Ниту еден човек не е отпорен на потешкотиите во животот, ниту пак на депресијата. Во овие тешки моменти можеби сè ќе ви изгледа црно, но доколку ги запомните следниве 3 совети, големи се шансите дека брзо ќе успеете да се соочите со ситуацијата и одново да го изградите вашиот живот.rnrnrn
1. Создадете си мал ритуал за среќа
rnКога се обидувате да го обновите вашиот живот, притоа започнувајќи од темелите, вашите денови ќе бидат исполнети со хаос. Но, доколку имате ритуал за повикување среќа, тогаш ќе внесете барем една предвидлива стабилност во вашиот живот. Направете список од сите оние нешта кои ги сакате и наоѓајте време за барем една од нив секојдневно. Без разлика дали станува збор за возење велосипед, шетање или трчање покрај река, природа, мир или тишина, важно е да ги најдете оние активности кои ќе ви создадат ред и ќе ве исполнуваат и смируваат секојдневно.rn
2. Направете 30-дневен експеримент
rnПонекогаш во текот на денот можат да ви се појават налети позитивна енергија која ќе ве мотивира да продолжите понатаму. Многу често се случува овие моменти да поминат незабележано од ваша страна, па токму затоа треба да се насочите малку кон себе со цел да ја искористите нивната моќ малку подобро. Доколку сте свесни за нив, тие ќе ви помогнат денот да ви помине побрзо, а вие да се чувствувате подобро. Токму затоа наместете го алармот на мобилниот да ви ѕвони на секои 2 часа и секогаш кога ќе се огласи, запишете точно што правите во тој момент и како се чувствувате. По 30 дена вие ќе имате куп податоци за сите оние нешта кои ве прават среќни.rn
3. Соочете се со вашите проблеми
rnВие мора да ги смените оние нешта кои ве нервираат. Но, имајте на ум дека ако ги игнорирате, тие само ќе се собираат и со тек на време ќе ве удрат онаму каде што најмногу ќе ве боли. Целта е да ги откриете сите ваши проблеми, еден по еден, и полека да почнете да ги решавате, без одложување. Кога сите парчиња од сложувалката ќе се спојат заедно, вие ќе бидете среќни. Откако ќе одлучите да го земете вашиот живот во вашите раце, нештата брзо ќе почнат да се насочуваат кон вистинскиот правец.
Наредниот месец, поточно на 14 април ќе се одбележат 100 години од катастрофалната несреќа на бродот Титаник. За да го одбележат овој јубилеј „National Geographic“ објавија нови слики од потонатиот брод на дното на Атлантскиот океан.Титаник потона откако удри во санта мраз доцна во ноќта на 14 април, а на повикот за помош првиот брод кој пристигнал бил Карпатија, 4 часа покасно. Од 2.223 патници и членови на екипажот, преживеале само 706 луѓе. Погинале 1.517 луѓе од кои 1.360 мажи и 157 жени и деца. Потонатиот брод го пронашле Жан-Луи Мишел и Роберт Балард во 1985 година.rnrn
Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, го привлече вниманието од целиот свет со нејзиниот портрет од кинескиот кошаркар Јао Минг, кој го нацрта само со баскет-топка. Таа исто така, знае да состави портрет и од сончогледови семки, а овој пат девојката која сака да слика без четка, повторно импресионира со нејзиниот иновативен проект со тајванската поп-ѕвезда Џеј Чу, кој го нацртала со крукчиња од дното на една шолја, потопена во кафе.rnrnrnrnИнспирирана од музиката на Џеј Чу, 26-годишната неконвенционална сликарка се упатила кон едно „артистичко патување“ на Св. Валентин, со цел да ја преслика нарацијата во песната „Secret“. Во неа, првиот стих се однесува на метафоричноста на подигањето на шолјата со кафе од својата тацна, а потоа приказната се надоврзува со девојка која патува низ времето во иднината, каде се запознава и се вљубува во пејачот.rnrnrnrnДо крајот на песната, девојката повторно се враќа во реалното време и црта негов портрет. Црпејќи инспирација од вметнувањето на кафето во првиот стих од песната, Ред создала неверојатно прецизен портрет од пејачот, кој има и малку старомоден сепиа-ефект, поради кафената боја на кафето.rnrnrnrnЗа комплетирање на овој генијално смислен проект, прецизно насликан со прстените од дното на шолјата за кафе, на Ред ù биле потребни околу 12 часа работа. Откако го завршила големиот портрет, таа на шега му предложила брак на пејачот Џеј Чу на нејзината фан-страница на Фејсбук. Па зарем ќе може да одбие ваква креативна девојка? :)rnrnrnrnПогледнете како изгледал овој креативен процес на сликање портрет со шолја за кафе.rnrn