КАФЕ ПАУЗА

Tag: добро

  • Мудра приказна со моќна порака: Тајната на животот којашто многумина не ја разбираат

    Мудра приказна со моќна порака: Тајната на животот којашто многумина не ја разбираат

    Што е животот? Ова клише и збунувачко прашање е поставувано со векови наназад, уште од нашите предци и предците на нашите предци. И додека се трагало по одговорот, се открило дека тој не се состои од само една дефиниција, туку од повеќе, објаснувајќи го како еден колективен феномен, способност на организмот да расте и да се развива и искуствата кои тој организам ќе ги помине. Можеби физичкиот аспект на животните форми ни е добро познат, но ретко кој успеал да ја открие тајната на животот и духовноста на своето постоење. Затоа, постојат поучните приказни кои имаат цел да нѐ подучат и да нѐ упатат на правилниот пат кон спознавањето на самите себеси.rnrnМудра приказна со моќна порака: Тајната на животот којашто многумина не ја разбираатrnrnЕден човек и неговиот син решиле еден ден да се прошетаат до шумата. Одеднаш момчето застанало и во болка извикало „Ах“! Од некаде се слушнал и друг глас кој доаѓал од планината: „Ах!“rnrnМомчето станало љубопитно и прашало: „Кој си ти?“ Но, одговорот што го добило назад бил: „Кој си ти?“rnrnТоа се налутило и извикало: „Кукавицо!“ Гласот одговорил: „Кукавицо!“rnrnМомчето го погледнало татко му и го прашало: „Тато, што се случува?“ Таткото му рекол да обрне внимание. Тогаш тој извикал: „Ти се восхитувам!“. Гласот одговорил: „Ти се восхитувам!“rnrnМомчето се изненадило, но сѐ уште не сфатило што се случува. Таткото му објаснил: „Луѓето го нарекуваат ова ехо. Но, тоа е всушност животот. Тој секогаш ти го враќа тоа што го даваш. Тој е огледало на твоите дела. Доколку сакаш повеќе љубов, тогаш подари повеќе љубов. Доколку сакаш повеќе добро, тогаш подари повеќе добро. Ако сакаш разбирање и почит, тогаш сам разбери и почитувај. Ако сакаш луѓето да бидат трпеливи со тебе, тогаш и ти биди трпелив со нив. Текот на твојот живот не е случајност, тој е ехо на твоите дела.“

  • Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

    Кога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подобро

    Кога имате нешто добро, штитете го. Чувајте го. Заштитете го. Погрижете се дека никој нема да ви го земе. Знајте ја неговата вредност, разберете ја неговата цена и не кажувајте никому за него. Не дозволувајте луѓето да се посомневаат во неговата незаменливост. Не кажувајте дека ви е страв дека ќе го изгубите или дека не сте биле сигурни кога сте инвестирале во него. Кога имате нешто добро, држете го во безбедни раце и не ризикувајте да го изгубите само затоа што не знаете што да направите со него.rnrnКога имате нешто добро во животот, немојте да барате нешто подоброrnrnКога имате нешто добро, сакајте го. Бидете љубезни. Гледајте преку малите несовршености и малите дамки, не обидувајте се повторно да го направите цело, сакајте го онакво какво што е, во онаа состојба во која што сте го нашле и сетете се на моментот кога не сте можеле да ги тргнете очите од него, кога првпат сте го виделе. Сакајте го по секоја цена. Сакајте го дури и во оние моменти кога нема да разберете зошто сте го добиле или купиле или зошто сте го посакувале толку многу. Кога имате нешто добро, восхитувајте му се и немојте да го изгубите само затоа што мислите дека не го заслужувате.rnrnКога имате нешто добро, немојте да барате нешто подобро. Кога покрај вас е вистинското нешто или некој, немојте да гледате во останатото, во полошите верзии, во поновите модели или подобрените функции. Сетете се да го цените она што е покрај вас. Доколку секогаш барате нешто подобро, тогаш нема да сфатите дека она што го имате е веќе најдоброто за вас.

  • Постојат два вида перфекционизам: добар и лош. Кој го поседувате вие?

    Постојат два вида перфекционизам: добар и лош. Кој го поседувате вие?

    Лошиот вид перфекционизам е примарно фокусиран на анксиозноста која настанува под влијание на потребата да се биде совршен. Според едно неодамнешно истражување, тој може да наштети на многу области од животот на луѓето. Овој перфекционизам подразбира константно грижење за достигнување невозможно високи стандарди и правење грешки. Тој исто така вклучува и грижа да не се разочараат другите. Психолозите откриле дека оваа карактерна особина има голема поврзаност со разочарување на работното место, најмногу затоа што трудот во работата многу често може да помине ненаграден.rnrnПостојат два вида перфекционизам: добар и лош. Кој го поседувате вие?rnrnОд друга страна пак, добриот перфекционизам е поврзан со попозитивен исход. Оние кои си поставуваат високи цели и кои постојано работат кон подобрување на себе, постигнуваат многу повеќе од оние кои се фокусирани на својата анксиозност. Овие резултати доаѓаат од ревизија на 43 различни студии спроведени во текот на последниве 20-тина години. Д-р Ендрју Хил, водечкиот автор, вели:rn

    „Грижите проследени со перфекционизмот ги заробуваат стравовите и сомнежите за личните способности, создавајќи стрес кој води кон разочарување кога луѓето стануваат цинични и престануваат да се грижат. Тоа исто така може да влијае и врз врските, правејќи ги сите потешкотии тешки за справување бидејќи секоја грешка се гледа како катастрофа.“

    rnОд друга страна пак, постои поврзаност помеѓу анксиозниот перфекционизам и различни видови здравствени проблеми, меѓу кои и депресија, анксиозност, нарушувања на исхраната, па дури и предвремена смрт. Бидејќи повеќето од луѓето имаат тенденција кон перфекционизам во одредени делови од нивниот живот, ова може да биде голем проблем. Д-р Хил вели:rn

    „Луѓето мора да научат како да ги предизвикаат ирационалните верувања кои ги поттикнуваат грижите настанати од перфекционизмот така што ќе создадат реалистични цели, ќе го прифатат неуспехот како можност за учење и ќе си опростат доколку не успеат. Исто така од голема помош може да биде и создавањето околина каде што креативноста, трудот и издржливоста се од најголема вредност.“

  • Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Луѓето со интегритет се подобри луѓе. Еве како!

    Што е тоа интегритет? Постојат многу различни дефиниции, но онаа која веројатно најјасно ќе го објасни значењето на овој збор е дека да се има интегритет значи да се прави она што е правилно и хумано дури и тогаш кога можете да смислите милион изговори да не го направите тоа.rnrnСледниве неколку примери на луѓе со интегритет се добар доказ зошто тие се многу подобри од останатите токму поради оваа нивна особина.rnrnlugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Родители кои им се извинуваат на своите деца кога ќе претераат

    rnРетко кој родител е подготвен да се извини доколку претера во однесувањето кон своето дете. За жал, ние сѐ уште живееме во општество во кое многу семејства се водат според ставот дека родителите се секогаш во право и мора да се слушаат по секоја цена.rnrnНо реалноста е малку поинаква. Вистина е дека родителите треба да се почитуваат и да се слушаат бидејќи во поголем дел од времето се во право, но има и ситуации кога тие едноставно претеруваат. Со викање, со карање, со кажување сѐ и сешто, со казнување.rnrnНо она што ги издвојува родителите со интегритет од оние останатите е моментот кога, откако ќе се случи такво нешто, тие ќе им се извинат на своите деца. Ова не се однесува само на извини, туку на која било постапка со која тие искажуваат дека им е жал и дека се свесни дека погрешиле.rn

    Директори кои ги истакнуваат достигнувањата на своите вработени

    rnСветот е преполн со луѓе на кои моќта им има удрено во глава. Искористувајќи ја позицијата на која се наоѓаат, тие се изживуваат со своите вработени на секој можен начин мислејќи дека така ќе им покажат каде им е местото во хиерархијата. Но факт е дека на овој начин тие само лечат некои свои комплекси и бубачки во глава, обидувајќи се да си го намалат стравот дека некој од нивните вработени ќе го заземе нивното место или, пак, ќе стане поуспешен.rnrnОна што го забораваат е дека кога некој нивни вработен ќе успее во нешто, тоа е и нивни успех. Кога некој од вработените ќе сработи нешто како што треба, пофалбите и признавањето на добрата работа само ќе го мотивира вработениот да работи уште подобро, за нив. Шефовите кои го прават ова се луѓе со интегритет и со вродени карактеристики на лидер. Нивната моќ доаѓа од тоа што се луѓе пред сѐ останато.rnrn(1)-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-i-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Љубовни партнери кои го спречуваат злобното однесување при кавги

    rnКараниците се неизбежни кога станува збор за љубовните врски. Не постои пар на планетава Земја кој не се кара и кој има совршена врска. Расправиите се логични и сосема очекувани, но она по кое тие се разликуваат е однесувањето кое го имаат партнерите меѓу себе кога се лути и нервозни. Некои викаат, некои се навредуваат, некои кршат, некои се тепаат… Навистина, сѐ е можно кога станува збор за љубовните врски.rnrnОние врски на кои поретко може да се налета се врски во кои карањето не е платформа за злобно однесување. Во овие врски партнерите тежнеат кон зборување наместо викање, почитување на туѓото (различно) мислење наместо користење навреди. Партнерот кој се бори за ваква врска е партнер со интегритет кој го вреднува тоа што го има и не сака тоа да го загрози само бидејќи не знае да се воздржи во момент на нервоза.rn

    Возачи кои скоро секогаш возат стрпливо и смирено

    rnКолку пати сте налетале на возач кој сосема безобѕирно вика, свири и вози? Колку пати вие сте биле тој возач? Возењето по нашите улици е дефинитивно едно од највозбудливите. Свирење за секој застој пропратено со навредување и карање, незастанување на пешачки премин и нестрпливост во секоја смисла на зборот.rnrnОна што многу ќе зачуди некого е кога за промена ќе налета на возач кој не го прави тоа. Сите забораваат како е да се биде на другата страна или дека, можеби, возачот пред нив има оправдана причина зошто не вози побрзо. Како и да е, користењето грди зборови и повишен тон нема да ве доведат побрзо до местото каде што треба да стигнете, но стрпливоста и културата ќе ве oкарактеризираат како подобра личност.rnrn2-lugjeto-so-integritet-se-podobri-lugje-eve-kako-kafepauza.mkrn

    Моќни луѓе кои се извинуваат кога доцнат, а некој ги чека

    rnЛуѓето треба да се луѓе без разлика на тоа кои се и што прават во животот. Културата и основните норми на однесување не се исклучок за никого, па ни за оние кои мислат дека се најважните луѓе на светот.rnrnЕден ваков пример се моќните луѓе кои, и покрај фактот што постигнале многу во својот живот, не забораваат на своите манири, па кога доцнат на некое предавање, разговор или држење говор, им се извинуваат на останатите кои стрпливо ги чекале. Иако веројатно имаат навистина добра причина што доцнат со оглед на тоа дека се зафатени 24/7, тие го ценат времето на другите бидејќи знаат колку многу значат тие 24 часа на ден и колку некогаш не се доволни. Затоа, кога доцнат тие се извинуваат без разлика на тоа кој е тој што ги чека.rn

    Луѓе кои носат заклучоци за некого или нешто само откако ќе ги дознаат сите факти

    rnА колку ретко се случува ова таму каде што живеете? Многу почесто ќе налетате на луѓе кои само сакаат да зборуваат и да рашират сѐ што ќе слушнат без да знаат дали е тоа вистина, на тој начин создавајќи навистина големи проблеми за некого. Дури и несвесни за тоа дека можат да повредат некого со своите зборови, овие луѓе не се ни обидуваат да застанат и да подразмислат дали барем, ако ништо друго, тоа што го зборуваат е вистина.rnrnНекогаш тоа се луѓе кои ни се далечни, некогаш тоа се луѓе кои ни се блиски; некогаш станува збор за празно озборување, но некогаш се работи за момент кога имаме потреба некој да ни верува или да не нѐ осуди предвреме. Луѓето кои го прават ова се многу ретки и тоа се луѓе со силен карактер, разумни и луѓе со интегритет. Тие се ставаат себеси како пример во дадената ситуација и пред да зборуваат за други, се запрашуваат како би им било на нив кога тие би биле на озборуваната страна.rnrnLithuania Integrity Conceptrn

    Волонтери

    rnНесебични луѓе кои ќе најдат време да волонтираат некаде каде нивната помош е од огромно значење – дали постојат луѓе со поголем интегритет од овие? Веројатно не. Денес светот се движи ненормално брзо. Луѓето немаат време да јадат, а не да застанат и да губат време некаде каде што нема ни да бидат платени за тоа. Но тие луѓе немаат претстава колкаво задоволство носи волонтирањето. Да направиш нешто само поради несебичната желба да помогнеш кога можеш е најблагодарната човекова карактеристика.rnrnНикој не е роден како личност со интегритет, што значи дека секој може да ја развие оваа особина само доколку навистина сака. Со оглед на тоа дека секојдневно се соочуваме со безброј ситуации во кои можеме да покажеме дека сме луѓе со интегритет, сѐ што треба е да го направиме првиот чекор.

  • Пцујте слободно! Научно е докажано дека пцуењето е добро и за вас и за блиските

    Пцујте слободно! Научно е докажано дека пцуењето е добро и за вас и за блиските

    Можеби некој ќе мисли дека заради вашиот „живописен“ вокабулар сте примитивни, агресивни или нападни, но тоа едноставно не е точно. За почеток, сите пцуеме, само прашање е колку често и колку жестоко, а науката докажала бројни благодати како резултат на оваа честа навика.rnrnpcujte-slobodno-nauchno-e-dokazhano-deka-pcuenjeto-e-dobro-i-za-vas-i-za-bliskite-kafepauza.mkrn

    1. Ја ублажува болката

    rnИспитаниците кои сочно пцуеле можеле да ја држат раката во ледена вода во просек 45 секунди подолго од испитаниците кои се дереле изговарајќи пристојни зборови, покажало едно истражување спроведено на Кееловиот универзитет во Англија. А кога ги прашале како се чувствуваат, пцујачите чувствувале послаба болка. „Кога ќе се удрат, луѓето се советуваат добро да опцујат“, заклучува водачот на истражувањето д-р Ричард Стивенс.rn

    2. Ве прави посилни

    rnВо истото истражување испитаниците кои пцуеле на другите им изгледале посилни. Ричард Стивенс тоа го објаснува со фактот дека пцуењето го прави човекот поагресивен, па затоа делува пострашно за околината.rn

    3. Не значи дека сте глупави

    rnМислењето дека луѓето кои пцујат се на границата на глупоста бидејќи не знаат да се изразат со поубави зборови е сосема погрешно. Д-р Стивенс и докторантката Ејми Зиле објавиле научен труд во кој јасно покажале дека образованието и интелигенцијата немаат никаква врска со пцовките.rn

    4. Пцуењето е добра психо-терапија

    rnПцовките се одлична алатка која на луѓето им помага да се носат со околностите кои не се совршени. Токму затоа на испитаниците со раката во ледена вода не им помогнало урлањето со пристојни зборови. Луѓето кои пцујат чувствуваат помали последици од хормонот на стресот, па имаат и помал ризик од кардиоваскуларни болести.rn

    5. Се чувствувате поотпорни

    rnЗатоа што пцуењето е своевидна психолошка прва помош, ви дава чувство дека можете сè.rn

    6. Ве навлекува на филмови

    rnЗошто „Волкот од Волстрит“ постигна толкав успех? Па, заради пцовките. Накратко, што повеќе пцовки има во една серија или филм, толку повеќе обожаватели ќе добие, барем вака тврди професорката Моника Беднаред. Тоа е затоа што ликовите кои пцујат делуваат поприродно.rn

    7. Ве поврзува со другите

    rnПцуењето е важно за создавање меѓучовечки односи и пријателства. Дава доза интимност и поттикнува градење односи.rn

    8. Пцуењето е вродено и експресивно

    rn„Пцуењето ни помага да изразиме изненадување, бес, лутина, радост, среќа… Тоа е нешто како автомобилската свирка – можете да сигнализирате толку многу нешта. И пцуењето е дел од психата“, објаснува психологот Тимоти Џеј кој 35 години ги проучува пцовките.rn

    9. Заменува многу нешта

    rnПцовката значи многу нешта. Може да замени именка, придавка, прилог, интерпункција… Накратко, таа е е*ено јазично богатство.

  • Доброто, лошото и грдото кога си цимер со твоите НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

    Доброто, лошото и грдото кога си цимер со твоите НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

    Дваесеттите години се најверојатно и најзабавните години. Особено ако живеете со цимери, со кои ги делите истите проблеми. Но, како би ви изгледал животот ако цимерите ви се всушност вашите најдобри другар(к)и?rnrn0-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnЕве ги добрите, лошите и грдите страни во разни ситуации доколку сте цимери со вашите најдобри пријател(к)и.rn

    Фрижидерот

    rn1-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Ретко пазарите во маркет за да оставите доволно простор за производите на другите.rnrnЛошото: Го/ја гледате цимерот/ката како секојдневно готви, се чувствувате лошо поради својата мрза.rnrnГрдото: Во два часот по полноќ сте мртви гладни и ја јадете храната на цимерите молејќи се да не ве забележат.rn

    Спиење

    rn2-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Секогаш имате со кого да се стуткате на каучот.rnrnЛошото: Секогаш се наоѓа некој пијан да дојде и да ве гушка.rnrnГрдото: Попрво би спиеле со другарот/ката, отколку со партнерот.rn

    Туширање

    rn3-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Имате совршен распоред за туширање кој се вклопува во сите останати ваши навики.rnrnЛошото: Викенд е, треба да се истуширате, но постојано ја одолговлекувате работата сè до последниот миг кога веќе сте четворица кои треба да се истуширате.rnrnГрдото: Никој не сака да го исчисти одводот преполн со влакна, па морате да стоите во када на висина до 10 см полна со вода поради тоа.rn

    Пиење

    rn4-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Дури и да треба малку да се убедувате секогаш си наоѓате партнер за пиење.rnrnЛошото: Вие меѓусебно се бодрите и немате никаков проблем да поделите уште едно шише алкохол помеѓу вас или да испиете по уште едно пиво.rnrnГрдото: 3 по полноќ е и имате трка кој ќе успее да јаде најдоцна. Но, никој не победува во оваа ситуација, особено не вашето тело.rn

    Мамурлаци

    rn5-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Меѓусебно ќе се разбудите, а потоа ќе се жалите едни на други за минатата вечер.rnrnЛошото: Никој од вас нема намера да оди да купи лиснати од пекара.rnrnГрдотo: Ќе се најдете себеси паднати во тоалетот додека цимерот/ката повраќа во мијалникот.rn

    Чистење

    rn6-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Работните обврски се делат подеднакво на сите цимери.rnrnЛошото: Да бидеме искрени, никој не сака да чисти.rnrnГрдото: Сите забораваат да стават тоалетна хартија, па често мора да бидете креативни за да можете да станете од шолја.rn

    Останување дома

    rn7-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Многу е полесно некого да убедите да остане дома, отколку да излезе.rnrnЛошото: Дома се опијанувате до крај. Што ќе беше пак ако излезевте?rnrnГрдото: Ви се темни, ќе го фатите каучот, но толку лошо ќе спиете што ќе беше многу подобро да излезевте.rn

    Плакарот

    rn8-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Колку повеќе цимери, толку повеќе алишта.rnrnЛошото: Никогаш не знаете каде се вашите работи.rnrnГрдото: Брзате за на работа и тек откако ќе седнете во канцеларија сфаќате дека имате огромна дамка од црвено вино на вашата блуза.rn

    Гледање телевизија

    rn9-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Секогаш имате со кого прекумерно да гледате ТВ серии.rnrnЛошото: Има само еден телевизор, па затоа шансите за конфликт се поголеми.rnrnГрдото: Поминаа 8 саати кога конечно сфативте дека ништо друго не сте ни правеле.rn

    Излегување

    rn10-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Секогаш имате некој кој ве поддржува и се подготвува со вас.rnrnЛошото: И да не сакате да излезете, ќе подлегнете на притисокот од пријателите.rnrnГрдото: Ако некој од вас сака порано да си оди дома затоа што се чувствува лошо, имајте предвид дека „влечкате“ уште еден со вас.rn

    Гости кои преноќуваат

    rn11-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Колку повеќе, толку подобро!rnrnЛошото: Постојат големи шанси да не спиете долго, поради бучниот секс во соседната соба.rnrnГрдото: Во најдобар случај, во вашата бања неочекувано ќе видите полов орган.rn

    Тоалетот

    rn12-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: И да ви снема капки или гел за коса, знаетe дека имате од кого да земете.rnrnЛошото: Колку повеќе женски го делат тоалетот толку помалку има простор за да ги сместат над 100-те продукти за убавина.rnrnГрдото: Дали веќе спомнавме дека влакната претставуваат проблем за одводот?rn

    Лични граници

    rn13-Dobroto-loshoto-i-grdoto-vo-situacija-da-si-cimer-so-tvoite-najdobri-prijateli-kafepauza.mkrnrnДоброто: Нема.rnrnЛошото: Нема.rnrnГрдото: Нема.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќа е…

    Среќа е…

    „Среќа е кога се чувствуваш добро за себе без потреба од нечие одобрување.“

    rn

    Среќа е...
    Искористете ја сликата како десктоп позадина
    (2880×1800)
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сè што не научивме досега…

    Сè што не научивме досега…

    Многу работи учиме секој ден, од книгите, од филмовите, од пријателите. Сепак, некои работи и понатаму забораваме да ги правиме како што знаеме дека треба за да се чувствуваме подобро и да направиме и другите да се чувствуваат така. Овој пат, да не дозволиме да ни се лизнат низ прсти. Да запомниме и повториме што е важно во животот…rnrnСè што не научивме досега...rnrn1. Следачите на Твитер не ја прават постелата ПОТОПЛА.rnrn2. Може и да се ужива во ГЛАДОТ.rnrn3. На луѓето кои ти помогнале, врати им трипати повеќе, но помогни им и на оние кои никогаш не ти помогнале бидејќи НЕ МОЖАТ.rnrn4. Кога би знаел/а дека болката е ПРИВРЕМЕНА, тоа би ги променило сите твои одлуки.rnrn5. Грдоста е само НА ЧЕКОР до убавината.rnrn6. Запознај ги СОСЕДИТЕ.rnrn7. Не сфаќај ги работите лично, НИКОГАШ!rnrn8. Кажувај НЕ на работи за кои не ти е грижа.rnrn9. Биди како ИСУС, не како неговите следбеници.rnrn10. Кога им се посветуваш на малите проблеми, НЕИЗБЕЖНО стануваат големи.rnrn11. Облекувај се како ПОКУЛ верзија од себеси.rnrn12. Најди начин да го измамиш системот, само НЕ ГИ МАМИ луѓето.rnrn13. Кога си на вечера со многу богати луѓе, ТИ плати ја сметката.rnrn14. Сите се чувствуваат како да не се доволно добри. НЕ СИ САМО ТИ.rnrn15. Храброста е ВЕШТИНА која се учи.rnrn16. Одејќи кон непознатото е начин ДА ГО ПРОШИРИШ она што ти е познато.rnrn17. Поминувај време со луѓе кои истовремено те почитуваат и ТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ.rnrn18. Остани СКЕПТИЧЕН/НА засекогаш.rnrn19. Прифаќај го напуштањето, дури и на делови од ТВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ.rnrn20. Преживувај со малку само за да докажеш дека е МОЖНО.rnrn21. Читај биографии. Тоа е како да добиваш пристап до најдобрите МЕНТОРИ во историјата.rnrn22. За сè постои начин кој ФУНКЦИОНИРА. Пронајди го.rnrn23. Никогаш не дозволувај некој ДА ФОТОШОПИРА твоја слика. Тоа создава лажно чувство на самодоверба.rnrn24. НАВИКНИ СЕ да се чувствуваш глупаво. Тоа е дел од развојот.rnrn25. Заплашувај се себеси секој ден по малку. Тоа ќе ја зголеми твојата ВНАТРЕШНА МАПА.rnrn26. Лесно им е на луѓето да зборуваат паметно, но наместо да ги слушаш, ГЛЕДАЈ како се однесуваат.rnrn27. Читај повеќе, особено дела со кои НЕ СЕ СОГЛАСУВАШ.rnrn28. Успеј во нешто додека си МЛАД/А. Тоа ќе ти помогне да си ја изградиш самодовербата за поголеми работи во иднина.rnrn29. Прави така КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕШ. Денес сè поретко има луѓе на кои може да се потпреме.rnrn30. Најдобрите разговори се прават седејќи ЕДЕН ДО ДРУГ, не еден спроти друг.rnrn31. Прави ги работите пократки или подолги одошто БИ ТРЕБАЛО.

  • Карма

    Карма

    Нема човек кој никогаш не згрешил, кој не направил или не помислил нешто лошо. Да се правиме дека сме безгрешни не е во ред, некогаш и самата лоша помисла е грев, ама ние сме обични луѓе кои не секогаш можат да ги избегнат лошите мисли и одлуки. Сигурно сте чуле дека доброто со добро се враќа, а лошото со лошо, дека сè се враќа и сè се плаќа. Но, дали вреди да си ја расипете сегашноста, а воедно и иднината плашејќи се од моментот кога ќе треба да платите за направеното?КармаДали постои мерило за големината на некое добро или лошо дело? Дали сè без исклучок се враќа сразмерно со направеното дело? Дали постои карма?rnrnОд религиски аспект, кармата влече корени од хиндуизмот и будизмот и се објаснува како збир од причинско-последични акции кои во целост го одредуваат сегашниот и идниот момент. Некои религии стојат зад теоријата дека некој Бог или водич ја игра главната улога и одлучува како кармата ќе се движи, додека други тврдат дека самата личност ја предизвикува својата карма. Можеби сте чуле и за одредени објаснувања за поврзаноста на кармата со реинкарнацијата, односно повторното раѓање на духот кој би живеел во друго тело. Па така, според тие објаснувања, реинкарнацијата ќе се повторува сè додека духот не плати за лошото дело кое го направил. Други пак, тврдат дека кармата се пренесува од генерација на генерација.rnrnВо модерниот свет често слушаме за поимот карма, настрана од нејзината поврзаност со различни религии, кармата често знае да стане тема на муабет меѓу луѓето. На некои самиот поим им звучи страшно па го одбегнуваат, други цврсто се уверени дека постои, а трети си ја објаснуваат како движечка сила во универзумот, лоша или добра енергија која ја испраќаме и која ни се враќа. Секој си има право да верува во што сака и на свој начин да ги разбира и објаснува појавите околу себе. За некои и самата помисла дека сториле нешто лошо и исчекувањето на кармата е доволна казна. Но, не можам а да не помислам зошто би требало да си ја уништиме сегашноста плашејќи се од тоа што би можело да нè снајде? Не вреди да се саботираме самите себе прашувајќи се дали го заслужуваме она што го имаме и дали сè е праведно. На крајот на краиштата, ако толку ве плаши помислата дека лошото би ви се вратило, помислете на сè добро што сте направиле. Кога веќе верувате во лоша карма, верувајте дека постои и добра.rnrnНекои не би сакале воопшто ни да помислат на кармата, верувајќи дека таа мора да биде поврзана со нешто лошо и мрачно, но други веруваат во тие причинско-последични состојби. Без разлика колку сте навлезени во оваа тема и колку се интересирате за неа, моето лично мислење е дека не може сè да биде праведно. Животот напати не е фер и не постои тој совршен баланс каде е изедначено секое добро или лошо што сте го направиле со секое добро или лошо кое ќе ви се врати. Всушност, кои сме ние да процениме колку било добро делото кое сме го направиле? Како што вели татко ми: „Не секогаш доброто дело ќе ви се врати со добрина, но самото чувство дека некому сте помогнале е награда за вас.“rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Добри и лоши страни на врската со помладо момче

    Во љубовта нема правила, а тоа го покажува фактот дека годините на  партнерите воопшто не прават разлика. Додека порано важело правилото дека машкото треба да е повозрасно во врската, денеска може да се констатира дека многу девојки се впуштаат во врска со помлади момци. Старосната граница не е и не треба да биде пречка во ниедна врска, меѓутоа убаво е да се знаат добрите и лошите страни во односот кога девојката е постара од момчето.rnrnДобри и лоши страни на врската со помладо момчеrn

    Добри страни

    rnВрската со помладо момче ù создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната компатибилност. Машките и женските го доживуваат својот сексуален максимум во различно време, па според таа логика најсовршен спој би биле 25-годишно момче и 40-годишна жена. Тука станува збор за огромна количина на сексуална енергија.rnrnМладите момци се подиви и поголеми авантуристи, додека постарите девојки имаат повеќе животно искуство и се позрели. Секогаш е забавно да се впуштите во ваква авантура. Тука нормално влегуваат во комбинација и моќта и финансиите на постариот партнер.rnrn

    Лоши страни

    rnНедостатокот на искуство може да биде благослов, но и проклетство. Од една страна, помладиот партнер е слободен кога станува збор за бивша сопруга и деца од претходен брак, што не мора да значи дека е исто и со постарата сопатничка.rnrnИсто така, може да завршите и со „детиште“ на кое сè уште му се лумпува и му се играат видеоигри по цел ден. Неретко се случува на девојката во ваков случај да ù биде преку глава да изигрува улога на родител и постојано да биде мудра и одличен советник. Кога ќе сфати дека е ставена во улога на мајка, страста веднаш ќе исчезне.rnrnНајголем проблем се провокациите и коментарите од пријателите и семејството на девојката, кои иако можат да бидат на шала, сепак лошо влијаат врз помладиот партнер. Секако мора да се додаде и дека можат да настанат компликации кога едниот партнер сака да има деца, а на другиот или му е прерано или прекасно.rnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.