Зошто да не пробате да најдете дигитална љубов? Сигурно би си рекле дека може да биде забавно. Па, да. Забавно е сè додека престане да биде забавно. Луѓето заглавуваат во дигиталните романси, најчесто поради темни причини. Тие ги спречуваат да се соочат со нивната несреќна реалност и ги користат како моментален лек во борба против осаменоста. Но, исто како и секој друг лек, така и од овој дејството по некое време поминува и потоа тие се чувствуваат многу полошо. Нивното срце се крши бидејќи го изгубиле својот совршен свет. А тоа е многу тешко за справување. Погледнете зошто овие врски најчесто немаат иднина и како тие влијаат врз вас…rnrn
rn
Дигиталните емоции не се реални емоции
rnСтанува збор за афера која не е изградена во реалноста. Таа постои дигитално, а дигиталните корења не растат длабокo. Па, ако дигиталните емоции не се вистински, тогаш зошто имаат толку силно влијание врз нас? Како е можно да имаме чувства за некоја личност која не ја познаваме и која скоро никогаш не ја гледаме со нашите проникливи голи очи? Бидејќи оваа личност живее во нашата фантазија, а многу е полесно да се заљубиме во нашата фантазија за совршена личност отколку во вистински човек со свој сет маани. rn
Фантазијата ги пополнува дупките кои не можат да се откријат од далечина
rnКога вистински, живи и целосно реализирани луѓе кои дишат се наоѓаат пред нас, многу е тешко да ги проектираме нашите илузии врз нив. Тие имаат повеќе лица, многу маани и се несовршени мали суштества. Имаат свои мислења кои ги оформиле според своето животно искуство и ги посакуваат оние нешта кои можеби ние не знаеме ни дека постојат. Но, кога сте во контакт со личност која е далеку од вас, вашата фантазија ќе почне да надокнадува за дупките во сликата за оваа личност и одеднаш во вашиот ум ќе изградите личност која можеби воопшто не ни наликува на онаа вистинската која седи зад мониторот.rn
Дигиталната љубов е обликувана со различни филтри
rnДигиталните чувства можат да нè натераат да помислиме дека сме длабоко заљубени. Многу е лесно да се препуштите на идеализирани емоции, бидејќи да бидеме реални, во дигиталниот свет никој не е онаков каков што е во реалноста. Ние во тој свет создаваме совршена верзија од нас, покажувајќи се во нашето најдобро светло и создавајќи идентитет кој постои само во нашата фантазија. Се претставуваме со илјадници филтри, резултирајќи со создавање слика која ни најмалку не нè отсликува. Па, ако ние не го правиме тоа, тогаш како би можеле да очекуваме дека тој или таа би биле исти како во реалноста? Токму затоа и оваа врска се гради врз фантазија и постои помеѓу две целосно имагинарни личности.rn
Во дигиталниот свет сите можат совршено да ги состават своите реченици
rnКога станува збор за дигитална романса, постои време за размислување пред кој било одговор. Од друга страна, доколку разговарате во живо немате време да размислувате и често реагирате инстинктивно. Нема време да се одбере најсоодветниот одговор, ниту пак да се препрочитаат зборовите на соговорникот со цел убаво да се протолкува нивното значење. Кога зборуваме со некого во четири очи, ние ги кажуваме само оние нешта кои навистина ги чувствуваме. Оние нешта кои се најблизу до сировата вистината. Но, во дигиталниот свет секогаш ви пристигнува совршениот коментар или одговор, како и најсоодветното прашање. Имајќи го тоа на ум, дали сте сигурни дека токму тој или таа ви ги испраќа овие пораки или можеби некој од нивните пријатели се труди многу повеќе наместо нив?rn



Овие интересни градски фотографии се составени од различни периоди во текот на денот, кои искомбинирани заедно, создаваат спектакуларен градиент на светлина. Фонг отсекува прави и криви линии, за да создаде светлина која градира во паралелни ленти или пак се шири од централна точка.
rn
rnrn


Фотографот визуелно ги истакнал браздите и разноличните текстури сокриени во кањонот, со цел потоа во нив да „плисне“ разни бои, преку дигитална обработка на фотографиите. Неговите крајни дела претставуваат навистина одмор за очи, овозможувајќи им на набљудувачите да се претопат во чудесната убавина. Секоја колоритна композиција на Грегори претставува една драматична комбинација од вонземен пејзаж и апстрактна уметност. 










rnrn

Така, тие создале сет фотографии кои го мамат човековото око, оставајќи впечаток дека не се ништо поразлични од сите обични фотографии. Но, во нив има додадени предмети направени од Лего коцки, кои лесно се воочливи доколку знаете кои се, но благодарение на разни Фотошоп трикови, вештачки променето осветлување и пикселизираните фотографии, препознавањето станува многу потешко. 
Дигиталната фотографија зазема силен замав и стана популарен медиум во последната декада, овозможувајќи нешта како скулптури од Лего коцки удобно да се вклопат во обработената фотографија. Како таква, оваа фотосерија го свртува вниманието кон визуелната разлика која се постигнува со денешниот рапиден развој на технологијата.
rnrn











rnrn


rn

Прередувајќи ги фотографиите и креирајќи конструкции кои се дело на нејзината фантазија, Ен формира интимен простор употребувајќи ги само надворешните прозорци и врати, кој успева на еден интересен несекојдневен начин да ја прикаже домашната атмосфера во вечерно време.



rnrn
Инаку, главниот директор на маркетинг во финската компанија „Rovio Entertainment Oy“ која ја направила оваа светски популарна игра за мобилни телефони, проценува дека таа најверојатно „тежи“ повеќе од една милијарда американски долари, а веќе од следната година ќе се продаваат акции за пошироката јавност.




rnrn

Иновативниот гаџет се состои од пенкало и рисивер кој се прикачува на саканото парче хартија. Пенкалото користи технологија за осетливост на притисок, па различниот степен на притискање на уредот врз хартијата, подоцна ќе се прикаже и во дигиталниот формат на делото. Рисиверот го собира нацртаниот материјал и потоа преку USB го пренесува на компјутер за понатамошна обработка.
Inkling доаѓа со софтвер кој овозможува додавање, бришење и едитирање на одредени слоеви од скицата, која финално може да се зачува во бројни графички формати. И секако, сето ова би било залудно ако вашиот креативен труд не можете да го обработите во вашата омилена апликација за работа. Дали е тоа Фотошоп, Илустратор или Скечбук дизајнер на Аутодеск, сеедно. Преносот на фајловите е возможен во секоја од овие три популарни апликации.
Inkling ќе биде достапен од средината на септември по цена од 200 американски долари.
Во јули оваа година, 
rn

