Смудиња, сосови, супи, лимонада… Вашиот верен блендер е еден од повеќенаменските алатки во кујната. Токму затоа, не е ни чудно што се вознемирувате кога сечилата ќе станат тапи. Но, прочитајте ја оваа тајна: Бидете добри со вашиот блендер и тој ќе биде добар со вас. Ова се 6-те прехранбени производи што не треба да ги ставате во вашиот блендер за да ја сочувате неговата топ форма…rn
1. Коцки мраз
rn
rnrnОсвен ако немате навистина моќен блендер што ќе може да го прифати овој предизвик, немојте да ставате коцки мраз во него, бидејќи сечилата ќе станат тапи. Па, што да направите ако сакате да направите смуди, а имате само големи парчиња замрзнато овошје? Оставете ги 10-тина минути да се одмрзнат или користете дробен мраз. На здравје!rn
2. Пире
rn
rnrnИзвинете, но сечилата на вашиот блендер се премногу моќни за да направат пире какво што посакувате. Наместо тоа, тие ќе ослободат премногу скроб и ќе им дадат на компирите чудна и леплива густина. Највкусно пире ќе направите доколку рачно ги пасирате компирите.rn
3. Многу жешка течност
rn
rnrnСакате да јадете чинија топла домашна супа? Прекрасно! Но, дали сте подготвени да ја собирате истурената течност од подот? Не звучи многу забавно, се согласувате? Сета пареа од жешките состојки може да направи поклопката да експлодира, што ќе предизвика вистинска кујнска катастрофа. Наместо тоа, оставете ја течноста да се излади неколку минути пред да ја ставите во блендер и не го полнете до крај, туку некаде до половината. Потоа, блендирајте бавно и истовремено држете ја поклопката цврсто за да не се извади.rn
4. Суво овошје
rn
rnrnСувите кајсии и сливи може да остават лепливи траги на сечилата од блендерот. Не само што ќе ви биде тешко да ги исчистите, туку може и да го оштетите кујнскиот апарат. Ако сакате да блендирате суво овошје, најдобро е претходно да им додадете течност или да ги потопите во топла вода. Можете и да инвестирате во моќен блендер што ќе успее да се соочи со поцврстите смеси. И не заборавајте убаво да го исчистите блендерот по секоја употреба.rn
5. Кујнски прибор
rn
rnrnЈасно ни е дека сакате сите ваши состојки да се соединат во совршена хармонија, а спанаќот едноставно не мрда од место! Иако можеби ќе паднете во искушение набрзина да искористите лажица за да ги турнете состојките надолу, немојте да го правите тоа освен ако не сакате да си ја уништите лажицата, блендерот и сокот истовремено! Наместо тоа, исклучете го блендерот и потоа помешајте.rn
6. Тесто
rn
rnrnАко сакате да направите тесто за леб или колачи во блендер, постои голема веројатност дека ќе добиете премногу цврста смеса или пак состојките нема да се измешаат како што треба. Доколку сакате да искористите кујнски апарат за да направите тесто, употребете процесор за храна или миксер.rnrnИако не можете да го искористите блендерот за овие работи, можете да го употребите за да направите фантастично смуди со овошје и кафе.


rnrn
rnrnЌе се продава по цена од 129 американски долари, а ќе доаѓа и со апликација која ќе ви понуди различна селекција на преостанатите јазици.rnrn
rnrnУредот се состои од две делчиња кои се носат во увото и бил инспириран од апаратот „Babelfish“ од познатиот филм „Автостоперски водич низ галаксијата“. Креаторот вели дека се сетил на идејата кога запознал една девојка од Франција и со која не можел да се разбере.rnrn
rnrnПогледнете како функционира тој…rnrn
rnrnКреиран од лондонскиот индустриски дизајнер,
rnrnОвој навистина уникатен производ го заменува познатиот начин на будење – гласните аларми, со мирис на свежо кафе. Овој аларм со двојна функција го поттикнува корисникот на рутина – местење на алармот и кафето секоја вечер пред легнување, што со тек на време ќе почне да му сигнализира на телото и умот дека е време за опуштање и добар сон. Наутро сè што треба да направите откако ќе ве разбудат звуците на металните топчиња е да го притиснете копчето за да почне водата да врие.rnrnДоколку до сега имавте навика да се жалите дека никој не ви носи кафе во кревет, овој, на некој начин романтичен апарат, ќе ви ги исполни желбите.rnrn



rnrnНа 40-годишна возраст се решила на имплантација на апарат за слушање, а морала да чека дури 4 недели за да се види дали операцијата била успешна. Ова е моментот кога се вклучува апаратот за слушање и таа за првпат го слуша својот глас и гласот на докторката кој предизвикува силни емоции кај Џоан.rnrn
Апликацијата за гаџетите е достапна за преземање преку Apple iTunes Store. Преку неа, може да ги прилагодите количината и видот на кафето, во зависност од тоа дали на пример, сакате капучино или еспресо, мало или големо. Аликацијата исто така, ви овозможува и да му издавате команди на апаратот во текот на подготовката на кафето, а ја покажува и неговата температура.rnrnДоколку немате ајфон или ајпад, а сте заинтересирани за машината, тогаш е добро да знаете дека вашиот омилен вкус може да го добиете и без овие гаџети. Командите за подготовка на кафето можете да ги изберете и преку екранот на допир, вграден во самиот апарат.rn





rn
rn
rn
rn
rn
rnrnДа се сметате за фотогенична личност во голема мера се поистоветува со тоа да бидете опуштени и да се чувствувате слободно пред апаратот. Среќата навистина се пренесува од моментот на фотографијата.rnrn rnrn