Замислете ја следнава ситуација: Чекате автобус на станица со вашето друштво коешто се сочинува од останатите 11 хороскопски знаци. Овој урнебесен но реалистичен приказ на оваа ситуација без сомнение ќе ве насмее и ќе ве расположи! Епа ајде да видиме што ќе се случи…rnrn
rnrnОвен: „Што е со превозниве средства, досега можев да купам автобус, да го расклопам, повторно да го составам и да го донесам на станицава…“rnrnЈарец: „Расклопувањето можеби би ти одело тешко. За тоа е потребен експерт.“rnrnЛав: „Кој ме викна? Можам да ви покажам како се прави тоа, но некој друг ќе мора да го направи.“rnrnДевица: „Ако нешто не можеш до крај да го направиш сам, откажи се од тоа.“rnrnОвен: „Кој вели дека ми треба нечија помош?“rnrnВага: „Ве молам смирете ја тензијата, ова не мора да биде непријатно време ако се забавуваме едни со други.“rnrnБлизнаци: „Некој спомна забава? Ајде да ги преместиме броевите на пероните за возачите да не знаат каде треба да застанат со автобусот!“rnrnСтрелец: „Конечно некој со визија!“rnrnЈарец: „Ве молам воозбилете се, не е тоа приватен имот за да го фаќате. Зарем не почитувате ниту едно правило?“rnrnБик: „Ех да беше приватен имот па да не изгледаше вака… и оваа станица, и овој перон, и автобусите… нема човек ни каде сендвич да купи.“rnrnВага: „Ако ви е утеха, барем не сме сами.“rnrnСкорпија: „Самотијата е половина здравје.“rnrnВодолија: „Не може да ме утеши фактот дека сум во група со единаесет луѓе со кој немам апсолутно ништо заедничко. Ова е губење време.“rnrnРиби: „Од секој може по нешто да се научи.“rnrnВага и Девица: „Какви се овие манири?“rnrnРак: Сè ова е домашно воспитување. Во мое време не се разговараше вака со луѓе.“rnrnОвен: „Да бидам искрен, тука само ќотек помага.“rnrnБлизнаци и Стрелец: „Ќе се претвори ли овој ден во нешто интересно?“rnrnДевица и Јарец: „Би било интересно само ако се почитуваат правилата во оваа држава и автобусите престанат да доцнат.“rnrnВодолија: „Ако некој е заинтересиран да направи нешто, а не само да зборува, веќе познавам некои луѓе кои можат да го решат тоа. Ќе им се јавам и ќе завршам работа.“rnrnЛав: „Се кладам дека јас знам поважни луѓе.“rnrnСкорпија: „Џабе ви е што знаете луѓе кога не се знаете себеси.“rnrnРак: „Страв ми е дека ќе останеме тука до вечер. Потоа ќе бидеме присилени да спиеме на клупи. Тоа не е безбедно.“rnrnБик: „Нема шанси! Јас да спијам на таа даска?“rnrnОвен, Јарец, Стрелец: „Ах, каде сè не сум спиел јас досега…“rnrnРиби: „Ако на некој му треба ќебе, можам да му го дадам моето.“rnrnДевица: „Како мислите да спијам на туѓо ќебе?“rnrnБлизнаци: „Никој никаде нема да спие, тоа е само губење време. До вечер ќе бидеме којзнае каде.“rnrnВага и Водолија: „Додека сме тука, можеме да ја прошетаме станицата и да запознаеме некои интересни луѓе?“rnrnСкорпија: „Ако му требам на некој, ќе бидам во меана.“rnrnРиби: „Те молам почекај ме, ќе дојдам и јас.“rnrnРак: „Ах, и јас би испил нешто, ама имам некои проблеми со гастритис, не ми е лесно…“rnrnДевица: „Сега јас ќе го решам тоа…“ (вади аптека од торба)rnrnЈарец: „Мислам дека во моментов најважно е да ја пронајдеме одговорната личност за овој хаос и сериозно да поразговараме со неа.“rnrnОвен и Лав: „Додека овие се бават со гастритис, меани, ќебиња и останати тривијалности, ние може да направиме нешто значајно. Ќе дојдеме со тебе!“rnrnПо некое време автобусот пристигнува на станицата… Овенот, Лавот и Јарецот се караат со возачот поради каснењето, Стрелецот и Близнаците нашле приватен превоз без никој да ги види, Скорпија ги изнесува пијаните Риби од меаната, кои ги седи Ракот замотан во омиленото ќебе бидејќи заладило, а Вагата И Водолијата пронашле три личности кај кои ќе преноќуваат кога ќе одат на пат, два животни пријатели, симпатија и бизнис партнер. Бикот си седи на истото место од почетокот и нема намера да се помести. Девицата потроши цел пакет влажни марамчиња за бришење на куферите и себе и пцуе сè од возачот, автобусот, државното уредување и системот. Сите, освен Близнаците и Стрелецот што ги нема, влегуваат во автобусот и ја напуштаат станицата.rnrnПрочитајте и што се случува кога сите хороскопски знаци ќе тргнат заедно на пат…
Tag: автобус
-

Што се случува кога сите хороскопски знаци ќе се најдат на автобуска станица?
-

Девојка претворила стар автобус во неверојатен подвижен дом
Наместо да го бара домот од соништата, Џеси Липскин решила самата да си го направи. Разгледувајќи на eBay, таа се вљубила во автобус од 1966-та година и веднаш го купила. Ги поминала наредните неколку години обидувајќи се да го претвори возилото во дом на тркала.rnrn
rnrnКога го купила, автобусот изгледал вака.rnrn
rnrnНајтешко од сè ѝ било да ги пронајде вистинските луѓе кои ќе ѝ помогнат во преобразбата.rnrn
rn„Сакам сама да правам работи, но немам никакво искуство со водовод, струја и работа со дрво што би ми помогнало во проектот.“
rn
rn„Големиот предизвик беше тоа што е навистина различно од работењето на дом што се наоѓа на една локација.“
rn
rn„Постојано мислев на движењето, а покрај тоа аглите на автобусот и прозорците направија вистински предизвик од дизајнирањето.“
rn
rn„Важно беше да се пресметаат аглите бидејќи навалувањето на автобусот се менува во зависност од локацијата. Ова одзема голем дел од времето за проектот.“
rn
rnrnВо главно, за целиот проект биле потребни 3 години.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Оваа загатка е полесна за децата отколку за возрасните: Дали вие ќе успеете да ја решите?
Доколку сакате да станете дел од најновата загатка која го размрда целиот Интернет, тогаш време е да размислувате како дете. Каналот „National Geographic“ поставил прашање кое изгледа е многу полесно за децата отколку за возрасните. Погледнете го овој цртеж од еден школски автобус и размислете, на која страна се движи тој?rnrn
rnrnСпоред каналот, 80% од децата под 10-годишна возраст одговориле точно без размислување и се воделе од здрав разум и едноставна логика. Но, изгледа тоа е малку потешко за возрасните. Со цел да се реши оваа загатка, треба да ги имате во предвид следниве фактори:rnrn1. Каде се вратите? Дали ова е некој вид футуристички автобус каде што луѓето се телепортираат внатре како во „Ѕвездени патеки“? Секако дека не. Едноставната логика ни кажува дека вратите се од другата страна на автобусот. Господин Спок би бил задоволен со овој заклучок.rnrn2. Сега размислете на која страна од патот се наоѓа автобусот. Со оглед на тоа што во поголемиот дел од светот се вози на десната страна, ние слободно можеме да заклучиме дека тој се наоѓа токму таму. А сега поставете го шоферот. Дали воопшто го има? Да се надеваме, бидејќи во спротивно сите кои се возат во овој автобус се осудени на пропаст. Со оглед на тоа што автобусот се наоѓа од десната страна на патот, можеме слободно да замислиме дека шоферот е на левата.rnrn3. Следно, да претпоставиме дека овој автобус бил создаден според општите стандарди и дека седиштето на шоферот е напред. Бидејќи тој е од левата страна, која е од напред, тогаш можеме да претпоставиме дека овој автобус се движи кон лево.rnrn
rnrnСекако, ако се наоѓате во Велика Британија или која било друга држава каде што луѓето возат на левата страна од патот, тогаш сè ќе биде наопаку и вие всушност ќе се движите кон десно. Токму затоа и овој автобус се движи во двете насоки, растегнувајќи се низ времето и просторот, засекогаш…rnrn
rnrnА сега, обидете се да ја искористите истата оваа логика во вашата глава, за помалку од секунда, исто како што би направило 10-годишно дете. Со оглед на тоа што децата се многу подобри при анализирање визуелните знаци и правење инстантни заклучоци базирани врз нив, тие секогаш ќе бидат подобри од возрасните за ваков вид загатки. Мааната кај возрасните е тоа што тие ги мешаат визуелните и другите видови сензорни знаци пред да дојдат до краен заклучок, правејќи ја нивната одлука побавна и можеби повеќе промислена. Иако тоа не е објаснување зошто повеќето возрасни воопшто не дошле до точниот резултат. -

Креативен татко направил прекрасен кревет во форма на автобус за својата ќерка
Овој креативен татко и експерт на полето „Направи сам“ изградил неверојатен Фолксваген кревет за 3-от роденден на неговата ќерка. Идејата му дошла сосема случајно откако онлајн открил стари делови од овој автобус кои биле на продажба.rnrn
rnrnТој наместо да го изгради креветот од почеток, одлучил дека е подобро да искористи веќе употребуван кревет на спрат и околу него да ги нареди металните делови од автобусот. Таткото покрај деловите од автобусот, употребил и иверица, боја и други материјали со чија помош изградил неверојатен модел од 2-та серија на Фолксваген автобусите, со кревет на кровот, колоритен ентериер, светла кои работат и волан со звучни ефекти. Погледнете…rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Патници кои се подосадни и од бебе кое без прекин плаче за време на целиот пат
Многумина уживаат со целото свое срце за време на патувањето, без разлика дали станува збор за автобус, воз, брод или авион. Но, постојат и патници кои патувањето ги прави нервозни, зборлести, па дури и склони на алкохол со цел да си го забрзаат времето додека патуваат. Токму овие патници се оние кои негативно влијаат врз сите, но проблемот дополнително се зголемува доколку тие се сместени на седиштето до вас. Погледнете дел од најдосадните патници и неколку начини на кои можете да се справите со нив…rnrn
rn1. Патникот со кој се борите за место на раката
rnДолгото патување со себе носи и борба за место на раката, особено доколку сте во автобус или авион. Понекогаш оној кој седи до нас целосно го има окупирано потпирачот за раце, па ако сакаме и ние да го користиме, ќе мора да се „туркаме со раце“ за него. Ова не би се случувало доколку пред почетокот на патот се направи договор за наизменична употреба на ова место.rn
2. Патникот кој едноставно не може да седи мирен
rnСекогаш има еден патник кој е многу нервозен, постојано ја тресе својата нога, никако не може да најде удобна позиција и доколку станува збор за воз или авион, цело време станува и шета. Но, она што е најинтересно е дека овој патник секогаш успева да го најде своето место до вас. Токму затоа нареден пат, наместо постојано да станувате со цел да му направите простор да помине, договорете се да ги смените вашите седишта со цел да се поштедите од постојаните прекини на книгата која ја читате.rn
3. Патникот кој го клоца вашето седиште од позади
rnВи се случило ли некогаш баш во оној момент кога сте задремале, некој од позади да го удри вашето седиште и да ве преплаши? И тоа не се случува само еднаш, по грешка. Понекогаш дури и се запрашувате да не случајно се борат патниците кои седат позади вас, бидејќи едноставно нема друго логично објаснување за константните удари кон вас. Обидете се уште на почетокот културно да им воочите за овој проблем, бидејќи не би сакале да го поминете патот во исчекување на следниот удар.rn
4. Патникот кој зборува без прекин
rnЗамислете го следново сценарио. Вие сте пресреќни бидејќи ќе патувате сами и детално сте го испланирале вашето време за патувањето. Ја имате омилената книга покрај вас, одлична музичка плејлиста за релаксирање и место до прозорецот кое ви гарантира неверојатни пејзажи. Но, одеднаш сфаќате дека сè пропаѓа во вода откако по првите 2-3 минути од патот ја дознавате целата историја на патничката која седи до вас… Би ви предложиле да бидете искрени со неа, но да бидеме реални тоа нема да успее. Токму затоа можеби би требало да бидете малку сурови и да ја игнорирате или пак, да се преправате дека спиете (доколку патот не е долг).rn
5. Патникот кој претерал со алкохолот
rnБез разлика дали станува збор за личност која не поднесува добро патувања, па решила со алкохол да се смири или пак, за група на пријатели кои сакале да си го направат патот поинтересен, никогаш не е забавно да се биде во близина на луѓе кои не се свесни за своите постапки. И покрај тоа што не можете ништо да направите во оваа ситуација, ви препорачуваме да ги ставите слушалките, да го пуштите звукот до максимум и да се обидете да заборавите на хаосот кој се случува околу вас.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Студент по архитектура претворил стар автобус во удобен дом
Во текот на својот последен семестар од магистерските студии по архитектура на Универзитетот Минесота, на студентот Хенк Батита му досадило да работи само на концептуални проекти кои постојат само на хартија и решил да внесе живот во својот последен проект. Амбицијата да направи нешто различно, го натерала Хенк импулсивно да купи школски автобус од веб-сервисот „Craigslist“ за 3.000 американски долари, со цел да го редизајнира и да го претвори во подвижен дом.rnrn
rnrnНеговата идеја го привлекла вниманието и поддршката од страна на професионалните архитекта и асистенти, кои го поттикнале младиот амбициозен архитект навистина да го трансформира возилото.rnrn
rnrnПосле 15 напорни седмици поминати во планирање и физички труд, Батита успеал да го редизајнира вообичаениот школски автобус, со помошта од неговиот брат Винс и неговиот другар, фотограф, Џастин Евидон. Редизајнираниот автобус сега се состои од дневна соба, спална соба, тоалет, кујна, работен простор и простор за складирање предмети.rnrn
rnrnОткако го завршил декорирањето на автобусот, тој започнал 8.000-километарско патување околу САД со него. Интересниот архитект секојдневно го документира забавното патување, објаснувајќи ги попатните авантури проследени со фотографии на неговиот веб-сајт, со цел да го следи прогресот на автобусот и евентуалните ограничувања, за да го усоврши неговиот дизајн.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn -

Како да „преживеете“ ноќно возење со автобус?
Ноќното патување со автобус може да биде големо искушение за оние на кои им е неопходен барем малку комфор за добро да се одморат. Тоа во никој случај не може да биде удобно, но ако ги следите овие неколку совети искуството нема да биде многу непријатно.rnrn
rnКаде да седнете?
rnНепријатните дупки на патот можат да ви го расипат сонот, па затоа обидете се да најдете место за седење некаде над тркалата на автобусот поради тоа што тие барем малку ќе го амортизираат ударот. Треба да внимавате и на патниците кои се движат низ автобусот во никое време, додека другите се обидуваат да заспијат. Нивните потчукнувања ќе ги избегнете со седнување некаде поназад, каде што фреквентноста е помала.rnrnrn
Облека
rnНајдобро е да се облечете во слоеви, затоа што така ќе можете постојано да се приспособувате на температурата. Возачите понекогаш знаат да ја вклучат климата на максимум и да ве смрзнат, а понекогаш ќе треба да се справувате со високи температури и потење. За вториот случај, имајте при рака резервна маица за да се пресоблечете кога ќе се испотите.rnrnrn
Храна
rnНеколкучасовен глад може патувањето да ви го направи многу непријатно. Не знаете секогаш кога возачот ќе застане да направи пауза и затоа понесете си храна за моментите кога ќе огладнете. Сендвичите со храна која не се расипува брзо се одлична опција, а покрај нив добро е да си понесете и јаткасто и сушено овошје. Тие содржат доволно масти и диетални влакна кои ќе ве држат сити подолго време. И секако, задолжително е кај себе да имате многу вода. Избегнувајте ги газираните сокови богати со шеќер затоа што само ќе ви предизвикаат подуеност и ќе ве тераат да пиете уште повеќе вода.rnrn
rnЗанимација
rnПат од дванаесет часа може да изгледа како да е многу подолг кога сте оставени сами со своите мисли. Ќе поминете убаво ако до вас имате пријател со кого можете долго да разговарате, но ако сте сами задолжително земете со себе некаков уред за слушање музика или нешто за читање, ако тоа го дозволуваат условите во автобусот. Ако батеријата на лаптопот издржува доволно време, можете да погледнете и некој филм.rnrnrn
Спиење
rnСпиењето во никој случај нема да биде удобно, но ако се потрудите да откриете која е најмалку лошата позиција за вашиот грб, шансите за успешно „преживување“ на возењето значително се зголемуваат.rnrnИмате повеќе опции:rn
- rn011
- Седечка положба – Седнувате на седиштето, со исправена глава и колку што може поиспружени нозе;
- Школка – Пуштете го седиштето назад најмногу што може, а потоа навалете се на едната страна и сместете ги нозете на седиштето.
- Потпрени на соседното седиште – Ако вашето седиште е поспуштено од соседното, употребете го како потпирач за главата. Ќе почувствувате мала болка од секоја дупка на патот, но тоа можете да го амортизирате со поставување на перниче, ќебе или нешто слично.
- Положба на фетус – Свиткајте ги нозете и потпрете ги на седиштето пред вас. Внимавајте само оној кој седи на тоа седиште да не го повлече напред, па да паднете.
rn011
rn011
rn011
rn
rnДобро е да имате при рака и тампони за уши за колку-толку да не ги слушате другите патници додека разговараат, ‘рчат или тропаат, како и маска за очите која ќе спречи светлината да дојде до вашите очи кога ќе изгрее сонцето.rnrnrn
Паузи
rnПрашајте го возачот колку често ќе правите паузи. Тие најчесто застануваат по точно определен временски интервал, па така ќе знаете за колку време ќе можете да купите нешто за јадење ако не сте понеле со себе или кога конечно ќе го посетите тоалетот.rnrnrn
Кога ќе стигнете?
rnПрво што морате да направите кога ќе стигнете е добро да се истегнете. Проверете дали ви фали нешто од она што сте го понеле со себе и продолжете каде што сте тргнале. Вие успешно сте го преживеале ноќното патување со автобус.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. Љ -

Пријатно Фотошоп-изненадување за сите што чекаат автобус
Замислете, чекате автобус, здодевно ви е, 57-цата пак доцни и тогаш на рекламното пано пред вас се појавувате во фотошопирана верзија, поставени во некоја интересна сцена. Тотално неочекувано и возбудливо, нели?rnrnОваа кампања, која потсетува на комбинација од Скриена камера и Невозможна мисија, се снимала во Стокхолм, Шведска, како најава за настанот Adobe Creative Days, кој ќе се случи на 11 јуни во нордискиот регион.
Погледнете ги бесценетите реакции на луѓето кои биле тајно фотографирани и потоа фотошопирани, во моментот кога ќе се видат себеси наместо рекламата на билбордот отспротива.rnrnШеговитата акција е дел од т.н. „улично ретуширање“ од Адоби во која мајсторот зад креациите е вештиот Фотошоп-експерт Ерик Јохансон.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Школски автобус претворен во движечки дом
Овој стар автобус кој порано го користело некое американско училиште, добил една сосема нова намена. Тој сега претставува несекојдневен дом на некој креативен авантурист.
Прекрасниот дрвен ентериер му дава едно навистина комфорно и пријатно чувство на овој мал движечки дом. Во него има целосно функционална кујна, камин за греење, кауч за спиење, работно биро и полици кои ги држат работите за да не паднат при патување.
Овие стари автобуси се познати по тоа што трошат многу гориво, па од тој поглед може не е економичен начин за патување. Но, од друга страна се заштедуваат пари, бидејќи секаде можете да преспиете без да платите и да уживате на уникатен начин.


rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Работи од кои се срамиме кога сме во јавност
Секој од нас се посрамотува по 4 пати дневно – открива едно најново истражување. Помеѓу работите кои ни предизвикуваат црвенило на образите, спаѓаат заборавањето на нечие име, судир со уличната светилка и дамки од пот.rnrn
„Сите се трудиме да изгледаме смирено и кул без оглед на тоа каде се наоѓаме, меѓутоа, работите ретко се одвиваат онака како што сме планирале.“ – изјавил портпаролот на компанијата „Ladbrokes“, која го нарачала ова истражување.
rn
rnrnПогледнете ја листата со работи кои за многу луѓе претставуваат непријатност:rnrn1. Заборавање на нечие име во ситуација кога сакате да го претставите на вашите пријатели.rnrn2. Сопнување и паѓање на сред улица.rnrn3. Кога некому ќе му се обратите со погрешно име.rnrn4. Кога забележувате дека имате дамки на облеката.rnrn5. Кога на некој му мавтате и не ве забележува.rnrn6. Кога после оброкот ви се заглавила храна меѓу забите.rnrn7. Кога помислувате дека некој ви мавта вам, а всушност му мавтал на некој друг.rnrn8. Кога доцните.rnrn9. Кога заборавате каде сте се паркирале.rnrn10. Кога случајно ќе подждригнете.rnrn11. Кога ќе се изгубите.rnrn12. Кога имате дамка од пот на облеката.rnrn13. Кога зборувате за некој, а тој стои доволно близу за да може да ве слушне.rnrn14. Кога случајно ќе испратите порака на погрешна личност.rnrn15. Кога некој се обидува да влезе во тоалетот, додека сте вие во него.rnrn16. Кога автомобилот ќе ви се изгаси на семафор.rnrn17. Кога трчате по автобусот и на крај не успевате да го стигнете.rnrn18. Кога ќе се опијаните на свадба.rnrn19. Кога ќе заборавите дома некој важен документ.rnrn20. Кога имате кармин на забите.rnrn21. Кога ќе облечете нешто наопаку.rnrn22. Кога случајно ќе се удрите во уличното светло.rnrn23. Кога ќе паднете од велосипед.rnrn24. Кога на лице ќе ви останат траги од мастило од пенкало.rnrn25. Кога ќе се заглавите помеѓу подвижни врати.rnrn26. Кога на социјалните мрежи по грешка ќе споделите нешто приватно со сите.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.








