција… историјата на цивилизацијата има видено многу чудни и необични закони за оданочување. На оваа листа ќе најдете некои смешни правила за оданочување кои постојат и денес. Некои од нив можеби имаат разумна причина, но за некои нема никакво објаснување.rn

    1. Данок за гипс, Австрија

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnАвстриските Алпи се совршеното место за сите љубители на скијањето, и тоа и за почетници, и за професионалци. Па не е изненадувачки фактот што многу од туристите завршуваат во австриските болници со скршеници и други повреди. Поради оваа причина, власта одлучила да вклучи и посебен данок за медицински услуги, покрај редовниот туристички данок. Нема одредена цена за овој данок и го собира местото каде што сте сместени.rn

    2. Данок за стапчиња, Кина

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnСекоја година, во Кина се произведуваат околу 45 милијарди парови стапчиња за јадење за една употреба. За да се направи олку големо количество, луѓето треба да уништат околу 25 милиони дрва. Не е ни чудно што кинеската влада конечно го огласи алармот, поради страв од уништување на шумите. Во 2006-та година, Кина воведе данок од 5% на стапчињата за една употреба со цел да ги заштити шумите кои само се намалуваат. Власта верува дека оваа мерка ќе ги охрабри луѓето да јадат со стапчиња за повеќе употреби.rn

    3. Данок за печиво, САД

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrn„Бејгл“ е печиво во форма на ѓеврек и е навистина популарно во САД. Њујорк има посебен данок за овие ѓевреци, кој се однесува на оние кои се изменети на кој бил начин. Ова значи дека ако вашиот ѓеврек е исечен или има додадено нешто, мора да платите дополнителни 8 центи како данок. Доколку го јадете ѓеврекот во продавницата каде што сте го купиле, повторно плаќате дополнителен данок.rn

    4. Данок за дебелина, Јапонија

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnСпоред еден јапонски закон, мажите и жените во Јапонија на возраст помеѓу 40 и 75 години мораат да ја мерат нивната половина секоја година. Ако половината надминува одредена големина (85 центиметри за мажите и 90 центиметри за жените), мораат да платат казна. Целта на данокот за дебелина бил обид да се намали бројот на дебели луѓе и да се спречи ширењето на болести како дијабетес и мозочен удар.rn

    5. Данок за јатки со лушпа, Англија

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnВо Англија, купувањето јаткасти плодови со лушпа може да ви заштеди пари. Причината е што постои данок на додадена вредност од 20% на јаткасти плодови кои се без лушпа, печени и посолени.rn

    6. Данок за забава, Индија

    rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnФилмската вечер може да ве чини навистина многу во Индија. Овде треба да платите посебен данок за филмски билети, комерцијални ТВ серии, изложби, забавни паркови и други забавни активности. Данокот зависи од локацијата и е помеѓу 5% и 28%.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Kако изгледаат утринските кафиња во различни држави?

    Kако изгледаат утринските кафиња во различни држави?

    Секое утро, милиони луѓе ширум светот го започнуваат својот ден со шолја кафе. Но, скоро секоја држава и култура има свој уникатен начин на подготовка. Направивме мало истражување и одбравме дел од најинтересните кафиња ширум светот. Уживајте!rn

    Кафе со јајце (Виетнам)

    rnrnrnОсновните состојки се жолчка од јајце, кондензирано млеко, шеќер и топло кафе.rn

    Кафе лапланд (Финска)

    rnrnrnЛокално сирење се става во шолја пред да се прекрие со кафе.rn

    Еспресо (Италија)

    rnrnrnСтанува збор за класичен рецепт за еспресо, но со додадено парче лимон.rn

    Млеко со кафе (Аргентина)

    rnrnrnАргентинците уживаат во млеко со пена, со само неколку капки силно кафе.rn

    Кафе бонбон (Шпанија)

    rnrnrnОвој рецепт содржи само две состојки – еспресо и кондензирано млеко.rn

    Зачинето кафе (Мароко)

    rnrnrnМароканците мешаат сосема обични зрна кафе со сусам, бибер и морско оревче и добиваат необичен, но силен пијалак.rn

    Кафе со чај (Хонг Конг)

    rnrnrnЗа овој рецепт ќе ви бидат потребни црн чај, кондензирано млеко и кафе.rn

    Фрапе (Грција)

    rnrnrnКафе, сладолед, кондензирано млеко и малку ледена вода – највкусното фрапе што сте го пробале.rn

    Фаризиер (Германија)

    rnrnrnОвој пијалак бил измислен во Германија со цел да се скрие присуството на алкохол на семејните собири. Тие додаваат рум во кафе со шлаг пена.rn

    Кафе туба (Сенегал)

    rnrnrnЗа време на процесот на печење на зрната кафе, се додава бибер гвинеја и потоа се подготвува како обично кафе.rn

    Кафе со лук и мед (Турција)

    rnrnrnОва е популарна комбинација во Турција, што некогаш се нарекува и Стариот рецепт на Мур.rn

    Кафе со портокал (Јамајка)

    rnrnrnПокрај парче портокал, кафето од Јамајка вклучува и доза рум.rnrnПогледнете го и нашиот водич низ светот за зависниците од кафе.

  • 10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?

    10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?

    Граѓаните кои имаат способност да постигнат значителен број резултати, ги прават нивните држави продуктивни. Со мерење на нивните резултати се одредува степенот на продуктивноста.rnrn10-те најпродуктивни држави и што можеме да научиме од нив?rnrnЕкономиите го користат бруто домашниот производ за да се процени продуктивноста.rn

    Целата вредност на сè што е произведено од секој граѓанин и секоја корпорација лоцирана во границите на која било држава го сочинува бруто домашниот производ.

    rnСпоред податоците од објавените извештаи на компанијата Експерт Маркет и Организацијата за економска соработка и развој (OECD), ова се најпродуктивните држави во светот:rn

      rn 011

    1. Луксембург
    2. rn 011

    3. Норвешка
    4. rn 011

    5. Швајцарија
    6. rn 011

    7. Данска
    8. rn 011

    9. Исланд
    10. rn 011

    11. Соединети Американски Држави
    12. rn 011

    13. Австралија
    14. rn 011

    15. Ирска
    16. rn 011

    17. Холандија
    18. rn 011

    19. Шведска
    20. rn

    rn

    ЛЕКЦИИ ШТО МОЖЕМЕ ДА ГИ НАУЧИМЕ ОД ОВИЕ ДРЖАВИ

    rnСекогаш кога продуктивните држави и индивидуи ќе откријат нешто што добро функционира, тие учат од тоа. Ја наоѓаат причината зошто функционирало и потоа развиваат системи и процеси околу тоа. Тие ги применуваат научените лекции и го повторуваат процесот додека не го добијат посакуваниот резултат. Со ова на ум, еве ги лекциите од најпродуктивните држави што можете да ги искористите уште сега.rn

    1. Култивирајте рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот

    rnКога ќе воспоставите рамнотежа помеѓу вашиот професионален и личен живот ќе се чувствувате поисполнето и попродуктивно. Животот се случува. Се случуваат и случајности и несигурности. Можеби ќе ја изгубите вашата работа, некоја вештина, па дури и целиот бизнис. Ако вашиот живот се фокусирал само на работата и нема рамнотежа, ќе ви биде многу тешко да се справите со промените.rnrnУбавината на животот е тоа што никогаш не е доцна за почеток. Создадете живот и надвор од работното место. Најдете некое хоби, поминувајте време со саканите. Вратете се на училиште и научете некоја нова вештина. Учете целиот живот. Одете на одмор секоја година. Направете нешто возбудливо што го сакате, а што не е поврзано со работата.rnrnЗа оние со претприемалки дух, вреди да се спомне дека Луксембург е одлична локација за стартап бизниси кои сакаат да инвестираат во странски пазари. Добрата политика и простор за рекламирање се одлични за нови продукти и услуги. Ова е одлична локација за градење интернационална кариера, а професионалците добиваат навистина добри понуди.rn

    2. Пократкото работно време е попродуктивно

    rnДолгото работно време не значи дека ќе сработите повеќе. Државите како Јапонија и Мексико имаат долго работно време, па продуктивноста таму не се изедначува со вложениот труд. Шведска ја поттикнува рамнотежата помеѓу животот и работата и се обидува да ја зголеми продуктивноста на неколку начини.rnrnВо еден експеримент, еден вработен во старечки дом кој работел 8 часа дневно секогаш се чувствувал изморено и немал време за неговите деца. Потоа, работното време му било намалено на 6 часа за истата плата. Резултатите биле очигледни. Вработениот бил посреќен, со повеќе енергија и попродуктивен.rnrnВо првата година од воспоставувањето на овој нов систем се случиле значајни промени. Се подобрило целокупното здравје на вработените, се зголемила продуктивноста, а одолговлекувањето било минимално. Други нешта што биле забележани се:rn

      rn 011

    • Задржување на креативниот талент. Работниците останувале подолго со овие компании. Не сакале да ја менуваат новооткриената слобода.
    • rn 011

    • Повеќе време за одмор и рано легнување. Луѓето се буделе свежи и одморени. Биле подготвени ефикасно и креативно да се справат со денот.
    • rn 011

    • Вработените се чувствувале ценето. Тие можеле да минуваат време со саканите и имале време да прават што сакаат.
    • rn

    rn

    3. Фокусирајте се целосно на моменталната задача

    rnБидете целосно фокусирани на работното место и не размислувајте за работата кога ќе си заминете дома. Ова е свесна одлука која треба да ја применувате додека не ви стане рефлекс. Ова е одлично бидејќи вашиот работодавец ќе го има целото ваше внимание додека сте на работа, а тоа значи подобри резултати. Задоволството што ќе го чувствувате по завршената задача ќе ве наполни со енергија.rnrnВо Исланд, на пример, краткото работно време е употребено за зголемување на продуктивноста. Притоа вработените биле фокусирани само на една задача, а благодарение на ова Исланд се искачила 10 позиции погоре.rnrnМожеби ова објаснува зошто Германија е само 11-та и покрај тоа што има најмалку неделни работни часови. Разликата е што вработените овде не биле вистински присутни и целосно фокусирани.rn

    4. Имајте позитивен поглед кон животот и работата

    rnМнозинството луѓе ја бараат и бркаат среќата. Според извештајот за среќа од 2017-та година, Норвешка се наоѓа на врвот. Овде најголемо влијание има рамнотежата помеѓу работата и животот.rnrnСправете се со нештата што ви ја цедат возбудата така што ќе имате позитивен поглед кон животот и работата. Можеби вашите работни часови и опкружувањето не се како што сакате. Немате мотивација да се будите и да одите на работа. Но, барем имате зошто да се разбудите и многу луѓе посакуваат да ги имале вашите можности.rnrnЗа момент тргнете го фокусот од вас и вашите проблеми. Почнете да ги препознавате добрите нешта во животот и бидете грижливи и добри.rn

    5. Флексибилен распоред

    rnДржавите како Луксембург, Шведска и другите скандинавски држави имаат флексибилен работен распоред. Вработените имаат договорен распоред за тоа кога доаѓаат и си одат од работа. На пример, вработениот може да дојде порано и да си замине порано, или да дојде подоцна и да остане и после 16 часот.rnrnДруга опција е работењето од дома. Овде од најголема важност е довербата, односно знаењето дека вработениот ќе биде попродуктивен од дома. Некои од предностите на флексибилниот распоред се:rn

      rn 011

    • Мајката со мали деца може да минува повеќе време со нив.
    • rn 011

    • Зголемен број жени во одредена област.
    • rn 011

    • Родителите можат да ги носат и земаат децата од училиште без да го нарушат распоредот за работа.
    • rn 011

    • Идеална можност за вработените кои се враќаат на училиште.
    • rn

    rnПогледнете ги и научно докажаните техники што ќе ја зголемат вашата продуктивност.

  • 8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во овие држави

    8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во овие држави

    Дали знаете дека некои традиции за јадење што ги сметаме за нормални можеби се забранети или знак за непочитување во одредени држави? Овие чудни и необични традиции за јадење можете да ги сретнете додека патувате низ светот.rn

    1. Половина чаша чај е само за пречекување гости во Дубаи и Казахстан

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnВо Дубаи и Казахстан шолјите за чај се полнат до половина или помалку за гостите да не помислат дека сакате да си одат. Кога ќе наполните половина шолја му кажувате на гостинот дека сакате да продолжите со пријатниот разговор. Ако ви ја наполнат целата шолја, тоа може да биде суптилен знак дека е време да си одите.rn

    2. Чистиот чајник е чајник без душа во Кина

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnВо Кина луѓето не ги мијат чајниците со средство за садови. Ги чистат со вода или посебен песок. Талогот што останува се смета за душата на чајот, па поради ова е забрането да се „убие“ со разните хемикалии.rn

    3. Во Италија ќе го навредите готвачот ако побарате екстра сирење

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnНекои луѓе не можат да си ги замислат тестенините или пицата без екстра сирење. Иако Италијанците го сакаат овој продукт, најдобро е да не барате повеќе сирење со оброкот. На овој начин ќе го навредите готвачот бидејќи му покажувате дека не ви се допаѓа приготвеното јадење и сакате да го промените.rn

    4. Не барајте сол и бибер во Португалија и Египет

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnАко побарате сол или бибер во Египет и Португалија, можете да повредите нечии чувства. На овој начин му сигнализирате на готвачот дека оброкот не е доволно вкусен и дека треба да ја „дозавршите“ неговата работа.rn

    5. Не употребувајте виљушки во Тајланд

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnВиљушката е прибор што го користиме секојдневно. Но, употребувањето виљушка во Тајланд се смета за лош манир. Можете да ја турнете храна во лажицата со помош на виљушка, но тоа е сè.rn

    6. Немојте да ја празните чинијата во Кина

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnКога ни се допаѓа некое јадење, обично го јадеме целото за да покажеме колку е вкусно. Но во Кина е неучтиво да изедете сè. Празната чинија покажува дека домаќинот не ставил доволно храна и дека гостите уште се гладни. Па ако сакате да покажете почит кон готвачот или домаќинот, препорачливо е да оставете малку храна во чинијата, без разлика колку е вкусна.rn

    7. Пиење чај во Велика Британија

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnРечиси секој знае дека во Велика Британија постои традиција за пиење чај во 17 часот. Но, малкумина знаат како всушност Британците пијат чај. Пред сè, обично додаваат млеко. Исто така тие го сакаат чајот изладен, а не врел. На крај, чајот се меша нежно и без врева во средината на шолјата.rn

    8. Бидете внимателни со стапчињата во Јапонија

    rn8 неочекувани правила кои би требало да ги следите додека јадете во некои државиrnrnВо Јапонија не се препорачува да ги оставите стапчињата вертикално. Според традицијата, луѓето ги поставуваат стапчињата на овој начин за време на погреби. Во ресторан овој гест може да го навреди сопственикот. Исто така немојте да подавате храна со стапчињата. На погребите тие се користат за преместување на коските за време на кремирањето.rnrnПогледнете и за кои видови храна се верувало дека се волшебни.

  • Светската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светот

    Светската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светот

    Дали сте мрзливи без да знаете? Неодамна Светската здравствена организација направи листа со 10-те најмрзливи држави во светот, а резултатите се изненадувачки. За истражувањето била следена физичката активност низ светот. Резултатите откриле кои држави се најмалку активни, односно најмрзливи.rnrnСветската здравствена организација направи листа со најмрзливите држави во светотrnrnВо истражувањето учествувале 1,9 милиони луѓе од 169 држави. Според организацијата, испитаниците претставувале 96% од глобалното население. Организацијата открила дека во 2016-та година, само четвртина од возрасните не биле доволно физички активни. Ова им го зголемувало ризикот од развивање или влошување на болести поврзани со неактивност. Овде спаѓаат неколку видови рак, мозочен удар и дијабетес.rnrnФизичката активност била дефинирана како вежбање барем 75 минути секоја недела, 150 минути умерено вежбање, или комбинација од двете.rn

    10-те најмрзливи држави

    rn1. Кувајт (67% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn2. Американска Самоа (53,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn3. Саудиска Арабија (53% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn4. Ирак (52% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn5. Бразил (47% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn6. Костарика (46,1% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn7. Кипар (44,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn8. Суринам (44,4% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn9. Колумбија (44% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn10. Maршалски Острови (43,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rn

    10-те најактивни држави

    rn1. Уганда (5,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn2. Mозамбик (5,6% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn3. Лесото (6,3% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn4. Танзанија (6,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn5. Ниуе (6,9% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn6. Вануату (8% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn7. Того (9,8% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn8. Камбоџа (10,5% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn9. Мјанмар (10,7% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrn10. Токелау (11,1% од населението не е доволно активно во текот на неделата)rnrnОд Светската здравствена организација имаат амбициозен план да ја намалат физичката неактивност за 10% до 2025-та година. Во поразвиените држави физичката активност е почеста најчесто поради фитнес центрите и трендовите за здрава исхрана.rnrnПогледнете ги и овие луди и смешни факти поврзани со мрзливоста.

  • Како би изгледале државите ако беа луѓе?

    Како би изгледале државите ако беа луѓе?

    Во глобалната арена, секоја држава си има своја слика. Но, како би изгледале државите како луѓе? Ова е прашањето што си го поставила руската уметница Анастасија Булгакова.rn

    „Цртам персонификации на разни држави. Сите тие ќе наликуваат на воини, со крв и земја. Не поради некое политичко убедување, туку едноставно затоа што идејата за земји-воини дава многу креативна слобода. Секој лик има некои стереотипни карактеристики кои ќе ги искористам.“

    rnОд Американец кој е наивен и идеалист, до тивок Јапонец со сомнителна насмевка, без сомнение ќе ги познаете овие „луѓе“ доколку ги сретнете на улица.rn

    1. Канада

    rnКако би изгледале државите ако беа луѓе?rn

    „Канада е едноставно како момче. Тоа е добро и не се расправа. Сака да биде дома и не бара туѓи проблеми. Се бори само во спортот – хокеј. Смета дека е искрено и забавно. Поради неговиот успех во хокеј, го нарекуваат и Крал на мразот. Понекогаш над главата му се појавува круна и често сонува за идни победи. Сака да верува дека Америка е неговиот најдобар пријател и дека се еднакви. Америка не го гледа како закана и му дозволува да бидат пријатели. Се разбира, со придобивки. Обично се бори со Русија во хокеј, а и Америка го има за свој противник на полето. Но, тој е пријателски настроен кон секого, сè додека не го слушне повикот на Британија. Канада обично носи тренерки. Неговите оружја се метални прачки за хокеј и ролери. Добро момче.“

    rn

    2. Америка

    rnКако би изгледале државите ако беа луѓе?rn

    „Малку наивна и идеалистичка, но многу злобна однатре. Атрактивна и харизматична, лесно ги придобива другите. Ја следи својата цел без оглед на моралот или последиците. Главната цел ѝ е да преживее, и тоа со најмногу удобност. Носи кожен оклоп бидејќи сака битки на растојание со нејзините пушки. Кибернетичките раце и нозе ѝ даваат неверојатна брзина во борба. Таа е убиец. И сака оган. Особено ако го мириса наутро. Ѝ мириса на победа.“

    rn

    3. Франција

    rnКако би изгледале државите ако беа луѓе?rn

    „Франција е претставена со маж од алтернативна реалност. Овде победила монархијата, а револуцијата е неуспешна. Тој е древна држава, со повеќе од 1.500 години. Аристократ и вампир. Крвта и виното се негов стил и се разбира, уметноста. Владеењето на монархот е врховно, а благородноста на вампирот е посилна од кога било. Тој мрази револуции, востанија, еднаквост и ‘моќ на луѓето’. Верува дека демократијата е само една голема лага, дека другите држави ја користат за да ги направат своите жители послушни. Тој го сака старомодниот начин и нема ‘слобода и еднаквост’ под негова власт, сè додека луѓето не го заслужат тоа. Прво, потребно е да разберат колку ниско се спуштиле и колку деструктивно би било сега да им се даде моќ. А кога тоа ќе се случи, ќе видиме.“

    rn

    4. Јапонија

    rnКако би изгледале државите ако беа луѓе?rn

    „На ред е Јапонија, и се разбира дека ќе биде претставена од маж. Си зедов повеќе слобода бидејќи немаше премногу коментари. Следниот пат бидете поактивни. Јапонија е тивок маж со сомнителна насмевка. Сака технологија и перверзии. Има чудни врски со другите држави, особено со соседните. Ах, таа Кина… Никој не знае кои му се вистинските мотиви и желби и никогаш не ни кажува. Но едно е сигурно – ако ве убие ќе биде неверојатно учтив во врска со тоа. Иако сака технологија, има вистинско тело, а оклопот е само мала измена на неговите способности. Може да се класифицира како воин за блиска борба, но повеќе сака брзина отколку тежок оклоп. Користи копје и опашка за да ги држи непријателите на растојание. За далечина користи експлозивни сфери.“

    rn

    5. Иран

    rnКако би изгледале државите ако беа луѓе?rn

    „Првиот лик од древна цивилизација. Не знаев за која држава да го искористам овој лик. Откако прочитав неколку текстови, се одлучив за Иран. Тој е со лошо расположение и не разговара, бидејќи разговорите се евтини за разлика од златото и моќта. Овој херој е на „сивата страна“. Ја користи златната маска за да го скрие своето лице и да ги излаже непријателите. Има волшебна ламба и дух кој ќе му ги исполни желбите. Во борба најчесто користи магија и дипломатски притисок. Неговата сабја ја користи за убивање бидејќи духот не ја врши валканата работа. Тој дефинитивно е Господар на песокот.“

    rnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат

    Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат

    Постојат повеќе од 200 држави во светот, но сигурни сме дека има неколку за кои сигурно не сте чуле досега. Тие зафаќаат многу мала површина и се населени од само неколку семејства. Погледнете ги 10-те најмали држави со популација помала од град, па дури и од мало село.rn

    1. Палау

    rnrn

    Површина: 459 километри квадратни

    rn

    Население: 21.347

    rnРепублика Палау е островска земја која е составена од околу 300 острови со различна големина. Палау е едно од најневеројатните места на Земјата – нејзините дождовни шуми се полни со уникатни растенија и птици, а нејзините води се населени со 130 загрозени видови ајкули. Но најубавото нешто во оваа држава е езерото кое има повеќе од 2 милиони медузи во него, кои со текот на времето ја изгубиле способноста за боцкање.rn

    2. Ниуе

    rnrn

    Површина: 251,46 километри квадратни

    rn

    Население: 1.190

    rnНиуе е уште една мала островска држава со прекрасни пејзажи. Но и покрај ова туризмот не е популарен овде, па државата најмногу зависи од помошта од странските земји, најмногу од Нов Зеланд. Главниот град е само едно мало село со популација од 600 жители. Островот има сопствен аеродром и супер маркет кој е единствен во државата.rn

    3. Свети Китс и Невис

    rnrn

    Површина: 261 километар квадратен

    rn

    Население: 52.329

    rnОваа држава ја сочинуваат два острова: Свети Китс и Невис. Главните извори на приход во државата е нивната економска програма за државјанство која му овозможува на секој кој има барем 250.000 долари да инвестира во локалната индустрија за шеќер. Со оваа донација, личноста станува жител на државата. Друг начин да добиете државјанство е да купите земјиште кое вреди повеќе од 400.000 долари на кој било од островите.rn

    4. Кнежевство на реката Хат

    rnrn

    Површина: 75 километри квадратни

    rn

    Население: 30

    rnКнежевството претставува микро-нација лоцирана во Австралија. Основано е од страна на Леонард Касли кој ја прогласил својата фарма за независна држава. Иако не е призната од ниту една друга држава на планетата Земја, кнежевството си има сопствена валута, поштенски марки, па дури и пасош.rn

    5. Тувалу

    rnrn

    Површина: 26 километри квадратни

    rn

    Население: 10.959

    rnТувалу е една од најмалите и најсиромашните држави во светот. Економската ситуација би била уште полоша ако на Тувалу не ѝ бил доделен доменот .tv кој годишно носи милиони долари во нејзиниот буџет.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 10-те најдобри држави за соло патување

    10-те најдобри држави за соло патување

    Многу е лесно да се најде изговор за да не патувате сами, како на пример, непознатото, осаменоста, непознавањето јазици… Сите овие грижи спречиле многу луѓе да го искусат соло патувањето, но можеби е време вие да го направите тој чекор. Ако ви е потребна мотивација сте дошле на вистинското место. Погледнете ја оваа „тура“ низ државите кои се најдобри за самостојните патници.rn

    1. Шкотска

    rn(1)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnОвде има многу млади луѓе и сите се пријателски настроени. Јавниот превоз е одличен и го олеснува движењето наоколу. Во Шкотска можете да најдете огромен број хостели.rn

    2. Словачка

    rn(2)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnКако и во Шкотска, и овде јавниот превоз е одличен и има толку многу работи за правење. Најпозната атракција за луѓето кои патуваат сами се Високите Татри – планински предел кој е полн со пријателски „скитачи“.rn

    3. Ирска

    rn(3)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnИрска е полна со хотели што нудат само преспивање и појадок, па многу е лесно да се сместите удобно. Луѓето се познати по нивното гостопримството и обично се многу фини со патниците. Ирска исто така има многу фестивали, па постојано ќе имате што да правите.rn

    4. Шпанија

    rn(4)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnВо Шпанија има многу различни градови кои треба да ги посетите. Можеби ќе биде заморно доколку сте сами, но со добро испланиран распоред ќе си поминете незаборавно.rn

    5. Белгија

    rn(5)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnБелгија е одлична дестинација ако сте љубители на пивото. Но ако пиете премногу може само да си создадете проблеми. Подобро најдете неколку пријатели пред да се опуштите.rnrnПреминете на следната страница за останатите 5 дестинации…rn<!—nextpage–>rn

    6. Австрија

    rn(6)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnАко не сте знаеле, овде можете да пливате во базен полн со пиво! Но имајте на ум дека посетителите зборуваат неколку различни јазици и веројатно ќе треба многу да пешачите. Но сепак, за пивото вреди сѐ!rn

    7. Австралија

    rn(7)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnКонечно излеговме од Европа. Тука најверојатно ќе сретнете многу луѓе со кои ќе се дружите, а исто така Австралија е и континент, па имате толку многу работи за правење.rn

    8. Германија

    rn(8)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnХраната во Германија е одлична, има пиво во изобилство, а јавниот превоз е совршен. Тешко е да се замисли дека едно патување може да биде подобро од ова.rn

    9. Финска

    rn(9)10-te-najdobri-drzhavi-za-solo-patuvanje-kafepuaza.mkrnrnМожеби Финска никогаш не се наоѓала на вашата листа, но сега ќе ви биде тешко да ја заборавите. Топли сауни, неверојатна архитектура, кафулиња на отворено и прекрасни фестивали. Има ли нешто што не сакате?rn

    10. Холандија

    rnrnrnГраѓаните ја сакаат природата, сакаат да возат велосипеди, а марихуаната и сексот се слават. Звучи како авантура која чека да се случи!rnrnПрочитајте ги и овие креативни идеи за патувања во зависност од вашата возраст!