КАФЕ ПАУЗА

Tag: другарка

  • Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

    Секогаш е погрешно да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, така? Тоа е како еден вид женско правило. Но, сè зависи од тоа како вашата другарка гледа на целата таа ситуација. Ако ја повреди, дали ќе вреди да започнете нешто со него? Запомнете, не правете нешто поради што ќе ја изгубите вашата другарка. Во кои ситуации е дозволено да почнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, а во кои не смеете ниту да помислите на тоа?rnrn1-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Може да започнете да излегувате со него кога:

    rn1. Тој е нејзин стар партнер за кој таа воопшто не размислува. Ако нивната врска завршила пред неколку години, а вашата другарка продолжила понатаму, тогаш дадете му шанса. Таа го преболила. Вие бевте доволно добра пријателка и ги држевте вашите чувствата за него потиснати во себе.rnrn2. Тоа било раскинување без премногу емоции. Раскинувањата не се секогаш лоши. Понекогаш и двајцата партнери се согласуваат дека нивната врска воопшто не оди, па заеднички се одлучуваат на тој чекор. Раскинувањето поминало без премногу емоции, па таа воопшто нема да ви замери. Само осигурајте се дека таа воопшто не е заинтересирана за него.rnrn3. Тие се другари. Ова е идеална ситуација. Раскинувањето поминало во најдобар ред и тие се сега другари. Тие се среќни што продолжиле да излегуваат со други луѓе, а притоа воопшто не се лутат. Слободно поканете го да излезете.rnrn4. Ако сте ја прашале дали е во ред да излезете со него и таа ви рекла „да“. Ако не сте сигурни како таа ќе реагира на тоа – прашајте ја. Можеби на почетокот ќе реагира бурно, но потоа ќе биде во ред со тоа. Сè додека ги почитувате нејзините желби нема да ја изгубите како другарка, но најбитно, ќе знаете дали за неа ќе биде во ред да започнете да излегувате со нејзиниот бивш.rnrn5. Таа продолжила понатаму во среќна врска. Дали вашата пријателка е во среќна, сериозна врска? Знаете што значи тоа? Вие имате зелено светло ако сакате да започнете да излегувате со нејзиниот бивш. Таа продолжила и е среќна. Ако таа е ваша другарка сигурно ќе сака и вие да бидете среќни како неа.rnrn6. Вие го сакате него повеќе отколку неа. Запрашајте се како навистина се чувствувате. Дали го сакате него повеќе отколку што ја сакате неа? Ако започнете да излегувате со него, може да го загубите вашето пријателство засекогаш. Но, понекогаш срцето го сака она што го сака.rnrn7. Таа врска никогаш не била сериозна. Дали таа врска траела неколку недели? Дали била официјална? Тоа никогаш не било сериозна врска и не завршила премногу драматично, па очигледно е дека таа воопшто нема да се грижи за него. Тоа нема да ѝ значи ништо.rnrn2-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_rn

    Не помислувајте да излезете со него кога:

    rn1. Ако раскинувањето било драматично. Ако ова е точно, не помислувајте да започнете да излегувате со него. Шансите да ја разлутите ако го направите тоа се многу големи. Едноставно не вреди да ја ставите во ситуација да мора да го поднесува тоа. Ако ништо друго, почекајте да го преболи.rnrn2. Сè уште не го заборавила. Почитувајте ја и дајте ѝ време за да го заборави. Ако започнете да излегувате со него, тоа само ќе ја повреди. Дали навистина сакате да ѝ го направите тоа? Не е во ред да започнете да се гледате со него ако таа сè уште има чувства кон него.rnrn3. Таа се вознемирува кога ќе го спомнете. Пробајте да го изговорите неговото име и забележете како таа ќе реагира. Дали таа се вознемирува или започнува да плаче? Дали е лута? Дали нејзините рани сè уште се отворени? Ако почнете да излегувате со него само ќе додадете сол на нејзината рана. Дајте ѝ време. Не ја измачувајте така што во нејзината околина повторно ќе го вратите момчето за кое таа сè уште има чувства.rnrn4. Тој ја изневерил. Не е важно колку многу го сакате него. НЕ ЗАПОЧНУВЈТЕ ДА ИЗЛЕГУВАТЕ СО НЕГО. Ако тој ја изневерил неа, најверојатно тоа ќе ви се случи и вам. Ова не значи дека не ја почитувате вашата другарка, туку значи дека не се почитувате самите себе. Момците кои изневеруваат не заслужуваат да ги ставите пред вашата другарка. Вашата врска ќе заврши во истиот момент кога ќе дознаете дека ве изневерил. Тој никогаш нема да биде само ваш. Не губете ја вашата другарка поради него.rnrn5. Кога ја прашавте таа изреагира бесно. Кога ја прашавте дали тоа ќе биде во ред, дали таа изреагира бесно? Дали е потребно да ви кажеме што значи ова? Послушајте ја. Таа не се согласува со ова. Заборавете на него.rnrn6. Кога ја сакате неа повеќе отколку него. Дали вашето пријателство ви е поважно од некое момче? Дали сте навистина сигурни дека тој е вистинскиот? Ако ја сакате вашата другарка многу повеќе отколку нејзиниот бивш, тогаш направете го најдоброто и пронајдете некој друг. Момците доаѓаат и заминуваат, но пријателствата остануваат вечно.rnrn7. Штотуку раскинале. Најверојатно вие бевте заљубени во него додека тие сè уште беа заедно. Можеби ќе можете да започнете да излегувате со него, но не сега. Никогаш, под никакви околности, не помислувајте да започнете да излегувате со момчето на вашата другарка веднаш по нивното раскинување. Дури и да било „лесно“ раскинување. Почекајте. Ако започнете веднаш, таа секогаш ќе се запрашува дали вие сте сакале да го украдете нејзиното момче.

  • Не читајте ја оваа хорор приказна доколку сакате да заспиете вечерва

    Не читајте ја оваа хорор приказна доколку сакате да заспиете вечерва

    Ова е „Приказната за Лиса“, чиј автор е Сани Шрajнер. Тој ја напишал кога имал 19 години, а оттогаш е раширена на многу сајтови, форуми и социјални мрежи, сè уште копкајќи ги луѓето дали е базирана на вистинска случка која самиот ја доживеал. Како што тој вели, верувајте во она што сакате да верувате, а ако не се плашите, продолжете со читање и подгответе се за најстрашната хорор приказна од која ќе ве полазат морници по целото тело.rnrn1-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Ова е Лиса. Таа ми е другарка. Мајка ми и татко ми не можат да ја видат, па рекоа дека е замислено другарче. Лиса е добра другарка.

    rn2-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Денес се обидов да посадам цвеќе во дворот. Сакав да го посадам во песокот, но Лиса рече дека тоа е местото каде што спие нејзиниот татко, па затоа го засадив во пластичен сад.

    rn3-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Лиса е денес со мене на училиште. Ја донесов за да ја покажам и да се пофалам, но на Г-ѓа Монро се налути бидејќи не можеше да ја види Лиса. Лиса се натажи, па го скри сунѓерот за бришење на таблата.

    rn4-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Вчера имав роденденска забава. Мајка ми купи пица, но никој не дојде. Лиса рече дека дошле луѓе на тремот, но си заминале. Сепак, ми оставиле подароци. Добив 3 барбики, некои чевли и 5 долари. Јас и Лиса си игравме со барбиките.

    rn5-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Г-ѓа Монро беше отсутна денес. Нејзината заменичка се вика Г-ѓа Дигман. Таа е убава и фина и ни дозволува да јадеме ужина после пишување во дневникот. Посакувам г-ѓа Дигман да ни остане учителка.

    rn6-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Денес Џонатан Паркер ми го украде торбичето со моливи. Г-ѓа Дигман не можеше да го најде, па го натера да ми ги даде неговите моливи. Лиса пак дојде во школо. Г-ѓа Дигман не можеше да ја види, но рече дека верува дека Лиса е вистинска.

    rn7-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Вчера јас и Лиса отидовме на долга прошетка која траеше додека не се појави месечината. Тато многу се налути и рече дека Лиса е глупава и лажна. Лиса стана многу тажна и депримирана. Денес таа не дојде на училиште, но Г-ѓа Дигман рече дека Г-ѓа Монро нема да се врати.

    rn8-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Тато вчера беше цел ден на работа. Не се ни врати дома за вечера. Денес тој е сè уште на работа. Мама ми спакува пудинг за денешниот ручек. Пудингот ми е омилен.

    rn9-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Ми недостига Лиса. Тато е многу зафатен на работа. Не дојде дома цел викенд. Мама му е многу лута. Ќе ѝ напишам писмо на Лиса.

    rn10-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Драга Лиса, ми недостигаш. Те молам врати се. Жал ми е што татко ми беше зол. Ти си ми најдобра другарка.

    rn11-Ne chitajte ja ovaa horor prikazna dokolku sakate da zaspiete vecherva-kafepauza.mkrn

    Лиса вчера се врати. Рече дека ѝ е жал што си отишла, а јас ѝ реков дека татко ми нема да се врати дома. Лиса рече дека Г-ѓа Монро и тој спијат исто како нејзиниот татко. Се надевам дека наскоро ќе се разбудат.
  • 11 работи кои морате да ѝ ги ветите на вашата најдобра другарка и да ги исполните

    11 работи кои морате да ѝ ги ветите на вашата најдобра другарка и да ги исполните

    Често нема да се сложувам со тебе, но секогаш ќе го ценам твоето мислење. Ти ветувам дека нема да те игнорирам кога ќе најдам дечко во кој ќе се заљубам до уши. Вака отприлика би изгледал прирачникот за женските пријателства.rnrn11-raboti-koi-morate-da-i-gi-vetite-na-vashata-najdobra-drugarka-i-da-gi-ispolnite-kafepauza.mkrnrn1. Често нема да се сложувам со тебе, но секогаш ќе го ценам твоето мислење.rnrn2. Секогаш кога ќе мислам дека правиш нешто погрешно, ќе ти кажам, но ќе те поддржам што и да одлучиш.rnrn3. Ќе ти одржам лекција за секоја грешка, но и ќе ти помогнам да ја исправиш.rnrn4. Ќе дојдам по тебе секогаш кога ќе бидеш во неволја, макар и тоа да е во најглувото доба од ноќта, на спротивниот крај на градот.rnrn5. Ќе ти кажам искрено кога фустанот не ти стои добро, како ни новата боја на косата.rnrn6. Ти ветувам дека секогаш ќе најдам време за нашата женска дружба, колку и да сум зафатена.rnrn7. Ти ветувам дека нема да те игнорирам кога ќе најдам дечко во кој ќе се заљубам до уши.rnrn8. Ќе го почитувам твоето момче, дури и кога ќе мислам дека не е баш вистински избор за тебе.rnrn9. Ќе ти кажам во истата секунда ако го видам со друга.rnrn10. Секогаш ќе бидам искрена за своите чувства кон тебе. Нема да се лутам и да не ти се јавувам, ако ми кажеш нешто искрено или непријатно, туку ќе зборуваме за тоа и ќе го решиме проблемот.rnrn11. Никој друг освен мене нема да ги знае твоите тајни.

  • 23 супер правила за вистинско пријателство

    23 супер правила за вистинско пријателство

    Колку само ги сакате вашите пријателки! Сигурно не можете да си го замислите животот без тие луди, откачени и кога е потребно сериозни личности. Затоа секогаш почитувајте ги овие правила за вистинските другарки.rnrn23 супер правила за вистинско пријателствоrnrn1. Во никој случај не смееш да флертуваш или не дај Боже да излегуваш со бившиот на твојата другарка.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn2. Во посебни пригоди, како роденден на твојата пријателка, не смееш да ја засенуваш бидејќи тоа е нејзин ден.rnrn3. Кога си на шопинг со другарка ти имаш задача да бидеш 100% искрена за секое парче облека што ќе го проба или козметички производ кој сака да го купи.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn4. Кога ќе ја чуеш вашата омилена песна ѝ се јавуваш веднаш.rnrn5. Не смееш да ставиш слики на Фејсбук каде твоите пријателки се лошо испаднати.rnrn6. Кога сте излезени не смееш да ја оставиш другарка ти сама поради момче.rnrn7. Имаш обврска да ѝ помогнеш да го откачи типот кој ѝ додева цела вечер, како и да го згазнеш под нозе оној кој ја повредил.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn8. Кога ќе чуеш како некој/а зборува лошо за твојата другарка, твоја задача е да му/ѝ го пукнеш носот!rnrn9. Во никој случај не смееш да ѝ зборуваш зад грб на другарка ти.rnrn10. Кога ќе направи торта треба да ја дојадеш макар и да не ти се допаѓа.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn11. Никако не смееш да издадеш некоја од тајните кои ти го кажала.rnrn12. Ако поседуваш снимка каде таа се глупира максимално, не смееш да ја покажеш во јавност, ниту да ѝ ја постираш на ѕид.rnrn13. Доколку другарка ти е на пат да направи глупост или животна грешка, мора да ѝ го отвориш очите.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn14. Секогаш сослушај ја твојата другарка.rnrn15. Никогаш не ја оставаш другарка ти да се глупира сама, особено не во јавност.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn16. Понекогаш ќе мора да ги излажеш родителите на твојата другарка.rnrn17. Во случај да го видиш дечко ѝ со друга мора да ѝ кажеш.rnrn18. Ако имаш згоден братучед грев е да не го запознаеш со твојата другарка.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn19. Ако нејзината симпатија е онлајн, во рок од 5 секунди јавувај ѝ се и кажи ѝ.rnrn20. Задолжително ја тешиш кога е тажна.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn21. Ако си вистинска другарка никогаш нема да јадеш вкусни палачинки или чоколадна торта без твоите другарки.rnrn22. Ако прекршиш некое од овие правила задолжително треба да ѝ се извиниш.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

    rn23. Во овој момент креваш слушалка да ѝ кажеш дека штотуку си ја прочитала „Библијата“ на вашето пријателство.rn

    23 супер правила за вистинско пријателство

  • 35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка

    Пријателите ги одбирате, но сестрата ви е дадена од Бога. Ќе стекнете многу пријателства, постојани и кратки, но сестра ви е вашата најдобра другарка која е тука и во добро и во зло. Се разбира, сте се карале како мали и нема да се согласувате за многу работи, но длабоко во себе знаете дека ви мисли само најдобро и дека што и да правите и каде и да одите нема да стекнете подобра другарка од вашата родена сестра.rnrnЕве само дел од причините зошто вашата сестра ви е најдобра пријателка. Доволно за уште веднаш да ѝ се јавите и да ѝ кажете колку ја сакате.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn1. Секогаш можете да ѝ се доверите за вашите семејни проблеми. Во иста „каша“ е и секогаш ќе ве разбере.rnrn2. Таа е тука секогаш за вас. Дури и ако вчера сте кубеле коси, денес е спремна да го згазне под нозе оној кој ве повредил.rnrn3. Затоа што ве знае подолго од која било ваша другарка.rnrn4. Едноставно ве разбира и без да се обидете да ѝ објасните.rnrn5. Затоа што вашата поголема сестра минала низ истиот пат и безрезервно ви дава искрени совети кои нема да ги чуете на друго место.rnrn6. Ви позајмува облека.rnrn7. Вашата постара сестра ве штити до лудило и иако некогаш ви оди по нерви, со нејзината мајчинска грижа па дури и надменост, знаете дека ви мисли добро.rnrn8. Вашата помлада сестра се огледува на вас што ви е доволна поддршка во лошите денови и ве мотивира да носите разумни одлуки бидејќи знаете дека вие сте ѝ пример.rnrn9. Кога ви треба рамо за плачење таа е само на една соба или еден кревет подалеку од вас.rnrn10. Таа е тука да ви ги прочита мислите тогаш кога тврдите дека сè е во ред.rnrn11. Никогаш нема да ве лаже за тоа како изгледате… за разлика од продавачката во бутикот која само се труди да продаде едно парче облека плус.rnrn12. Знае да ве сослуша бидејќи искрено се грижи за вас.rnrn13. Нема да ги издаде вашите тајни бидејќи сте семејно поврзани.rnrn14. Само со неа може да се смеете за некои чудни случки и личности во вашата фамилија.rnrn15. Затоа што ве тера да гледате хорор филмови заедно на што вие не можете да речете „не“.rnrn16. За секој нејзин обид да ве преплаши по завршувањето на хоророт.rnrn17. Затоа што ќе бара да спиете заедно бидејќи и таа се плаши.rnrn18. Само таа ја разбира вашата чудна смисла за хумор и обратно.rnrn19. Може да го претепа оној кој ви го скршил срцето па чувствувате дека немате потреба од постар брат.rnrn20. Ве има видено како играте низ соба и не ви се смее, и таа го прави истото.rnrn21. Може во очите да ви прочита доколку сте вознемирени.rnrn22. Бидејќи неверојатно е во колку работи сте слични а колку понекогаш сте различни.rnrn23. Затоа што се гордеете на нејзините успеси а и таа на вашите.rnrn35 причини зошто вашата сестра ви е најдобра пријателкаrnrn24. Бидејќи кога се роди вашата помала сестра делумно ја презедовте мајчинската улога.rnrn25. Затоа што е оригинална на свој начин а многумина не знаат за таа нејзина карактеристика.rnrn26. Секогаш може да снимите луди домашни видеа со ваши кореографии и комични ситуации.rnrn27. Како мали најголемите бељи ги правевте со вашата сестра.rnrn28. Не се плаши да ви ја каже вистината во очи и нема да се обидува да ги ублажи зборовите кога треба под итно да се соочите со суровата реалност.rnrn29. За сите тајни кои ги криела за вас, за секој пат кога излегла со вас само за да ве пуштат родителите, за секој час од кој сте избегале а таа не кажала.rnrn30. Ве видела и во најдобри и во најлоши изданија а сепак ве сака.rnrn31. Знаете дека кога ќе имате деца (или ако веќе имате деца), таа ќе биде ваша бебиситерка на располагање.rnrn32. Без разлика колку сте физички оддалечени, ја чувствувате блиску до вас.rnrn33. Нејзиниот совет е токму она што сакавте да го чуете во моментот.rnrn34. Не се обидува да ве промени бидејќи ве сака такви какви што сте.rnrn35. Бидејќи помисливте на неа во истиот момент кога го прочитавте насловот и знаете дека е ваша единствена.

  • Дали вашата најдобра другарка ви е сродна душа?

    Дали вашата најдобра другарка ви е сродна душа?

    Во животот наидуваме на многу различни пријатели, но со некои едноставно совршено се надополнуваме и меѓусебно си ги правиме животите поубави. Постојано се слушаме по телефон, правиме заеднички откачени фотографии, сакаме заедно да чуваме куче, пееме караоке и најомилени викенди ни се оние поминати во заедничко друштво, со одличен филмски маратон во придружба на полна кофа со пуканки.rnrnДали вашата најдобра другарка ви е сродна душа?rnrnДоколку со вашата најдобра другарка ги правите сите работи прикажани во видеово или барем голем дел од нив, вие сте на добар пат, бидејќи сте ја пронашле вашата сродна душа.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

    Зошто сестра ти ти е најдобра другарка?

    Во животот се стекнуваме со многу привремени и трајни другари и другарки, но врската со сестрата е посебна. Таа не е само сестра, таа е истовремено и најзабавната, најискрената и најдобрата другарка која некогаш ќе ја имаш. Еве некои од причините зошто е тоа така.rnrnЗошто сестра ти ти е најдобра другарка?rnrnКога останувате дома во петок навечер, заедно гледате филмови цела ноќ.rnrnА кога излегувате заедно во град си поминувате незаборавно.rnrnСе возите заедно во кола со гласна музика и пеете без срам.rnrnТаа не се воздржува да ти ја каже суровата вистина.rnrnСестра ти те засмева до степен што не можеш да се контролираш.rnrnМногу пати би ги откачила сите другарки за да си се дружиш со неа.rnrnСпиете во иста соба и секоја вечер ви е пижама-парти со безброј авантури и смеење до солзи.rnrnИмате тајни кои знаете дека никогаш не би ги кажале на некој друг.rnrn„Одите“ на кафе во кој било ден од денот.rnrnИграте на спотови во дневната соба додека не ви се дома родителите.rnrnТаа е тука за тебе кога ти е тешко и кога сакаш да се исплачеш.rnrnТе поддржува во битните моменти од твојот живот, како кога се спремаш за тежок испит или одиш на интервјуа за работа.rnrnНе се срамите една од друга да јадете огромни порции шпагети заедно.rnrnСи позајмувате облека за излегување.rnrnАко некој се однесува лошо со тебе, таа ќе те заштити.rnrnИмате направено доволно фотографии од вас за да наполните 2 големи албуми.rnrnИмате ваши интерни шеги кои никој друг не ги разбира.rnrnТаа редовно ти се јавува да те праша како си и што ти се случува во животот.rnrnСестра ти редовно ти стиска „лајк“ на сите статуси и фотографии, дури и кога никој друг не го прави тоа.rnrnИмате кавги и се скубевте како мали, но сепак многу брзо се смирувате бидејќи не може да помине ни ден, а да не зборувате.rnrnСите ви љубоморат на врската која ја имате бидејќи никој нема сестринско-пријателски однос како вашиот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Едно е сигурно, вистинските пријатели се тука едни за други и во добри и во лоши времиња. Па така, без разлика дали треба да се помине цел еден ден слушајќи за бившиот/та и да се повторува по стоти пат колку правилна одлука е тоа што раскинале, никогаш не се буниме за посветеното време, па и нерви. Но, можеби може да се направи нешто повеќе од само едно кафе посветено на неговите/нејзините маани и тешење дека наредниот/та ќе биде вистинскиот/та. Еве неколку начини како најдобро да им помогнеме на пријателите во вакви ситуации.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    1. Прилагодете се на расположението

    rnРаскинувањето со себе носи и промени на расположението, но обично сите одиме во една или во друга крајност – екстремно плачливи или нервозни во стилот „тргни ми се од пред очи“. Без разлика на вентилот кој го избрал вашиот пријател/ка, прилагодете се на секоја ситуација. Сака да гледа срцепарателни драми цела недела? Не заборавајте сладолед. Секое споменување на бившата љубов е проследено со изливи на нервоза? Одете во теретана и цврсто држете ја боксерската вреќа.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    2. Негативни коментари се добредојдени, секако наменети за другата страна

    rnДа бидеме реални, никој не сака да слушне од своите пријатели, и тоа веднаш после раскинувањето, за тоа колку згоден дечко ù бил бившиот или колку паметна девојка му била поранешната. Ако некогаш сте имале нешто негативно да кажете или имало нешто што ве вадело од такт, сега е вистинското време за тоа. Можеби звучи детски и незрело, но токму некој таков коментар можеби ќе измами насмевка.rnrnДевојките можеби ќе се сетат на сцената од „Сексот и градот“, кога Кери се труди да ги убеди сите дека добро се справува со новата врска на Биг и Наташа, и токму среде непријатната тишина Саманта вели „Наташа, какво име е тоа?“. Некој ваков коментар сигурно ќе успее да го/ја насмее. Ако сака да биде малку злобен/на, бидете злобни заедно.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    3. Не дозволувајте да направи нешто за што подоцна ќе се покае

    rnАлкохол и телефон во рака никогаш не се добра комбинација. А сите знаеме колку е лошо чувството кога утредента ќе се разбудиш со мислата дека си испратил некоја не толку пријатна порака кај последниот човек со кој би требало да комуницираш. Направете им услуга на вашите пријатели и не дозволувајте да западнат во слични ситуации. Затоа што дефинитивно е тешко кога подоцна уште и треба да се извиниш со изговор дека алкохолот си го направил своето. Уф!rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    4. Испланирајте нешто на што ќе се радува

    rnБило да е излегување на некое ново место, викенд некаде на страна или пак одење на кино, што и да е што ќе направи да се чувствува подобро. Секогаш е добра идеја да се биде активен, а токму поради тоа што ќе мора да мисли на вашето следно патување нема да има време да размислува за ништо друго, а особено не на бившиот/та. Патем, шопингот е секогаш добра опција.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    5. Или пак, не правете ништо

    rnДоколку почувствувате дека на вашиот пријател/ка му/ù е потребно само повеќе време да биде сам/а, тогаш најдобро што можете да направите е да оставите простор и време за тоа. Секој човек различно се соочува со животните кризи, а вие најдобро ги познавате вашите пријатели и знаете што им треба во моментот. Некогаш, доволно е да знае дека сте тука во кое било време.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    6. Помогнете да се фокусира на другите аспекти од својот живот

    rnОна што можеби најтешко им паѓа на сите после раскинување, особено кога станува збор за долга врска, е како да се прилагодат на фактот дека сè она што претходно го правеле во пар сега мора да го прават сами. Не дозволувајте да се откаже само затоа што сега ќе треба нештата да ги врши сам/сама. Особено важно е да помогнете да си ја поврати самодовербата, поттикнувајќи го/ја на нови предизвици, без разлика дали е тоа ново хоби, нова работа или пак можеби да повика некого на состанок.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

  • Астрологијата и моминската вечер

    Астрологијата и моминската вечер

    Сакате да испланирате совршена моминска вечер за вашата најдобра другарка? Во тој случај, добро би ви дошле неколку совети од космосот, кои ќе ви помогнат да сфатите во што навистина би уживала идната невеста на нејзината последна сингл вечер.rnrnАстрологијата и моминската вечерrn

    Овен

    rnНевестата со хороскопски знак овен ќе сака моминска вечер која е забавна, енергична, но да не трае со часови. Таа сака да ја прескокне традицијата и да ги прави работите кои неа ѝ се допаѓаат, па затоа другарките треба дефинитивно да ја вклучат идната невеста во планирањето на моминската вечер.rn

    Бик

    rnНевестата родена во знакот бик ќе сака моминска вечер во која ќе бидат послужени разни видови закуски и скапо вино. Овој сензуален хороскопски знак тежнее по релаксирачка атмосфера, која ќе ѝ дозволи да го забави темпото и да ужива во моментот додека трае.rn

    Близнаци

    rnЗабавната и безгрижна невеста родена во знакот близнаци најверојатно најмногу ќе ужива во својата моминска вечер доколку на неа со другарките играат „Вистина или предизвик“, „Врти шише“ или некоја друга игра од ваков тип. „Што повеќе, толку подобро“ е социјалното мото на близнаците, така што другарките треба да ги поканат сите девојки кои таа ги знае. Таа ќе ужива озборувајќи со секоја нејзина гостинка.rn

    Рак

    rnУбава храна и присуството на женски членови од семејството ќе направи милата невеста со хороскопски знак рак да биде среќна на нејзината моминска вечер. Имајте повеќе хартиени марамчиња при рака и направете многу фотографии и видеоснимки, бидејќи оваа чувствителна девојка најверојатно ќе пролее многу солзи-радосници додека слави и таа дефинитивно ќе сака секој момент да биде документиран.rn

    Лав

    rnНевестата со хороскопски знак лав ќе сака да биде во центарот на внимание на нејзината моминска вечер. Направете проекција на фотографии или краток филм во кој таа ќе биде главната ѕвезда. „Лавицата“ ќе ужива во аплаузот и пофалните зборови од нејзините другарки.rn

    Девица

    rnНевестата родена во хороскопски знак девица ќе ужива во богато сервирана трпеза и пријатен разговор со нејзините најблиски другарки. Ваквата класична забава збогатете ја со тоа што ќе повикате козметичарка која ќе ѝ направи специјален педикир и маникир со кој вашата девица ќе биде на „седмо небо“.rn

    Вага

    rnМоминска вечер помината во софистициран спа-центар, ќе ја направи романтичната вага среќна. После прекрасното уживање во неверојатен комфор заедно со најблиските пријателки, таа одвај ќе чека да се сретне со свршеникот и да ги сподели впечатоците од денот.rn

    Скорпија

    rnНевестата-скорпија со сигурност ќе сака провокативна моминска вечер. Без разлика дали станува збор за некакви одбрани секси поклони за првата брачна ноќ, стомачен танц или пак посета на машки стриптиз-клуб, невестата ќе си помине забавно. Бидете сигурни дека нејзината енергична страна ќе избие на површина во текот на ноќта.rn

    Стрелец

    rnНевестата родена во знакот стрелец нема да сака нешто премногу девојчинско за нејзината моминска забава. Наместо тоа, овој авантуристички дух најверојатно ќе сака да ја помине ноќта во некој забавен парк или правејќи нешто екстремно. Вака поминатата ноќ ќе ѝ се допадне многу повеќе, отколку да седи, да муабети и да грицка предјадења заедно со нејзините другарки.rn

    Јарец

    rnКонзервативната и внимателна невеста, родена во знакот јарец ќе ужива доколку нејзината моминска вечер вклучува почитување на традицијата и добриот вкус. Практичната невеста, исто така, ќе сака на нејзината моминска вечер да бидат поканети и некои другарки успешни во нивната кариера, со кои ќе добие шанса малку да поразговара додека се забавува.rn

    Водолија

    rnНевестата-водолија ќе сака нешто поразлично од вообичаеното за нејзината моминска ноќ. Астролог или читач на тарот карти би можеле да бидат интересни нешта кои ќе ѝ дадат космичка перспектива на ноќта во која таа ќе ужива.rn

    Риби

    rnСпиритуалната невеста родена во знакот риби, би сакала мала церемонија или некаков ритуал на нејзината моминска вечер. Масажа на стапалата со разни креми и етерични масла ќе ѝ причини големо задоволство на рибата, бидејќи и онака најчувствителен дел од нејзиното тело се токму стапалата.