Постои одредена убавина и сила во слабоста, како што би кажале некои мажи. Но, понекогаш нееднаквоста помеѓу луѓето може да донесе само тага. Една од овие ситуации е домашното насилство, што е толку чест, но сепак не доволно разговаран проблем. Токму затоа и еден артист во Турција сакал да ја зголеми свесноста за овој проблем со помош на визуелен споменик што не може да биде игнориран. Водејќи се од традицијата да се изнесат чевлите пред врата по смртта на човекот што живеел во таа куќа, тој поставил 440 пара штикли за спомен на 440-те жени што за само една година биле убиени од своите сопрузи во Турција. Фотографиите во продолжение без сомнение ќе ви предизвикаат морници по телото…rnrn

Tag: домашно насилство
-

Застрашувачки споменик за 440-те жени што биле убиени од своите сопрузи во Турција минатата година
-

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот
Само во Велика Британија 1,3 милиони жени биле жртви на домашно насилство во 2016-та година. Но оваа бројка сигурно е поголема бидејќи многу жени молчат за насилството. Властите се обидуваат да ги охрабрат жените и мажите да проговорат за овој проблем со цел да им помогнат и да добијат правда.rnrn
rnrnТокму ова и го направил еден фризер. Во неговиот фризерски салон дошла жена која била прекриена со модринки и чудно пострижена коса. Фризерот Енди Мендоза бил збунет од изгледот на жената, па на шега ја прашала да не учествувала во некоја тепачка. Како што почнал да ѝ ја средува косата, Енди се шокирал кога открил дека младата жена речиси била убиена од насилниот партнер. На својот Инстаграм профил фризерот изјавил:rn„Па денес на посета ми дојде прекрасна душа која поминала низ нешто ужасно. Еден кукавица се обидел да ја убие и во процесот ѝ ја искубал и пострижал косата. Додека ѝ ја правев фризурата разговаравме, и не можев а да не забележам колку беше фина и колку НЕ го заслужила она што ѝ се случило. Ниту една жена не го заслужува ова!“
rn
rnrnЕнди изјавил дека добил дозвола од жената да ја сподели нејзината приказна заедно со фотографии бидејќи сакала другите да знаат колку е среќна што преживеала. Нејзиниот партнер, Мајкл, бил уапсен. Наводно тој ја тепал, ја давел и ѝ држел нож до вратот за време на нападот. Полицијата изјавила дека 22-годишниот маж ја фрлал жртвата наоколу „како играчка“ и се обидел да ѝ ги скрши прстите и зглобовите.rnrn
rnrnВластите биле известени за настанот кога некој човек кој спиел во автомобил ја забележал жената која била крвава и со модринки. На почетокот не сакала да разговара со полицијата за инцидентот, но по година и половина нејзиното момче било лоцирано.rnrn
rnrnСпоред извештајот, жртвата била толку претепана што дури ни мајка ѝ не можела да ја препознае. Мајкл бил обвинет за напад, закани, давење, киднапирање и поседување марихуана и потешки дроги.rnrnПогледнете ги и моќните фотографии на жени кои преживеале домашно насилство. -

Реалната слика за домашното насилство: 10 најголеми заблуди
Светот наголемо зборува за домашното насилство откако во јавност се појави снимка во која јасно се гледа како познатиот рагбист Реј Рајс ја нокаутира својата свршеница (сега негова жена), па ја влече надвор од лифтот додека таа е во несвест. Факт е дека домашното насилство не е ниту табу тема, а уште помалку новост. Секој од нас познава најмалку една жена или девојка која била жртва на насилство од својот сопруг односно дечко. Би рекле зошто остануваат и понатаму со нив? Моментално на Твитер популарен е хаштагот #whyistayed каде жените кои биле жртви на насилство објаснуваат зошто и понатаму останале со насилникот.rnrn
rnrnДомашното насилство е ужасна појава која со себе повлекува многу жртви, за жал најчесто тоа се децата, кои се принудени во животот да растат со лоши спомени од своето детство. Никој не сака да памети како мајка му била тепана од страна на таткото, никој не сака да го доживува својот дом како место на злосторот наместо безбедно прибежиште.rnrnЕксперти одговараат на најголемите заблуди поврзани со домашното насилство, а за да ја поттикнеме свеста за оваа појава, вклучуваме и изјава од познатиот американски доктор Фил кој објаснува зошто, иако за нас несфатливо, многумина одбираат да останат во насилен брак.rnrn
rn1. Домашното насилство е ретко
rnСтатистички 1 во 4 жени и 1 во 7 мажи се жртви на домашно насилство. Многумина мислат дека домашното насилство не е така честа појава, дека речиси и не постои во денешно време кога жените имаат толку права. Тоа е огромна заблуда. Тоа што таквите парови не го покажуваат тоа во јавност не значи дека не им се случува, а обично баш насилниците умеат добро да се преправаат пред други.rnrnВсушност, луѓето не го земаат предвид и емоционалното насилство. Дури и ако никогаш не сте биле удрени, може да имате трауми од многубројните вербални навреди и омаловажувања. Една жена која сведочи за својата судбина изјавила „Сè уште можам да го чујам гласот на мојот сопруг како ми одѕвонува во ушите.“rnrnСепак, за среќа, макар во развиените земји, сè помала е трпеливоста кон домашното насилство. За навистина да се намали бројот, јавноста, односно ние како совесни граѓани мора да преземеме нешто. Наместо да молчиме за жртвите кои ги познаваме, јасно да се знае кое е нашето мислење за таа појава – во никој случај не е прифатливо и е казниво! Сè додека се водиме по заостанати принципи дека мажот е глава на куќата и може да прави што сака, бројот на нездрави семејства ќе биде голем. Нашите деца мора да ги воспитуваме противстереотипно – не си маж ако покажуваш сила во домот.rn
2. Невозможно е да се сака некој кој те злоупотребува
rnКако незасегнати набљудувачи може остро да искоментираме дека нема шанси да сакаш некој кој е толку груб кон тебе. Сепак, најголем број од жртвите, иронично, вината ја бараат кај себе и иако се жртви се чувствуваат посрамено. Оваа тема е навистина комплексна, така што овие жени, иако знаат дека не е правилно, може сепак да имаат љубов за својот насилен партнер и упорно да веруваат дека може да го променат. Најчесто кога насилникот сака да ја намали тензијата по нападот, ќе ѝ изјави љубов на жртвата, дури и ќе се расплаче. Жртвата „паѓа“ на ова и му верува.rn
3. Насилникот е вон себе кога напаѓа
rnЕкспертите велат дека домашното насилство се случува бидејќи еден партнер чувствува дека има целосна контрола над другиот, дека е повреден и помоќен од другиот. Неретко насилството се случува кога насилникот е под дејство на алкохол, иако не мора да значи. Насилниците прават секакви нешта со цел да имаат контрола над жртвата, од изолација до криење на финансиските средства, така што во никој случај не можеме да речеме дека се надвор од контрола или пак дека го прават тоа несвесно. Психологот Реј Џонс тврди дека 18 години работи со жртви на насилство и досега не сретнала ниедна жена на која домашното насилство ѝ се случило само еднаш. Насилникот ќе тврди дека нема да го стори тоа повторно, но секогаш лаже и секогаш знае дека лаже.rnrn
rn4. Домашното насилство е секогаш физичко
rnКако што споменав претходно, тука се вбројува и емоционалното насилство, навредите, изолацијата, заканите, внесувањето страв. На почетокот насилникот најчесто е добар и харизматичен, барем како таков се прикажува, за набрзо да почне претерано да ја критикува својата жртва, навредува и изолира од светот. Постојат многу форми на физичко насилство, не само физичкиот удар. Покрај навредите тука е и присилбата на сексуален чин, која не смее да се запостави. Запрепастувачки е што 1 во 3 жени жртви на насилство морала да остане со насилникот, откако била принудена на незаштитен сексуален однос.rn
5. Ако некој те малтретира, решението е очигледно, излези од таа врска/брак
rnВсушност не е толку едноставно за жртвите на насилство. Најчесто поставуваното прашање е: Зошто ли останува во таква врска? Но, кои сме ние да судиме? Ситуацијата е многу комплексна, не може да се запостави стравот, а уште потешко е доколку жртвата има деца и се плаши за нивната безбедност. Најголем страв е за тоа што ќе се случи откако ќе го напуштат партнерот, што ако проба да им наштети? Факт е дека жртвите на насилство не се слободни и не можат да прават што сакаат.rn
6. Жртвата може едноставно да повика полиција
rnПовикувањето полиција е правилното нешто што жртвата мора да го стори, но не е ни најмалку лесно за неа. Некои не сакаат нивниот партнер да оди во затвор, или се плашат дека повикот само ќе предизвика повеќе насилство или дека нема да бидат соодветно згрижени и заштитени. По повикувањето полиција следи давање изјава од што жртвите се плашат. Доколку тука ја вброиме и нашата култура, односно фактот дека најголем број ако не и секој од соседите нема да ѝ помогнат на жртвата и ќе останат глуви и слепи пред насилството, сфаќаме дека воопшто не е едноставно.rn
7. И двете страни се виновни за избувнување на насилството
rnНародот рекол дека за кавга се потребни двајца, но не постои ниедна логична и морална причина ниту пак оправдување за насилството. Точка.rnrnНасилникот итро ќе направи жртвата да се чувствува како соучесник, како да го заслужила тоа, како да не е доволно добра сопруга/мајка/девојка, како да го испровоцирала и сл.rn
8. Речиси еднаков е бројот на жени и мажи жртви на насилство
rnНе одрекуваме дека постојат мажи кои се жртви на насилство, но да се верува дека бројот е еднаков, едноставно е смешно. Тоа што некои ќе се потпрат на своја измислена статистика не го прави овој проблем помал ниту пак понеопасен. Гледајте на ова вака, на секој маж хоспитализиран поради домашно насилство, има 46 жени кои се хоспитализирани поради истата причина (оваа бројка важи за САД, кај нас, верувам, бројот на жени е многу поголем).rnrn
rn9. Домашното насилство им се случува само на жени кои се сиромашни, зависни од мажот и неедуцирани
rnНајголем број од жртвите се од оваа категорија, иако има исклучоци. Домашното насилство не дискриминира ни според статус ни според образование. Секој може да биде жртва на насилство. Сепак, финансиските средства играат голема улога. Жените кои имаат финансиска сигурност полесно би се оттргнале од насилникот, додека зависните и сиромашни жени се поранлива категорија.rn
10. Дрогата и алкохолот го предизвикуваат домашното насилство
rnТочно е дека го поттикнуваат, дека голема е веројатноста пијаниот маж да ја малтретира својата жена, но не може алкохолот да биде наведен како виновник. Постојат многу луѓе кои пијат, но не се насилни со своите жени и уште поважно, пијаните насилници не се насилни кон себе, нема да си наштетат себеси, што значи дека се свесни што прават.rnrnИако алкохолот го поттикнува насилството, многу фактори играат улога во емоционалното и физичкото насилство. За жал, многу од жртвите исто така ќе почнат со употреба на дроги и алкохол како начин да се справат со тоа што им се случува.rn
Како да ѝ помогнам на пријателка која е жртва на насилство?
rnНајпрво не смеете да се поставите супериорно ниту пак да осудувате. Поставувањето прашања како „Зошто веќе еднаш не си заминеш?“ не помага многу. Мора да покажете големо разбирање и трпение, да сочувствувате, да направите вашата пријателка да се чувствува доволно безбедно и сакано за да ви се довери вам. Во никој случај не смеете да бидете груби мислејќи дека така ќе ѝ ги отворите очите, таа знае во каква ситуација е. Информирајте се за активните организации кои би можеле да ѝ помогнат и да ѝ обезбедат правна помош и безбедно место. Но, најпрво разговарајте со жртвата бидејќи нема да можете насила да ја оттргнете од насилникот додека самата не стане свесна дека треба да си замине. Жртвата може да лаже пред полицијата и да каже дека никогаш не ѝ била нанесена повреда поради многу причини.rnrn
rnКако насилникот управува со своите жртви и зошто им е тешко да си заминат?
rnДоктор Фил гостува во емисијата на Венди Вилијамс каде таа го поставува она прашање што сите жени, кои не биле жртви на насилство лесно ќе го постават бидејќи навистина не им е јасно: Зошто жените и понатаму остануваат во таква врска? Зошто не си заминат?rnrnДоктор Фил одговара дека е многу потешко отколку што звучи и притоа ги објаснува фазите на насилникот и како тој управува со жртвата:rn
- rn011
- Прва алатка која насилникот ќе ја употреби е изолацијата. Тој ја изолира својата жртва од семејството, пријателите, црквата, продолжува со одземање на мобилниот, финансиските средства, за да ја остави сосема изолирана.
- Продолжува со намалување на самодовербата додека не ја донесе до состојба на парализа – неможност да се направи што било. Насилникот секојдневно ја „опсипува“ жртвата со погрдни зборови и подли навреди за да се чувствува супериорно, истовремено правејќи ја неа да се чувствува слабо, незаштитено, да мисли дека не вреди ништо и дека всушност треба да биде благодарна што тој е со неа. Ќе направи да се чувствува како да не прави доволно за него, дека е лесно заменлива и дека е лоша мајка.
- Кога жртвата конечно ќе реши да го напушти насилникот, најчесто поради последниот најстрашен напад, започнува периодот кога таа најмногу се плаши од она што би можело да ѝ се случи. Доколку жртвата не е згрижена и заштитена, може да биде повторно нападната. Всушност, во тие две или три недели по разделбата во просек се случуваат повеќе напади отколку што имало во текот на врската. Затоа жртвата задолжително треба да се обрати до организација и да побара заштита.
rn011
rn011
rn
rnhttp://youtu.be/tKt_9EnXyrI?t=2m55srn
Запамтете, не сте должни да трпите насилство и имате право на заштита и љубов. Доколку вие сте жртви на насилство или познавате жени кои се жртви на домашно насилство, пријавете, не молчете, постојат луѓе и организации кои ќе ве згрижат, не сте сами!
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како јавноста реагира кога маж напаѓа жена? А што доколку е обратно?
Многу кампањи ја поттикнуваат свеста за домашното насилство, но воглавно се концентрираат на жените кои се жртви на нападите на нивните мажи. Ова видео ќе ве поттикне да согледате дека жените не се единствените кои може да бидат жртви на домашно насилство.rnrn
rnrnОвој спот ќе ве поттикне да размислите како гледате на насилството. Постојат многу мажи кои се жртви на насилство но никогаш не зборуваат за тоа отворено. Дали кој било вид насилство треба да биде оправдан? Се бориме за полова рамноправност или потајно се надеваме на нечија доминантност?rn„Фактите говорат јасно. 60% од случаите на домашно насилство се против жени додека 40% се против мажи. Насилството е погрешно 100%. Насилство е насилство.“
rnrn
-

Како да препознаете насилен маж?
Многумина се нашле во улога на сведоци на домашно насилство. Дали во својот дом, во своето соседство или во кругот на пријатели и познаници. Неретко ќе речете „Ако крене рака на мене, макар еднаш, излегувам низ врата и никогаш повторно не се враќам“. Но, дали е толку едноставно? Колку е лесно да му се стави крај на таквиот брак или врска? Често слушаме приказни за жени кои трпеле домашно насилство. Старите рекле дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, како да го препознаеме насилникот?
Ова е профилот на насилен маж склон кон злоупотребување и нанесување емоционална, како и физичка болка. Знаејќи го ова, би можеле да се спасите себеси или личност која ви е блиска, од врска или брак со човек кој е склон кон злоупотреба и насилство.rnrnПребрзо крои планови за заедничка иднина и настојува на следниот чекор, како на пример заедничко живеење, иако е премногу рано.rnrnЛошо се однесува и кон други жени, не ја почитува мајка си, ги потценува жените генерално.rnrnПостојано настојува да го има целото ваше внимание. Не му се допаѓа кога сте излезени сами со друштво, не ги сака вашите пријатели, неретко се жали дека не му посветувате доволно внимание.rnrnПрави љубоморни сцени. Не сака да се дружите или комуницирате со други мажи. Ќе ве оддалечи и од најдобриот другар. Насилникот најчесто е опсесивно љубоморен, а неретко и ќе ве обвини дека го изневерувате.rnrnСака да има контрола и моќ. Ја гледа својата партнерка како лична сопственост и верува дека има право да ја контролира и да ѝ кажува што да прави, каде да оди, како да се облече.rnrnЗа секоја негова нервоза или за што и да му се случи, лесно ќе најде начин да ве обвини вам. Прави да се чувствувате како од вас целосно да зависи неговата среќа и благосостојба.rnrnПроблемите од работа ги истура врз својата партнерка. Неретко нервозата ќе ја искаже со нагли движења, трескање врата или кршење предмети.rnrnГо изолира својот партнер. Ќе ве натера да се одделите од друштвото, да се оддалечите од семејството, да се скарате со своите браќа или сестри. Ве поттикнува на изолираност од луѓето кои ви се блиски со цел за брзо време да зависите од него.
Нема искрени врски со своите родители или пријатели. Нема цврсти пријателства и е неспособен да биде целосно искрен и отворен за своите чувства.rnrnПатријархално е воспитан и верува дека е посилен од жената на секој можен начин, што воедно му дава право да ја контролира и да ѝ нанесе физичко зло.rnrnСклон е кон консумирање алкохол или наркотици. Статистиката покажува дека 25% од насилниците ја тепаат својата жена само кога се пијани, 25% ја злоупотребуваат без разлика дали се пијани или трезни, 25% не пијат но се насилни, 25% се алкохоличари и најчесто не се пијани кога физички малтретираат.rnrnНаучен е дека агресијата и физичкото насилство се начини да се реши каков било проблем.rnrnНа насилниците им фали самодоверба. Не мора да значи дека секој човек кој има проблем со самодовербата е насилник. Поентата е во тоа што насилниците чувствуваат дека немаат доволно авторитет и дека не се доволно важни и успешни, колку и да не го покажуваат тоа, па затоа сакаат да владеат со партнерот.rnrnСебичен и егоист. Сака сè да се врти околу него.rnrnСвоето насилство кон вас го објаснува како длабока љубов и грижа.
Манипулатор. Знае да манипулира, да ве збуни, да ве наведе да му верувате. На почетокот ќе ви изгледа како грижлив и сосема нормален човек.rnrnДали ви се заканил дека ќе ви нанесе зло доколку го напуштите, или пак дека ќе повреди некој друг? Дали често ве турка, влече за рака, ве стега премногу силно, или ве оддалечува од јавни места по што почнува да ви вика?rnrnВе навредува? Можеби често употребува пцовки или ве нарекува со погрдни имиња?rnrnЧесто го менува расположението и е непредвидлив.rnrnВе става во негова сенка. Прави да се чувствувате дека не сте доволно добри.rnrnВе тера да правите работи кои не ги сакате. Можеби ќе ви рече дека е најдобро да дадете отказ од вашето работно место или да прекинете да комуницирате со некого под изговор дека тој некој не ви мисли добро.rnrnНајважно! Насилниците се луѓе кои одлично глумат. Колку и да се насилни, вербално или физички, знаат да одглумат неверојатна контрола и смиреност пред други луѓе, како што се членови на семејството, пријатели, социјални работници, полиција…rnrnСега останува да се запрашате дали доволно ја знаете личноста со која сте во врска?rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Шокантни реклами со силна порака
Секој од овие рекламни постери носат силна предупредувачка порака во нив. Оваа галерија не е направена од ист човек, ниту пак за иста работа, но со сигурност е направена со една иста цел, будење на свеста кај таргет групата на која се однесува.rn
Можеби дел од нив ќе ви изгледаат и малку брутално, но токму тоа ја дава силата на пораката која се обидува да ја поправи, понекогаш, суровата реалност. Тие се однесуваат на кампањи против домашното насилство, пушењето, човековите права, правата на животните, заштитата на работното место и секоја од нив повикува кон преземање акција.rn















rn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.