„12 чевли за 12 љубовници“ е креативна колекција со скулптурни чевли, дизајнирани од страна на чилеанскиот дизајнер кој живее во Њујорк, Себастијан Ерасуриз, а инспирирана од неговите лични минати љубовни врски. Секој чевел има свој уникатен дизајн, кој се однесува на одредена жена од неговото минато. Сите 12 чевли се именувани според конкретна бивша љубовница која ги инспирирала, а на неговиот блог може да го прочитате и кусиот интересен опис на врската којашто тој ја имал со секоја од нив.rnrn“Jetsetter” Jessica („Џетсетерката“ Џесика)rnrnОд Ледената кралица до Медената Наташа, Себастијан успеал да ги рекреира неговите бивши девојки во откачени чевли кои можат да се носат. Чевлите наречени Шефицата Рејчел дури можат да послужат и за две намени, како чевли на високи штикли и како брутално оружје.rnrn“Ice Queen” Sophie („Ледената кралица“ Софи)rnrnИ покрај тоа што Себастијан споделил неколку фотографии каде што жени стојат облечени во некои од чевлите, многумина мислат дека во некои од нив е невозможно да се оди, како што се Gold Digger или Jetsetter. Како и да е, намерата на дизајнерот е поважна од самата функционалност. Колекцијата чевли претставува документирање на неговата љубов, врските и личната ранливост.rnrn“Honey” Natasha („Медената“ Наташа)rnrn“GI Jane” Barbara („Воинствената“ Барбара)rnrn“Gold Digger” Alison („Заводничката за пари“ Алисон)rnrn“Hot Bitch” Caroline („Секси кучката“ Керолајн)rnrn“Cry Baby” Alexandra („Плачката“ Александра)rnrn“The Boss” Rachel („Шефицата“ Рејчел)rnrn“The Virgin” Anna („Девицата“ Ана)rnrn“Heart Breaker” Laura („Срцекршачката“ Лаура)rnrn“The Rock” Alice („Каменот“ Алис)rnrn“The Ghost” Valentina („Духот“ Валентина)rnrn rnrn