Речиси 150 години официјалната тежина на килограмот е одредена со цилиндер од платина заклучен во сеф во Франција.rnrn
rnrnКилограмот, како метарот и секундата, е една од основните мерни единици, познати и како Меѓународен систем на мерни единици. Овие единици биле формализирани во 1975-та година. Тогаш се заклучило дека најдобриот начин да го одредат килограмот е да направат парче метал и да го наречат „Le Grand K“. И повеќе од цел век, сите научни скали се калибрираат според таа физичка референтна точка.rnrnНо дури и тврдите предмети се менуваат со текот на времето. Кога ова парче метал било измерено во 1980-тите, било неколку микрограми полесно, што значи дека сите високо прецизни научни ваги мора одново да се калибрираат.rnrnЗа среќа научниците веќе работеле на случајот и барале универзална константа што ќе му даде постојана вредност на килограмот и ќе биде вистинита и сега, и милиони години подоцна.rnrnПронајден е ваков број за средување на секундата кој бил дефиниран во 1967-ма година. Секундата била дефинирана од 1/86.400 дел од секунда, во нешто позбунувачко, но константно. Истото било направено и со метарот. Наместо да биде дефиниран како должината на парче метал направено во 1889-та година, метарот добил нова дефиниција во 1983-та година како растојанието што го минува светлината во 1/299.792.458 дел од секунда во вакуум.rnrnДури во 2017-та година научниците ширум светот конечно се согласиле за универзална константа за килограмот. Овој подвиг барал решавање на еден од најтешките проблеми во физиката од изминатиот век – одредување на нумеричката вредност на Планковата константа.rnrnФизичарот Макс Планк, во 1900-та година докажал дека материјата испушта енергија во мали парчиња наречени кванти. Неговата равенка за мерење на овие парчиња енергија содржи и константа h позната како Планкова константа. Благодарение на Ајнштајн, знаеме дека енергијата и масата се математички поврзани, па физичарите сфатиле дека Планковата константа може да ја даде најточната мерка за маса.rnrnПресметувањето на точната вредност на Планковата константа траело со децении и барало сериозна технолошка иновација, но денес е познато дека нејзината вредност е 6,626070150 x 10-34 kg x m2/s.rnrnВо средината на ноември, на годишниот состанок на Интернационалното биро за тежина и мерки во Версај, Франција, претставници од над 60 држави гласале за одобрување на новата дефиниција на килограмот. Повеќе нема потреба од металното парче, сега килограмот е врзан со Планковата константа. Биле најавени нови дефиниции и за амперот (електрична струја), келвинот (температура) и молот (бројот на молекули или атоми во елемент). Овие дефиниции ќе стапат на сила на 20-ти мај, 2019-та година.rnrnОригиналниот прототип на килограм од платина ќе остане во францускиот сеф, додека бројни генерации научници ќе ги прават нивните откритија користејќи го килограмот 2.0.
Tag: дефиниција
-

Физичарите одредиле нова дефиниција за килограмот
-

Хороскопските знаци со 5 збора ја одредуваат вашата дефиниција за пеколна врска
Сите ние си замислуваме како би изгледала нашата љубовна врска од соништата, но многу добро знаеме и кои работи никогаш не би ги толерирале во љубовта. Тука голем удел има и нашиот хороскопски знак. Во продолжение, хороскопските знаци со 5 збора ја одредуваат вашата дефиниција за пеколна врска…rnrn
rnОвен
rnПаѓање во канџите на рутината.rn
Бик
rnНепостоење на вистинска меѓусебна доверба.rn
Близнаци
rnГубење на идентитетот во врската.rn
Рак
rnНеспособност за споделување на чувствата.rn
Лав
rnЧувство на гушење и презир.rn
Девица
rnНедостаток на искреност и директност.rn
Вага
rnВрска што стои во место.rn
Скорпија
rnГолем недостаток на безрезервна поддршка.rn
Стрелец
rnНедостаток на радост и смеа.rn
Јарец
rnПасивност и мрзливост во врската.rn
Водолија
rnВодење површни и здодевни разговори.rn
Риби
rnВрска без напредок и развој.rnrnВо продолжение прочитајте како хороскопските со 5 збора ја опишуваат вашата совршена љубовна врска.
-

Хороскопските знаци со 5 збора ја опишуваат вашата совршена љубовна врска
Понекогаш не се потребни многу зборови за да се дефинира љубовта. Всушност, што помалку толку подобро. Така, хороскопските знаци можат да ја опишат вашата совршена љубовна врска со само 5 збора. Пронајдете си го хороскопскиот знак и прочитајте ја вашата дефиниција за идеална љубов…rnrn
rnОвен
rnНикогаш да нема здодевен момент.rn
Бик
rnПостојано на иста бранова должина.rn
Близнаци
rnСекогаш свои додека сте заедно.rn
Рак
rnВистинско чувство на безусловна почит.rn
Лав
rnПартнерство без губење на идентитетот.rn
Девица
rnБез игри, само искрена комуникација.rn
Вага
rnМеѓусебна доверба и неизмерна слобода.rn
Скорпија
rnСите тајни се најстрого забранети.rn
Стрелец
rnСекогаш има време за глупирање.rn
Јарец
rnМеѓусебна поддршка и заедничка борба.rn
Водолија
rnОстварување длабока поврзаност и интимност.rn
Риби
rnПостојано учење нови работи заедно.rnrnВо продолжение дознајте кои хороскопски знаци никогаш не би требало да бидат во љубовна врска.
-

Повеќе од едно обично „Те сакам“: 6 инспиративни дефиниции за суштината на љубовта
Постојат толку многу различни дефиниции за љубовта што тешко е да се најде вистинската. Секој има различно сфаќање за најинтензивното чувство што постои кај луѓето. Научниците тврдат дека љубовта е начин да се пополни егзистенцијалната празнина во човечкиот живот. Некои мислат дека нѐ привлекуваат луѓето со кои мислиме дека би имале убави деца. Други, пак, сметаат дека љубовта се сведува на секс.rnrn
rnrnНе постои точна дефиниција за љубовта, бидејќи постојат толку многу различни критериуми врз основа на кои одлучуваме кому ќе му ги кажеме магичните зборови „Те сакам“. Романтичната љубов претставува комплицирана мрежа од копнеж, желба, страст, интимност и уште многу други нешта. Прочитајте ги следниве 6 малку поинакви дефиниции за љубовта кои можеби ќе ви ги променат досегашните сфаќања за оваа силна емоција и ќе ве наведат на размислување…rn1. Љубовта е спасение
rnГрчкиот антички филозоф Платон ја опишал љубовта како соединување. Во неговата античка книга за љубовта „Симпозиум“, ликот Аристофан објаснува дека луѓето биле тркалезни суштества со 4 раце, 4 нозе и 2 лица. Тие ги нападнале боговите и за да ги казни, Зевс ги преполовил. Оттогаш луѓето се обидувале да ја најдат нивната друга половина и копнееле по тоа да се вратат во првичната целина.rnrnОвој мит ја поттикнал идејата дека романтичната љубов е соединување на двајца поединци кои си ги надополнуваат меѓусебните недостатоци и заедно создаваат единствено битие. Со оглед на тоа што се верувало дека постои само една личност која може да го направи ова, се всадила идејата дека наоѓањето на другата половина ќе доведе до совршена среќа и ќе создаде моногамна и вечна врска која ќе се заснова на меѓусебно разбирање и надополнување.rnrnПостојат многу современи дефиниции за романтична љубов кои вклучуваат делови од митот на Аристофан. На пример, во денешно време постојано се зборува дека љубовниците треба да се сродни души, дека во врската не постојат повеќе заменките „Јас“ и „Ти“ туку „Ние“, а сите копнееме по тоа да ја најдеме „вистинската“ личност за нас.rn
2. Љубовта е страст
rnЉубовта е како возбудливо возење на луда железница. Физичката привлечност е интензивна, емоциите полудуваат и се создава длабока поврзаност меѓу две лица. Проблемот е во тоа што страста избледува. Сте го гледале филмот „Играј валцер со мене“ (Take This Waltz)? Ако сте го гледале, тогаш сигурно знаете дека Маргот ја заменува стабилната врска со Лу за интензивната хемија што ја има со Даниел. Меѓутоа, страста меѓу нив исчезнува откако ќе се уморат од експериментирањето со нивните сексуални фантазии.rnrn
rn3. Љубовта е желба за основање семејство
rnЉубовта нѐ наведува да мислиме дека нејзината суштина лежи во постигнувањето вечна среќа и задоволство, но во реалноста тоа е само една илузија која успева да нѐ убеди дека треба да се размножуваме. Ова е мислењето што го делат филозофот Шопенхауер и другите еволуциски теоретичари. Тие верувале дека целта на страста е да доведе до репродукција и дека интимноста служи за да ја одржи врската и да му овозможи на детето подобри услови за преживување. Не звучи многу романтично, се согласувате?rn
4. Љубовта е постоење на заеднички интереси
rnЛуѓето се вљубуваат во оние личности со кои имаат слични приказни и искуства. Колку поголеми разлики постојат меѓу приказните на љубовниците толку поголем е ризикот од фрустрација во врската. Според ова гледиште, спротивностите не се привлекуваат.rnrn
rn5. Љубовта е личен развој
rnКога сме вљубени, ние учиме еден од друг, изложени сме на нешта кои никогаш претходно не сме ги доживеале, запознаваме нови луѓе и стекнуваме нови пријатели. Според тоа, љубовта е еден вид развој на тој начин што го запознаваме светот од еден поинаков аспект и се наоѓаме во ситуации кои не се вообичаени за нашето секојдневие.rn
6. Љубовта е пријателство
rnАко вљубените имаат среќа, минливата страст ќе еволуира во длабоко, значајно и долготрајно пријателство или во едноставно партнерство кое ќе им помогне на партнерите да се справат со осаменоста. И во двата случаи ќе се намалат експериментите во спалната соба, но барем ќе знаете дека имате човек кој секогаш ќе биде тука за вас.rnrnСо која дефиниција за љубовта се согласувате вие?rnrnДоколку сте во љубовна врска, но не сте сигурни дали сте ја пронашле вашата сродна душа, ова се 10-те знаци дека тој е вистинскиот човек за вас.
-

Интересно психолошко видео детално ни ги открива видовите нарцизам
Многу одамна, уште пред ерата на селфињата, античките Грци и Римјани имале мит за една личност која била опседната со својот изглед. Според една верзија од овој мит, Нарцис бил згоден маж кој патувал низ светот во потрага по љубов. Откако одбил нимфа која се викала Еко, тој го видел сопствениот одраз во река и се заљубил во него. Бидејќи не можел да се одвои од себеси, тој се удавил, а на местото каде што умрел, се појавило цвеќе кое било наречено нарцис, по него.rnrnrnrnОвој мит ја доловува основата на нарцизмот, која вклучува претерано голема насоченост кон себеси. Но, спротивно на општото верување, не станува збор за само една карактеристика, туку за низа карактерни црти кои заедно го сочинуваат ова однесување. Психолошката дефиниција за нарцизмот е надуена и грандиозна слика за себе. На кратко, нарцисите веруваат дека се подобри во секој поглед од останатите и дека тоа некако ги прави поважни, па затоа и заслужуваат специјален третман.rnrnСпоред психолозите, постојат 2 видови нарцизам – грандиозен и ранлив. Исто така постои и нарцистичко нарушување на личноста, но тоа е нешто сосема друго и многу посериозно.rnrnГрандиозниот нарцизам е најчесто застапен меѓу луѓето и се карактеризира со екстровертност, доминантност и барање внимание. Овие луѓе бараат внимание и моќ, па затоа дел од нив стануваат политичари, славни личности или лидери. Секако, не сите што ги градат овие позиции на моќ имаат нарцистички карактерни црти. Многумина од нив го прават тоа од позитивни причини, како достигнување на својот целосен потенцијал или помагање на другите луѓе. Но, нарцисите го прават тоа поради вниманието кое го добиваат од овие позиции. Од друга страна пак, ранливите нарциси можат да бидат тивки и резервирани. Тие се цврсти во своите ставови дека нешто им припаѓа токму ним, но лесно можат да се почувствуваат загрозено.rnrnТемната страна на нарцизмот се покажува на долг рок. Овие луѓе имаат тенденција да се однесуваат себично, па затоа нарцистичките лидери можат да носат ризични, па дури и неетички одлуки. Што се однесува до љубовта, тие можат да бидат неискрени и неверни. Кога нивниот „розов“ поглед кон себе е предизвикан, знаат да станат огорчени и агресивни. Тоа е како болест каде што оние кои страдаат од неа се чувствуваат многу добро, но луѓето околу нив страдаат. Токму ова однесување според психолозите е класифицирано како нарцистичко нарушување на личноста и се појавува кај 1 до 2% од целата популација, најчесто кај мажите. Исто така е и дијагноза резервирана за возрасните.rnrn
rnrnСпоред психолозите, постојат неколку карактеристики што се манифестираат кај оние со нарцистичко нарушување на личноста. Тие вклучуваат:rn- rn011
- Грандиозен поглед кон себе
- Проблеми со емпатија
- Чувство дека нешто им припаѓа токму ним
- Потреба за восхит и внимание
rn011
rn011
rn011
rn
rnПроблемот кај ова нарушување е што личностите кои го поседуваат се ставаат себеси на прво место и не се грижат за останатите. Замислете да ги користите вашите сопружници и деца како начин да добивате внимание или пак, наместо да го прифатите конструктивниот критицизам и да се подобрите, вие на сите да им велите дека не се во право.rnrnПа, што го предизвикува нарцизмот? Студиите со близнаци покажуваат силна генетска компонента, иако научниците сè уште не се сигурни за кои гени станува збор. Но, како и со сè останато, така и во овој случај околината исто така игра голема улога. Родителите кои ги ставаат своите деца на пиедестал можат да поттикнат развивање на грандиозен нарцизам, додека пак студените родители кои држат сè под контрола можат да предизвикаат ранлив нарцизам.rnrnИзгледа дека нарцизмот е повисок во земјите кои ценат индивидуалност и самопромоција. Иако не е докажано дека социјалните мрежи создаваат нарцизам, тие без сомнение овозможуваат одличен начин за добивање на потребното внимание и социјалниот статус што им се потребни на нарцисите.rnrnИмајќи го сè ова на ум, дали нарцисите можат да ги подобрат своите негативни карактеристики? Да! Сè што промовира искрена слика за себе и своето однесување, како и грижењето за другите, психотерапијата или вежбањето сочувство, може да биде од голема помош. Проблемот е што може да биде предизвик за оние со вакво нарушување да работат кон подобрување, но тоа не значи и дека е невозможно.
-

25 необични, но топли начини да објасните точно што значи домот
Домот е сржта на вашата душа. Место на кое секогаш можете да бидете она што сте и на кое никогаш не мора да ги криете вашите емоции, желби, страсти, маки, страдања. Секој си има свој начин да го опише својот дом и понекогаш тоа се оние малите работи на кои другите не им би дале значење, но за нас претставуваат сè. Велат, домот е онаму каде што е срцето и тоа навистина е така. Во продолжение прочитајте 25 необични, но топли начини да објасните што точно значи домот.rnrn
rnrn1. Удобноста на вашиот кревет после долгиот и напорен ден. Перницата на која можете да ја потрпете вашата глава и да го одморите умот.rnrn2. Звукот на смеењето на вашите пријатели додека седите на каучот и гледате телевизија.rnrn3. Чувството на мир кога правите прошетка во некое тивко соседство или гледате во некој прекрасен пејзаж.rnrn4. Удобна неделна квечерина покрај каминот со луѓето кои ги сакате.rnrn5. Погледот кој ви го испраќаат пред да ве бакнат.rnrn6. Безбедноста која ја чувствувате кога ја држите раката на вашата мајка пред да ја преминете улицата.rnrn7. Првата голтка кафе наутро, кога светот е тивок и можете да ја посведочите светлината на новиот ден и да ги слушнете птиците како пеат.rnrn8. Начинот на кој личноста која ја сакате ве прегрнува кога сте тажни или исплашени и сè што ви треба е само еден пријатен допир.rnrn9. Топлината која ја чувствувате кога вашето милениче ви спие во скутот или спие со вас под ќебето.rnrn10. Местото на кое можете да бидете тоа што сте без да се преправате или да носите маски.rnrn11. Место на кое одите кога сакате да бидете сами, вашето светилиште.rnrn12. Трпезариската маса во куќата во која сте пораснале.rnrn13. Чаша вино по еден напорен ден.rnrn14. Сигурност во еден несигурен свет и стабилност во еден нестабилен свет.rnrn15. Пуштањето на омилените песни на глас, одново и одново.rnrn16. Добра книга и шолја топол чај.rnrn17. Мирисот на свежиот воздух кој се шири низ вашата душа и ве оживува.rnrn18. Местото на кое доаѓате после некоја лоша ноќ и каде одеднаш сè станува во ред.rnrn19. Играњето и трчањето во дворот кога надвор е сончево.rnrn20. Местото каде ви се случиле сеќавањата и моментите кои ве оформиле. Рабовите на вашите животни пресвртници.rnrn21. Местото на кое одите кога се чувствувате беспомошно и кога светот повеќе нема смисла.rnrn22. Зборовите кои ги кажувате без филтер – онака како што сакате да бидат слушнати.rnrn23. Местото на кое се подготвувате за некоја средба, свадба или важен настан.rnrn24. Онаму каде што ги собирате скршените парчиња и одново ги составувате.rnrn25. Домот не е местото каде што сте се родиле, туку местото од каде што не сакате да избегате. -

Постојат 2 видови емпати: Во која група спаѓате вие?
Да се биде чувствителен на нештата кои другите луѓе ги искусуваат е добро, но до одреден степен. Сè додека не ви влијае негативно, вие можете да имате придобивка од тоа. Сочувствувањето, грижењето и способноста да се види нешто од туѓа перспектива се важни аспекти за одржувањето здрав живот. Имајќи го тоа на ум, дали сте знаеле дека постојат два различни видови емпати? Погледнете што значи да се биде емпат, а што идентификатор, и како овие способности влијаат на самите личности…rnrn
rnrn1. Емпат: Личност која е способна да ги процесира емоциите и енергиите на другите луѓе до тој степен што всушност може да почувствува што тие чувствуваат, емоционално и физички. Многу емпати искусуваат хроничен умор, алергии, необјасниви болести и болки во телото кои доаѓаат од надворешно влијание.rnrn2. Идентификатор: Личност која се истоштува и изморува кога е во поголема група луѓе, некој кој се храни од емоции, особено од трагедија и загуба. Овие личности не успеваат да се дистанцираат од другите. Емпатите можат да сочувствуваат со другите бидејќи знаат што им припаѓа на нив, а што на некој друг, но идентификаторите не ја прават таа разлика.rnrnИдентификаторот пред да стане емпат, најчесто постојано се става во туѓа кожа и ги чувствува оние нешта кои им се случуваат на другите со ист интензитет како да му се случуваат нему лично. Многу е тешко да се биде идентификатор, бидејќи најчесто тие чувствуваат многу страв. За разлика од нив, емпатите можат да се дистанцираат од емоциите на другите луѓе, додека истовремено чувствуваат емпатија.rnrnНа пример, замислете дека пред вас некоја личност се дави во езеро. Ако сте идентификатор, вие ќе бидете толку преокупирани со мислата како би било доколку вие во моментов се давите, па затоа и без размислување ќе се фрлите во вода за да помогнете, дури и покрај тоа што не знаете да пливате. На тој начин, одеднаш, две личности се дават. Но, ако сте емпат, вие нема да скокнете во водата ако не знаете да пливате, туку ќе останете смирени, на брегот, и ќе почнете со зборување да ѝ помогнете на оваа личност да се извлече. Вие сочувствувате со неа и сакате да помогнете, но не по цена на својот личност.rnrnИдентификаторите, со доволно трпение и пракса можат да станат емпати. Но, доколку продолжат со претераното впивање на туѓите емоции додека истовремено ги доживуваат како свои, тие можат полека да губат контакт, сè додека не стигнат до момент кога нема да знаат што во нив е нивно, а што присвоено од другите. -

Што е љубовта? Погледнете како децата ја замислуваат и дефинираат
Децата се најчистите суштества кои искрено можат да кажат што мислат без да се плашат од тоа како ќе бидат сфатени. Додека возрасните очајно се обидуваат да ја дефинираат, децата на возраст 6-11 години очигледно многу повеќе знаат за љубовта од некои возрасни.rnrn
rn„Ако заљубувањето е како учење на азбуката, не сакам да се заљубам. Предолго трае.“
rn
„Љубовта е како лавина од која мораш да бегаш за да си го спасиш животот.“
rn
„Мислам дека прво треба да нѐ погоди некоја стрела, но останатото не е толку болно.“
rn
„Никој не знае како тоа се случува, но слушнав дека има врска со тоа како мирисаш. Затоа дезодорансите и парфемите се многу популарни.“
rn
„Кога ќе завршам со градинка, ќе си пронајдам жена.“
rn
„На првиот состанок луѓето ѝ кажуваат лаги на личноста која ги интересира за да одат и на втор состанок.“
rn
„Една личност има пеги, па пронаоѓа друга која исто така има пеги.“
rn
„Еден од вас ќе мора да знае да пишува чекови: иако можеби сте многу заљубени, секогаш ќе има многу сметки за плаќање.“
rn
Кога луѓето одредено време се во врска, момчето може да ја запроси девојката и да ѝ рече: Спремен сум да те земам за цел живот, или барем додека не добиеме деца и не се разведеме.“
rn
„Љубовта ќе те пронајде, дури и ако добро се скриеш. Јас се обидувам да се скријам уште од пет години, но девојките едноставно ме наоѓаат.“
-

Многуте дефиниции на љубовта
Дефинирањето на љубовта е прашање кое отсекогаш ги терало умните луѓе на размислување, тоа е така и денес, а така и ќе остане. Еве мал дел од нивните дефиниции изнесени во нивните книги и предавања.rnrn
rnЉубовта не е вљубување
rn
„Нашата најосновна емоционална потреба не е да се вљубиме, туку да бидеме искрено сакани од некој друг, да осознаеме љубов која расте од разумот и изборот, а не од инстинктот. Потребно ми е да бидам љубен од некого кој избрал да ме љуби и кој во мене гледа нешто вредно за љубење.rnrnОвој вид љубов бара напор и дисциплина. Тоа е избор да ја прошириш енергијата за доброто на некој друг, знаејќи дека неговиот или нејзиниот живот ќе биде збогатен поради твојот напор, а и ти наоѓаш задоволство – задоволството искрено да љубиш некој друг. Не е потребна еуфоријата на вљубувањето, но за волја на вистината, вистинската љубов не може да се случи додека еуфоријата на вљубувањето не помине.“ – Гери Д. Чепмен во „Петте јазици на љубовта“
rn
Љубовта не е среќа
rn
„Ако ја земете својата среќа и ја ставите во рацете на некоја друга личност, порано или подоцна таа ќе ја скрши. Ако својата среќа ја дадете на друга личност, таа ќе замине со неа. Но ако среќата дојде само однатре од вас и е резултат на љубов, тогаш вие сте одговорни за својата среќа. Не можеме некој друг да го направиме одговорен за нашата среќа…“ – Дон Мигел Руиз во „Моќта на љубовта“
rn
Љубовта е како вашето куче
rn
„Знаете, лесно е да го сакате вашето куче затоа што тоа нема мислење за вас. Кучето ве сака безусловно. Тоа е важно. Ако партнерот ве сака такви какви што сте, тогаш ве сака како што ве сака кучето. Можете да бидете свои со партнерот, можете да бидете маж, можете да бидете жена, баш како што кучето со вас е куче.“ – Дон Мигел Руиз во „Моќта на љубовта“
rn
rnЉубовта не е баш она што мислевте дека е
rn
„Она што го нарекуваме љубов, односно кога му требаме некому и кога некој се грижи за нас, тоа не е љубов туку себичност. Зошто е тоа така? Себичноста не се јавува затоа што не постои љубов. И двајцата тежнеат за љубов. Вкусуваат по малку љубов во сексот и стануваат зависни од него затоа што тежнеат за љубов. Но тука се сите осудувања. И стравови. И обвинувања. И сета драма.“ – Дон Мигел Руиз во „Моќта на љубовта“
rn
Љубовта е огледало на она што сакаме да бидеме
rn
„Саканата личност е замена за идеалното јас. Двајца луѓе кои се сакаат всушност си ги разменуваат нивните идеални јас. Тоа што се сакаат значи дека го сакаат идеалниот јас кај другиот. Би немало љубов на светот кога не би постоел овој фантом. Се вљубуваме затоа што не можеме да ја постигнеме сликата која е подобра од нас и е нашата најдобра верзија. Од овој концепт станува очигледно дека љубовта сама по себе е можна само на одредено културно ниво или после одредена фаза во развојот на една личност. Ова создавање на идеалното јас го обележува човековиот напредок. Кога луѓето се целосно задоволни од себе, љубовта е невозможна. Пренесувањето на идеалното јас на друга личност е главното обележје на љубовта.“ – Теодор Рејк во „За љубовта и страста“
rn
Љубовта е лудост
rn
„Вљубувањето автоматски води кон лудило. Оставено само на себе, тоа оди до крајности. Тоа го знаат ‘освојувачите’ од двата пола. Штом вниманието на една жена е фиксирано врз еден маж, тој целосно доминира со нејзините мисли. Сè што е потребно е едноставна игра топло-ладно, загриженост и презир, присуство и отсуство. Ритамот на оваа техника влијае на женското внимание како на пневматска машина и на крај завршува одвојувајќи ја од остатокот од светот. Или како што вели народот, ‘да ѝ го испие разумот’.“ – Хозе Марија и Гасет во „За љубовта: Аспекти на вечната тема“
rn
rnЉубовта е посилна од сексот
rn
„Мислам дека таа (љубовта) е многу посилна од сексуалниот нагон. Знаете, ако поканите некого во кревет со вас и тој или таа ви рече ‘Не, благодарам’ вие сигурно нема да се самоубиете или да паднете во клиничка депресија. Но, затоа пак, луѓето во светот кои биле одбиени во љубовта би убиле за тоа. Луѓето живеат за да љубат. Убиваат за љубов. Умираат за љубов. Создаваат песни, поеми, новели, скулптури, слики, митови, легенди. Во преку 175 општества луѓето оставиле докази за овој силен мозочен систем. Дојдов до заклучок дека тоа е еден од најсилните мозочни системи на светот кој носи и голема радост и голема тага.“ – д-р Хелен Фишер во говор на ТЕД конференција
rn
Љубовта е основа на нашето постоење
rn
„Потребата за љубов лежи во самата основа на човековото постоење. Тоа резултира од длабоката меѓузависност која сите ја делиме меѓу себе. Колку и да е способна и вешта една личност, оставена сама на себе таа нема да преживее. Колку и силен и независен да се чувствува некој за време на убавите периоди од животот, кога е болен или многу млад или многу стар, тој зависи од поддршката од другите.“ – Далај Лама
rn
Љубовта не е страст
rn
„Можеме длабоко да ги сакаме нашите партнери, да ги идеализираме, па дури и да сме спремни да умреме за нив, но овие чувства ретко се претвораат во долготрајна страст. Истражувањата покажуваат дека во долгите врски жените почесто и побрзо го губат интересот за секс во споредба со мажите. Зошто? Затоа што женската идеја за страстен секс многу повеќе зависи од новините во споредба со онаа на мажот.“ – Соња Љубомирски, професор по психологија на Универзитетот Калифорнија
-

Детските сфаќања за љубовта
Неколку експерти на група дечиња на возраст од 4 до 8 години им го поставиле прашањето „Што е љубов?“ Нивните одговори биле подлабоки отколку што можете да претпоставите.rnrn
rn„Баба ми има артритис и не може повеќе да се наведнува за да си ги лакира ноктите на нозете. Затоа дедо ми ѝ ги лакира ноктите цело време, иако и тој има артритис на рацете. Тоа е љубов“ – Ребека, 8 години.
rn
„Кога некој те сака, начинот на кој го кажува твоето име е поинаков. Така знаеш дека твоето име е на сигурно во нивната уста“ – Били, 4 години.
rn
„Љубовта е она што прави да се насмееш кога си уморен“ – Тери, 4 години.
rn
„Љубов е кога мајка ми му прави кафе на татко ми и го пробува пред да му го даде за да види дали е вкусно“ – Дени, 7 години.
rn
„Љубов е кога се бакнувате цело време. Кога ќе се уморите од бакнување, сакате уште да сте заедно и да разговарате. Мајка ми и татко ми се такви. Грозни се кога се бакнуваат“ – Емили, 7 години.
rn
„Љубов е она што се наоѓа во собата на Божиќ во моментот кога ќе престанеш да ги отвораш подароците и само ќе слушаш“ – Боби, 7 години.
rn
„Ако сакаш да научиш подобро да љубиш, треба да почнеш да учиш со некој пријател што го мразиш“ – Ника, 6 години.
rn
„Љубов е кога на некое момче ќе му кажеш дека ти се допаѓа маицата, а тој ќе почне да ја носи секој ден“ – Ноел, 7 години.
rn
„Љубовта е како старица и старец кои сè уште се пријатели иако многу добро се познаваат“ – Томи, 6 години.
rn
„Кога бев на сцената за мојот настап со пијано бев многу исплашена. Погледнав кон луѓето што ме гледаа и го видов татко ми како ми мавта со раката и се смее. Само тој правеше така. И веќе не се плашев“ – Синди, 8 години
rn
„Љубов е кога мама му го дава на тато најубавиот дел од кокошката“ – Илејн, 5 години.
rn
„Љубов е кога мама го гледа тато испотен и како мириса на пот и му вели дека е позгоден и од Роберт Редфорд“ – Крис, 7 години.
rn
„Љубов е кога кученцето те лиже по образот иако си го оставила цел ден да биде само“ – Мери Ен, 4 години.
rn
„Јас знам дека мојата постара сестра ме сака затоа што ми ја дава нејзината облека и потоа мора да оди да си купи нова“ – Лорен, 4 години.
rn
„Кога сакаш некого трепките ти одат горе-долу и од тебе излегуваат мали ѕвездички“ – Карен, 7 години.
rn
„Љубов е кога мама го гледа тато додека е на веце-шолјата и не мисли дека тоа е одвратно“ – Марк, 6 години.
rn
„Не треба да велиш ‘те сакам’ ако не го мислиш тоа. Но ако го мислиш треба многу да го кажуваш. Луѓето забораваат“ – Џесика, 8 години.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.