Оскар де ла Рента има посебно место во модата, а неговиот успех во кариерата инспирира многу млади ширум светот. Тој е икона на стил и еден од најдобрите светски дизајнери кој беше заслужен за облеката на многу познати личности. Но, покрај елегантната и гламурозна облека кој ја дизајнирал, тој ќе се помни и по многу инспиративни цитати кои ја топлат душата и имаат моќ да направат да се чувствувате како победници дури и во најтешките ситуации. Неговите мисли се богатство мудрости кои можат во секое време да ви помагаат.rnrn
rn
„За мене е многу поедноставно сакањето отколку мразењето… Да ја искусите љубовта, тоа е една прекрасна работа.“
rn
„Сите ние во животот правиме огромни грешки. Единственото нешто кое никој не го прифаќа е дека сме смртни и дека еден ден сите ќе умреме.“
rn
„Не сум осаменик. Обожавам да сум опкружен со луѓе. Обожавам кога сум контрадикторен. Сакам предизвици, дури и оние кои се обични. Секојдневни.“
rn
„Сите овие награди претставуваат огромна чест. Но, мислам дека најголемата награда е тоа што секој ден одам на работа за да го работам она кое најмногу го сакам.“
rn
„Жените секоја година ме инспирираат. Немам една тема врз чија основа ќе ја креирам гардеробата за следна сезона. Се трудам да создавам прекрасна облека во текот на целата година.“
rn
„Она што најмногу го ценам кај жените е самодовербата и љубезноста.“
rn
„Со пријателите се дружам исклучиво по дома. Никогаш не разговарам за работата, ниту се шегувам на сметка на мојата работа дома.“
rn
„Мојата работа е да им овозможам на жените да се чувствуваат пријатно во својата кожа.“
rn
„Секогаш велам – за да бидеш добро облечен, мора да изгледаш добро и гол.“
rn
„Работи напорно. Верувај во себе. Не продава публицитет облеката, туку жените.“

rnrn
rnrn
rnrn

rnrn












rnrn












rnrnВиновникот за подготовка на оваа креативна божиќна вечера е дизајнерката на торти Керолин Вајт, која ја напуштила нејзината работа во маркетинг пред 12 години, за да започне сопствен бизнис за торти. Нејзината интересна божиќна трпеза ѝ одзела повеќе од 40 часа работа. Заедно со тричлениот тим во нејзината фирма во Лондон „Cakes 4 Fun“, ја создале оваа слатка уметност, создадена од секојдневни состојки како марципан, пандишпан, џем и чоколадо.rnrn
rn













Неговите креации се сметаат за вистинска уметност. Ремек-делата што тој ги создава се резултат на безброј часови работа и желба да се создаде нешто ново и совршено. Со својата бескрајна работа и труд, во 2012-та година, Рубио дури успева да стане првиот моден дизајнер кој изложува креации за домашни миленици, на модната недела во Њујорк.rnrnСамо најсреќните домашни миленици ја имаат честа да ги носат уникатните парчиња облека на овој познат моден дизајнер. Во креациите на Рубио ќе видите вратоврски, фустани со тантела, карирани парчиња, везени палта и уште многу ексцентрични модни додатоци во минијатурни димензии, носени од слатките кученца, кои изгледаат неодоливо.
rnrn
rnrn

И покрај тоа што Матео има само 5 години, тој е облечен во дизајнерска облека од брендови како Том Форд, Гучи, Диор, Стела Мекартни и Марк Џејкобс. Илјадниците фанови кои ја следат секоја негова нова фотографија, се воодушевени од неговиот моден вкус, но има и такви кои велат дека ваквиот стил е премногу нападен за едно петгодишно момче и дека родителите треба да му дозволат да има нормално детство.
Неговата мајка Луиса Фернанда Еспиноса, која е фриленс стилистка од Лагуна Бич, Калифорнија, вели дека никогаш не го принудувала нејзиниот син да носи модерна облека. Уште како мал, му ставала шал или капа и него тоа не му сметало. Подоцна, кога наполнил скоро 4 години, сам почнал да ја прашува неговата мајка за вратоврски и одела.
Кариерата на Алонсо како модна икона на интернет, започна откако неговата мајка прикачи неколку фотографии на Инстаграм и доби фантастичен одговор од интернет-заедницата. Профилот на мајката денес има над
rn
Секое утро, пред да оди во училиште, Алонсо заедно со неговата мајка го посетуваат неговиот огромен гардеробер за да одберат облека. Алонсо е тој којшто одлучува што сака да облече, но мајка му е секогаш тука за да му подели некој добар совет и да се увери дека комбинацијата ќе има смисла. Малиот станал толку популарен, што понекогаш кога излегуваат, надвор ги пречекуваат фанови кои чекаат ред за да се фотографираат со него.
rn
rnrn
Оваа едноставна, но ефикасна идеја е на корејскиот дизајнер Kim Keun Ae. Обидете се и вие на вашата омилена шолја да издлабите тенко жлепче со кое трајно ќе го решите проблемот со залутаните капки кафе, или барем додека случајно не ја скршите. 🙂
rnrn

Чантата е изработена од волна и алуминиум. Дизајнерот е сè уште во потрага по потенцијални производители и партнери за дистрибуција на уникатниот моден додаток. Заинтересирани? 🙂






rnrn