Верувале или не, овие неверојатни геометриски скулптури биле создадени од обични парчиња хартија. Артистот зад овие дела е Мет Шилан, кој го користи принципот за изработка на оригами за да направи комплексни дизајни какви што никогаш досега не сте виделе. Погледнете дел од неговите дела и подгответе се да го задоволите вашиот глад за симетрија и ред.rnrnrnrn
Благодарение на Интернетот, талентот на неверојатните фотографи ширум светот непрестајно се шири и сè полесно ги откриваме нивните дела коишто воодушевуваат. Разгледувајќи низ нашите објави за фотографи и артисти, сфативме дека оваа година сме успеале да пронајдеме исклучителни таленти. Токму овој заклучок нè натера одново да ги разгледаме фотографиите што нè воодушевија во 2018 година и да ги споделиме со вас, но на малку поинаков начин – овој пат, сите се на едно место! Уживајте! И ако ви се допадна нашиот избор, не заборавајте да нè заследите на Инстаграм.rnrn rn
Првата работа што ни доаѓа на памет кога ќе помислиме на детството е времето поминато со нашите најсакани баби. Секогаш кога ќе ја видиме нашата најмила баба, прво што помислуваме е да ѝ подариме топла прегратка и да ѝ се заблагодариме за добрината и љубовта со која нѐ опсипувала целиот наш живот. Овие неколку илустрации совршено ја прикажуваат бесценетата вредност на нашите баби…rnrnrnrn
Животот е многу повозбудлив од сите филмови или видео игри заедно. Уникатните нешта се токму тука, пред вашите очи, а многу често не ги забележуваме. Погледнете подобро и ќе бидете запрепастени од разновидноста и перфекцијата на светот околу вас. За да ви го докажеме ова, ви претставуваме неколку навистина интересни фотографии кои без сомнение ќе ве воодушеват.rnrnrnrn
Се вели дека кога го прашале Огист Роден како ги правел своите статуи, тој го цитирал славниот Микеланџело: „Да се направи скулптура е лесно – кога ќе стигнете до кожата застанувате.“ Токму затоа вистинските ремек-дела изгледаат божествено. Гледате во нив и размислувате дека само вистинските гении можат да видат таква убавина во едноставно парче камен. Но, секое значајно парче уметност има мистерија зад себе, а во продолжение откријте дел од нив…rn
1. Мојсеј со рогови
rnrnrnМикеланџело изработил скулптура од Мојсеј со чудни додатоци – пар рогови. Многу историчари на уметноста го објаснуваат ова со неговото лошо интерпретирање на Библијата. Имено во Книгата на егзодусот се вели дека на Евреите им било тешко да го видат лицето на Мојсеј кога слегувал од планината Синај со плочата на која биле запишани десетте божји заповеди. Хебрејскиот збор искористен во библијата може да се преведе и како „блесок“, но и како „рогови“, иако од контекстот е прилично јасно дека лицето на Мојсеј зрачело сончеви зраци, а не дека имало рогови.rn
2. Шарени антички статуи
rnrnrnДолго време се мислело дека античките римски и грчки бели мермерни статуи отсекогаш биле бели. Но според последните истражувања, тие најпрво биле обоени во многу различни бои кои избелеле со текот на времето, пред конечно да исчезнат поради изложеноста на светлина и ветер.rn
3. Страдањата на Малата сирена
rnrnrnСтатуата на сирената во Копенхаген е една од најнесреќните статуи во светот и секогаш е мета на вандали. Нејзината историја има многу пресврти и промени. Била скршена на многу парчиња, повеќе од еднаш, а дури и денес можат да се најдат „лузни“ на нејзиниот врат кои се појавиле кога морало да ѝ биде променета главата. Скулптурата била обезглавена два пати, еднаш во 1964, а вториот пат во 1998. Во 1984 година вандали ѝ ја пресекле едната рака. Конечно во 2007 градските власти решиле Малата сирена да биде преместена подлабоко во пристаништето за да се спречи вандализмот и обидите на туристите да се искачат на неа.rn
4. Бакнежот без бакнеж
rnrnrn„Бакнежот“, познатото ремек-дело на Огист Роден, оригинално бил наречен „Франческа да Римини“ според италијанската благородничка од 13-от век чие име било овековечено во „Пеколот“ од Данте Алигиери. Жената се вљубила во помладиот брат на нејзиниот сопруг Џовани Малатеста, Паоло, и тие ја читале приказната за Ланселот и Гвиневра, кога Џовани ги нашол и ги убил. Скулптурата покажува дека Паоло во раката држи книга. Како и да е, љубовниците не ги допираат усните, што ни дава до знаење дека тие биле убиени без да направат грев.rn
5. Тајните на мермерниот превез
rnrnrnЕден поглед врз овие статуи чии лица се прекриени со полупроѕирен превез, ве тера да се запрашате како е ова направено со обичен камен. Тајната е дека мермерот искористен за оваа работа, всушност е структура. Блокот кој евентуално станал скулптура мора да има два слоја, еден од нив потранспарентен, а еден подебел од другиот. Тешко е да се најдат такви камења, но тие навистина постојат. Уметникот ја имал оваа идеја на ум и знаел што бара. Монти го работел мермерот, задржувајќи ја нормалната текстура на површината, додека на рабовите одземал од мермерот, одделувајќи го полниот дел од транспарентниот. Како резултат на тоа, транспарентниот дел изгледа навистина проѕирен и така се креира ефектот на превез.rn
6. Совршениот Давид направен од фрлено парче мермер
rnrnrnСлавната статуа на Давид, дело на Микеланџело е изработена од парче бел мермер, останато од друг скулптор, Агустино ди Дучио, кој се обидел да работи со ова парче мермер, но се откажал после неколку неуспешни обиди. Иако Давид се смета за идеал за машката убавина, всушност и не е така совршен. Тој има криви очи. Ова било откриено од Марк Левој, професор на Стенфорд, кој ја проучувал статуата со ласерска компјутерска технологија. Дефектот на очите на оваа 5-метарска скулптура е скоро незабележлив, бидејќи дополнително стои на висок пиедестал. Специјалистите велат дека Микеланџело ја направил оваа несовршеност намерно, за Давид да изгледа беспрекорно од двете страни.rn
7. Смрт до уметност, уметност до смрт
rnrnrnНајмистериозната скулптура на гробиштата во Барселона носи име „Бакнежот на смртта“. Нејзиниот автор е сѐ уште непознат. Се мисли дека статуата е изработена од Џом Барба, но има и алтернативна верзија на приказната која вели дека автор на ова дело е Хоан Гонбернат. Статуата е поставена во еден од најоддалечените краеви од гробиштата и била инспирација за Ингмар Бергман кога го снимал филмот „Седмиот печат“, приказна за паднатиот витез и смртта.rn
8. Рацете на Венера од Милос
rnrnrnСтатуата на Венера е една од најпознатите скулптури која се наоѓа во музејот Лувр, во Париз. Се вели дека ја открил грчки селанец во 1820 година, на островот Милос. Кога била откриена, статуата била скршена на два дела. Во нејзината лева рака божицата имала јаболко, а со десната го држела фустанот. Кога ја виделе некои француски морнари, тие ја препознале историската вредност, побарале статуата да биде одведена од островот, но луѓето кои ја носеле и требало да ја натоварат на бродот влегле во караница и статуата паднала на карпите, при што ѝ се скршиле двете раце. Изморени од носењето, морнарите одбиле да се вратат назад и да ги побараат нејзините екстремитети.rn
9. Прекрасната несовршеност на „Ника од Самотраки“
rnrnrnОваа величествена статуа на Ника била откриена во 1863 година на островот Самотраки од француски конзул и археолог аматер. Оваа скулптура е изработена од златен мермер. Научниците велат дека Ника била направена во 2-от век пред новата ера, да ги одбележи поморските победи на грчката флота. Главата и рацете на статуата се изгубени, иако имало многубројни обиди за реставрирање на оригиналната позиција на екстремитетите. Се претпоставува дека десната рака на божицата била крената во воздух, држејќи пехар, венец или рог. Но, интересно е дека сите обиди да се вратат рацете на Ника завршиле неуспешно, бидејќи тие само го уништувале ремек-делото. И овие неуспеси нè водат до едноставната вистина: Ника е убава, а нејзината несовршеност ја прави величествена.
За да бидете креативни мора да го одржувате во живот детето во себе. Мексиканскиот фотограф Феликс Хернандез Родригез е возрасен човек кој никогаш не престанал со играње. Тој ги создава неговите величествени фотографии со помош на малечки играчки.rnrnrnrnФеликс вели дека неговите фотографии не се тоа што постои во светот, туку тоа што постои длабоко во него. Фотографот креира магични сцени со помош на секојдневни продукти, како брашно за да имитира снег или чад од цигара за да направи атмосфера. Тој ги комбинира реалните и намалените модели со помош на бујната имагинација и Фотошоп, а исто така користи и макро леќи и техника наречена „сложување на фокусот“, при што се спојуваат повеќе фотографии за да се добие поширок фокус.rnrnrnrn
Некогаш нема потреба да појдете во музеј за да видите добра изложба на уметнички дела или инсталации. Едноставно, само излезете на улиците во вашиот град и можеби ќе имате шанса да видите одлична улична уметност, која најчесто е дело на анонимни автори.rnrn„Цигли за градење“ – Трогателно дело на Ајси и Сот на улиците на ИранrnrnПоимот улична уметност станал популарен со графитите од раните осумдесетти години од минатиот век и продолжува да се користи за следните инкарнации како сито графити, уметност со стикери и улични инсталации и скулптури кои се познати форми на модерна улична уметност. Денес исто така се користат и термините урбана уметност, герила уметност и нео-графити, кога зборуваме за уметничките дела креирани во овој контекст. Погледнете неколку фантастични примери на улична уметност од различни градови во светот.rnrn„Руски кукли“ – Мајами, Флорида, дело на уличниот уметник Сет Глобпеинтерrnrn
Пред дваесет години корејскиот уметник Џи Ли на факултет добил задача од зборовите да направи слики и на тој начин да го покаже неговото значење. Задачата била тешка и барала многу труд и размислување, но токму таа го определила неговиот животен пат и го направила славен. Тогаш младиот суперкреативен студент од зборовите успеал да направи слики од кои самиот бил воодушевен, по што продолжил да истражува каква слика може да направи од одреден збор.rnrnrnrnЏи Ли има издадено книга во која се собрани сите вакви дела, а содржи речиси 100 зборови.rn
„Секој може од збор да направи слика. Тоа не бара никакви дизајнерски или уметнички вештини. Потребно е само малку креативно размислување за зборовите и буквите да се видат на поинаков начин. Речниците се полни со илјадници визуелни сложувалки кои чекаат да бидат решени“, вели тој.
rnЏи Ли денес работи во креативниот оддел на Фејсбук, а порано работел и за Гугл.rnrnrnrn
Најубавите моменти во животот никогаш не траат долго, како што се релаксирачките мигови поминати на убава песочна плажа, страсното бакнување со вашиот љубен партнер на клупата во паркот на почетокот од вашата врска, нуркањето под вода меѓу водниот свет или посетата на вашиот омилен музеј во кој првпат во вашиот живот видовте скелет од диносаурус.rnrnrnrnЈапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал еден педантно изработен паралелен свет, во минијатурен облик. Серијaта ја нарекол „A Tiny World in a Bottle“, а сцените од животот ги сместува во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на тие кратки, совршени моменти кои никогаш нема да избледат од вашата меморија.rnrnrnrnЗа нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот Etsy shop, а нивната цена се движи од околу 23 до 29 американски долари. Ако сакате може да ви стави и врвка, во боја по ваш избор. Досега има продадено 149 парчиња.rnrnrnrnЗнаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.rnrnrnrnПогледнете го животот низ призма на минијатури и преку креативните дела на Terada Mokei.rnrn rnrn
Тешко е да одлучите да се откажете од својата редовна работа за да почнете да го живеете својот сон. Дизајнерот Јау Хунг Танг ја донел оваа тешка одлука, на која и претходело едно убаво изненадување. Откако станал инженер, Танг лесно можел да си го продолжи животот по многу постабилен пат. Тој се занимавал со дизајн само од хоби, но еден ден победил на онлајн натпревар за дизајн на маици, што му дало сигурност и храброст дека ќе може да живее и да заработува од илустрации. За овој момент од својот живот, тој вели дека бил најголемиот ризик што некогаш го направил.Во последните четири години тој креира илустрации, кои всушност претставуваат илузии со елементи на надреализам и примена на негативен простор. Негативниот простор е дел од сликата кој не е зафатен со форми и често е занемарен. Цртежите со негативен простор подразбираат концентрација и фокусирање на позадината на сликата, оставајќи го главниот субјект бел или празен. Noma Bar е ултимативниот господар на оваа уметност од поново време..
rnrn
rn
„Уживам во уметноста искреирана од илузии, бидејќи таквата уметност има моќ да нè доведе во заблуда. Во нашите животи се потпираме на видот, а сепак тоа е многу кревка потпора, затоа што лесно може да се изманипулира“ – објаснува Танг.
rn
rn
Ви претставуваме неколку од неговите најдобри дела. Внимателно погледнете ги и ќе забележите колку лесно може да се изгубите во неговите „умни“ илустрации.