Со човечкиот напредок и зголемувањето на потребата од освојување поголеми површини од земјата, за изградба на патишта, згради и нови технологии, природата и дивината често се запоставуваат и уништуваат. Дрвата, шумите и природните пејзажи неодговорно се отстрануваат од лицето на земјата, за да се направи простор за нови фабрики, домови, бизнис центри и патишта.rnrn
rnrnСвесни сме дека насекаде околу нас се уништуваат големи површини зеленило, со цел да се направи простор за новите проекти кои некогаш се одложуваат, па дури и откажуваат целосно, но откако штетата е веќе направена.rnrnМожеби е време сите да научиме нешто од овие архитекти кои нашле начин како да ги исполнат своите планови, додека истовремено ја почитуваат природата. Веројатно потребно е да се вложи малку повеќе труд, но идните генерации ќе ни бидат благодарни што сме се грижеле за светот во кој живееме.rnrnЗаштитата на Земјата и почитувањето на природата станува архитектонски тренд и верувале или не веднаш се забележува разликата. Погледнете ги следниве 12 градби кои човекот ги изградил во согласност со природните законитости.rnrn
Tag: дрва
-

12 архитектонски дела кои ја почитуваат природата
-

4 апликации со звуци кои ќе ви помогнат да бидете попродуктивни
Во филмовите писателите пишуваат на маса во кафуле или во природа слушајќи ги птиците и шумолењето на дрвјата. Постои причина зошто е тоа така. Иако бараме тишина за да бидеме сконцентрирани, вистината е дека мала галама помага за поголема продуктивност.rnrnМодерната технологија без проблем ви ги носи омилените звуци дома, од гужва во кафуле (како апликацијата Coffitivity, за која веќе сме пишувале), до звуци на капки дожд. Ова се уште 4 апликации кои ќе ви помогнат да ја разбудите креативноста, да работите во опуштена атмосфера и да бидете попродуктивни. Овие апликации се совршени за оние кои работат од дома, но и за оние во канцеларија. Одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и впуштете се во работа.rnrn
rn1. Raining FM
rnДождот е најсмирувачкиот звук, па зошто да не го слушате и кога не врне надвор? Апликацијата Raining FM ви носи звуци на дожд и грмотевици по ваш избор, а може да го прилагодите и нивото на звукот. Исто така, од десната страна ви стојат два потсетници, кога треба да се напиете кафе и да направите пауза, а кога е време да си легнете. Потсетниците треба само да ги тајмирате, така што може слободно да се изгубите во вашата работа, за некое време апликацијата ќе ве потсети да земете здив. Ако сте љубители на дождот ова е совршена апликација за вас.rnrn
rn2. 99U Music
rnДоколку сакате да слушате музика додека работите, а ви е смачено од едни исти песни и познати хитови кои се вртат по радио станиците, оваа апликација ќе ви понуди различни плејлисти кои ќе ве опуштат. Треба само да кликнете и да одберете која плејлиста сакате да ја слушате.rnrn
rn3. Ambient-Mixer
rnЗвук на дожд или звукот што го прават дрвата дури горат – Ambient-Mixer ќе ви понуди разни амбиенти, треба само да го одберете оној кој најмногу ви се допаѓа.rnrn
rn4. Noisli
rnА кога сме веќе кај одбирањето на вашите омилени звуци, Noisli ќе ви помогне да се опуштите со микс од звуци кои сами ќе си ги одберете. Може да направите апликацијата сама да меша звуци или пак вие сами да направите комбинација.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?
Дури и откако поминаа многу години откако престанавте да верувате во Дедо Мраз, сепак сите сакаме убаво накитено новогодишно дрво, креативни празнични декорации и снешковци. Во денешно време, не е битно само убаво да ја накитите вашата елка, туку уште покул е да креирате и самите една елка. Тие ќе го зголемат празничниот дух во вашиот дом и ќе го направат поинтересен вашиот ентериер. Еве од што сѐ можете да направите божиќно дрво:rn
Од вашите дебели студентски книги
rn
rnОд отпечатоците на вашите дланки
rn
rnОд украсна хартија за виткање подароци
rn
rnОд балони
rn
rnОд картонски кутии за јајца
rn
rnОд копчиња со различни големини и форми
rn
rnОд дрва
rn
rnОд страници од книга
rn
rnОд волница за плетење
rn
rnОд плутени тапи од шишиња вино
rn
rnОд украсни траки за виткање подароци
rn
rnЅидна колекција од фотографии, магнети, украси кои ви ја обележале 2012
rn
rnОд суви стапчиња
rn
rnОд стари весници бојадисани со златна боја
rn
rnОд салата со броколи
rn
rnОд брдо златни перничиња
rn
rnrnДоколку ништо од ова не ви се прави, можете да се позанимавате во текот на празниците, изработувајќи ја оваа едноставна хартиена елка, која ќе го збогати вашиот дом со хармонија.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Музика отсвирена на инструменти од природата
Ова несекојдневно музичко искуство наречено „Музика од природата“ е можност за момент да ги исклучите сите звуци од главата и да се препуштите на она што може да се отсвири со помош на самата природа.
„Музика од природата“ е дело на композиторот Диего Стоко, а е отсвирено исклучиво на инструменти од природата – дрвја, разни плодови, па дури и зуење на инсекти. Композицијата е наменета за да се одбележи Денот на планетата Земја од страна на компанијата Burt’s Bees.rnrnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Грамофон кој произведува музика од дрвени плочи
24-годишниот Германец Bartholomäus Traubeck, создал модифициран грамофон, кој произведува звуци од парчиња дрво. Прстените во пресекот на дрвените плочи, кои покажуваат колку е тоа старо, ги конвертира во звуци на пијано. Проектот го нарекол „Години“.
Наместо класичната игла, грамофонот на креативниот германски уметник, користи камера „Play Station Eye“, која ги чита вдлабнатините (годините) на пресеченото дрво и ги претвора во музика. Покрај камерата, проектот се состои и од модифицирана табла, компјутер, акрилно стакло, фурнир, степер мотор, а вградена е и програмата за музика „Аbleton live“. Работите се поврзани преку миди интерфејс. Грамофонот е со димензии 90 x 50 x 50 сантиметри.rnrn
Traubeck планира дополнителна надградба на грамофонот, со цел тој да може да произведува различни звуци од различни дрва. Се прашувате ли како би звучело вашето омилено дрво?rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Атрактивен канцелариски дизајн со вегетациски шмек
Француската архитектонска фирма „Pottgiesser“ ги има направено овие современи канцеларии со балансиран стил, за двете компании „Pons“ и „Huot“. Просторот е распореден во две хоризонтални рамнини една над друга, поделени со дрвена платформа, која служи и како покрив и како работно биро.rn
Канцелариите се сместени во реставрирана индустриска хала од 19от век, која е поддржана од метална рамка прекриена со стакло кое само се чисти.rn
Под дабовата платформа која служи како бироа за вработените, се наоѓаат салите за состаноци, собата за одмор и тоалетите. Архивата, кујната и соблекувалните се наоѓаат во четирите странични простории.rn
Уникатната брановидна поставеност на ентериерот, создава посебен канцелариски простор со сложена шема. Куполите направени од транспарентен плексиглас го определуваат работниот простор на секоја индивидуа.rn
Специфичност на овој простор му даваат фикусните дрва со прикриени жардиниери, кои создаваат чувство на прекрасен отворен простор исполнет со светлина и вегетација.






-

Уметност од конци
Францускиот уметник Себастијан Прешо (Sébastien Preschoux) е виновникот за оваа неверојатна вткаена серија на уметнички инсталации, кои ги соединуваат геометријата, креативноста и фотографијата во едно.rn

Неговата „ноктурна“ серија, како што тој ја нарекува, ја карактеризираат прецизни шаблони направени од конец растегнат низ делови од мирни и спокојни шуми. Со камера и добро поставено светло, Себастијан прави прекрасни фотографии од неговите скулптури од конец за да ги сподели со светот.rn

Ниедна од овие слики не е направена или обработена во Фотошоп, а сите тие се резултат на доброто и прецизно поставување на нишките и аголот на фаќање на моментот.rn

.rn„Првата моја ваква инсталација ја направив во една шума во Аргентина. Навистина беше пријатно искуство да работам во природна средина и никој да не ме вознемирува, ниту да ме брза. Исто така, дрвата се покажаа како навистина добра основа за моите дела, бидејќи се цврсти и не мора да се плашиш дека ќе уништиш нешто. Уживам кога ќе успеам да направам една колоритна нишка во средина која апсолутно нема ништо графичко и планско во неа.“
rn

















