Трендот во уредувањето на домот што луѓето го пречекаа со раширени раце е светлото дрво, кое ќе преовладува во дизајнот на ентериерот во 2021 година. Светлото дрво освојува на прв поглед и му дава свежина и ведрина на просторот.rnrn
rnrnСветлите бои внесуваат светлина и убаво расположение во домот, а тоа ни е сега потребно повеќе од кога било. Прекрасен начин да се постигне овој ефект е да се користи светло дрво. Акцентите како што се ѕидните облоги, мебелот или украсните додатоци може да бидат направени од светло дрво како јасен, даб, бука или бор.rnrnДрвото изгледа топло и естетски многу привлечно во комбинација со бел мебел, но и со детали во други светли бои. Природните, необоени површини ја нагласуваат природната удобност, но сепак му даваат убава софистицираност на просторот.rnrnВо 2021 година, мебелот од ратан ќе биде голем тренд, па и тоа е одличен начин да внесете светло дрво во домот. Во продолжение ќе најдете инспирација за уредување на вашиот дом со мебел од светло дрво.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како оваа година да ја вклопите бојата берија во вашиот дом.
Tag: дрво
-

Светло дрво во домот: Нов тренд во 2021 година што му дава ведрина на ентериерот
-

Тест: Изберете едно дрво и дознајте што ве чека оваа година
Тестот вклучува слики од различни видови дрвја. Вашата задача е да ги погледнете сликите од сите дрвја и да откриете кое ве повикува. Ова може да биде тешко, но вие треба да ја погледнете секоја слика и да размислите дали се чувствувате поврзани со емоциите што ги предизвикува сликата кај вас.rnrn
rn1. Врба
rnВие сте дружељубиви и забавни. Не можете да издржите нормална или здодевна рутина и постојано барате нови работи. Сега конечно ќе напредувате.rnrnОва ќе биде период во кој ќе најдете нешто диво и страсно, што одговара на вашиот социјален и авантуристички став.rn
2. Костен
rnВие сте идеалист, романтичар и радикален оптимист. Верувате дека вашите соништа можат да се остварат и не ве интересира што мислат другите. Вие знаете длабоко во себе што е навистина важно во животот и не сакате материјалисти. Следува период кога конечно ќе запознаете некој што фантазира исто како и вие.rnrnЌе запознаете личност со која ќе доживеете љубов и со која ќе замислувате фантастична иднина. Ова ќе биде време кога ќе најдете некој како вас – вистински романтичар.rn
3. Липа
rnВие сте интуитивни и ориентирани кон детали. Ова ве прави крајно претпазливи за потребите на другите. Имате добра животна перспектива и знаете што е важно, а што не.rnrnВо вашиот живот ќе влезе личност која е исто толку внимателна како вас и која ги сака истите хобија. Таа личност може да се претвори во пријател за цел живот.rn
4. Топола
rnУживате во мирната осаменост. Бидејќи уживате и да се дружите со пријателите, ќе најдете важна хармонија во животот што ви носи одредено ниво на мир во кој ќе уживате. Но, некој ќе се обиде да ве извлече од вашата удобна зона.rnrnЌе се обиде да ги сподели мирот и хармонијата што сте ги пронашле, а тоа ќе ви се допадне. Ќе ви ги отвори очите за нови работи и искуства.rn
5. Даб
rnСакате да ризикувате затоа што знаете дека среќата ги следи храбрите. Вие сте оптимист со јасен поглед на животот. Секое утро се будите подготвени да го искористите денот.rnrnСега, вашата страст и вашата амбиција ќе ви донесат секакви возбудливи можности. Се разбира, бидејќи сте социјален и авантуристички тип личност, веројатно ќе се соочите со ревност.rn
6. Чемпрес
rnВие сте самодоволни и самосвесни речиси цело време и знаете како да се справите со секоја ситуација. Кога ќе останете посветени на себе и на вашата работа, вашите амбиции немаат граници.rnrnОвој период пред вас ќе ви донесе финансиски напредок, особено ако ги следите вашата интуиција и вашите верувања.rn
7. Јавор
rnВие сте многу перцептивни и чувствителни кон другите. Секогаш покажувате големо сочувство и сте љубезни и нежни со сите што ги среќавате.rnrnВие сте им толку драги на луѓето што нема сомнеж дека ќе имате романтична врска. Не мора секогаш да бидете во врска, но ви се приближуваат романтични односи. Вашето срце ги привлекува луѓето.rn
8. Брест
rnВие сте дефиниција за стабилност. Луѓето сметаат на вас и вие сте секогаш тука за нив. Вие сте личност на која може да сметаат и сега некој ќе го забележи тоа.rnrnВие сте добра, самоуверена и пристојна личност. Оваа година ќе најдете некој посебен што ќе ги цени сите тие квалитети.rn
9. Бреза
rnВие сте вредни, самоуверени и решителни. Плодовите на вашиот труд дефинитивно треба да се исплатат, особено ако продолжите со трудот и со убедувањето што ги покажавте досега.rnrnСега конечно ќе биде препознаен вашиот труд, а луѓето конечно ќе ја забележат вашата посветеност, особено ако претходно не ја забележале.rnrn[message_box title=”Изберете карта за да откриете кога ќе се оствари вашата желба” color=”yellow”]
[/message_box]rnИзвор: Atma.hr
-

Кое дрво би го засадиле во вашата градина? Изберете едно и откријте нешто за себе
Замислете дека треба да засадите дрво во градината од вашите соништа. Вашиот избор е тесно поврзан со вашата личност. За да дознаете нешто повеќе за вас, само погледнете ја сликата и изберете го дрвото што прво ќе ви го привлече вниманието.rnrn
rn1. Кедар
rnАко одлучите да засадите кедар, големината и ширината на неговите гранки што се истакнуваат ги симболизираат вашата величественост и вашата духовност.rnrnВо своето срце имате голема желба за давање, но не наоѓате храброст да направите нешто затоа што сте многу срамежливи.rn
2. Чемпрес
rnОва стебло симболизира бесмртност. И покрај тоа што сте силна личност, понекогаш барате сигурност која ќе ја добиете преку прегратка.rn
3. Смоква
rnСмоквата е дрво на мудроста. Нејзината сладост симболизира знаење што го засладува животот и без сомнение барате богатство, но не материјално, туку во искуствата.rn
4. Калинка
rnКалинката симболизира изобилство, љубов и здравје. Вкусните зрна што се наоѓаат внатре може да се поврзат со убавината на заедништвото.rnrnАко ова е дрвото што сте го избравте за вашата градина, тоа може да значи дека не сакате да бидете сами и дека сакате друштво, врева, забава и радост. Пријателството е нешто скапоцено за вас.rn
5. Бадем
rnБадемовото дрво ја крие тајната на повторното раѓање и на обновата на природата бидејќи тоа е првото дрво што цвета во пролет. Ако сте го одбрале ова дрво, неговото значење е поврзано со неговиот плод: тоа е тајна која се открива со кршење на оклопот.rnrnВашата личност има повеќе нивоа и честопати можете да прикажете различни лица, но длабоко во вас се крие тајната на вашиот вистински идентитет што ретко ја откривате. Вие сте мистериозна личност.rn
6. Врба
rnВрбата претставува рефлективна духовност токму поради својата неверојатна елеганција. Ако го избравте ова дрво, тоа значи дека ја сакате уметноста, дека сте елегантна личност и естетиката преовладува над сите други ваши амбиции.rnrn[message_box title=”Изберете оган и откријте каква светлина свети во вас.” color=”yellow”]
[/message_box]rnИзвор: Atma.hr
-

Направете си сами велигденско дрво на среќата: Едноставна декорација која носи радост во вашиот дом!
Сега имаме многу време, така што оваа година нема оправдување куќата да не биде совршено украсена. Велигден се приближува, а ние предлагаме да направите дрво на среќата што ќе го освежи вашиот дом и ќе донесе добра енергија.rnrn
rnrnЕве идеја како да го донесете вистинскиот празничен дух, а треба да имате само неколку работи. Една гранка, некои бои, пластични јајца и цреп или вазна. Искористете ја вашата имагинација и создадете дрво по ваш вкус.rnrnНаш предлог е тоа да биде што пошарено, а покрај јајцата, можете да додадете и украси во форма на зајаци, пиленца и сè што ви паѓа на памет, а што е поврзано со Велигден. Повеќето од овие украси можете да ги направите сами со малку фантазија и едноставни алатки.rnrnПогледнете ги сликите и пронајдете идеи за украсување на велигденското дрво во вашиот дом:rnrn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrn
rn
rnrn rnrnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rnrn
rnrnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnМожеби сакате да прочитате и како од обична тегла да направите декоративна вазна за цвеќе?rn -

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив
Сцената што никого не остава рамнодушен на пролет, е со расцветани магнолии.rnrn
rnrnОва прекрасно дрво е толку магично што ги восхитува сите оние што му се приближуваат.rnrnАко некогаш сте прошетале покрај магнолии, тоа сигурно не поминало незабележано.rnrnМагнолиите се многу привлечни цветни растенија од семејството Magnoliaceae. Постојат повеќе од 200 видови магноли кои се разликуваат по големина, форма, боја на цвет и вид на живеалиште. Дрвјата магнолија потекнуваат од Југоисточна Азија и Северна Америка, но заради нивната убавина, тие се рашириле на скоро секој континент.rnrn
rnrnМагнолијата обично расте на кисела почва богата со хранливи материи, во области каде што им се обезбедува доволно влага и сончева светлина. Тие често се садат во паркови и терени за голф заради нивниот убав изглед и способноста да обезбедат сенка.rnrnЗа жал, некои видови магнолии се соочуваат со неизвесна иднина како резултат на загубата на насади заради зголемената активност на човекот.rnСоулангелова манолија
rn
rnrnНајпознатиот, најпосакуван и распространет вид на магнолија е оној со бели и розови цветови. Тоа е вид наречен Соулангелова магнолија (Magnolia soulangeana).rnrnОвие магнолии, по својата убавина, ги освојуваат срцата на минувачите. Висината на дрвото е од 6 до 10 метри, а дијаметарот на крошна, која е украсена со бело-розови цветови до 5 метри.rnИдеален украс за дворот
rn
rnrnСулонгевата Магнолија е вкрстена од 2 вида, Magnolia denudata и Magnolia liliflora, кои се од азиско потекло.rnrnОва дрво добро се прилагодува на различни услови, и обично цвета во март и април, пред да почне да листа. Цветовите се бели однатре и розови однадвор, миризливи и широки 10-12 сантиметри и имаат форма на чашка.rnrnОвој род на листопадни, полу зимзелени или зимзелени дрвја и грмушки е целосно отпорен на мраз. Потребно им е сонце или полу-сенка и засолниште од силни ветрови. Тие најдобро напредуваат на плодната, добро наводнувана почва, богата со хумус.rnrnОна што треба да имате во предвид е дека магнолијата бавно расте, така што нема да цвета некое време откако ќе ја посадите. И на крај, магнолија бара минимално одгледување, што обично значи отстранување на исушените и оштетените гранки.rnАко сте обожавател на магнолии, можеби овие информации ќе ги сметате за интересни:
rn
rnrn- Магнолиите се праисториски. Врз основа на фосилите, откриено е дека примероци манголија постоеле пред најмалку 20 милиони години. Исто така, постојат растенија идентификувани како Magnoliaceae стари 95 милиони години.rnrn- Кората на Magnolia officinalis се користи во кинеската традиционална медицина за подобрување на здравјето на белите дробови и лекување на вознемиреност.rnrn- Магнолиите може да из’ртат од семе, но може да биде потребно повеќе од 10 години за да започне да цвета.rnrn- Magnolia grandiflora и Magnolia wieseneri имаат најмиризливи цветови.rnrn- Големината на дрвото магнолија зависи од видот. Помалите видови се високи околу 4 и пол метри, додека поголемите видови растат до 25 метри во висина.rnrn- Бојата на цветот може да биде бела, жолта, розова, виолетова и зелена боја, во зависност од видот.rnrn- Цветовите од магнолија имаат пријатен мирис што потсетува на тропско овошје.rnrn- Главните опрашувачи на магнолијата се пчелите.rnrn- Магнолија може да живее повеќе од 100 години.rnrn- Именувана е по францускиот ботаничар Пјер Магнол.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 4-те причини зошто треба да имате цвеќе во вашиот дом. -

Како да одгледате стебло кафе?
Кафето е егзотично растение што можете да го одгледувате и дома.rnrnОдгледувањето не е тешко, а применувајќи неколку правила можете да имате сопствено кафе. Кои се тие правила?rnrnДрвото кафе што најмногу се одгледува дома е од арапска сорта (cafa arabica). Оваа сорта може да се најде во повеќето земјоделски аптеки, како и во повеќето супермаркети. Самото кафе доаѓа од тропските региони на Африка, но тоа не значи дека одгледувањето дома ќе биде проблематично. Домашните услови се доволни за вашето тропско растение сè додека се придржувате до неколку важни правила.rnrn
rnКако изгледа дрвото кафе?
rnДрвото кафе во природно опкружување создава голема, многу разгранета грмушка која може да достигне висина до 6 метри. Кога ќе го купите дрвото кафе во саксија, најверојатно тоа ќе има како грозд зелени, густи лисја кои брзо ќе му го променат изгледот и тоа повеќе ќе наликуваат на неговиот „див брат“. Растението можеби и не е толку големо, но домашното кафе може да достигне висина и до 2 метри.rn
Како да го одгледувате?
rnКафето потекнува од Африка, така што лесно можете да претпоставите дека ќе има потреба од топлина и од светлина во текот на целата година. При изборот на место за растението, обрнете внимание тоа да биде на осветлено место, но во исто време заштитено од директна сончева светлина. На вашето растение ќе му биде најдобро на температура од 22 до 25 °C. Во текот на летото, дрвото кафе можете да го ставите на балконот или во градината затоа што тоа сака свеж воздух. Треба постојано да го наводнувате, но не треба да претерувате бидејќи тоа може да резултира со гниење на растението.rnrnУште една главна активност што треба да ја направите во текот на летото е ѓубрењето, а најдобро е да користите цитрусно ѓубриво. Зимската нега на дрвото кафе е малку поразлична бидејќи во овој период растението го забавува својот развој и е во состојба на мирување. Во зима, на растението му е потребна пониска температура, околу 18-20 °C. Освен тоа, во зима не треба да го ѓубрите затоа што не му требаат толку хранливи материи колку што му требаат во пролет.rn
Најдобра почва за вашето растение
rnЕден од најважните фактори при одгледувањето дрво кафе е вистинскиот избор на почва. Благодарение на почвата, растението ќе расте правилно и нема да се разболи. На кафето му е потребна плодна и малку кисела почва. Можете да ја користите мешавината која е препорачлива за агруми.rn
Најчестите грешки при одгледувањето кафе се:
rn
- rn 011
- премногу ниска температура (под 12 °C)
- недостиг од светлина
- премногу влажна или сува почва
rn 011
rn 011
rn
rn
Домашно кафе?
rnМожно е! Ако создадете вистинските услови за вашето кафе, по неколку години тоа може да ви возврати со нежни и мирисливи цветови што ќе формираат ситни, црвени плодови. Соберете ги, излупете ги, исушете ги и испржете ги и ќе имате свое кафе! Иако тоа нема да биде голема количина, фактот дека сами сте го одгледале ќе ве исполнува со големо задоволство.rnrnМожеби сакате да дознаете и како да се грижите за вашите украсни растенија во зима?
-

Мудроста доаѓа преку нозете: Чекорите ги откриваат грешките, го чистат мозокот од лошите мисли и го лечат цело тело!
Вистината е во чекорите. Треба само да ја засилите врската меѓу главата и нозете. Со секој нов чекор виталната енергија се надополнува и регулира со енергијата на земјата.rnrn
rnrnДревните Кинези ги споредувале нозете на човекот со корените на дрвото. Тие тврделе дека енергијата на земјата влегува во човекот преку неговите нозе. Исто како што на едно големо дрво му треба здрав и силен корен, така треба и нашите нозе треба да бидат силни и цврсти.rnrnСтапалата треба постојано да „дишат“, па постојано и постојано нишајте ги и вртете ги зглобовите. Во овој случај, „дишењето“ се однесува на размена на енергија помеѓу телото и земјата.rnЧовечките стапала како корени на дрвото
rnПреку правилното одење личноста не маршира по земјата, туку нежно ја гази, скоро како да ја бакнува со нозете.rnrnОдете полека и обидете се да газете лесно и нежно. Обидете се да почувствувате дека стапалото нежно ја допира земјата. Ако на почетокот не можете да го почувствувате тлото преку кожата и притисокот на стапалото, тогаш следете го движењето со очите.rnrnФокусирајте се на движењата на вашите нозе. Обидете се нежно прво да ја поставите едната нога на земјата, па потоа другата, правејќи лесни чекори. Обидете се да го имитирате одот на мачката.rnrnКако го правите следниот чекор, обидете се да ги активирате стомачните мускули. Можеби на почетокот нема да биде толку лесно, но ќе ја совладате оваа техника со текот на времето.rnrnАко обрнете внимание на чекорите, нежно стапувајќи напред, ќе забележите дека мозокот е без оптоварувања дека вниманието ви е насочено кон одењето, на земјата на која газите. Со текот на времето, ќе сфатите дека полека во вас влегува енергијата на земјата, ве исполнува со моќ. Секој чекор е вежба, секое движење е чистење на телото од негативната енергија насобрана при стоење, седење или одморање.rnrnДвижењето на телото ги елиминира проблемите. Нема подобар психотерапевт од овој вид на чекорење.rnrnПокрај своите терапевтски способности, оваа вежба има и здравствени придобивки за физичкото здравје:rn
- rn 011
- Помага во зацелувањето на проширени вени;
- Ја стимулира функцијата на бубрезите, елиминирајќи каква било дисфункција;
- Го обновува организмот и ја зајакнува сексуалната желба.
rn 011
rn 011
rn
rn
Поврзаноста меѓу нозете и главата
rnМасажата на нозете е многу важна – ова е ефикасно средство за релаксација и лекување.rnrnПреку масирање на стапалата, т.е. преку притискање на одредени точки може да го зајакнете телото, да го забрзате метаболизмот, да ја стимулирате работата на органите.rnrnМожеби сакате да дознаете и што открива еден таоист објаснува какво влијание има негативната чи енергија врз нашето здравје.
-

10 интересни факти за костените
Костените често се составен дел од нашата празнична трпеза, особено за Бадник, а тоа е сигурно поврзано со неговата симболика.rnrn
rnrnВо продолжение прочитајте 10 сознанија за овој вкусен призвод, кои сигурно ќе ве натераат да си купите костени и да уживате во нивниот неверојатен вкус.rn- rn 011
- Костените се одгледуваат повеќе од 4.000 години.
- За Христијаните, костенот ја симболизира чистотата.
- Во Турција и делови од Европа и Азија, костенот ги заменил житарките бидејќи е богат извор на јаглехидрати.
- Во Јапонија, Италија и Франција, костенот традиционално се смета за храна на сиромашните.
- Костенот е единствениот јаткаст производ што содржи витамин Ц (100 г костени обезбедуваат 40% од дневните потреби од овој витамин).
- Во Јапонија костенот е симбол на мајсторијата и моќта и традиционално се консумира за Нова година.
- Костенот е популарен во Кина, Кореја, Југоисточна Азија, Турција и некои други европски земји.
- Кина произведува двојно повеќе костени од својот најголем конкурент, Турција.
- Најголемото и најстарото костеново дрво расте во Сицилија на планината Етна. Старо е помеѓу 2.000 и 4.000 години, а неговиот дијаметар изнесува скоро 58 метри.
- Просечниот животен век на костенот е помеѓу 200 и 800 години.
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnМожеби сакате да ги дознаете и 7-те митови што ве тераат да се откажете од омилената храна.
-

Совршени уникатни парчиња кои ќе го разубават вашиот дом (+ПОДАРОК)
Имагинацијата на вистинскиот уметник нема граници. За креативниот ум, сѐ може да се претвори во уметност. Секој предмет изработен од Срна Дамчевска е автентичен и посебен на свој начин, збогатен со детали кои дополнително му даваат уникатен карактер.rnrn
МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!
rnrn
rnrnrnrn
1. Како се роди љубовта кон рачната изработка?
rnРачната изработка секогаш била дел од мојот живот. Уште од мали нозе често цртав на стакло или работев со глина и хартија, и тоа секогаш остана дел од мене.rnrn
rnrnrn
2. Од каде ја црпиш идејата за создавање на овие уникатни парчиња? Кои се најчестите мотиви што те инспирираат?
rnИдеите најчесто ми доаѓаат од моменталното расположение. Како два најчести мотиви ги издвојувам мандалите и флората.rnrn
rnrnrnrn
3. Кој вид дрво најчесто го користиш? Колку дрвото е специфично за работа и дали е потребен посебен алат?
rnВо зависност од тоа што цртам, користам даб, бука и орев. Секој вид дрво различно гори и секое дрво различно се подготвува за работа. Најголемата разлика меѓу дрвата е влагата и мекоста, од кои понатаму зависи дали дрвото е спремно за работа и понатамошно користење. Се користи посебен алат наречен пирограф, кој развива голема температура од 600°C и нагоре. Тој е специјално наменет за горење на дрво.rnrn
rnrnrnrn
4. Кое е твоето омилено парче што го имаш дизајнирано?
rnОмилено парче ми е која било од лажиците за готвење!rnrn
rnrnrnrn
5. Може ли да се заработува од ваков вид хоби? Знае ли македонскиот купувач да ја почитува рачната изработка?
rnСметам дека за добро заработување треба многу голема инвестиција и напор. Пирографијата е доста специфична и токму поради тоа бара огромен труд и внимание. Мислам дека со порастот на базарите луѓето гледаат колку значи уникатноста на едно парче и сè повеќе се цени нашиот труд како ракотворци и самата рачна изработка.rnrn
rnrnrnrn
6. Која ти е најверната публика и клиентела? Каде можат да те најдат нашите читатели?
rnСите оние кои живеат во рустикален стил или сакаат да внесат промена во нивниот стил. Моментално сум најбрзо достапна на Инстаграм како @elaincrafts, додека веб-сајтот не се заврши, преку кој ќе може да се прават директни нарачки.rnrn
rnrnrn
Интервју: Ана Ќурчиевска
-

Кула којашто го претвора загадениот воздух во чист кислород
Загадувањето на воздухот е сериозен проблем со кој се соочуваат многу градови во светот. Луѓето кои живеат во нив трпат многу негативни последици по здравјето и општо по квалитетот на животот. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот предизвикува 8 милиони жртви годишно.rnrn
rnrnВо борбата против овој огромен проблем, група научници измислиле вештачко дрво кое го претвора загадениот воздух во чист кислород. Ова е можеби најголемата шанса за спротивставување на загадувањето на воздухот и решавање на овој многу присутен проблем.rnrn
rnrnМотивирани од критичната ситуација со загадувањето на воздухот во Мексико Сити, група инженери, истражувачи и биолози од компанијата БиомиТек создале вештачко роботско дрво кое е дизајнирано да го подобри квалитетот на воздухот.rnrnДрвото за прочистување на воздухот се вика БиоУрбан и користи систем на филтрирање со микроалги кој го апсорбира загадениот воздух и продуцира чист, свеж. Инспириран од природата, БиоУрбан се базира на принципот на фотосинтеза кај растенијата, па тој ги вдишува загадените честички како јаглерод моноксид и азотни оксиди, а издишува чист кислород.rnrn
rnrnОвие дрва имаат капацитет да опфатат 13.140.000 м3 воздух годишно. Го филтрираат воздухот со ефикасност од 99,7%, а едно дрво произведува чист кислород еквивалентно на 368 млади дрвја. Со други зборови, БиоУрбан произведува доволно чист воздух за 2.850 луѓе на дневна база.rnrnСо оглед на проблемот во пренаселените места кои се борат со загадување на воздухот и фактот дека на природните дрвја им е потребно време за да пораснат, ова решение делува како соодветно, брзо и ефикасно.rnrn
rnrnУште подобро е што дрвата БиоУрбан немаат никакви негативни последици. Не произведуваат отпад, а во системот на прочитување користат алги кои веќе ги има во природата.rnrnСпоред компанијата којашто ги произведува овие дрва, идејата не е БиоУрбан да ги замени природните дрвја, туку да ги надополни и да им помогне во прочистувањето на воздухот. Металната конструкција на овие дрва е висока 4 метри и веќе е инсталирана во Мексико, Колумбија и Панама, а и други градови чекаат да го имплементираат овој метод на прочистување.rnrn
rnrnШто мислите, дали овие дрва навистина можат да го спречат загадувањето на воздухот? Дали би сакале да ги видите и кај нас?rnrnПогледнете го и овој иновативен изум: Дрва што генерираат електрична енергија.