Протагонистот на оваа приказна е 91-годишна баба од Русија, која и покрај нејзината возраст, патувала на многу места. И не само околу Русија, туку и надвор од границите, без разлика дали е егзотична локација или не!rnrnЕлена Ерхова, попозната како Баба Лена од сибирскиот град Краснојарск, патувала на места каде не би очекувале да отиде 91-годишник и ги документирла нејзините патувања на социјалните мрежи. За жал, Баба Лена почина во 2019 година на зрела возраст од 91 година, но таа остави наследство од своите патувања на својот Фејсбук профил. Ве покануваме да го прославите животот на Баба Лена преку фотографии и да запомните дека никогаш не е доцна да направите нешто, особено ако тоа е нешто што отсекогаш сте сакале да го направите.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПрочитајте и за овој пар кој патува низ светот без облека за да ги открие најдобрите места за нудисти.
Tag: авантурист
-

Баба авантурист: 91-годишна баба која има патувано во многу земји е доказ дека никогаш не е доцна за вашите соништа
-

10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп
Еден од најважните знаци дека сте вистински Овен во хороскоп е дека сте родени помеѓу 21 март и 19 април. Според другите:rnrn
rn1. Сакате да бидете водач, а другите сакаат да ве следат
rnПоседувате харизма, иницијативност и независност кои ве прават роден водач. Никогаш не ви недостасува ниту амбиција.rn
2. Не сакате луѓе кои ви шефуваат и ви кажуваат што да правите
rnВие сте водачот, а не овој што следи. Постојано тежнеете работите да ги направите онака како што мислите и како што ви одговара, а не како што мислат другите дека треба.rn
3. Тешко се справувате со поразите
rnПонекогаш се однесувате и малку агресивно кога работите не одат како што посакувате. Овенот знае да боде со роговите во такви моменти.rn
4. Ги надминувате сите стравови така што се соочувате со нив
rnНе сте бестрашни, и вие на моменти се плашите како и сите други, но имате храброст своите рогови да ги насочите кон стравовите и да ги победите.rn
5. Ентузијастички започнувате да се занимавате со многу работи одеднаш, а на крајот имате проблем да се справите со сите нив
rnСакате да започнувате да правите нешто и обично сте многу добри во тоа што го правите, но понекогаш енергијата ја делите меѓу премногу работи и на крајот заглавувате некаде.rn
6. Секогаш сте спремни да пробате нешто ново
rnХрабри сте и не се колебате да влезете во авантура. Нема друг хороскопски знак кој како вас веднаш е спремен за авантура, особено кога тоа е со друштвото.rn
7. Компетитивни сте
rnСекогаш сакате да биде чекор пред другите и поради тоа понекогаш луѓето ви здодеваат. Во тие моменти сакате да бидете личноста која носи живост во вашата група.rn
8. Вие сте одличен другар на кој секој може да се потпре во тешките моменти
rnОвните се заштитнички поставени во однос на пријателите и емпатијата им е силна страна. Знаат да ги остават авантурите настрана ако некому му треба нивната помош.rn
9. Знаете да бидете по малку арогантни
rnСвесни сте за своите квалитети, тоа ви носи популарност, а понекогаш знае и да ве однесе до границата меѓу самоувереноста и ароганцијата.rn
10. Знаете како да се забавувате
rnАко нема забава, вие ќе ја создадете. Затоа другите „се лепат“ за вас кога сакаат убаво да си поминат.
-

Како една луда бабичка го прославила 103-от роденден?
Ивилин Котман наполнила 103 години оваа година и решила да го прослави нејзиниот роденден на еден интересен начин: да појде на коцкање во казино, да се нагости во бифе кое ја нуди услугата „изеди колку што можеш“ и се разбира, да си стави тетоважа! Во придружба на нејзините внуци, оваа едновековна жена решила воопшто да не се воздржува. Кога нејзината внука Џенифер објавила на социјалната мрежа Редит дека Евелин е седната покрај рулет масата, докажала дека баба ѝ е повеќе од кул, бидејќи таа ги вложила сите 103 долари на црна боја и добила!rnrn
rnrnСобирајќи си ја нејзината заработка од казиното, лудава бабичка продолжила со нејзината авантура, одејќи да изеде неколку чинии со храна и на крај завршила на тетовирање. Кога наполнила 100 година ја започнала тетоважата, а сега со помош на тату-артистот Чад Ронило од студиото „Lucky Devil Tattoo“, решила да собере храброст и да ја доврши докрај.rnrnВо однос на тоа дали е здраво и безбедно да се тетовира нa нејзина возраст, Ивилин изјавила дека има добиено одобрување од нејзиниот доктор и дерматолог. Кога станува збор за нејзината комплетна здравствена состојба, може да се каже дека Ивилин е силна колку камион и е во неверојатна форма со оглед на годините. Корисниците на Редит се запрашуваат „Која е нејзината тајна?“, а на тоа Џенифер одговорила дека ако ја прашате баба ѝ, таа ќе одговори едно од овие две нешта: „Месо и компири“ или „YOLO“ (англиска кратенка за „еднаш се живее“).rnrn
rnОткачената баба има одлична смисла за хумор и енергија за живеење на животот. На фановите на Редит им одговорила: „Отсекогаш сум била авантурист, но живеењето до 100-та година од животот навистина те тера целосно да го искористиш својот живот. Поради тоа, правам работи коишто никогаш не сум планирала да ги направам, како што е ставањето тетоважа. Ги обожавам моите смотани внуци.“
rn
rnrnИ покрај тоа што изгледа како бабата да нема време за пооткачени авантури од овогодишните, сепак нејзината внука ги известила сите на Редит да го прослават и наредниот роденден на нејзината баба, задевајќи ги: „Нека биде тајна, но наредната година одиме во Вегас, на шоуто со машки стриптизери Thunder Down Under.“rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?
Мажите родени во хороскопскиот знак Стрелец се весели, палави, забавни и паметни личности. Некои од нив се големи „филозофи“, други се шегаџии, трети се комбинација од претходните две, но во секој случај стрелците поседуваат еден куп интересни карактеристики поради кои не можете, а да не ги сакате. Тие не можат да останат на едно исто место долго време и се секогаш во потрага по некоја нова авантура која ќе им го забрза пулсот на срцето. Во продолжение следуваат карактеристики кои ги одбележуваат машките стрелци.rn
Вешти и брзи
rnОвие мажи се агилни и во телото и во умот. Секогаш се подготвени да научат нови работи, да се усовршат во спортовите и снаодливо да се извлекуваат од напнати и „затегнати“ ситуации. Тие се вешти и паметни личности, кои сакаат добро да се запознаени со одредена тема, пред да се вклучат во дискусија за истата.rnrn
rnФилозофи
rnСтрелците се познати по тоа што за себе мислат дека се непогрешливи и сакаат да го споделуваат нивниот филозофски поглед кон животот на секој што ќе им „влета“ на патот. Ако сакате да освоите некој Стрелец, остварете контакт со очи и за кратко тој ќе почне да ве распрашува од каде сте, кои сте, што правите таму и сл. Откако ќе ги прецизира податоците кои му се потребни за вас, тој ќе побара ваше мислење за одредена тема и кога ќе се обидете да го лансирате вашиот став, тој шармантно но вешто ќе ве пресече додека зборувате и ќе ви го побие вашиот став со сопствениот. Вие дури нема ни да го забележите тоа, бидејќи ќе бидете обземени од неговиот добар изглед, шармантна насмевка и вулканска пасија за стекнување знаење и вештини.rnrn
rnЗабавни личности
rnНекоја привлечна енергија секогаш кружи околу Стрелецот. Тој не само што успева да пронајде забава во сè, туку обожава да ги развеселува и расположува другите луѓе.rnrnНишто не го депримира Стрелецот повеќе од намуртени луѓе. Тој веднаш ќе почне да се однесува будалесто и ќе проба да ве насмее за да ви го подобри расположението, но ако не му успее, тој ќе се повлече. Стрелецот не гледа поента во залудно потрошеното време со вас, ако вие го влечете со вас во меланхолично расположение. Тоа е последното нешто кое тој го сака.rn
Стрелецот на љубовен план
rn
Многу арно не е на арно
rnАко вашето момче е Стрелец, по извесно време може да почнете да чувствувате дека оние работи кои најмногу ви се допаѓале кај него на почетокот, се истите кои сега „ве вадат од кожа“.rn
- rn011
- Неговата темпераментност може да почне да ве нервира: „Зошто никогаш не можеш да седиш мирно?“
- Од неговите филозофски реченици може да посакате да врискате: „Зошто не можам да добијам конкретен одговор?“
- А неговата авантуристичка страна, може да се претвори во прашања од ваша страна од типот: „Зошто никогаш не знаеш да бидеш сериозен?“
rn011
rn011
rn
rn
rnТајминг
rnПромената во однесувањето на Стрелецот настанува кога врската се задлабочува и односите стануваат посериозни. Ништо нема да направи Стрелецот побрзо да избега од својот партнер, од сериозното приврзување. Последно нешто кое сака да му се случи на љубовен план, е од брз тигар да го претворите во куќен мачор. :)rn
Неговото срце може да се освои
rnЗа да го освоите овој човек, потребно е да го примамите со ветување дека никогаш ништо нема да се смени, дека вие двајца секогаш ќе се забавувате, ќе бидете безгрижни и подготвени за секој предизвик кој ќе ви застане на патот. Доколку успеете да направите тој да се почувствува дека врската со вас ќе биде најзабавното и највесело животно патување, Стрелецот ќе има волја да се „врзе“. Патот до освојување на неговото срце не е лесна задача, но ако се потрудите често да ја одржувате насмевката на вашето лице кога сте со него, тој ќе почне да се фаќа на мамката. Верувајте, ова момче е вредно за да се потрудите околу него.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.