КАФЕ ПАУЗА

Tag: домашни лекови

  • Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

    Домашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!

    Докажано е дека непромисленото и незаштитеното изложување на сонце е штетно. Дури 80 проценти од сите оштетувања и стареења на кожата се поврзани со прекумерно изложување на сонце. Најчестите ефекти на сонцето врз кожата се манифестираат со изгореници кои настануваат по прекумерно изложување на сонце.rnrnДомашни лекови кои можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце!rnrnМалите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!rn

    Витамин Ц

    rnОвој витамин полн со антиоксиданси ги смирува изгорениците предизвикани од УВ зрачењето, а истовремено ја подобрува еластичноста на кожата и го стимулира производството на колаген. Користете серум на база на витамин Ц или во лажичка вода или гел од алое додадете прстофат витамин Ц во прав.rn

    Кефир

    rnДобрите бактерии од кефирот се одличен избор за смирување на оштетената кожа, а млечната киселина нежно ги отстранува мртвите клетки. Измешајте 2 лажици кефир, 2 лажици овесна каша и 1 лажичка свежо исцеден сок од лимон. Оставете го препаратот да отстои еден час пред да го нанесете на кожата. Оставете да делува 5-10 минути и исплакнете.rn

    Краставица

    rnВисоката содржина на вода и витамини го прави овој зеленчук одлична подмладувачка состојка за нега на сите типови кожа. Измешајте половина краставица со две лажици гел од алое и ќе добиете универзална летна помада за нега на целото тело после сончање.rnrnОткако прочитавте кои домашни лекови можат да ви помогнат при справување со изгореници, можеби ќе сакате да прочитате и кои етерични масла кои ги смируваат изгорениците од сонце.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!

    Ве мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!

    Проблемот со испукани усни се јавува кога усните се суви подолго време како резултат на временските околности (кога надвор е студено и суво) или кога сте дехидрирани. За разлика од останатиот дел од кожата, усните немаат лојни жлезди и не можат да произведат никакви природни масла што би го спречиле нивното сушење. Тоа значи дека усните брзо ќе се исушат доколку не им пружите соодветна нега.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rnrnДоколку вашиот омилен балсам за усни не може да го реши овој проблем треба да ги испробате овие пет едноставни лекови.rn

    1. Вазелин

    rnВазелинот е клучна состојка во многу балсами за усни бидејќи ѝ помага на кожата да изгради заштитна бариера што ќе ја задржува влагата. На тој начин го спречува сушењето на усните. Сепак, вазелинот само ќе ги заштити усните од губење на влагата и нема да ја обезбеди самата влага. Затоа, најдобар начин за користење вазелин е првин да нанесете еден слој балсам за усни, а потоа да го заштитете тој слој со вазелин. Многу се ретки случаите на алергиска реакција на вазелин. Сепак, доколку почувствувате оток или печење на усните за време на употребата треба веднаш да престанете да го користите.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rn

    2. Алое вера

    rnАлое вера е растение кое произведува хидратантен гел и помага да се одржи хидратацијата на усните. Ова растение содржи молекули наречени полисахариди кои се особено корисни за испуканите усни бидејќи ја стимулираат кожата да создава нови клетки и помага при зараснување на раните. Можете самите да одгледувате алое вера и да добивате гел од неговите лисја или да го купите како готов производ во најблиската продавница за козметика.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rn

    3. Мед

    rnМедот е одличен лек за испукани усни бидејќи може да помогне во ублажување на раните предизвикани од испукани усни. Покрај тоа, медот има антибактериски својства кои го спречуваат развојот на инфекција и чиреви на кожата. Тој делува како пилинг и е моќно средство за отстранување на сувата, мртва кожа од усните. Доволно е да нанесете тенок слој мед со чист прст или памук и да оставете да отстои 20 до 30 минути, а потоа да го избришете. За најдобар резултат, препорачливо е да направите пилинг на усните со мед пред спиење и да го оставите да делува преку ноќ.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rn

    4. Кокосово масло

    rnКокосовото масло е идеално средство за задржување на влагата на усните. Ова масло има и антиинфламаторни својства, што значи дека може да помогне при ублажување на болката од испуканите усни. Антибактериските својства помагаат да не се задржуваат бактерии на усните и штитат од инфекција од отворени рани. Можете да го користите во комбинација со малку шеќер како нежен пилинг што ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата на усните.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rn

    5. Шеќерен пилинг

    rnМртвите клетки ги спречуваат усните да ја добијат потребната влажност. Нив можете да ги отстраните и преку нежна ексфолијација на кожата преку шеќерен пилинг. Процесот е сосема едноставен. Во сад ставете една лажица шеќер и една лажица кокосово масло или мед. Промешајте ги состојките и со чист прст нанесете од пилингот на усните. Нежно тријте ги усните со кружни движења околу една минута, а потоа избришете го пилингот. На крајот, нанесете вазелин или кокосово масло. Важно е да се нанесе хидратантен слој по пилингот од шеќер.rnrnВе мачат испуканите усни? Овие домашни лекови ќе ви помогнат да ги излечите!rn

    Како да ја спречите појавата на испукани усни?

    rnУсните пукаат кога ќе се исушат, па затоа е потребна постојана хидратација. Избегнувајте и да ги лижете усните кога се суви бидејќи плунката може да предизвика усните да се исушат уште побрзо. Наместо тоа, користете хидратантен крем или некој од горенаведените домашни лекови. Доколку живеете во средина со пониски и посуви температури, најдобро е да ги користите поредовно овие третмани.rnrnОткако прочитавте како да се справите со испуканите усни, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се случи со вашите усни ако користите балсам за усни премногу често.rnrnИзвор: 24sata.hr

  • Совети за релаксација на очите

    Совети за релаксација на очите

    Напнатоста во очите е чест проблем денеска. Предолгото читање и изложеноста на компјутерски и електронски уреди може да предизвика напнатост во очите што може да резултира со главоболки, суви или влажни очи и иритација на очите.rnrnСовети за релаксација на очитеrnrnИако капките за очи и другите лекови се веќе многу достапни, има и многу природни начини да се ослободите од напнатоста во очите. Пробајте ги овие едноставни домашни третмани:rn

    1. Масирање на очите

    rnЗа да се намали напнатоста која ја чувствувате во очите, нежно масирајте ги очните капаци, мускулите над веѓите, јаболчниците и слепоочниците. Ова помага за да се зголеми циркулацијата на крв во очите и ги релаксира мускулите околу нив. Исто така, ги стимулира солзните канали и превенира суви очи. Може да искористите неколку капки од маслиново масло или гел од алое вера за помазна масажа.rn

    2. Сончање

    rnСончањето е добар начин да се започне денот. Застанете пред прозорец или на место кое е осојно. Затворете ги очите и дозволете му на сонцето да ги стопли вашите очни капаци. Направете го ова, без да ги носите вашите очила или контактни леќи. Сончевата светлина ѝ помага на ретината да ослободи допамин, кој помага за здрав развој на очите и спречува кратковидост кај малите деца.rnrnНе гледајте директно во сонцето при примената на овој совет.rn

    3. Топли облози

    rnТоплите облози се неверојатен начин да ги релаксирате вашите очни мускули и да се ослободите од сувите очи по долгиот ден поминат пред компјутер или со книги. За примена на овој метод, натопете мека, чиста ткаенина во топла вода (не жешка) и легнете. Ставете ги облогите врз очните капаци. Релаксирајте се со длабоко дишење 1 минута. Повторете го процесот најмалку трипати.rn

    4. Ладна вода

    rnЛадната вода е добра за подобрување на циркулацијата на крвта и за релаксација на напнатоста во очите. Ова е сличен метод на претходниот, со тоа што наместо топли, ставате ладни облоги. Ако напнатоста во очите резултира со отоци околу очите, завиткајте неколку коцки мраз во чиста ткаенина и ставете ги на очните капаци на две минути. Ова ќе ги намали отоците.rn

    5. Алое вера

    rnСтавете ладен гел од алое вера врз очните капаци и оставете го да дејствува барем 10 минути. Природните лековити својства на алое верата ќе помогнат да се повлечат отоците и ќе ја зголемат циркулацијата на крвта околу очите. Алое верата може да ја користите и за масажа на очите.rnrnКомбинирајте ги овие лекови со чести паузи во работењето и со добар животен стил и балансирана исхрана, за релаксирани очи без напнатост.rnrnДоколку имате и проблеми со вашите очила, проверете ги овие 5 едноставни начини на кои можете да ги направите поудобни.

  • Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

    Пилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?

    Иако кога сте болни или кога ви е благо нарушено здравјето, најчесто е подобро да одите на лекар, но сепак можете и да си помогнете со некој од домашните лекови. Постојат голем број рецепти кои навистина не помагаат, но овие пет домашни лекови вреди да се пробаат, бидејќи ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.rn

    1. Пилешка супа

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnОваа супа помага при настинки и веќе има долга традиција како дополнителен лек во вакви случаи. Пилешката супа е популарно предјадење во ладните месеци, а поради содржината на електролити и други хранливи состојки, помага при респираторните проблеми и настинките, особено кога се јаде топла.rn

    2. Сода бикарбона

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnГи смирува дигестивните тегоби, а веќе многу фармацевтски компании произведуваат таблетки со сода бикарбона, за пациентите да можат правилно да ја дозираат количината. Делува така што го неутрализира вишокот желудочна киселина, но и го алкализира организмот.rn

    3. Мед

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnОсвен ако сте алергични, медот може да помогне да ја смирите кашлицата и болките во грлото. Можете да го консумирате самостојно, но и во чај или млеко. Многу од комерцијалните сирупи против кашлица се базирани токму на медот.rn

    4. Лак за нокти

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnМожеби никогаш не сте ни претпоставиле, но лакот за нокти може да помогне кога ќе ве касне инсект. Нанесете тенок слој врз каснатото место, за да спречите иритација и чешање.rn

    5. Маслиново масло

    rnПилешка супа, мед, масло: Кои домашни лекови навистина помагаат?rnrnМногумина го препорачуваат загреаното маслиново масло како лек за болки во увото, а има и такви кои го испробале и тврдат дека делува. Сепак, наш совет за во вакви ситуации е да не експериментирате, туку веднаш да одите кај лекар доколку имате болка во увото.

  • Магичната комбинација од мед и цимет

    Магичната комбинација од мед и цимет

    Вкусната комбинација на мед и цимет, со векови наназад се смета за навистина лековита и благотворна. Всушност, античките народи верувале дека е еликсир на здравјето и младоста. За овој магичен микс и научно е докажано дека има регенеративно дејство на целиот организам, воедно зајакнувајќи ја неговата отпорност кон разни болести.rnrnМедот, не залудно наречен „храна на боговите“, како и циметот, којшто е еден од најегзотичните зачини во светот, се секако многу корисни и кога се комбинираат самостојно со други состојки, но сепак најсилното лековито дејство го имаат кога се користат заедно. Подолу следат дел од начините на кои може да се користат медот и циметот и разните болести за кои се смета дека можат да бидат многу полесно излечени со помош на оваа фантастична комбинација.rnrnМагичната комбинација од мед и циметrn

    Задржување и поттикнување на виталноста на организмот

    rnСите сакаат да ја пронајдат онаа магична напивка која ќе ги одржува млади, но ретко кој од нас претпоставил дека ни е на дофат на рацете. Чајот од мед и цимет има силни регенеративни својства кои го одржуваат организмот витален. За оваа напивка потребни ви се 4 лажици мед, 1 лажица цимет и 3 шолји вода кои треба да се зовријат заедно. Најдобро е прво да ги зовриете водата и циметот, а кога ќе се излади течноста да го додадете медот за да не ги изгуби своите хранливи својства. Оваа течност треба да ја испиете во текот на денот и секако дека е потребно редовно пиење за да ги почувствувате резултатите.rn

    Зајакнување на имунитетот

    rnВеќе познато е дека медот нè штити од бактерии и вируси, но заедно со циметот, дејството е уште посилно. Во самиот мед докажано е дека има значајна содржина на витамини и железо, па така, константната употреба помага во создавањето бели крвни зрнца и со тоа во борбата против вирусите и бактериите.rn

    Регулирање на проблемите со варењето

    rnДоколку се соочувате со вакви проблеми, потребно е пред оброкот да земете две лажици мед со цимет. На тој начин му помагате на организмот при варењето и на најтешките оброци.rn

    Срцеви проблеми

    rnПотребно е да измешате мед и цимет во еднакви делови, а крајниот резултат треба да биде во облик на паста. Оваа мешавина можете да ја користите наместо мармалад, којшто и онака содржи премногу шеќери и не е добар за вашето здравје, и редовно да ја внесувате во организмот. На тој начин се намалува холестеролот и телото е далеку позаштитено од инфаркти и разни други срцеви болести.rnrnМагичната комбинација од мед и циметrn

    Намалување на холестеролот

    rnОвој рецепт е добро познат дека помага во борбата против лошиот холестерол. Потребни ви се 4 децилитри чај во којшто, откако ќе се излади, ќе ставите 3 мали лажички цимет и 2 супени лажици мед и добро ќе измешате. Вака подготвената течност се пие три пати на ден. Резултатите се неверојатни.rn

    Рак на желудник и коски

    rnЗа луѓето кои се борат со рак на желудник и коски, постои комбинација која им помага полесно да ја добијат битката со болеста. Потребно е да се зема 1 супена лажица мед со 1 мала лажица цимет три пати на ден во текот на еден месец.rn

    Воспаление на зглобовите (артиритис)

    rnЗа ова воспаление постојат два начини на кои можат да се користат медот и цимет. Прво, за директно третирање на болните места, треба да се измеша 1 супена лажица мед, со 2 супени лажици млака вода, на што ќе се додаде 1 малечка лажица цимет. Се прави паста која што се нанесува на болните места. Како напивка против артритисот се користи комбинацијата од 1 шолја жешка вода, со 2 супени лажици мед и една малечка цимет. Се пие два пати на ден, наутро и навечер пред спиење. Бидете упорни, затоа што не еднаш е докажано дека ваквата напивка навистина им помага на пациентите болни од артритис.rnrnМагичната комбинација од мед и циметrn

    Против опаѓање на косата

    rnДолго време се борите со опаѓањето на косата, но ниту еден шампон или третман не ви помогна? Можеби треба да се свртите кон природните начини на разубавување. Во врело маслиново масло се додава 1 супена лажица мед и 1 малечка лажица цимет. Количината на маслото варира на тој начин што крајниот резултат треба да биде густа паста. Оваа комбинација нанесете ја на коренот на косата со масирање и оставете ја да делува 15 минути. Користете ја редовно и воодушевувајте се на вашата цврста и здрава коса.rn

    Против акни и мозолчиња

    rnСе мешаат 3 супени лажици мед и 1 лажичка цимет за да се добие паста која се нанесува на акните и мозолчињата секоја вечер пред спиење. Резултатите се видливи по само две недели редовно користење.rn

    Намалување на килограмите

    rnДоста познато е дека оваа магична комбинација помага и при слабеење, на тој начин што не дозволува мастите да се таложат врз организмот додека истовремено го чисти од токсини. Потребно е да сварите 1 шолја вода со пола лажичка цимет. Кога течноста ќе се излади, отприлика после половина час, додадете 1 супена лажица мед. Половина од течноста се пие пред спиење, а остатокот наутро, половина час пред појадокот.rnrnМагичната комбинација од мед и циметrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 домашни лекови за спречување настинка

    6 домашни лекови за спречување настинка

    Во есен се појавуваат епидемии на грип и разни инфекции на респираторните органи. За здравите луѓе тие претставуваат само непријатност, но за постарите луѓе и за хронично болните можат да бидат сериозен проблем. Токму поради тоа, подобро е превентивно да се делува и да се стори сè за да се пресретне болеста.rnrnЗа да може полесно да се изборите со кивавица, кашлање, болка во грлото и зголемена температура, би требало да јадете кисела зелка и лук, а домашната аптека да ја збогатите со ајдучка трева, ким, липа, шипка, мед, пиво…rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Мешавина за имунитет

    rnПомешајте по 20 грама бозел, тегавец, мајчина душица и маточина, додајте половина литар врела вода, промешајте, поклопете и оставете да стои 15 минути. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте лимон и мед. Оваа мешавина од билки, го подобрува имунитетот и затоа е добро да се пие превентивно.rn

    Ким против кашлица

    rnВо чаша млака вода ставете една лажичка масло од ким и со тоа неколку пати на ден плакнете го грлото. На тој начин ќе направите дезинфекција на грлото, а ќе го намалите и надразнувањето што го предизвикува кашлањето. Доколку кашлате ноќе, земете половина литар темно пиво, ставете го да поврие на рингла и оставете да се излади. Потоа во него додадете четири лажички мед и пијте го преку ден по мали голтки.rn

    Смрека за болки

    rnТри лажички свежи иглички од смрека (зимзелено дрво) прелијте ги со половина чаша чист алкохол и во добро затворен сад оставете да стои десет дена, а потоа процедете и додајте два дела вода. Овој лек треба да се чува во стерилен и добро затворен сад. Ако имате проблеми со искашлување, истријте ги градите со оваа тинктура. Исто така се користи и за масажа на затегнати и болни мускули.rnrn6 домашни лекови за спречување настинкаrn

    Шипка против вируси

    rnПоловина килограм шипки, добро измиени се сечат на половина и се оставаат да стојат цела ноќ во три децилитри сок од јаболка. Потоа се ставаат да  зовријат. Смесата се процедува и се засладува со мед. Сирупот се чува во стерилни тегли во фрижидер. Се зема по една лажица на ден.rn

    Липа за снижување висока температура

    rnДве лажички сув цвет од липа се прелива со една шолја врела вода и се остава да стои десет минути, па се процедува. Овој чај го забрзува потењето, особено ако  испиете две шолји, а потоа се завиткате во ќебе.rn

    Слез за чистење синуси

    rnСитно исечкајте 100 грама корен од слез, додајте две литри вода, варете десетина минути и правете инхалации еднаш на ден.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.