КАФЕ ПАУЗА

Tag: дожд

  • 10 причини зошто децата треба да го поминат врнежливиот ден надвор

    10 причини зошто децата треба да го поминат врнежливиот ден надвор

    Дали сте родител што реагира на првите дождовни капки и ги прибира децата дома? Дали имате навика да ги откажувате излетите и прошетките со децата заради лошата временска прогноза? Прочитајте ги овие 10 причини зошто треба да ги промените тие навики:rnrn10 причини зошто децата треба да го поминат врнежливиот ден надворrnrn1. Затоа што на децата не им пречи дождот. Дали познавате некое дете кое би одбило да оди во парк затоа што надвор врне малку дожд?rnrn2. Бидејќи мантили и гумени чизми може да се купат на секој агол и не се многу скапи.rnrn3. Затоа што во земји како Шведска, врне 270 дена годишно, а децата таму поминуваат повеќе време надвор отколку нашите деца.rnrn4. Бидејќи за време на многуте години еволуција, децата го поминале целото детство надвор, играјќи на сите временски услови, што значи дека сме генетски приспособени да бидеме мокри.rnrn5. Затоа што децата ќе пораснат верувајќи дека животот треба да продолжи нормално, без оглед на временските услови.rnrn6. Бидејќи играњето со вода е извор на радост кај децата и има докажана психотерапевтска улога.rnrn7. Бидејќи децата што играат на дожд се помалку разгалени.rnrn8. Бидејќи барата со вода е фантастично место за експерименти и забава.rnrn9. Затоа што, за да ја сака, да ја почитува и да ја заштити природата, детето треба да се поврзе со природните појави.rnrn10. Затоа што кога ќе го оставите детето надвор на дождот, му давате до знаење дека е способно и отпорно, што ја гради неговата самодоверба.rnrnПрочитајте кои 6 способности децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.

  • Направете „дождовна“ честитка

    Направете „дождовна“ честитка

    Еве една супер идеја за честитка што можете да ја направите сами за нечиј роденден кој е токму овој месец или по некој друг повод кој е во овој период. Покажете им ја и на вашите дечиња, па и тие нека се обидат да ја направат за своите другарчиња, баби или дедовци.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn 011

    • Колажна хартија
    • rn 011

    • Ножички
    • rn 011

    • Лепак
    • rn 011

    • Маркери
    • rn 011

    • Водени бои
    • rn

    rnНаправете „дождовна“ честиткаrn

    Постапка:

    rnЗемете бел лист хартија кој ќе ви биде честитка и превиткајте го на два еднакви дела. Потоа, земете еден од колажните листови во боја и свиткајте го како хармоника, па соберете го и свиткајте го на пола и залепете го на средината од честитката, како на сликата. Потоа, под хартијата која ја залепивте (а која претставува чадор) нацртајте му рачка на чадорот и девојче или момче кое го држи чадорот.rnrnМожете дополнително да ја украсите вашата честитка и да додадете капки дожд, суви лисја и друго според вашата желба и креативност.rnrnЗа уште поинтересна честитка, на ликот кој го држи чадорот, може да му залепите пластични очи.rnrnНаправете „дождовна“ честиткаrnrnСе чувствувате креативно? Сакате да изработите уште нешто? Погледнете ја оваа прекрасна декоративна кутија со лалиња која може да биде одличен подарок со личен печат.

  • Едноставни и слатки идеи за љубовни состаноци за време на летните врнежливи денови

    Едноставни и слатки идеи за љубовни состаноци за време на летните врнежливи денови

    Врнежливите денови не смеат да ве спречат во тоа да имате интересни мигови со саканата личност. Можеби не е идеално време за љубовни состаноци, но со малку креативност може да имате забавно лето дури и кога врне. Како? Ние имаме неколку едноставни идеи за вас.rnrnЕдноставно и слатки идеи за состаноци за време на летните врнежливи деновиrn

    1. Читајте заедно во кафуле

    rnИма нешто смирувачко во пиењето кафе во омиленото кафуле додека надвор врне. Секако, нешто што дополнително ќе придонесе да се чувствувате убаво е вашата омилена книга и присуството на саканата личност. Па, ете ви одлична идеја за љубовен состанок – уживајте заедно додека читате!rn

    2. Гответе заедно

    rnНе се грижете доколку не сте најдобриот готвач, тоа што е навистина важно е забавата. Размислете за тоа кои ви се омилени јадења и гответе еден за друг. Каков и да е крајниот резултат, сигурни сме дека ќе поминете квалитетно време заедно, работејќи како тим.rn

    3. Одете на вечера

    rnАко воопшто не ви се готви, дотерајте се и одете на вечера. Веруваме дека имате листа со ресторани кои сакате да ги посетите, па ете ви прилика. Време е да го пробате специјалитетот за којшто зборувате со недели, а сте го виделе на Инстаграм.rn

    4. Играјте друштвени игри

    rnМонопол, Ризик, Џенга… изборот е голем. Облечете се удобно, земете нешто за грицкање и играјте со часови. Секако, на крај губитникот треба да чести билети за наредната посета на музеј.rn

    5. Посетете музеј

    rnПосетата на музеј може да биде одлична идеја бидејќи ќе научите нешто ново, а во исто време ќе бидете на затворено. На врнежлив ден, дури и музеите можат да бидат романтични.rn

    6. Разбудете го детето во себе

    rnОдвреме-навреме, добро е да се навратите на детските игри. Извадете ги вашите гумени чизми и скокајте во вирчиња. Звучи детски, но ќе ви биде многу забавно! Можеби ќе добиете по некој чуден поглед од луѓето во околината, но тие само ќе ви завидуваат на слободата која ја чувствувате.rn

    7. Вежбајте заедно

    rnДури и ако вежбањето е последната работа која сакате да ја правите, тоа може да биде сосема поинакво искуство доколку вежбате со саканата личност. Трчајте заедно на трака или правете вежби за стомачни. Сѐ е полесно кога ја имате потребната поддршка од партнерот. Исто така, смеењето троши калории, па слободно насмејте му се доколку погрешно ги прави вежбите.rn

    8. Гледајте претстава

    rnНема ништо подобро од уживање со одлична приказна на „даските што живот значат“. Во македонските театри се играат одлични претстави, од комедија до драма. Отворете го нивниот репертоар и одберете нешто што ќе ви го привлече вниманието.rnrnДоколку сакате авантури, еве и неколку уникатни идеи за љубовни состаноци.

  • Дождот сепак помага во борбата против депресијата

    Дождот сепак помага во борбата против депресијата

    Дождливото време може да делува депресивно, па често го поврзуваме со чувство на тага. Но изгледа дека ова е погрешно. Имено, луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија истакнуваат како им годи дождливото време. Во овие моменти тие не доживувале напад на депресија или анксиозност.rnrnДождот сепак помага во борбата против депресијатаrnrnИстото важи и за луѓето кои се импулсивни и нервозни. Овие луѓе често спомнуваат дека сакаат дожд, а причината е што тој ги опушта и смирува. Доколку размислите, зад ова има и некаква логика.rnrnНашиот мозок го перцепира звукот од дождот како смирувачка и безопасна врева. Токму поради ова постојат многу видео и аудио записи за опуштање и медитација кои содржат звуци од дожд.rnrnДодека врне, обично луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа пак во затворен простор го прават она што најмногу го сакаат. Звукот на дожд ги смирува па полесно им е да читаат книга или да се релаксираат со топла купка.rnrnПокрај тоа, многу луѓе го поврзуваат мирисот на дождот со позитивни мисли и сеќавања од минатото. Интензивниот и суптилен мирис ве враќа во време кога сте биле на топло и сигурно.rnrnНаучниците истакнуваат дека во хормонските промени важен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено силен, мозокот го толкува како сигнал за смирување. Покрај тоа, овој смирувачки звук ја прикрива и непријатната врева којашто може да ве разбуди или вознемири, како на пример вревата од автомобилите.rnrnПа на следниот дожд обидете се да се опуштите, заборавете на депресијата и уживајте.rnrnПогледнете и кои се симптомите на скриена депресија кои може да се појават кај секого.

  • Немојте да го испуштите најголемиот и најсветлиот дожд од метеори

    Немојте да го испуштите најголемиот и најсветлиот дожд од метеори

    Оваа година се очекува најсветлиот дожд од метеори за кој се верува дека ќе го осветли небото и дека некои метеори ќе бидат видливи и во текот на денот. Дождот се очекуваа да почне на 11-ти август и да трае до 13-ти август, 2017-та година. Највидлив ќе биде на 12-ти, а астрономите сметаат дека ова ќе биде најсветлиот дожд од метеори во последниве 100 години.rnrnnemoj-te-da-go-ispushtite-najgolmeiot-i-najsvetliot-dozhd-od-meteori-kafepauza.mkrnrnОвој феномен е познат како метеорски дожд Персеиди и се случува секоја година помеѓу 17-ти јули и 24-ти август. Најдобриот поглед кон настанот ќе го имаат луѓето на северната хемисфера, а метеорите изгледаат како да доаѓаат од соѕвездието Персеј.rnrnrnrnНајдобро е небото да го набљудувате со голо око бидејќи така ќе забележите повеќе метеори наеднаш. Инаку, дождовите од метеори се случуваат кога честички од вселената се судираат со атмосферата на Земјата со огромна брзина.rnrn(2)nemojte-da-go-ispushtite-najgolemiot-i-najsvetliot-dozhd-od-meteori-kafepauza.mkrnrnВо продолжение, погледнете го и видеото од метеорскиот дожд Персеиди од 2016-та година.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YT3BEk0LOgA

  • Нацртајте човек на дожд: Тест кој може да открие многу работи за вас кои ниту самите не сте ги знаеле

    Нацртајте човек на дожд: Тест кој може да открие многу работи за вас кои ниту самите не сте ги знаеле

    Психолозите веруваат дека е можно да се оценат различни подрачја од потсвеста, како што се стравови, соништа и главните особини на личноста во целост. Дизајнираните техники на личноста, особено може да анализираат како некој реагира на одредени ситуации низ цртеж. Затоа ние ве повикуваме да откриете што вашиот цртеж зборува за вас. Ќе морате да нацртате личност на дожд. Тестот ќе го открие вашиот став кон толеранцијата, притисокот и фрустрацијата, вашите одбранбени механизми и нивото на анксиозност.rnrn1-nacrtaj-chovek-na-dozhd-test-koj-mozhe-da-otkrie-mnogu-raboti-za-vas-koi-nitu-samite-ne-ste-gi-znaele-www.kafepauza.mk_rnrnЗа намените на ова испитување, треба да нацртате човек на дожд и да измислите приказна. Главната цел е да добиете информации за вашата личност низ сликата на човек што е во одредена незгодна околност. Епа ајде, земете молив и хартија и препуштете се на вашата креативност. И кога ќе завршите, продолжете со читање.rnrnПа, што ќе се анализира на вашиот цртеж?rn

    Ориентација на цртежот:

    rnНа десната страна: Ако личноста на вашиот цртеж се наоѓа на десната страна, тоа ја покажува вашата желба да растете професионално и вашата доверба во она што ќе се случи во иднина.rnrnНа левата страна: Ако личноста се наоѓа на левата страна на цртежот, тоа го покажува вашиот песимистичен став и дека нешто од минатото ве спречува да бидете среќни во иднина.rnrnВо средина: Ако вашата личност го зазема средниот дел до цртежот, тоа значи дека сте натпреварувачки тип.rn

    Чадор:

    rnБез чадор: Тоа укажува дека вие немате заштитни механизми и ресурси за борба во тешките животни ситуации.rnrnГолем чадор кој ја прекрива целата личност: Значи дека сте многу одбранбен тип на личност, на која секогаш ѝ треба заштита, а преферира изолација.rnrnРачен чадор: Постојано ви треба поддршка и однапред подготвен акциски план, дури и ако знаете дека нема да ви биде потребен.rn

    Човечки лик:

    rnПоглед нанапред: Способност да се соочите со тешките ситуации.rnrnПрофил: Желба да се избегнат нејасните ситуации.rnrnЗавртен со грб: Потреба да се помине незабележано.rn

    Големина на цртежот:

    rnМал човек: Скромност, несигурност, чувство на помала вредност, ниска самопочит.rnrnГолем човек: Потреба да се биде признат, склоност кон тишина.rn

    Како сте ја цртале сликата?

    rnНајчест начин е да започнете од главата на личноста и да завршите со дождот. Меѓутоа…rnrnАко сте започнале од нозете: Тогаш тоа покажува дека имате тенденција да изберете погрешен начин за решавање на своите проблеми.rnrnАко сте започнале од чадорот: Тоа може да биде знак на прекумерен одбранбен став.rn

    Се движи ли личноста на цртежот?

    rnАко личноста стои мирно: Тоа покажува дека сакате да се заштитите од околниот свет и дека имате некакви проблеми со прилагодувањето.rnrnАко личноста оди: Тоа значи дека знаете каде одите со вашиот живот.rnrnБидејќи секој цртеж е единствен и интерпретациите се разликуваат од личност до личност, тестот обично се применува и интерпретира од страна на стручна личност.

  • Продуктивни работи што можете да ги правите за време на дождливите денови

    Продуктивни работи што можете да ги правите за време на дождливите денови

    Со доаѓањето на есента пристигнаа и дождливите денови. Некои луѓе уживаат во нив, додека пак други едвај чекаат да поминат. Како и да е, дождливото време не може да ве спречи да бидете корисни. Имено, постојат многу продуктивни активности кои можете да ги правите, наместо да стоите и нетрпеливо да чекате тие да поминат. Во продолжение погледнете 25 работи што можете да ги правите во овие дождливи есенски денови.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn1. Направете план за штедење. Штедењето никогаш не е бескорисно. Согласно вашите примања и трошоци, направете план за штедење и поставете си цел за што ќе ги намените овие средства.rnrn2. Направете некои измени. На пример, одлучете се да го промените изгледот на вашата соба или пак да преуредите некоја фиока.rnrn3. Изберете ново хоби. Седнете и размислете што најмногу ве интересира и ве исполнува. Дождливото време е одлично за да се посветите себеси.rnrn4. Вратете се на некое старо хоби. Можеби како помлади сте биле колекционери на нешто или пак сте имале навика да пишувате поезија. Зошто повторно да не се потсетите на нив?rnrn5. Гответе за претстојната недела. Подгответе некое јадење, супа или некои колачиња кои може да се чуваат во фрижидер.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn6. Средете го шпајзот. Несомнено е дека шпајзот е многу корисен, но исто така ова место лесно може да стане просторија каде што ќе се ставаат многу работи кои потоа се забораваат. Дождливиот ден е одлично време да го средите и да се ослободите од предметите кои не ви се потребни.rnrn7. Исчистете го вашиот плакар. Колку парчиња облека имате што воопшто не ги носите? Време е да се ослободите од нив и да ги подарите некому кому му се потребни.rnrn8. Испробајте нови вежби. Постојат голем број вежби кои можете да ги практикувате во вашата соба. Важно е да започнете!rnrn9. Правете планови за животот. Одвојте време да размислете за својот живот и за своите планови во врска со кариерата, здравјето, семејството, па дури и за некои мали работи кои сакате да ги постигнете. Планирањето е првиот чекор за да го добиете посакуваното.rnrn10. Водете дневник. Запишувањето на работите може да ви помогне да сфатите каде сте, да одлучите што сакате да бидете и како да се справите со најтешките проблеми.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn11. Одговорете некому кој ве барал. Имате стар имејл на кој треба да одговорите? Или пак некој пријател очекува ваш повик? Сторете го тоа сега!rnrn12. Чистете. Иако се подразбира дека треба да чистите, дождливите денови кога сте дома, искористете ги за темелно чистење на вашите соби.rnrn13. Испробајте нов рецепт. Експериментирајте во вашата кујна и испробајте нови рецепти за готвење, торти и колачи. На Интернет ќе пронајдете многу кои можете да ги пробате, а за кои секогаш сте сметале дека немате време.rnrn14. Направете некои активности кои долго време сте ги одложувале. На пример, средете ги документите или исчистете ја неуредната фиока.rnrn15. Дајте му некому до знаење дека се грижите. На потежок или на полесен начин, кажете му на некој дека се грижите за него или покажете му го тоа со мал гест на внимание.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn16. Закажувајте. Користете го телефонот во дождливите денови за да закажете кај вашиот заболекар, фризерски салон или пак договорете состанок со ваш стар пријател.rnrn17. Платете ги сметките. Доколку ги плаќате сметките електронски, дождливите денови се одлични за да ја завршите оваа ваша обврска.rnrn18. Разгледајте го и приспособете го вашиот буџет. Одвојте време да се посветите на вашиот буџет, па да го приспособите на вашите потреби.rnrn19. Почнете со некои подготовки. Без разлика дали тоа е некоја трка, патување кое ве очекува или извршување на некоја задача. Завршете ги работите порано, па потоа ќе имате помалку грижи.rnrn20. Променете го вашето место. На пример, доколку ви се досадила вашата соба за спиење, понудете им на вашите браќа/сестри да ги замените.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите деновиrnrn21. Испечете колачи. Кој не би сакал топли, свежо печени колачи во студените денови? Доколку не сакате да направите премногу, ставете го тестото во замрзнувач и секогаш кога ќе посакате можете да го извадите и да го испечете.rnrn22. Направете картички со пораки и подароци за вашите најблиски. Ако се приближува роденденот на некој од вашите најблиски, обидете се да им направите уникатен подарок, со што ќе ги покажете вашето внимание и љубов.rnrn23. Работете дополнително. Ако веќе имате начин за дополнителна заработка од дома, правете го тоа. Доколку не, истражувајте кои опции ви стојат на располагање.rnrn24. Средете си го профилот на социјалните мрежи. Можеби имате некои личности кои не ги ни познавате, или пак некои кои се досадни со нивните постојани објави. Дождливите денови се одлични за чистење на вашата листа на пријатели.rnrn25. Спијте. Можеби сметате дека ова не е продуктивно искористено време, но доколку сте таков вид човек кому му е потребно повеќе спиење за нормално функционирање, врнежливиот ден е одлично време да се наспиете, за потоа да се разбудите свежи и подготвени да ги извршувате останатите работи.rnrnПродуктивни работи кои можете да ги правите во дождливите денови

  • 3 едноставни начини да останете ведри и за време на „дождливите денови“

    3 едноставни начини да останете ведри и за време на „дождливите денови“

    Животот е како времето – малку сонце, малку дожд. Луѓето поминуваат низ тешки и непријатни ситуации дома, на работа, а некогаш може и еден обичен дождлив ден да ви го расипе расположението. Дали ви се случува да се чувствувате несреќни и фрустрирани кога надвор врне? Може ли времето да влијае на вашето расположение и тоа да го диктира вашето однесување кон себеси и кон околината? Што можете да направите во тие мигови? Ви нудиме 3 едноставни совети кои можат да ја покренат вашата среќа и нивото на енергија, не само во дождливите денови, туку секогаш кога работите не одат онака како што посакувате. Тогаш, кога ќе почувствувате дека емоциите почнуваат да се мешаат, а вашите очи се полнат со солзи.rnrn(1) 3 едноставни начини да останете ведри и во „дождливи денови“rn

    1. Сменете ја перцепцијата

    rn

    „Ако го смените начинот на којшто гледате на нештата, нештата во кои гледате ќе се сменат.“ – д-р Вејн Дајер

    rnМожете да изберете да ја смените перцепцијата и да го гледате дождот како благослов за убавото зеленило во природата. Дождот е суштински елемент за одржувањето на животот и за растот во природата. Но, тој исто така е добар и за нашата коса, па затоа нема ништо лошо да направите една незаборавна прошетка, со или без чадор. Излезете слободни на дождот и дишете од чистиот воздух што го носи со себе. Не дозволувајте му да ве затвори, затоа што природата и надворешниот свет не живеат само кога има сонце.rnrnДождот значи живот исто колку и сонцето. Животот е полн со падови и искачувања. Исто како и дождливите и сончевите денови. Кога имате денови кои не течат онака како што сакате вие, сетете се на дождот и сменете ја перцепцијата на којашто ги гледате работите. Побарајте ја позитивната страна во секоја ситуација што ви ја носи денот и одете напред, затоа што секогаш после дождот доаѓа сонце.rn

    2. Согледајте ги можностите

    rn

    „Секоја катастрофа, секоја грешка, секоја душевна болка со себе носи еднаква или поголема добивка.“ – Наполеон Хил

    rnПриродата ни дава прекрасен пример којшто можеме да го примениме и врз нашите животи. Доколку таа има потреба од дождливи денови, во кои зема малку здив и се подготвува за топлите сончеви зраци, зошто тоа да не го практикувате и во себе? Едноставно учете од природата.rnrnКога ќе почувствувате одреден мрак и тежина во вашата душа, како сивилото што некогаш се распостила на небото, посветете си време само за вас. Земете здив, одморете, искористете ги тие мигови за нештата кои ве исполнуваат. Слушајте добра музика, дишете длабоко, медитирајте. Секогаш има безброј можности да ја пронајдете светлината во вас, без оглед дали дождот лие надвор или само во вашата душа.rn

    3. Верувајте! И оваа ситуација ќе помине

    rn

    „Не можете да ја смирите бурата, затоа престанете залудно да се обидувате. Можете да се смирите себеси. Бурата ќе помине.“ – Тимбер Хокиј

    rnПосле дождот изгрева сонце, секогаш. Така е во природата, така е и во нашите животи. Како што ноќта ја заменува светлината на денот, така и мрачните и тмурни чувства не траат вечно. Ниту една ситуација во животот не е вечна, нештата си течат и полека се менуваат. Останете смирени, цврсти и продолжете напред. Планирајте што ќе правите утре или задутре, кога дождот ќе запре, а на вашата кожа ќе ги почувствувате топлите сончеви зраци.rnrnКога сонцето ќе изгрее и ќе го осветли небото над вас, тие мигови особено ќе ги почитувате. Можеби затоа и се појавуваат дождливите и тмурни денови, за да научиме да бидеме благодарни и да го бараме сонцето, како надвор, така и во нас самите.

  • Запознајте го човекот кој ја победил пустината

    Запознајте го човекот кој ја победил пустината

    Јокуба Савадого е еден иновативен африкански земјоделец кој во последниве 30 години патувал низ пустините за да ги оживее старите техники на пошумување и конзервација на почвата. Неговите единствени алати се лопатата и силната верба дека сѐ може да тргне и да се промени на подобро. Неговите неверојатни резултати зборуваат сами за себе.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnВо 1980-тите, една долга и опасна суша го зафатила регионот Сахел во Африка, уништувајќи сѐ што е зелено и вегетативно, намалувајќи ја влажноста во воздухот и дождовите за 80% и претворајќи ги големите површини зелено копно во пустина. За да преживее, поголемиот дел од населението морало да си замине, но Јокуба останал.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnНе знаејќи да чита, ниту да пишува и без никакви модерни помагала и техники, Јокуба продолжил да ја користи старата африканска пракса за одгледување растенија наречена „заи“. Тој најпрвин засадува семиња во мали дупки полни со компост, а потоа, за време на дождовната сезона, ги полни дупките со вода за да може да се задржат влажноста и хранливите материи во сушните периоди.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnОвој експеримент на Јокуба бил успешен и квалитетот на почвата е на многу повисоко ниво од порано. Покрај просото и соргото, тој засадил и нови дрвја кои успеале да ги дополнат подземните води. Почвата и органските материи кои се наоѓаат под дрвјата помагаат земјиштето подобро да ја апсорбира водата.rnrnЗапознајте го човекот кој ја спаси пустинатаrnrnПриказната на Јокуба станала позната во светот во 2010-тата година, кога тој бил дел од документарниот филм „Човекот кој ја запре пустината“. Сите собрани средства биле донирани во ресторацијата и обновување на локалните шуми и во нови тренинг програми за земјоделците кои сакаат да ја научат техниката на Јокуба. Денес, „заи“ се учи низ целиот регион и локалните земјоделци знаат како да ја задржат сигурноста на нивната храна и да се прилагодат на климатските промени.rnrn

  • Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Баш како од бајка: Најромантичната фотографија од венчавка која сте ја виделе!

    Иако сигурно не мечтаете за свадба на обилен дожд, токму оваа временска непогода била главниот аксесоар на венчавката на Џесика Гровер и нејзиниот партнер Ник.rnrn4-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnЏесика и Ник се венчале во Ирска на еден облачен септемвриски ден. Времето било студено, облачно и магловито цела недела пред свадбата, но тие сепак одлучиле да ја направат на отворено. За жал, за време на приемот започнало да истура дожд, но за среќа, вештиот фотограф Томас Стјуарт не дозволил тоа да стане најлошиот кошмар за невестата. Тој го одвел парот на дождот за да направи фотографија која излегла како од бајките. Стјуарт потоа изјавил дека потајно сака кога врне за време на приемот и му се допаѓа кога има променливо време во текот на тој ден.rnrn2-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rn

    „Во саботата наутро врнеше и беше доста облачно, па морав да донесам одлука дали ќе ја правиме свадбата на отворено или не до пладне. Иако јасно се гледаа облаци од двете насоки, јас решив да одам само напред и да ја направиме венчавката на тревникот со поглед кон езерото, како што отсекогаш си замислував… Сепак, обезбедивме чадори за сите гости во случај да почне да врне“ – вели Џесика.

    rnОткако надвор почнало да истура дожд, магичниот фотограф, ги замолил младоженците да излезат на неколку секунди за да направат неколку фотографии. Тие без двоумење зграпчиле еден чадор од своите пријатели и излегле надвор на тремот. Фотографот трчал зад нив, носејќи го своето помагало за заднинско осветлување.rn

    „Бевме надвор на патеката и беше многу убаво, бидејќи јас и Ник сакавме да поминеме неколку моменти заедно, па затоа бевме многу среќни кога излеговме и го имавме овој заеднички момент“ – вели Џесика.

    rn3-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnТаа воопшто не се грижела за нејзината венчаница, бидејќи таа веќе била „уништена“ и каллива од времето надвор.rnrnОткако фотографијата била поставена само на Фејсбук, за многу краток временски период се раширила низ сите социјални мрежи, под името „фотографија од бајките“.rn

    „Кога наредното утро ја видов фотографијата на Фејсбук, бев многу изненадена. Беше преубавo, многу луѓе ја споделуваа и велеа дека ги потсетува на некоја бајка“ – вели Џесика.

    rnИако многумина од вас сметаат дека дождот може да ја уништи целата убавина на вашиот посебен ден, не заборавајте дека токму тој може да ја претвори таа убавина во вистинска магија.rnrn5-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_rnrnПотребни биле само околу 30 секунди и 5 обиди за да се создаде оваа „дождовна фото бајка“.rnrn1-bash-kako-od-bajka-najromantichnata-fotografija-od-venchavka-koja-ste-ja-videle-www.kafepauza.mk_