Секое овошје има свои здравствени придобивки, но дали некогаш сте размислувале кое од нив е најздравото? Можеби првото овошје што ќе ви падне на ум во овој случај е портокалот или друго овошје богато со витамин Ц. Сепак, според најновите истражувања, друго овошје е синоним за долговечноста.rnrn
rnrnИако можеби дињата и не е најпопуларниот избор кога станува збор за овошје, сепак според голем број нутриционисти таа е најхранливото нешто што можете да го добиете. Тоа се должи на нејзиниот пигмент кој ѝ ја дава портокаловата боја и кој е богат со антиоксиданси.rnrnПигментот, пак, настанува како резултат на присуството на каротеноидот бета-каротин кој телото го претвора во витамин А. Витаминот А, од друга страна, има долга листа на здравствени придобивки почнувајќи од здравјето на очите, кожата, репродуктивното здравје и целокупниот имунитет. Освен тоа, дињата е богата со влакна, што значи дека е корисна за регулирање на шеќерот во крвта.rnrnМеѓу другото, дињата е богата со витамин Ц кој телото не може да го произведе. Затоа експертите препорачуваат секојдневно да го консумирате ова овошје. Вреди да се спомене и дека дињата е одлична за хидратација на организмот – се состои од вода (околу 90%) и многу електролити, а правилната хидратација е клучот за долговечноста.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од дињата, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за освежувачки коктел со диња и босилек.rnrnИзвор: mindbodygreen.com
Tag: диња
-

Дали знаевте дека дињата е синоним за долговечноста?
-

Освежувачки коктел со диња и босилек
Летните коктели со диња се навистина освежувачки, а најпопуларни се оние во кои се комбинира диња, минерална вода и алкохол. Денес решивме да ви споделиме нешто поразлично, односно коктел со диња и босилек. Знаеме дека сите го користите зелениот босилек, но за овој рецепт ќе ви биде потребен виолетовиот.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- 150 г сечкана диња на коцки
- 95 г коцки мраз
- половина лајм
- лисја од босилек
- 1 лажица сируп од агаве или мед
- 170 милилитри комбуха
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Ставете ги лисјата босилек, сечканиот лајм и сирупот од агаве или медот во чаша и промешајте.
- Потоа во друга чаша или сад измешајте ја дињата со коцките мраз и додајте ја во чашата со босилекот. Промешајте уште еднаш.
- На крај, додајте ја комбухата и промешајте.
- Украсете со повеќе босилек или по избор.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој летен коктел од капини и хибискус.
-

Неколку причини зошто треба почесто да јадете диња
Ова летно овошје припаѓа на истата фамилија во која спаѓаат лубеницата, тиквата и краставицата. Дињата е богата со витамини и минерали. Содржи голем процент на витамини Ц и Б, бета каротин, како и калциум, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Исто така, дињата содржи три пати повеќе калиум од лубеницата.rnrn
rnrnБлагодарение на големиот процент вода, околу 95%, нискиот процент на шеќер и одличниот мирис и вкус, ова овошје е идеално летно освежување.rnrnВодата од дињата ја стимулира работата на бубрегот, го регулира крвниот притисок, а високото ниво на хранливи влакна кои ги содржи, помагаат при варењето на храната. Бета каротинот помага во борбата против тумор, а последните истражувања покажале дека дињата може да се користи и во борба против неколку вида рак.rnrnКои се другите причини поради кои треба да јадете диња почесто?rnrn1. Дињата е идеална за детоксикација на организмот и помага при заштита на организмот. 100-грамско парче диња содржи 300 милиграми калиум кој помага при отстранувањето на натриумот од телото, при што се намалува високиот крвен притисок.rnrn2. Во минатото, сокот од диња се користел за ублажување на болката. Доколку сакате да се ослободите од болката, болното место премачкајте го со сок или пак ставете ситно сечкани парчиња диња.rnrn3. Во народната медицина дињата се користи за освежување и смирување.rnrn4. Дињата е корисна и во борбата против камења во бубрезите, како и против болести на жолчката и цревата.rnrn5. Таа се користи за ублажување на убод од инсекти и изгореници.rnrn6. Дињата не здебелува, па е идеална доколку сакате да ослабете.rnrnДознајте повеќе за 5 овошја кои имаат афродизијачки ефект и го зачинуваат сексуалниот живот. -

Храна која ќе ви помогне да ослабете
Погледнете ја оваа кратка листа која ќе ви помогне без диета да ослабете неколку килограми пред почетокот на летото…rn
Благ десерт
rn
rnrnЕдна интересна студија која била спроведена од Универзитетот во Тел Авив открила дека луѓето чии оброци за појадок изобилуваат со јаглехидрати и протеини и кои потоа јадат десерт губат многу повеќе тежина од оние кои го започнуваат својот ден со нискокалорична храна без шеќер. Учесниците кои си дозволувале мала закуска – чоколадо, крофна, колаче или парче торта изјавиле дека се чувствуваат многу помалку гладни и имаат помала потреба за храна во текот на целиот ден. По завршувањето на 8-месечното тестирање, тие во просек изгубиле 20 килограми, а оние кои биле на нискокалорична диета изгубиле само 5 килограми.rnСупа
rn
rnrnСпоред едно истражување од Пен Стејт, доколку изедете една чинија нискокалорична супа пред главниот оброк, вие ќе конзумирате во просек околу 20% помалку калории за време на ручекот. Токму затоа секогаш одбирајте нешто полесно и поздраво како предјадење.rnОвесни снегулки со ореви
rn
rnrnБидејќи се многу густи, на вашето тело му е потребно многу повеќе време да ги обработи оревите. Како резултат на тоа, тие ќе останат подолго време во вашиот организам и ќе чувствувате ситост со часови по конзумирањето. Доколку ги комбинирате со овесни снегулки кои изобилуваат со јаглехидрати, вие ќе добиете дополнителна енергија која ќе го одржува нивото на шеќерот во крвта и токму поради тоа нема да имате потреба да јадете чоколади и други благи во текот на денот.rnМлеко
rn
rnrnЕдна студија која била објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана открила дека луѓето кои пијат една и пол чаша млеко на ден губат дупло повеќе килограми од оние кои пијат само половина чаша. Доколку пиете редовно млеко вие ќе го зголемите нивото на витаминот Д во вашата крв кој ќе ви помогне со губењето на тежината.rnДомашен сендвич
rn
rnrnОние кои барем еднаш неделно излегувале надвор на ручек губеле многу помалку тежина од оние кои си носеле домашно подготвен оброк на работа. Истражувачите од Центарот за истражување на ракот Фред Хатчинсон, кои ја спровеле оваа студија, велат дека за разлика од домашно подготвената храна, вие немате многу контрола врз состојките и големината на оброците кои ги служат во рестораните.rnМарула
rn
rnrnУбавината на зелените салати е што можете да изедете поголемо количество од нив без да се грижите за внесувањето на голем број калории. Плус, за да изедете обемна салата потребно е повеќе време, што ќе ви помогне да се чувствувате сити. Поголемиот дел до луѓето го завршуваат својот оброк за 5-10 минути, а на нашето тело му требаат барем 20 за да сигнализира дека ни е доволно, па токму затоа јадете колку што е можно побаввно.rnЦрно чоколадо
rn
rnrnСпоред откритијата на Универзитетот во Копенхаген, црното чоколадо исполнува многу повеќе од млечното. Во ова истражување се открило дека луѓето кои изеле 100 грама црно чоколадо и на кои потоа им било понудена пица, изеле 15% помалку од останатите испитаници кои изеле 100 грама млечно чоколадо како предјадење.rnДиња
rn
rnrnСекоја храна која изобилува со калиум (лубеница, авокадо, банана) има улога на природен диуретик кој помага при исфрлањето на насобраната непотребна вода во вашето тело.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Обликот на градите говори за нејзините сексуални склоности
Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони тврди дека карактерот на жените и нивните сексуални склоности, може да се проценат врз основа на обликот и големината на нивните гради. Еве како тој го дефинирал сексуалниот темперамент на неговите „испитанички“:rnrn
rnДиња
rnСпрема мислењето на овој италијански сексолог, жените со големи, кружни гради кои личат на дињи, можеби на прв поглед делуваат мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквите жени обожаваат да јадат, сакаат да им угодуваат и да им се восхитуваат. Воедно, тие не се премногу заинтересирани за секс.rn
Лимон
rnГрадите со облик на лимони, укажуваат на „жешка“ партнерка. Таквата жена е полна со живот, умее да се насмее од срце и да се пошегува на своја сметка, а во креветот сака разновидност.rn
Ананас
rnОние со овален облик на гради кои наликуваат на ананас, оставаат впечаток на интелигентни жени. Сопственичките на необично наречениот облик на гради, се успешни во својата кариера, а воедно се и романтични и верни љубовници.rn
Грејпфрут
rnГрадите кои изгледаат како грејпфрут, укажуваат на жени кои ги одликува скромноста и едноставноста. Таа ќе го разгалува својот партнер и на неа, нежноста ѝ е поважна од сексот. Иако изгледаат многу еротски, сопственичките на такви гради се срамежливи, а во креветот немаат преголеми очекувања.rn
Портокал
rnЖените кои имаат два портокали под маицата, се самоуверени и добро знаат кои се нивните животни приоритети.rn
Цреша
rnКога градите личат на цреши, станува збор за интелигентни, многу забавни и возбудливи жени. Тие се срдечни, друштвени, разумни, добри, сигурни во себе, но и малку површни. Тие се прилично посветени во сексот.rn
Круша
rnЖените со гради со облик на крушки ја сакаат љубовта и сите нејзини варијанти. Пријатни се, но и нескротливи и самостојни. И покрај тоа што не се премногу интелигентни, а честопати се и несмасни, тие сепак знаат како да ги повлечат мажите за нос. Неверни се, бидејќи ги сакаат авантурите, а сексот за нив најчесто претставува чиста екстаза.rn
Јаболко
rnЖените со јаболкови гради наводно се фригидни домаќинки, кои тешко доживуваат оргазам, но во креветот би пробале баш сѐ. Не сакаат да ги менуваат партнерите и најчесто се попаметни од своите мажи.rn
Домат
rnЖените кои имаат гради со облик на домати, според Лоренцони се преполни со љубов и во животот уживаат со цела своја душа. Тие лесно се заљубуваат и сакаат да бидат доминантни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Шејк од малини и диња
Подгответе се за вкусно пролетно уживање
rn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 60 г диња
- 100 г малини
- 50 г сладолед од јагоди
- 2 супени лажици млеко
- 1 супена лажица шеќер
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги состојките во шејкер и силно машајте сè додека не добиете хомогена смеса. Слободно може да користите и блендер. Сервирајте во чаша, со топка сладолед и две цевки за пиење.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

10 најбогати извори на витамин Ц
Автор : Маја ВладимироваrnrnВитаминот Ц му помага на телото во одржувањето на здрави ткива и силен имунолошки систем, како и во апсорпцијата на железо. За витаминот Ц се смета дека е важен сојузник ако се обидувате да ја победите настинката или некоја друга болест, но пак можете паметно да го искористите и како дел од вашата диета.
Дневната доза на витаминот Ц, која се препорачува да се внесе е 90 милиграми за мажи и 75 милиграми за жени. Внесувањето на овој витамин е навистина важно, па затоа ги издвоивме десетте најбогати извори на витамин Ц.rnrn1. Гуава
rnГуавата е многу богата со витамин Ц – 100 грама од ова овошје содржи дури 228 милиграми витамин Ц и 56 калории. Консумирајте ја свежа или како дел од некој свеж коктел.
rn2. Црвена пиперка
rnЦрвената пиперка содржи солидно количество на витамин Ц. Во 100 грама свежи исечкани црвени пиперки има 184 милиграми витамин Ц и 20 калории. Доколку ја готвите, количеството на витамин Ц се намалува до 116 милиграми.
rn3. Киви
rnОва овошје важи за едно од најбогатите со витамин Ц. Едно киви со средна големина има околу 70 милиграми витамин Ц и околу 46 калории. Се препорачува да се консумира свежо или пак како додаток на некој десерт.
rn4. Портокал
rnПортокалот е синоним за витаминот Ц. Еден портокал со средна големина содржи околу 70 милиграми витамин Ц и 62 калории. Иако многумина очекуваа дека портокалот ќе се најде на првото место, сепак постојат побогати извори на овој витамин.
rn5. Зелена пиперка
rnОсвен црвената, и зелената пиперка е значително богата со овој витамин. Во 100 грама благи исечкани зелени пиперки има 80 милиграми витамин Ц и само 15 калории, додека во зготвени има 51 милиграми витамин Ц.
rn6. Грејпфрут
rnГрејпфрутот е нискокалорично овошје, па така во 100 грама има 40 милиграми витамин Ц и 32 калории.
rn7. Сок од свежо исцеден зеленчук
rnПиењето свежи сокови од зеленчук обезбедува големо количество на хранливи материи, вклучувајќи го и витаминот Ц. Во сок на база на домати, витаминот Ц е застапен со 50 милиграми во 150 милилитри, а ова количество сок содржи 34 калории.
rn8. Јагоди
rnОсвен тоа што се богати со влакна и антиоксиданси, јагодите се богати и со витамин Ц чие количество во 100 грама изнесува 59 милиграми. Истото количество јагоди содржи 32 калории.
rn9. Зелка
rnУште еден зеленчук којшто е исто така богат со витамини е зелката. Таа содржи 36 милиграми витамин Ц. Во 100 грама свежа зелка има 25 калории. Освен со витамин Ц, зелката е многу богата и со витамин К.
rn10. Диња
rnЕдна четвртина од диња со средна големина содржи 47 милиграми витамин Ц и 50 калории.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.