„За да ги остварите вашите соништа, прво мора да се разбудите“, вели една поговорка. За многумина станувањето рано е најтешкиот дел од работниот ден, но тоа би можело наскоро да се промени.rnrnrnrnБританскиот дизајнер Џошуа Ренуф тврди дека има решение како удобно да го започнете денот. Тој го креирал алармот „Барисиер“, кој наместо со досаден и монотон звук, ќе ве разбуди со пријатна арома на свежо сварено кафе. Алармот навистина приготвува кафе што ќе ве разбуди во точното време, а тоа треба да ви биде доволен поттик за полесно да тргнете кон „новите работни победи“.rnrnНавечер, пред легнување, вие треба само да подготвите свежо мелено кафе, шеќер и млеко по желба, да го наполните вашиот аларм и да го поставите времето на будење, а следното утро ќе ве разбуди мирисот на вашиот приготвен пијалак без кој не можете да го започнете денот.rnrnАко сте љубител на кафе, прочитајте ја оваа одлична вест.
Препорачливата доза од 8 чаши вода на ден за здрав организам, понекогаш може да биде напорна. Па, затоа обидете се со ароматизирана вода.rnrnrnrnВодата со природен вкус на овошје е совршено и здраво освежување. Направете ја во поголема количина и чувајте ја во фрижидер за цело време да биде ладна.rnrnЕве неколку идеи како едноставно и по природен пат да направите домашна ароматизирана вода.rn
Сè што ви е потребно е:
rn
rn011
Какво било овошје (освен банана), но внимавајте да не е оштетено
rn011
Рузмарин, нане, жалфија или која било друга билка, но внимавајте да одговара на вкусот на овошјето
rn011
Тегла или бокал
rn011
Дрвена лажица
rn011
Вода
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
rn011
Исечете го овошјето на коцки, комбинирајте цитрусни или бобинкасти овошја.
rn011
Прво ставете ги билките во теглата, притиснете ги со лажицата, а потоа додадете го и овошјето така што ќе зафаќа помалку од една третина.
rn011
Нежно притиснете го овошјето со лажицата за да пушти арома, но внимавајте да не претерате, овошјето не треба да се раздроби.
rn011
Потоа наполнете ја теглата или бокалот со мраз и додадете вода до врвот.
rn011
Вака подготвената вода можете да ја пиете веднаш, но најдобро би било да отстои во фрижидер барем 24 часа.
rn
rnЕве неколку идеи за комбинирање на овошје и билки за да добиете убава ароматизирана вода.rnrnПортокал и лиметаrnrnМалини и лиметаrnrnАнанас и нанеrnrnКапини и жалфијаrnrnЛубеница и рузмарин
Автор: Сара ТурановиќrnrnДали знаевте дека вашиот парфем открива многу за вас? Дознајте нешто повеќе за себе, според тоа каков парфем користите.rnrnrnrnТипот на парфеми што ги користите зборува многу за една жена? Дали повеќе сакате цветни или интензивни? Погледнете во која категорија спаѓа вашиот парфем, а потоа прочитајте што тој открива за вас.rn
1. Цветни, разиграни мириси
rnОбожавате парфеми кои потсетуваат на цветна ливада. Овие парфеми во себе содржат јасмин и магнолија.rnrnИзглед: Романтичните луѓе како вас сакаат карнери, нежни ткаенини и сладок, нежен накит.rnrnЉубовен живот: Сонувате за голема љубов, и воглавно ја наоѓате. Во врската вложувате многу за да го усреќите партнерот, но само ако тој ве држи како капка вода на дланка. Ве привлекуваат жешки, негувани мажи.rnrnТемперамент: Зрачите со оптимизам. Затоа што во секој го гледате само доброто, често останувате разочарани.rnrnСлабости: Сакате сите да мислат добро за вас. Понекогаш сте површни. Внесувате поголем напор за да остварите некоја цел.rn
2. Интензивни и ориентални мириси
rnВи се допаѓаат егзотични ароми од ѓумбир, кедар, мандарина, јасмин и сандалово дрво.rnrnИзглед: Изразено сензуален тип. Сметате дека сте убави. Носите облека која ја истакнува вашата фигура и префинета долна облека. Многу жени кои го сакат овој мирис имаат долга коса, која ја нагласува нивната женственост.rnrnЉубовен живот: Спремни сте да го дадете вашето срце на вистинскиот, но не се сите мажи дораснати на вашата женственост.rnrnТемперамент: Цврсто стоите зад вашите чувства и потреби. Во караниците реагирате импулсивно, но брзо простувате.rnrnСлабости: Поради тоа што сакате да ги покажете вашите женски атрибути понекогаш може да претерате. Имајте на ум: помалку често значи повеќе.rnrnrn
3. Освежителни ароми
rnКористите парфеми кои имаат освежителна арома на грејпфрут и портокал.rnrnИзглед: Затоа што во сѐ сте умeрени, бирате едноставни, спортски кроеви и светли бои. Вашата шминка е секогаш дискретна.rnrnЉубовен живот: Вие барате маж со кој навечер би шетале во парк, со кој би можеле да трчате и да планинарите, но и кој ќе ви биде добар пријател и верен партнер. Мачо типовите немаат никакви шанси кај вас.rnrnТемперамент: Вашата активна природа кај некои предизвикува нервоза. Не би било лошо во текот на денот да одвојувате време и да не правите ништо.rnrnСлабости: Премногу сте активни, и тоа го очекувате од другите. Запрете малку.rn
4. Слатки мириси
rnСакате парфеми кои ја нагласуваат женственоста. Аромата на ванила ве потсетува на детството, а слаткиот иланг-иланг дејствува како магнет на мажите.rnrnИзглед: Вие сте ведра личност која сака да ја покаже својата женственост, но не на нападен начин. Никогаш не носите штикли, бидејќи ви е потребен цврст терен под вашите нозе.rnrnЉубовен живот: Ви треба потпора во животот и затоа барате маж кој ќе ве заштити. Може и да биде малку корпулентен, но важно е пријатно да мириса. Од партнерот очекувате посветеност.rnrnТемперамент: Понекогаш тажно заклучувате дека секојдневните проблеми ви ја одземаат онаа леснотија што ја чувствувате додека фантазирате. Бидете опкружени со личности кои ви пружаат стабилност.rnrnСлабости: Не поднесувате самотија. Зошто толку се плашите? Имате многу повеќе енергија отколку што мислите.rnrnrn
5. Ароматични мириси
rnСакате ненаметливи, земјени ароми, какви што често се користат во правењето на машките парфеми.rnrnИзглед:Самоуверени сте и не сакате да ве ценат само заради изгледот. Затоа во облекувањето користите едноставни кроеви и ненападни бои. Накитот го користите штедливо.rnrnЉубовен живот: Вие точно знаете што сакате и како да го остварите тоа. Тоа го правите така мудро и шармантно што вашиот партнер не може да ве одбие. Барате личност која ќе ви пружи доволно слобода за вашите интереси.rnrnТемперамент: Амбициозни сте и доследни. Многу сте великодушни, и тогаш кога работите не се онакви како што сте ги замислиле. За возврат очекувате искреност и лојалност.rnrnСлабости: Не можете да го исклучите мозокот и да го отворите срцето. Препуштете им се и вие понекогаш на емоциите!rnrn rnrn
Примамливи колачиња кои, не само што изгледаат убаво, туку се и многу вкусни. Аромата на зачини во комбинацијата со турско кафе привлекува и им дава единствен шмек. Лесен рецепт кој мора да го пробате. Овие слатки мали колачиња, кои воедно не се многу калорични, може да ги послужите како десерт после ручекот или како засладување на кафе муабетот со вашите пријатели.rnrnrnrn
Потребни состојки за 50 колачиња:
rn
rn011
Белки од 4 јајца (на собна температура)
rn011
200 г шеќер
rn011
4 кафени лажички турско кафе
rn011
2–3 кафени лажички зачин кардамом
rn011
½ кафена лажичка мелено каранфилче
rn011
Додатоци за декорација по ваш избор
rn
rnrnrnrn
Начин на подготовка:
rnrnЗагрејте ја рерната на 90⁰C. Добро изматете ги белките од јајцата на најсилна брзина на миксерот. Додека е сè уште вклучен, на помала брзина, полека додадете ги кафето, шеќерот и зачините. Матете сè додека смесата не стане пенеста. Во шприц за готвење ставете ја смесата, и на хартија за печење направете мали топчиња, како на сликата погоре. Може да ги декорирате по желба. Печете ги околу 75 минути, па извадете ги да се оладат на собна температура. Потоа направете мали сендвичиња со топено чоколадо за готвење или еурокрем.rnrnrnrn
Британските експерти предупредуваат дека, наргилето може да биде многу поопасно отколку цигарите. Помеѓу младите луѓе наргилето е особено популарно, меѓутоа Светската здравствена организација предупредува дека една „сеанса“ пушење наргиле може да биде полоша и од 100 испушени цигари.Според нивното истражување, еден пушач од една цигара во просек вдишува 12 пати, додека во едночасовно пушење наргиле околу 200 пати. Само бидејќи чадот од наргилето мириса многу поубаво од оној на цигарите, не значи дека не ги содржи истите штетни материи. Всушност, наргилето ги содржи истите токсини кои предизвикуваат појава на рак или на некое срцево заболување.rnrn
„Чадот од тутунот содржи голем број канцерогени супстанци кои ги оштетуваат клетките. Само една оштетена клетка може да се подели и размножи неконтролирано, па потоа брзо да доведе до појава на голем тумор. Ова обично се случува при појавата на рак на белите дробови“ – објаснува професорот Роберт Вест, кој ја предводи катедрата за истражување на влијанијата од тутунот на Универзитетот во Лондон.
rnЕнтузијастите тврдат дека чадот кој проаѓа преку водата е ослободен од многу хемикалии, но сè уште не постојат докази за ваквите тврдења. Исто така, постојат други ризици при пушењето наргиле. Од едно наргиле најчесто пушат повеќе луѓе, при што може да се пренесат и многу други болести, како на пример туберкулоза или хепатитис.Наргилето пред многу векови почнало да се користи во Африка, Азија и на Блискиот Исток. Често се продава како сувенир на многу туристички локации, па токму затоа го има насекаде низ светот.rnrnВодата во наргилето го лади чадот и го прави помалку остар, поради што луѓето подлабоко вдишуваат, одошто кога пушат цигара. Исто така, чадот од наргилето е сладок, бидејќи е ароматизиран со некој вкус на овошје, па затоа не го прифаќаме како нешто лошо за здравјето.rnrn
За сите кафе-манијаци кои обожаваат да подготвуваат кафе, да пијат кафе и со задоволство да се среќаваат на кафе-муабет со своите пријатели, им нудиме неколку интересни, а воедно и корисни совети за кафето.rnrnrn
Што треба да знаете кога купувате кафе?
rnКога се работи за свежо кафе, најдобро е да знаете кога е печено. Вистинските благодети од кафето можат најдобро да се осетат, доколку кафето се искористи еден или два дена по печењето. Исто така е важно кафето да се чува во сад којшто вакуумира и е тесен, при што првичната арома останува дури по 7 до 10 дена. Старото кафе веднаш ќе го препознаете по неговата арома која или ја нема или е непријатна, а исто може да ви изгледа како да има фатено мрсни наслаги.rnrnrn
Мелење на кафето
rnДоколку ги мелете зрната кафе во вашиот дом, никогаш немојте да го мелете целото кафе, туку онолку колку што планирате да искористите во моментот. Маслата коишто се наоѓаат во зрната кафе, се изложени на штетните влијанија од воздухот. Кога тие ќе испарат, се губи и самата арома на кафето. Различните начини на подготовка на кафето, бараат различни методи на мелење. На пример, кога се работи за филтер кафе, подготовката треба да биде од 4 до 6 минути. Кога користите француска машина за мелење, кафето треба да биде измелено погрубо. За да подготвите еспресо пак, потребно е што поситно да ги измелете зрната, пришто измеленото кафе треба да личи на прав. Многу важно за еспресото е да внимавате целата процедура на подготовка да изнесува од 25 до 30 секунди.rnrnrn
Како правилно да го складирате кафето?
rn
Никогаш не чувајте го кафето во фрижидер. Од фрижидерот, кафето може да ги апсорбира мирисите и вкусовите на другите прехранбени продукти. Освен ако не планирате да го користите во наредните две недели, наша препорака е да го избегнувате фрижидерот. За да ја зачува прекрасната арома, кафето треба да се складира во чисти, суви садови што вакуумираат и да биде поставено на ладно и темно место.rnrn
rnrn
Дозирање на кафето
rnКога подготвувате кафе, внимавајте да ставите околу 250 милилитри вода за околу 30 до 40 грама кафе. За еспресо кафе, ставете 7 до 8 грама за една доза, а доколку сакате дупло еспресо ќе ви бидат потребни од 14 до 16 грама кафе.rnrnrn
Како да го послужите кафето?
rnВерувале или не, на кој начин и во каква шолја ќе го послужите кафето, може многу да влијае на неговата арома и на самото уживање во кафето. Исто како и виното, вкусот на кафето се чувствува по неговата арома. Затоа најдобро е тоа да се служи во шолји со дебели ѕидови, кои ќе бидат доволни за да ја задржат топлината на кафето. Пример за тоа е еспресото, кое најчесто се служи во мали шолји со дебели ѕидови, кои имаат благ наклон. Дебелината на ѕидовите ја одржува вистинската температура на кафето, а самиот наклон овозможува подобро да се прошири аромата.rnrn
Во продавниците и маркетите има голем избор на најразлични кафиња и нивни брендови: турско кафе, ќесички филтер кафе, нес кафе, гранули еспресо, капучино и многу други. Постојано во потрага по најсилниот и најароматичниот вкус, неретко сакаме да пробуваме различни кафиња, но понекогаш се разочаруваме по првата голтка. Едно е јасно – наутро ни треба силно, ароматично, јако црно кафе кое ќе нè расони и подготви за предизвиците кој ги носи денот.За да бидете сигурни во вкусот на кафето кое го пиете, најдобро е да си купите печени зрна кафе, кои патем, се продаваат во маалски продавнички, а потоа вие бидете бариста кој ќе го сомеле, свари и на крај ќе го испие топлиот напиток.rnrnПогледнете кои се основните работи кои треба да ги знаете за зрната кафе:rn.rn
1. Купете кафе кое ќе го пиете цела недела
rnНе правете залихи на кафе, туку купете онолку колку што мислите дека ќе испиете за една недела (секако, вклучувајќи ги и количествата за кога ќе ви дојдат пријатели на гости). Така, кафето ќе ви биде свежо во текот на неделата и ќе ги задржи интензивниот вкус и арома.rn.rn
2. Чувајте го кафето во ладна и темна просторија
rnШпајзот е одлично место за складирање на кафе. Таму, кафето нема да биде изложено на светлина, а тегличката во која ќе ги чувате зрната, ќе ја земате секогаш кога ќе посакате да си сомелете и сварите една шоља.rn.rn
3. Никогаш не замрзнувајте го кафето
rnОва се случува кога купувате зрна кафе повеќе одошто ви е потребно. Ова е правило од кое нема исклучок. Ако се замрзнат зрната кафе, тие губат многу од своите својства и после некое време, кога ќе се одмрзнат, кафето ја нема својата препознатлива силна арома и свежина.rn.rn
4. Мелете кафе онолку колку што ќе пиете
rnНи помалку ни повеќе. На тој начин, секој пат кога ќе сомелете од зрната, ќе пиете свежо, интензивно кафе и така секоја наредна шоља ќе биде полна со јаки вкусови и ароми.
Замислете како се релаксирате во голема када, опкружени со безброј меурчиња кои нежно ве скокоткаат и ароматични свеќи кои треперат во позадина. Ахх… На сите нас ни е потребен излез од реалноста одвреме-навреме нели?! Немојте да се откажувате од реализацијата на идејава, само затоа што поминувањето еден ден во спа-центар ќе ве чини многу пари. Наместо тоа, претворете ја вашата бања во место во кое ќе можете да се повлечете од секојдневниот стрес, а тоа задоволство ќе ве чини помалку отколку што мислите. Пробајте ги следниве идеи со кои ќе ја трансформирате бањата во ваша приватна оаза.
rn
rn
rn
Вистински избор на светлина
rn
Пронаоѓање соодветен избор на светлина за вашата бања може да биде комплицирано. Тоа е така бидејќи потребен ви е различен вид светлина за да ги задоволите сите ваши секојдневни потреби во тоалетот. Кога миете заби, ја средувате вашата коса, се шминкате или бричите, потребна ви е силна светлина, но кога ќе одлучите да се релаксирате во вашата миризлива топла бања, сакате да имате можност да ја минимизирате светлоста за максимално уживање. Евтин начин да ја прилагодувате светлината во вашата бања според соодветната потреба е потенциометарот, кој е лесен за инсталирање, а можете да го најдете во продавниците за електротехника, за бела техника и на пазарите.
rnrn
Чист и организиран простор
rn
Несредената бања го стеснува просторот, па затоа сведете го на минимум нередот предизвикан од употребата на средствата за лична хигиена. Приберете ја козметиката, четките за коса, за заби и сè останато во шкафче, на полици или во несесери. Ефектот од чистиот и уреден простор, ќе ви помогне да се ослободите од грижите и да заборавите на секојдневните обврски околу домот.
rnrn
Разгалете се
rn
Ништо не може да се спореди со нежното чувство кога ќе се замотате во голем, луксузен спа-пешкир. Одберете мек и апсорбирачки пешкир со големи димензии, за да се обвиете целосно кога ќе излезете од кадата.
rnrn
Заштитете ги вашите стапала
rn
Ништо нема повеќе да ве потресе и врати назад во реалноста, од чувството кога ќе излезете од жешката ароматизирана када и со вашите стоплени стапала ќе стапнете на студените плочки. За да не се случи тоа, потребна ви е простирка за тоалет, која ќе биде доволно долга за да можете да се движите низ просторот, без да морате да стапнете на студениот под.
rnrn
Создадете спа-атмосфера
rn
Со соодветни додатоци, направете да се чувствувате како во спа-центар во вашата бања. Свеќи кои ќе треперат во позадина, мирна музика, миризливи стапчиња и специјална купка за опуштање на мускулите и подобрување на циркулацијата, ќе ви овозможи да заборавите за момент, на сето она кое што секојдневно ви ги окупира мислите, а ќе ве опушти доволно за да бидете подготвени за сето она кое следува. Ароматерапевтски купки, миризливи бомби, морска сол и сè што ви е потребно за совршена релаксација во вашата бања, можете да најдете низ специјализираните продавници за овој тип продукти.
rnrn
Поврзете се со природата
rn
Спа-центрите се опколени со природни елементи како камења, вода која мирно тече и растенија, кои даваат смирувачки ефект. За да се чувствувате слично како да сте таму, донесете неколку саксии со цвеќиња во вашата бања. Плус, растенијата често успеваат да се развијат во бањата, благодарение на високиот степен на влага во воздухот.
rnrn
Визуелно проширете го просторот
rn
Секој кој има мала бања знае дека нема многу што да се направи за таа да изгледа поголема, без да се потроши огромна сума пари за реновирање. Но, затоа можете да направите просторот да изгледа попростран со алтернатива која можете финансиски да си ја дозволите. Закачете големи огледала, за да создадете илузија дека просторот не е толку мал.
rnrn
Освежете го просторот со нова боја
rn
Најдобар начин да и дадете на вашата бања нов изглед, е да ја освежите со бојадисување во нова боја. Со само 1-2 кантички боја и неколку часа работа, можете да ја уредите бањата од вашите соништа. Обојте ја во бела боја за чувство на чистота, свежина и пространост или пак елегантна неутрална боја, за да постигнете „природен“ ефект.
rn
rn
rn
rn
Доколку овој текст ве поттикна да размислувате за модерно преуредување на вашата бања во тренди бои, погледнете ги нашите предлог-идеи за инспирација.