Мачорот Самсон официјално е прогласен за најголема мачка во Њујорк. Тој е тежок 13 килограми и е долг 1,2 метри. Според неговиот физички изглед, овој мачор може да се спореди со млад машки рис. Самсон може да ја освои и титулата најголем во светот, бидејќи неговиот најсличен „ривал“, долг 1,3 метри, починал пред неколку години. И покрај тоа што овој мачор е огромен, тој е во одлична физичка кондиција и нема прекумерна тежина. Неговите сопственици, кои го нарекуваат „сладок џин“, се многу горди на своето милениче, а досега гостувале на многу телевизиски емисии. Дали и вие би сакале да имате до вас едно вакво „џиновско маче“?rnrnНеговото крзно остава без зборовиrnrn
Сите ние ги обожаваме продолжените викенди. Потребни ни се тие дополнителни часови за да отпатуваме подалеку, да се дружиме со пријателите подолго време и да уживаме во повеќе зајдисонца. Нема сомнеж дека продолжените викенди прават да се чувствуваме подобро, но дали сте знаеле дека тие се исто така добри и за нашето здравје? Прочитајте зошто секој викенд би требало да трае 3 дена, преку целата година…rnrnrn
Кратките одмори во текот на целата година ќе го подобрат вашето здравје
rnКратките одмори, особено ако се редовни, можеби се клучот за среќата на работното место. Според едно истражување, вработените кои често оделе на четиридневни одмори забележале значително подобрување на нивното здравје и општа благосостојба. А има ли подобар четиридневен одмор од продолжен викенд и неработен петок? Иако позитивните ефекти полека избледувале како што се ближел крајот на одморот, резултатите покажале дека учесниците во истражувањето кои биле порелаксирани и психички поослободени од стресот што ги чека на работа, подобро се чувствувале кога се вратиле. Исто така, учесниците кои за време на одморот потрошиле време на активности поврзани со работата, имале проблеми со здравјето кога се вратиле дома.rn
Долгите работни часови може да бидат опасни за вашето здравје
rnДоколку често ви се случува да заглавите во канцеларија за време на продолжениот викенд, знајте дека не му правите никаква услуга на вашето тело. Резултатите од едно истражување објавено во списание за медицина покажале дека работниците кои работеле 55 часа неделно или повеќе, биле изложени на 33% поголем ризик од мозочен удар и 13% поголем ризик од срцева болест, за разлика од оние кои работеле 40 часа неделно. Одговорниот за истражувањето и професор по епидемиологија на Универзитетот во Лондон, Мика Кивимаки, изјавил дека резултатите биле изненадувачки. Претходно тие откриле дека долгите работни часови се поврзани со појавата на дијабетес, но само кај оние со понизок социоекономски статус. Овој пат, поврзаноста со појавата на мозочен удар била забележана кај сите општествени групи.rnrnrn
Децата подобро ќе учат ако одат на училиште 4 дена во неделата
rnСкратената работна недела не е корисна само за работниците. Децата од основно училиште кои учествувале во програма со скратена училишна недела од 4 дена, покажале подобри резултати по математика од оние кои оделе на училиште 5 дена во неделата. Ова истражување било спроведено од страна на Универзитетите во Џорџија и Монтана и резултатите биле неверојатни. Истражувачите сметале дека ако наставниците имаат продолжен викенд, ќе имаат повеќе време да смислат различни и креативни методи на настава. Освен тоа, тие предвиделе дека училишната недела од 4 дена ќе го намали отсуството, бидејќи учениците кои имаат закажано на доктор и слични обврски, ќе можат да ги одложат за во петок и да не изгубат часови.rnrnОд сето ова може да се заклучи дека продолжените викенди се добри за расположението, добри за учењето и добри за здравјето. Уште веднаш почнете да планирате каде ќе отпатувате следниот викенд!
Да се биде менаџер или човек на висока функција не е воопшто лесно. Големиот број обврски, стресот и сличните нешта ги прават овие професии исклучително тешки. Да се биде менаџер е голем предизвик, но после овие 6 приказни, тоа станува многу полесно. Освен на менаџерите, овие приказни ќе им користат и на секојдневните луѓе во разни секојдневни ситуации. Погледнете за што всушност станува збор.rnrnrn
Прва лекција:
rnМаж влегува да се тушира, во истиот момент кога неговата жена завршува со туширањето. Ѕвони ѕвончето. Жената брзо се завиткува во крпа и трча да отвори. Кога ја отвора вратата, таму стои Боб, нивниот сосед. Пред таа да успее да изусти збор, Боб ѝ вели: „Ќе ти дадам 800 долари за да го тргнеш пешкирот.“rnrnОткако размислила, жената го тргнала пешкирот и стоела гола пред Боб. По неколку секунди, Боб ѝ ги дава парите и си заминува. Жената повторно се завиткува во пешкирот и се качува горе. Кога влегува во бањата, нејзиниот маж прашува: „Кој беше на вратата?“ „Тоа беше Боб, соседот“ – таа возвраќа. „Одлично, ти спомна нешто за 800-те долари кој ми ги должи?“rnrnПоука од приказната: Ако ги споделите критичните информации во врска со долгот и ризикувате со вашите акционери на време, можеби ќе бидете во позиција да го спречите евентуалното разоткривање.rn
Втора лекција:
rnСвештеник превезува калуѓерка. Таа влегува во автомобилот и ги скрстува своите нозе, отскривајќи ја нејзината нога. Свештеникот за малку не предизвикува сообраќајна несреќа. Откако успеал да одржи контрола врз воланот, тој полека ја лизга неговата рака нагоре по нејзината нога. Калуѓерката рекла: „Оче, го паметите Псалм 129?“ Свештеникот ја тргнал неговата рака.rnrnКога менувал брзини, тој повторно ѝ ја допрел ногата, а калуѓерката уште еднаш рекла: „Оче, го паметите ли Псалм 129?“ Свештеникот се извинил: „Извинете сестро, но телото не може да се воздржи.“ Пристигнувајќи во манастирот, калуѓерката воздивнала и си заминала по нејзиниот пат. При пристигнувањето во црквата, свештеникот побрзал да види што е Псалм 129. Тој гласел: „Оди напред и барај погоре, таму ќе најдеш слава.“rnrnПоука од приказната: Ако не сте добро информирани околу вашата работа, можете да пропуштите прекрасна можност.rn
Трета лекција:
rnПродавач, службеничка и менаџер одат на ручек и пронаоѓаат стара газиена ламба. Тие ја тријат и од неа излегува дух. Духот вели: „Сите имате право на една желба.“ „Јас прва! Јас прва! – вели службеничката. „Јас сакам да бидам на Бахамите, да се возам со глисер, без да имам грижи! Ја снемува.rnrn„Јас сум следен, јас сум следен! – извикува продавачот. „Јас сакам да бидам на Хаваите, одмарајќи се на плажа со мојата лична масерка, бесконечни залихи на пинаколада и љубовта на мојот живот.“ И него го снемува.rnrn„Во ред, ти си следен“ – духот му се обраќа на менаџерот. Менаџерот рекол: „Сакам тие двајца да се вратат на работа одма после ручекот.“rnrnПоука од приказната: Секогаш оставете го вашиот шеф прв да каже.rn
Четврта лекција:
rnОрел се одмара на дрво и не прави ништо. Малото зајче го гледа орелот и го прашува: „Може и јас да си седам и да не правам ништо?“ „Може, зошто да не“ – возвратил орелот. Зајчето си седнало на земјата под орелот и се одмарало. Одненадеж се појавила лисица, го нападнала и го изела зајчето.rnrnПоука од приказната: За да седите и да не правите ништо, мора да седите многу, многу високо.rn
Петта лекција:
rnМисирка разговара со бик: „Многу би сакала да се качам на врвот од тоа дрво, но немам толку енергија“ – воздивнала мисирката. „Па зошто не јадеш малку од мојот измет? Полн е со хранливи материи“ – ѝ возвратил бикот. Мисирката каснала малку од изметот и открила дека навистина ѝ дава сила, но само за да ја достигне најниската гранка од дрвото. Следниот ден, по конзумирање уште измет, мисирката стигнала до повисока гранка. Конечно, после четири дена, мисирката се истопорила на врвот од дрвото, но ја забележал фармер кој пукал во неа и ја бутнал на земја.rnrnПоука од приказната: Гомната можеби ќе те донесат до врвот, но нема да те одржат таму.rn
Шеста лекција:
rnМала птица летала кон југ за да презими. Било толку ладно што птицата замрзнала и паднала во големо и пространо поле. Додека лежела, поминала крава и исфрлила измет на птицата. Како што лежела, птицата почнала да се загрева од изметот. Птицата продолжила да се грее, целата среќна и затоплена и набрзо почнала да пее од среќа. Во тој момент, поминувала мачка која слушнала звуци. Следејќи ги звуците таа ја открила птицата. Прво го тргнала изметот, а потоа ја изела птицата.rnrnПоуки од приказната:rnrn1. Не секој што ќе се посере врз вас ви е непријател.rnrn2. Не секој што ќе ве извади од гомната е ваш пријател.rnrn3. Кога сте во гомна до гуша, најдобро е да молчите!
Нема ништо поубаво од долг, удобен, лелеав фустан во лето. И додека сѐ уште се сомневате како да го искомбинирате, ви даваме неколку предлози за најсоодветните обувки. Да, не, можеби? Погледнете и самите.rn
ДА: Ниски слатки сандали
rnrnrnОва се чевли кои се вклопуваат во речиси секоја летна комбинација. Ги има во најразлични стилови и се одличен избор за долгиот фустан. Доколку се двоумите, бидете малку посмели и одберете некој повпечатлив модел, со светкави камчиња или пак следете го последниот тренд – гладијаторскиот стил на ниски сандали.rn
ДА: Чевли со платформа
rnrnrnОва се чевли кои се доволно гламурозни и шик, за совршено да се надополнат со долгиот фустан. Даваат дополнително издолжување, а истовремено се и многу удобни. Доколку имате долг фустан во ацтеки стил, комбинирајте го со чевли на платформа во бела боја. Ако пак имате фустан во пастелна боја, одберете чевли со цветен принт. Нема за што да се грижите, бидејќи имате безброј комбинации за неодолив летен изглед.rn
ДА: Фенси апостолки
rnrnrnЛетото е како створено за апостолки, зарем не? Тие се совршен избор и за овој модел на фустан. Одберете некои поедноставни или пак нешто погламурозно. Изборот и онака е огромен. Кога и да се сомневате што да облечете на нозе, знајте дека ова е вистинското решение.rn
МОЖЕБИ: Штикли
rnrnrnЗошто можеби? Доколку одите на некој посвечен настан со долг фустан, тогаш дефинитивно може да го комбинирате со соодветни штикли, при што треба да внимавате да не се превисоки и пренападни. Но, ако одите на некој поопуштен настан, најдобро е да ги оставите во плакарот и да се одлучите за некоја од варијантите погоре.rn
НЕ: Чизми
rnrnrnЧизмите се многу секси и зрачат со стил, но кога станува збор за долг фустан, едноставно треба да ги заборавите. Воопшто не изгледаат убаво и тренди во една ваква комбинација. Дури и да сметате дека супер изгледате така, размислете уште еднаш и сепак одберете други обувки.rn
НЕ: Патики
rnrnrnАко имате барем малку осет за мода, ќе знаете дека оваа комбинација не доаѓа во обѕир. Патиките најмногу одговараат со фармерки и тренерки. Навистина ќе го уништите женствениот изглед, доколку пробате нешто вакво.rnrnСе надеваме дека ви помогнавме и дека сега ќе знаете како на најубав начин да го комбинирате долгиот фустан, што веќе е спремен за летото.rnrn rnrn
Најстариот европски граѓанин, Белгиецот Јан Гоосенартс го прослави својот 111 роденден. За дневниот весник „Gazet Van Antwerpen“ тој ја откри својата тајна за долг живот.Поранешниот земјоделец живее во регионот Антверпен кој се наоѓа во северниот дел на Белгија, а роден е на 30 октомври 1900 година. Тој за весникот не сакал да даде интервју, бидејќи за 110 роденден веќе кажал сè што имал. Тој е еден од малкуте членови на клубот на луѓе постари од 110 години. Нив ги има само 82 низ светот, а од нив дури 77 се жени.rnrnТајната за долг живот според него е раното легнување на спиење и внесување на повеќе од традиционалниот белгиски сируп Лиеж. Традиционалниот белгиски сируп е многу благ и е направен од крушки и кисели јаболка.rnrnЈан е третиот најстар маж во светот, после Јапонецот Jiroemona Kimuere кој има 114 години и Jamesa Sisnetta од Барбадос кој има 111 години. Најстара жена на светот е американката Besse Cooper која има 115 години.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
61-годишната Сузан Брег од Алтадина, Калифорнија има преживеано рак и таа сега апчињата и таблетите со поминат рок, кои ги пиела додека боледувала, ги вградува во рачно изработен накит, за да создаде ланчиња, обетки, приврзоци и круни. Таа го продава накитот кој го изработува, за да ги исплати нејзините медицински долгови.На Сузан Брег и бил дијагностициран рак на дојката во 2004 година..rn
За првите апчиња кои ги купив, морав да извадам 500 долари од мојот паричник. Погледнав во фискалната сметка која ми дадоа во аптеката, а потоа и во малите таблети и се запрашав: дали се тие скапоцени камења?
rnНо, идејата за создавање накит од апчиња, на Сузан не и дошла сè до 2007 година, кога учествувала на една уметничка изложба на медицинска тема, организирана од страна на фондацијата Њутаун Пасадина. Таа решила на изложбата да направи лажна реклама за накитот Тифани & Ко., со додавање различни апчиња наместо дијаманти, рубини и смарагди во накитот. Притоа создала фантастична круна со помош на нејзините останати апчиња, со кои се борела против ракот на дојката. Организаторите на манифестацијата ја поттикнале Сузан да креира нејзина линија на накит, која таа сега ја нарекува Designer Drug Jewelry (дизајнер на накит од апчиња).Сузан веќе не боледува од рак, но и покрај тоа што се поминати дури седум години откако почнала да се лекува, таа сè уште има неисплатени медицински сметки.Накитот кој го изработува од апчињата кои не ги употребила, од оние на кои им поминал рокот на траење и оние кои и ги донирале нејзините пријатели, и помага околу кризата со финансиите. Нејзините уникатни уметнички творби се продаваат од 15 до 100 долари, а едно од најпопуларните парчиња накит, е приврзок во чија средина има апче вијагра.Идејата на Сузан Брег е дефинитивно генијална по својата природа и говори за нејзината борбеност, упорност и креативност, карактеристики кои таа не дозволила да и згаснат, додека се борела со една од најстрашните болести во 21-от век.