КАФЕ ПАУЗА

Tag: ДНК

  • Можете ли да замислите свет каде ќе го пронајдете идеалниот партнер преку ДНК анализа?

    Можете ли да замислите свет каде ќе го пронајдете идеалниот партнер преку ДНК анализа?

    За момент, замислете живот во кој не треба да одите на големи состаноци, за после неколку месеци да сфатите дека не е таа личност за вас, или да губите време на врски за неколку години, кои едноставно не ве прават среќни и исполнети, но наместо тоа преку апликација, можете многу лесно да го пронајдете профилот на личноста што совршено ви одговара. Можеби звучи како одлично решение на почетокот, но дали е навистина така?rnrnОдговорот на ова прашање ќе го даде новата напната серија „The One“, која веќе го привлече вниманието на публиката ширум светот. Оваа серија е базирана на истоимената книга на Џон Марс, која со гордост ја носи титулата на најдобра серија во доменот на научна фантастика во 2018 година, според Волстрит журнал. Нејзиниот заговор многу нè потсетува како да е дел од една од епизодите на серијата „Black Mirror“, па затоа брилијантно покажува колку технологијата може да ја наруши нашата реалност и да го отежне животот, а она што е всушност застрашувачко е тоа навистина во блиска иднина можеме да замислиме еден ваков свет. Главната протагонистка Ребека Веб (Хана Вер), научникот и извршен директор на компанијата зад спојувањето на паровите врз основа на нивната ДНК, ја разви целата оваа идеја со благородна цел – дека мажот никогаш повеќе не поминува низ болен период на прекин и дека сите добива шанса да помине живот со личност која му одговара во сè. Но, некаде целиот овој процес тргна наопаку, и не е сè толку чудесно и добронамерно, ќе откриете веќе во првата епизода и веруваме дека ќе го гледате остатокот од серијата во еден здив!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=yGgbNCkJqSMrnrnMoжеби ќе ве заинтересираат и овие 5 серии што треба да ги гледате ако се чувствувате изгубено.

  • Нови истражувања покажале дека жените чуваат ДНК од сите мажи со коишто имале секс

    Нови истражувања покажале дека жените чуваат ДНК од сите мажи со коишто имале секс

    Според една нова студија спроведена на Универзитетот во Сиетл и Истражувачкиот центар за канцер Фред Хачинсон, изгледа дека жените задржуваат и носат ДНК од секој маж со кој имале сексуален однос. Научниците сосема случајно ги откриле изненадувачките резултати, додека се обидувале да откријат дали жените што биле бремени со машко дете имаат поголема предиспозиција за одредени невролошки болести што најчесто се појавуваат кај мажите.rnrnНови истражувања покажале дека жените чуваат ДНК од сите мажи со коишто имале сексrnrnКако што научниците го истражувале женскиот мозок, така нивната студија почнала да се шири и да бега од првичната цел. Тие почнале да откриваат дека женскиот мозок е многу помистериозен одошто претходно се верувале. Студијата открила дека женскиот мозок најчесто содржи „машки микрохимеризми“ или со други зборови, присуство на машка ДНК што потекнува од друга индивидуа и генетски се разликува од клетките што се содржат во самата жена.rnrnСпоред студијата, 63% од жените (37 од 59) имале машки микрохимеризми во мозокот. Тие биле присутни во повеќе региони. Тоа значи дека жените носеле машки ДНК клетки што живееле во нивниот мозок. Следниот чекор бил да се докаже од каде дошла оваа ДНК. Можете да погодите?rnrnПрвата претпоставка била дека најверојатно оваа ДНК се задржала во женскиот мозок преку бременоста со машко дете. Но, тоа е далеку од вистината. Откако биле направени аутопсии на жени што никогаш не биле бремени, или пак, не родиле машко дете, машката ДНК повторно била присутна во нивните мозоци.rnrnСо дополнителни истражувања, научниците успеале да направат листа на можни извори преку кои се насобираат живи клетки од машка ДНК во мозоците на жените:rn

      rn011

    • од абортус за кој жената не била свесна
    • rn011

    • од исчезнат брат близнак
    • rn011

    • од постар брат префрлен преку мајчинска циркулација
    • rn011

    • сексуален однос
    • rn

    rnСо оглед на тоа што 64% од жените имале машка ДНК во нивните мозоци, научниците заклучиле дека првите три опции можат да се однесуваат на многу помал процент жени. Но четвртата опција – таа е најчестата причина за овој феномен!rnrnОва е нешто што секоја жена треба да го знае. Преку спермата на мажите, тие стануваат жив дел од вас до крајот на животот. Некои од жените на кои била направена аутопсија за оваа студија биле постари и се заклучило дека имале жива машка ДНК во нив, постара од 50 години.rnrnСпермата е жива. Таа е составена од живи клетки. Кога ќе влезе во вас, таа плива и плива сè додека не се судри со ѕид, каде што се закачува и потоа навлегува уште подлабоко. Ако е во вашата уста, плива и се искачува низ назалните патишта, внатрешното уво и зад очите. Потоа навлегува во крвниот систем и се насобира во мозокот и ‘рбетот.rnrnОва е знак дека само што почнува да го разбираме сексуалниот однос и начинот на кој ни влијае…rnrnПрочитајте и кои се најголемите недостатоци од недостатокот на секс кај жените.

  • Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

    Пушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!

    Една нова студија неодамна утврдила дека последиците од пушењето цигари се многу поголеми отколку само надворешната штета што ја гледаме и зголемената шанса за заболување од рак. Порано се верувало дека штетата е ограничена само на некои аспекти, особено на кожата и телесните органи, но потоа се покажало дека пушењето го зголемува ризикот од рак за 15 до 30 пати, а исто така ја менува и вашата ДНК! Иако голем број пушачи ги знаат ризиците од оваа нездрава навика, тие сепак не размислуваат за никакви промени, затоа што сметаат дека нивната зависност е премногу силна.rnrnПушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!rnrnЗа жал, науката уште еднаш потврдува дека опасните последици од пушењето цигари се многу поголеми отколку што тоа е прикажано на нивната кутија, односно, тие имаат и генетско влијание. Поголемиот дел од штетата предизвикана од отровите во цигарите ќе исчезне по 5 години откако ќе се откажете, но нешто сепак ќе остане засекогаш, при што ќе се зголемат шансите за добивање бројни болести поврзани со пушењето, иако веќе сте ја исфрлиле оваа навика. Овие трајни оштетени делови се создадени од метилацијата, што е процес на менување на ДНК со деактивирање на гените или менување на начинот на кој тие функционираат во телото. Па, кога вашите гени се принудени на метилација, тоа остава трајни оштетувања. Ова значи дека кога пушите, вашата ДНК се менува како последица од токсините што ги содржат цигарите.rnrnСтудијата вклучувала примероци од крв на 16.000 луѓе родени по 1971 година. Идентификуваните пушачи во оваа група имале метилација базирана на тутунот која влијаела на 7.000 гени во нивното тело, што е една третина од сите познати човечки гени. И болестите на срцето и многу видови рак исто така може да бидат поврзани со гените на кои им влијае пушењето, што значи дека истражувачите биле во можност да ги поврзат овие ужасни болести со директниот виновник: цигарите.rnrnПушењето цигари може да ја промени вашата ДНК!rnrnДодека овие вести се застрашувачки за пушачите или оние кои пушеле во минатото, добрата вест е дека откако ќе се откажете, поголем дел од штетата најверојатно ќе исчезне. Според експертите, откако ќе се откажете од пушењето, поголемиот дел од ДНК сигналите на ментилација по 5 години ќе се вратат на нивото на коешто биле кога не сте пушеле, што значи дека вашето тело ќе се обидува да се излечи од штетните влијанија на тутунот.rnrnНо, сепак, не потпирајте се премногу на добрите вести. Имено, постои еден мал дел од генетскиот состав кој останува оштетен подолг период откако ќе се откажете од пушењето, а тука спаѓаат и гените кои се директно поврзани со развивање лимфом. Тоа може да се задржи и до 30 години по откажувањето во вашите клетки, зголемувајќи го ризикот за рак.rnrnПа, треба да знаете дека пушењето не е само непријатна навика, туку и смртоносна. Значи, пред да ја запалите наредната цигара, размислете за она што го правите на вашето тело. Не само денес, туку и во иднина, па обезбедете си здрав и долг живот.

  • Научниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК

    Научниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНК

    Лекувањето на ХИВ вирусот доживеа многу промени и пресврти од 1980-тите години до денес и научниците сè уште се обидуваат да пронајдат соодветна терапија која не само што го контролира, туку и целосно го отстранува вирусот од 37-те милиони луѓе низ светот кои се инфицирани. Научниците и истражувачите направиле важен чекор кон безбедното отстранување на ХИВ вирусот од човечкиот имунолошки систем и запирањето на неговото повторно појавување.rnrnНаучниците успешно отстранија ХИВ вирус од човечката ДНКrnrnКако што објаснуваат во научните забелешки, истражувачите требало да го нападнат вирусот онаму каде што се криел: Во човечката ДНК. ХИВ вирусот примарно цели на делот од белите крвни клетки, кој е витален во борењето на организмот со инфекциите, наречен ЦД4+ и се интегрира во клеточната ДНК. Напаѓањето на вирусот не е лесно, бидејќи неговото уништување може лесно да ги уништи и имунолошките клетки, што во никој случај не е добар резултат. За да го нападнат само вирусот, научниците користеле еден систем за уредување на гените наречен CRISPR/Cas9. Системот ја скенира клеточната ДНК додека не ја пронајде секвенцата на вирусната ДНК, а потоа ја дели таа секвенца, го отстранува вирусот и одново ги поврзува двата краја. Најдобриот дел е тоа што процесот не ѝ наштетува на клетката, не ја загрозува нејзината функција и ја прави отпорна на повторното појавување на вирусот.rn

    „Антиретровирусните лекови се многу добри во контролирањето на ХИВ инфекцијата, но пациентите изложени на ваквата терапија патат од забрзано повторно појавување на вирусот, доколку го запрат третманот“, вели главниот истражувач Камел Калили.

    rnКлучно е да се спомне дека иако клетките во оваа студија биле човечки, сепак не биле внатре во еден човек, што значи дека сè уште постојат многу пречки кои треба да се преминат пред генетското уредување да биде користено како терапија. Но, ова истражување сепак покажува дека лекувањето е теоретски и делумно практично возможно, што им ја дава и потребната самодоверба на научниците да продолжат напред.

  • Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

    Еве што му се случува на телото по само еден тренинг!

    Кога ќе започнете да вежбате, првите неколку дена чувствувате ужасни болки кои мислите дека се агонични, но дури и после првото вежбање во телото се случуваат големи промени. Затоа само продолжите да вежбате. Еве што се случува по само првиот тренинг.rnrn0-eve-shto-mu-se-sluchuva-na-teloto-po-samo-eden-trening-kafepauza.mkrn

    1. Стресот исчезнува

    rnПоследната анкета во САД открива дека само 14% од луѓето тренираат за да го намалат нивото на стрес. Дури и ако вежбањето ви создава стрес, сепак тоа стимулира подобра циркулација на крвта до мозокот и лачење на ендорфин – хормонот на среќата.rn

    2. Се спречува настанок на дијабетес

    rnНиските нивоа на инсулин создаваат дијабетес. Во истражување од 2007 луѓе кои вежбаат откриле дека само еден тренинг ги намалува масните наслаги во мускулите што го забрзува производството на инсулин.rn

    3. Може да дојде до промена на ДНК

    rnВо студија од 2012 шведските истражувачи откриле дека здравите, но неактивни возрасни луѓе кои имале само еден тренинг, на тој начин влијаеле да се промени генетскиот материјал на нивните мускули. ДНК се наследува од родителите, но начинот на живот – како што е тренингот – може да има важна улога во пренесувањето на одредени гени.rn

    4. Се подобрува концентрацијата

    rnКога ќе почнете да тренирате, крвта во мозокот ја забрзува функцијата на мозочните ќелии – а тоа ја подобрува концентрацијата.rn

    5. Подобро расположение

    rnЗа време на тренингот, вашиот мозок почнува да испушта невротрансмитери (ендорфин и сератонин) кои го покренуваат расположението и ги намалуваат шансите за депресија.

  • 10 фасцинантни и помалку познати факти за женското тело

    10 фасцинантни и помалку познати факти за женското тело

    Жените многу често се нервираат за „недостатоците“ на своето тело, па токму затоа забораваат да ги истражат сите оние неверојатни работи кои се поврзани со него. Многу често сме повеќе заинтересирани за тоа како тоа изгледа, отколку како функционира и токму затоа работите мора да се сменат веднаш. Еден од начините целосно да го засакате вашето тело е доколку го запознаете и однадвор и однатре. Па, токму затоа ајде да започнеме со следниве 10 неверојатни нешта кои можеби не сте ги знаеле за вашето тело…rnrn10 фасцинантни и помалку познати факти за женското телоrn

    1. Клиторисот има само една цел

    rnДали сте знаеле дека клиторисот е единствениот орган во телото кој е „дизајниран“ исклучиво за задоволство? Тој има најголема концентрација на нервни влакна од целото тело, односно 800, што е дупло повеќе од нервните влакна кои се во пенисот.rn

    2. Хименот е преценет

    rnХименот е мала мембрана која го опколува или делумно го прекрива екстерниот вагинален отвор. Тој може да се скине по првата пенетрација, но може и само да се истегне. Со други зборови, отсуството на химен не кажува ништо за невиноста на жената.rn

    3. Бременоста не е толку едноставна за откривање

    rnБидејќи поголемиот дел од жените не знаат точно кога овулираат, а уште помалку го знаат денот кога останале бремени, докторите ја мерат бременоста од првиот ден на последниот циклус. Исто така домашните тестови не се многу точни сè додека циклусот не ви доцни барем една недела.rn

    4. Матката е еластична

    rnКај жените кои не се бремени, здравата матка има големина од само 5 сантиметри. Од друга страна пак, кај здравата бременост надворешниот раб на матката достигнува до долниот раб на градниот кош.rn

    5. Создавање млеко во дојките

    rnНе само што млекото во дојките е совршена храна за новороденчињата, доењето исто така може да го намали ризикот за развивање рак на дојките. Добрите вести се дека големината на градите нема никакво влијание врз количината на млеко кое вашето тело ќе ја создаде.rn

    6. Жените слушаат различно од мажите

    rnСпоред една неодамнешна студија, мажите слушаат со само една страна на мозокот, додека жените ги користат и двете. Ова не значи дека едните слушаат подобро од другите, но сепак додава „гориво“ на дебатата дека жените се подобри слушатели.rn

    7. Жените имаат подолги црева од мажите

    rnДолниот дел од дебелото црево има тенденција да биде подолго кај жените отколку кај мажите. Должината на дебелото црево заедно со сите репродуктивни органи споени во толку мал простор создаваат непријатност во средниот дел од абдоменот. Со други зборови, жените заслужуваат тоалети со повеќе приватност.rn

    8. Срамните влакна опаѓаат кога се премногу долги

    rnВо средината на зимата, сигурно не гледате поента во депилација на препоните, но истовремено и се грижите дека доколку не го сторите тоа ќе бидете премногу влакнести. Добрите вести се дека и покрај тоа што влакната на косата можат да живеат со години, срамните влакна умираат и опаѓаат по само 3 недели.rn

    9. Жените имаат повеќе желба за секс во лето

    rnСпоред научничката Патрисија Барнс-Сварни, жените имаат засилено чувство за мирис. Токму затоа за повеќето жените миризбата на лаванда, рози и нане (летни миризби) ги повикуваат нивните романтични чувства и го зголемуваат нивното либидо.rn

    10. Вашата ДНК била создадена во телото на вашата баба

    rnМалите девојчиња се создаваат во матката со сите јајце-клетки кои ќе ги имаат во нивниот живот. Ова значи дека кога вие ќе бидете бремени, не само што создавате ново суштество, туку исто така правите и половина од ДНК-то на вашата внука, секако доколку тоа девојче еден ден одлучи да има деца.

  • Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени

    Обожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гени

    Дали и вие сте една од оние личности кои без размислување веднаш по будењето пијат една шолја кафе? Дали ви се случува да се наежите од само една голтка од вашето омилено кафе? Едно ново истражување сугерира дека овој вид кафеџии ја имаат љубовта кон кафето кодирано во нивната ДНК.rnrnОбожавате кафе? Тоа мора да е запишано во вашите гениrnrnПо испитувањето на 120.000 испитаници од европско и африканско-американско потекло, генетичарите од Училиштето за јавно здравје Харвард откриле 8 генетски варијанти, 6 досега неоткриени, кои покажуваат предиспозиција кај одредени индивидуи да консумираат повеќе кафе.rnrnСпоред Корнелис, главниот истражувач на оваа студија, индивидуите чија ДНК е изразена во сите 8 варијанти имаат тенденција да пијат околу половина чаша кафе повеќе од оние кои ги немаат. Дополнително, овие нови гени можат да објаснат околу 1,3 проценти од целокупното пиење кафе, односно исто толку колку што гените ги објаснуваат и другите видови однесување, како пушењето цигари или консумирањето алкохол. И покрај тоа што тие ефекти можеби ви изгледаат како да се мали, Корнелис вели дека студијата покажала зошто кофеинот влијае различно на различни луѓе. Резултатите покажале дека ние имаме тенденција да пиеме повеќе кофеин бидејќи нашето тело може да го издржи тоа без да стане анксиозно.rnrnНо, што значи ова за нас, љубителите на кафе? Доколку мислите дека вашето утринско кафе е лоша навика, размислете повторно. Во последниве неколку години различни видови истражувања покажале огромен број придобивки од кафето. Тоа не само што ве одржува будни и фокусирани за време на првите и најтешки часови од вашата работа, туку тоа исто така може да помогне и во борбата против ракот, дијабетесот, како и во подобрување на вашиот метаболизам.rnrnИ покрај тоа што на некои луѓе не им е потребно кафе за да можат да функционираат, не грижете сè доколку вашите гени направиле да го обожавате вашето утринско кофеинско задоволство. Ако пиете кафе, во граници секако, ќе ги почувствувате сите здравствени придобивки кои доаѓаат со него.

  • Интересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНК

    Интересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНК

    Што е тоа што ве привлекло кај вашиот брачен другар? Очите? Насмевката? Заедничките интереси? Што би рекле ако некаде прочитате дека ова ниво на сличност и привлекување е многу подлабоко, еве да речеме, на молекуларно ниво? Една нова студија која била спроведена од Универзитетот Колорадо-Булдер открила дека сопружниците всушност имаат ДНК која е многу слична. Послична ако ја споредите со случајно избрана личност.rnrnИнтересно откритие: Изгледа дека сите сопружници имаат слична ДНКrnrnОва истражување вклучувало 825 парови чии геноми биле споредувани со оние на нивните сопружници, како и со геномите на случајно избрани 2 личности. Сѐ на сѐ, во оваа студија биле споредени околу 1,7 милиони геноми и тоа што се открило било неверојатно. Паровите меѓу себе имале многу слична ДНК во споредба со онаа на други случајно избрани испитаници.rn
    rn

    Познато е дека луѓето најчесто стапуваат во брак со личности кои се слични на нив,“ вели Бенџамин Доминик, водечкиот автор на студијата. „Но, се поставуваше прашање дали истото се случува и на ниво на генетиката.

    rnrnКога станува збор за изборот на партнерот според генетиката, постои една честа претпоставка според која овој избор настанува случајно. Но, ние веќе знаеме дека тоа не е вистина затоа што луѓето скоро секогаш имаат одредени критериуми кои ги следат во нивната потрага. rnrnПонатамошните истражувања во ова поле ќе можат да овозможат подетални податоци. Во секој случај, веќе е познато дека при изборот на партнерот голема улога играат едукацијата и економската позадина. Оние кои се со високо образование и кои заработуваат повеќе имаат тенденција да бараат партнери кои исто така имаат високо образование и поголема плата. Но, сега на оваа листа може слободно да се додаде и нашата ДНК. Според добиените резултати, истражувачите велат дека генетското одбирање на партнерот објаснува околу 10% од целиот избор.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Несекојдневни „форензички колажи“

    Несекојдневни „форензички колажи“

    Мајкл Мејпс е артист кој моментално живее во Кротон Фолс, Њујорк. Во серијата наречена The Dutch Master collection, тој на необичен начин успеал да ги рекреира портретите од познатите Холандски артисти. Она што е несекојдневно е фактот што тој употребувал голем број форензички материјали, започнувајќи од примероци од коса и отпечатоци од прсти, па сѐ до неодамнешни фотографии и накит или накратко „биографска ДНК“. Погледнете ја неговата морбидна, но истовремено и фасцинантна уметност…rnrn1-nesekojdnevni-forenzichki-kolazhi-www.kafepauza.mk_rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Науката на бакнувањето

    Науката на бакнувањето

    Кога последен пат се бакнавте со вашиот партнер? Доколку неодамна сте ја започнале вашата врска, сигурно вашите усни со усните на партнерот се неразделни, но доколку подолго време сте заедно, најверојатно не можете да се сетите кога последен пат било тоа. Тоа е така бидејќи бакнувањето претставува алатка за додворување со која ја тестираме долгорочноста на врската со нашиот партнер – велат резултатите од новото истражување спроведено од страна на Универзитетот Оксфорд.rnrnНауката на бакнувањето rnrnКога двајца луѓе првпат се бакнуваат, тие еден на друг си испраќаат сигнали за нивното здравје и ДНК, преку вкусот и мирисот, кои им помагаат да изберат компатибилен партнер, објаснува авторот на истражувањето Рафаел Влодарски, студент на докторски студии по филозофија, во департманот за Експериментална психологија, на Универзитетот Оксфорд. Кога љубовните партнери ќе решат да останат заедно, бакнувањето се случува поретко, бидејќи тие веќе немаат потреба од таква генетска информација.rnrnКога некој силно ве привлекува, неговиот природен, уникатен мирис ви мириса опојно и може да забележите дека длабоко го вдишувате додека се бакнувате. Доколку на секој од вас, му се допаѓа мирисот на партнерот, тоа значи дека вашите тела потсвесно одговараат на меѓусебниот генетски код, што е знак дека ќе создадете здрави поколенија.rnrnЗа жал, кога сте подолго време во истата врска, може да не се бакнувате толку страсно како на почетокот, бидејќи вие и вашето тело потсвесно знаете дека тој е „вистинскиот“. Како и да е, важно е да се одржува страста. Истражувањето исто така открило дека задоволството од самата врска, е поврзано со тоа колку често паровите се бакнуваат, а не колку често имаат секс. Тоа не значи дека треба секојпат да се бакнувате на француски начин, само за да ги почувствувате придобивките. Сè додека бакнежот е интимен и вашите лица се блиску едно до друго, тоа е сосема доволно, објаснува Влодарски.rnrnЕве неколку препорачани техники:rn

      rn011

    • Додека се бакнувате, користете ги вашите раце за нежно да му ја потегнувате косата на вашиот партнер (тоа придонесува за испуштање на ендорфини кои предизвикуваат задоволство).
    • rn011

    • Лапнете бонбона од мента (ментолот создава трпки и топло-ладно чувство).
    • rn011

    • Нежно грицкајте си ги усните со партнерот (бидејќи вариететот го одржува односот интересен).
    • rn

    rnШто и да правите, никогаш не престанувајте да се бакнувате!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.