КАФЕ ПАУЗА

Tag: ангел-чувар

  • Разгледајте ја оваа слика во мир и тишина и одберете го вашиот ангел чувар

    Разгледајте ја оваа слика во мир и тишина и одберете го вашиот ангел чувар

    Посветете си неколку минути за себе! Најдете тивко и мирно место во домот или на работа и погледнете ја оваа слика. Одберете го вашиот ангел чувар и прочитајте ја вашата небесна порака. Подготвени сте да дознаете нешто повеќе за себе?rnrnРазгледајте ја оваа слика во мир и тишина и одберете го вашиот ангел чуварrn

    Слика под број 1

    rnИмате мајчинска страна и постојано се грижите за луѓето околу вас. Но, мора да научите кога да побарате помош. Немојте да чувствувате грижа на совест кога ќе добиете подарок, бидејќи така ја блокирате вашата енергија. Научете како да прифатите помош. Прифаќањето ќе ви помогне да ги чуете ангелските гласови, да ја видите убавината во природата, да уживате во топлите моменти и во прегратките на луѓето. Едноставно, научете да кажувате „Благодарам“ за секој подарок.rn

    Слика под број 2

    rnЧестопати се чувствувате неурамнотежени поради стресот и обврските што ги имате секојдневно. Вашиот ангел сака да почувствувате мир и да ги решите несогласувањата што ги имате со пријателите, саканите и колегите. Мора да запомните дека има случаи кога вашата природна рамнотежа е нарушена поради проблеми што не сте ги предизвикале вие. Предизвиците се јавуваат тогаш кога се случуваат важни промени и не го знаете крајниот резултат. Мора да размислувате позитивно во такви моменти. Обидете се да се опуштите и да верувате дека наскоро ќе си ја вратите позитивната рамнотежа во животот. Бидете трпеливи и оставете го вашиот ангел чувар да се погрижи за останатото!rn

    Слика под број 3

    rnАко сте го одбрале овој ангел чувар, тоа значи дека се обидувате да излечите некоја стара емоционална болка. Првото нешто што ќе ви падне на памет и токму проблемот што се обидувате да го решите. Тогаш кога ќе се ослободите од лутината, вината и другите емоционални рани, ќе ја разбудите вашата внатрешна моќ и ќе го привлечете сето она што го посакувате. За време на вашето заздравување, не заборавајте дека заслужувате љубов и среќно срце.rn

    Слика под број 4

    rnУспешно сте ги расчистиле проблемите од минатото и сте ставиле крај на вашите кармички лекции. Можеби неодамна сте се соочиле со некаков предизвик или со вознемирувачко искуство со некоја личност кое ви предизвикало голема болка. Иако постојат одредени лекции со коишто постојано се соочуваме во текот на животот, никогаш повеќе нема да морате да ја повторите оваа лекција. Прилагодете се и на добрите и на лошите искуства во животот. Сѐ ќе помине, па затоа останете фокусирани, приземни и стабилни.rn

    Слика под број 5

    rnБрзото темпо на вашиот секојдневен живот не ви дозволува да одвоите време за себе и да уживате. Кога последен пат сте направиле нешто за да се чувствувате добро? Подгответе си посебен оброк и уживајте во секое залче! Гледајте деца или животни како си играат и придружете им се. Прегрнете ја саканата личност. Одвојте време за прошетка. Ако се чувствувате виновни поради тоа што уживате, земете воздух и сетете се дека треба да се ужива во животот. Ако не си дозволуваме уживање, може да заборавиме како да чувствуваме. Вклучете ги вашите сетила и поврзете се со животната суштина. Радоста и задоволството се основните состојки за среќен живот.rn

    Слика под број 6

    rnРазбудете го детето во себе и потсетете се на убавите и едноставни нешта во животот. Ангелите ви потврдуваат дека сте на вистинскиот пат. Фокусирајте се на вашите соништа и почитувајте го детето во вас така што ќе го правите она што ви носи среќа во животот. Иако можеби ќе наидете на некои пречки, продолжете да го следите вашето срце. Не се откажувајте од надежта и коцките ќе ви се наредат.rn

    Слика под број 7

    rnПонекогаш, обидувајќи се да достигнеме некоја цел, несвесно заглавуваме во рутина. Се лажеме себеси мислејќи дека кога ќе добиеме она што го сакаме, ќе имаме слобода и моќ да ги оствариме сите наши желби. Време е да си дозволите да ги правите оние работи кои навистина ги сакате. Размислете што е она што би ве натерало радосно да го започнете денот. Што е она што ви го исполнува телото со возбуда и ви предизвикува насмевка во душата? Најдете начин да го исполните вашиот живот со работите што ја будат вашата страст.rn

    Слика под број 8

    rnПоминувате низ длабока трансформација. Успеавте да ги решите проблемите од минатото и сега вашата вистина природа излегува на виделина. Продолжете го вашето духовно патување и бидете такви какви што се. Имате што да му понудите на светот. Љубовта е волшебна, бидејќи може да создава промени. Љубовта што ја носите во себе ќе ги допре сите луѓе околу вас. Поминувајте повеќе време во природа за да ја одржите магијата што постои во вас. Вашата свест наскоро ќе се разбуди и тоа ќе има волшебно влијание врз вашиот живот.rnrnДоколку ви се допадна овој тест, зошто да не направите уште еден? Одберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака.rnrnОдберете еден небесен симбол и прочитајте ја вашата инспиративна ангелска порака

  • Пресметајте го личниот број според датата на раѓање и дознајте кој е вашиот ангел чувар

    Пресметајте го личниот број според датата на раѓање и дознајте кој е вашиот ангел чувар

    Според разни верувања, ангелите се духовни суштества, бесмртни и бестелесни. Помеѓу останатото, нивната улога е водење на луѓето низ животот. Многумина веруваат дека секој има свој личен чувар, а кој е вашиот можете да дознаете многу брзо и едноставно.rnrn1-presmetajte-i-doznajte-koj-e-vashiot-lichen-angel-chuvar-www.kafepauza.mk_rnrn1. Соберете ги броевите од вашиот датум на раѓање. На пример, ако вашата дата на раѓање е: 28.04.1956 година, до вашиот број ќе дојдете на следниов начин: 2 + 8 + 0 + 4 + 1 + 9 + 5 + 6 = 35rnrn2. Редуцирајте го резултатот на едноцифрен број (3 + 5 = 8), освен во случаите кога ќе добиете 11, 22, 33 или 44rnrnВо продолжение проверете кој ангел чувар припаѓа на вашиот личен број и на кој начин тој секојдневно ви помага…rn

    Број 1 – Рагуел

    rnАнгел кој се бори за правда и праведност. Ќе ви даде храброст да се изборите за себе и ќе го чува вашиот интегритет.rn

    Број 2 и 11 – Уриел

    rnНоси светло и во најтемните моменти, кога сѐ изгледа изгубено. Ќе ви даде мудрост и јаснотија со чија помош ќе го пронајдете вистинскиот пат.rn

    Број 3 – Јофиел

    rnНосител на позитивна енергија со која ќе ги решите сите проблеми и ќе ги прескокнете сите препреки. Ви носи инспирација, нови идеи, креативност и радост.rnrn2-presmetajte-i-doznajte-koj-e-vashiot-lichen-angel-chuvar-www.kafepauza.mk_rn

    Број 4 или 22 – Ханиел

    rnВе потсетува на тоа колку вредите, ве поттикнува да расцутите и да го искористите вашиот целосен потенцијал. Го повикуваме кога ни е потребна потпора или совет за работата или за љубовта.rn

    Број 5 – Јеремиел

    rnЌе ви го покаже виножитото после невремето и ќе ве насочи кон објективноста која ви е потребна за реално да го согледате вашиот живот и да продолжите понатаму после тешкотиите.rn

    Број 6 и 33 – Михаел

    rnАнгел кој може да го повикаат луѓето со сите лични броеви. Тој е заштитник од сите негативности во вашиот живот.rnrn3-presmetajte-i-doznajte-koj-e-vashiot-lichen-angel-chuvar-www.kafepauza.mk_rn

    Број 7 – Рафаел

    rnЌе ви помогне да го вратите балансот во вашиот живот, а особено во вашето здравје. Тој е носител на вистината.rn

    Број 8 и 44 – Разиел

    rnЌе ја ослободи вашата вродена интуиција и ќе ви помогне да ги разјасните сите животни проблеми.rn

    Број 9 – Ариел

    rnПосветен е на помагањето на оние кои се обидуваат да ги заштитат другите луѓе. Ќе ви покаже како да бидете поттикнувач на позитивни промени во вашето општество.rnrnДали имате среќа во животот? Погледнете дали ја имате линијата на ангелот чувар на дланката која ја имаат само ретките среќници.

  • Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Книга: „Урбани херои“ – Драган Таневски

    Кому му требаат стрипови, филмови и цртани за суперхерои со неверојатни моќи, кога секој од нас има свој личен, урбан херој?

    rn

    1-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkНаша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnДеновиве имав среќа да наидам на една приказна, вистинска и тоа, за бездомникот кој ѝ ги понудил своите последни 3 долари на една девојка која во тој момент останала без пари и не можела да плати превоз за да стигне дома. Девојката благодарна за гестот поттикнала акција по социјалните мрежи за да му се помогне на човекот да си најде топол дом, покрив над глава. По вакви приказни вербата во човештвото расте до плафон, се разбира сè додека не наидам на наредната приказна за некоја бедотија по светов, но тоа е, Интернетот е зезната работа. Како и да е, поентата ми беше дека за мене бездомникот и девојката се школски пример за урбани херои. А за такви луѓе со огромно срце, кое нас другите по малку нè засрамува, пишува и Драган Таневски во неговото првенче „Урбани херои“.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnНеколку кратки приказни испреплетени една со друга, плус неколку дополнителни приказни кои навидум немаат некоја поврзаност, но сепак сите имаат една заедничка работа – раскажуваат за тоа дека вистинските херои се најчесто многу блиску до нас. Главната приказна опфаќа неколку генерации од едно семејство, направени грешки од минатото кои прогонуваат цел живот (тоа многу добро го знаеме, нели?) и ликови кои долги години се борат со последиците сè додека болката и осаменоста не испливаат на површина. Како да се биде на дното и да се живее со срам и пониженост, како да се издигнеш од правта и да продолжиш да живееш, дури и успешно? Мислам дека одговор на најтешкото прашање нема, но сепак секој од нас е доволно херој за да пронајде трoнка волја и да преврти наопаку сè што не чини и конечно да почне да дише.rnrn2-kniga-urbani-heroi-dragan-tanevski-kafepauza.mkrnrnПриказна за една девојка која се заљубува во фраерот на мотор и дознава дека љубовта е слепа и глупа понекогаш, особено ако фраерот те навлече на дрога и заглави во долгови. Ова исто така е приказна и за тоа дека ангели чувари сепак има (ова не сте го слушнале од мене) и дека кога животот ќе нè турне на земја и ќе ни се закани, ненадејна љубов може да нè спаси од самите себе и од сите други. Обично, мајчинската. Уште поважно, ова е приказна која ќе ве научи дека каењето и самоказнувањето за направените грешки никогаш никому не помогнале и дека најдобар начин е да се истресеш од прашината и да продолжиш понатаму, не погледнувајќи никогаш назад.rnrnКнигата се чита брзо, ослободена од непотребни описи и заплети, авторот често брзо преминува на главното и не остава премногу простор за филозофирање. Со ликовите лесно ќе се поврзете, особено поради секојдневниот говор и жаргонот на кој може да се наиде на моменти. Топла препорака за сите оние на кои деновиве им треба малку повеќе верба во човештвото.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 24 декември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • 9 работи кои се случуваат по смртта

    9 работи кои се случуваат по смртта

    Автор: Маја ЛинковаrnrnДали постои задгробен живот? Ова е прашање со кое многу луѓе се борат, но одговорот нема да го дознаеме сè додека не исчезнеме од овој живот.rnrn9-raboti-koi-se-sluchuvaat-po-smrtta-kafepauza.mkrnrnИли дали воопшто ќе исчезнеме? Има многу случаи во коишто луѓето тврдат дека починале и го виделе задгробниот живот, а потоа биле вратени во живот. Нивните приказни навистина се фасцинантни, дури и утешителни, а и помалку застрашувачки. Најинтересниот дел е исто така најморничавиот – многу од овие непознати луѓе делат слични искуства додека биле „мртви“.rnrnОва се работите кои тие ги виделе, чуле и почувствувале:rn

    1. Светлината

    rnПоголемиот дел од луѓето кои починале, изјавиле дека ја виделе познатата „светлина на крајот од тунелот“. Тоа е најчестата појава која ја имаат луѓето кога се технички мртви.rn

    2. Можеле да го видат своето тело

    rnМногу луѓе го имаат ова „искуство надвор од телото“ и го гледале своето безживотно тело над нив кога тие биле технички мртви. Тоа значи дека тие биле во бестелесен дух кој лебдел над нивното тело. Тие можеле да видат сè што се случува во собата и кој има во неа. Секој обид да се обнови врската помеѓу свеста и физичкото тело нема да успее, оставајќи ја личноста надвор од себе на неколку моменти.rn

    3. Ангели чувари

    rnМногу луѓе тврдат дека виделе најмалку еден ангел или дух кој ги гледа и се грижи за нив за време на краткото застанување во „смртната бездна“. Некои велат дека духот им помогнал низ задгробниот живот, пред да бидат вратени назад во нивното тело.rn

    4. Посета од мајка си

    rnМногу луѓе кажуваат дека ги посетила нивната мајка преку визија, додека тие биле на нивната смртна постела.rn

    5. Гледале починати роднини

    rnАко имате големо семејство, подгответе се да ги видите во задгробниот живот. Многумина кои починале и се вратиле повторно назад во живот, велат дека ги виделе своите починати роднини додека застанувале во задгробниот живот.rn

    6. Животот им поминувал пред очи

    rnПодгответе се одново да ги преживеете вашите најдобри и најлоши моменти. Многу луѓе си го гледаат животот пред очи во моментот пред да настапи смртта или дури и откако ќе преминат на другата страна. Ќе ги видат нивните достигнувања и нивните спомени им се појавуваат пред очите, како слајдшоу од својот живот.rn

    7. Можеле да ги видат и чујат сите

    rnМногу луѓе раскажуваат дека можеле да ги видат луѓето кои биле со нив во собата и се труделе да контактираат со нив, но не можеле да им одговорат бидејќи нивното тело било безживотно, а нивниот дух/свест останувал буден. Секој обид да се стапи во контакт со луѓето околу нив бил залуден.rn

    8. Мир

    rnМнозинството починати кои повторно оживеале, рекле дека почувствувале чувство на мир и спокој. Тоа било толку моќно и убаво чувство што душата/свеста не знаела како да го разбере тоа смирувачко искуство.rn

    9. Не сакале да се вратат

    rnСпоред бројни извештаи, смртното искуство е толку смирувачко и спокојно, така што многу луѓе кои го искусиле не сакале да се вратат во будниот живот. Замислете како чувствувате нешто толку добро, така што не сакате да се вратите назад во животот со кој сте се бореле многу напорно за да го одржите.rnrnВо текот на овој живот, може никогаш нема да дознаеме што се случува кога умираме. Можеби ќе има светлина и многу луѓе кои ги сакаме… или можеби само ќе се чувствуваме среќни, сакани и топли. Но, една работа е сигурна. Ако една личност почине и почувствува како да била во рајот, за потоа да биде истерана и вратена назад, по тоа сигурно ќе се чувствува како во пекол.

  • Рајски соништа

    Рајски соништа

    Веќе една година откако ја изгуби засекогаш, не размислуваше постојано за баба си. Животот продолжи да тече. Се појавуваа нови луѓе во нејзиниот живот, нови љубови, предизвици, успеси и падови. Но некогаш на крајот од денот, кога ќе стивнеше сообраќајната мешаница и кога градот ќе легнеше да спие, пригушеното светло од уличната светилка ја тераше да размислува. Неретко ќе ѝ поминеа секакви мисли во главата, а кога ќе надојдеа такви спомени сакаше да ја гледа сликата со баба си, која тајно ја извади од семејниот албум и дотогаш никој немаше забележано дека недостига.rnrnВо градината со цвеќе, пред розовиот дубак, баба ѝ ја држеше во прегратки за да биде голема колку неа, а не да седи на ниско во дубачето. Секогаш кога се сликаа, баба ѝ ќе ја истегнеше раката пред нив за таа да гледа право во фотоапаратот. Толку беше среќна што ширум ја имаше отворено устата во една толку искрена и детска насмевка, покажувајќи ги трите запчиња кои ѝ беа пораснале. Само на сликите со бабичка толку многу се смееше, со никој друг…Рајски соништаА баба ги раскажуваше најинтересните приказни и сказни, во нејзино друштво никогаш не беше здодевно. Некогаш дури и ги играа приказните. Омилена им беше онаа за селанецот кој сакал сам цар да се стори. Пиј си го кафенцето, а азното само ќе си дојде. Откако ќе ја изиграа еднаш си ги менуваа улогите. „Ајде сега баба ќе биде царот, жено, дај чибукот ваму!“, и одекнуваше смеа.rnrnБаба не остави накит и фустани како наследство. Ги остави најубавите приказни кои таа требаше да ги пренесе на своите деца и внуци. Остави топла добрина која ѝ ја осветлуваше душата во најтешките мигови, остави пример за тоа што значи да се биде човек, човек и пол! Остави трага во животите на толку многу луѓе и допре до толку многу срца. Тоа што некогаш ѝ недостасуваше до болка беше целосно разбирливо, зашто кога губиш некој толку близок, на некој начин губиш дел и од себе.rnrnПовторно ја погледна сликата и сфати дека најголемиот ангел-чувар додека растеше беше нејзината баба. Кога беше со неа не смееше ни влакно од косата да ѝ фали. Сето зло на земјата требаше да стои понастрана од нејзината внука. Кога баба тешко се разболе и некогаш забораваше каде се наоѓа, за едно нешто никогаш не грешеше, често ќе речеше „Ти си ангелот-чувар на баба“. А таа не разбираше зошто, сè што правеше беше подавање на апчињата и полнење вода во чашата. Откако веќе немаше можност да ја прегрнува баба си секој ден, сфати дека таа секогаш ќе ја набљудува и чува, ќе пази на неа гледајќи ја од високо и ќе му нареди на злото да стои подалеку од нејзината внука. Таа беше сигурна дека баба ѝ беше и остана нејзиниот ангел-чувар засекогаш.rnrnНајголемото наследство кое една баба може да ѝ го остави на својата внука не е ни накитот ни парите, туку приказните за добра ноќ. Ништо не е вечно на овој свет, освен луѓето кои заслужиле да не бидат заборавени.rnrnНе чекајте да изгубите некого за да почнете да го вреднувате неговото присуство.rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба

    Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба

    Андреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ѝ го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.rnrnРезултатите од ултразвукот направени во текот на бременоста, откриле дека едно од девојчињата, Кики, имало проблем со срцето, а воедно и плодовата течност истекувала од плацентата. Зачудувачки, нејзината сестра Нико се позиционирала себеси ниско во матката, при што заземала улога на затка, со што го спречила спонтаниот абортус и опасноста од инфекција.rnrn

    Близначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утроба
    Од десната страна е Нико, ангелот-чувар на Кики (лево).
    rnrn
    rn

    „Ние навистина веруваме дека таа била во улога на ангел-чувар на својата сестричка – вели триесет и девет годишната г-ѓа Гудрич од Суреј, Англија. Јас сум најсреќната мајка на светот! Според наведените причини и после сè што се случи, близначките не требаше да бидат на овој свет. Звучи неверојатно, но изгледа како Нико да почувствувала дека нешто не е во ред. Таа ѝ го спаси животот на Кики.“

    rnБлизначка ѝ го спасила животот на сестра ѝ во мајчината утробаГ-ѓа Гудрич и нејзинит сопруг Пол (46) кој е директор во компанија, веќе имаат четиригодишен син, кој се вика Лука и ќерка – Индија, која има две годинки.rnrnЦелата драма започнала кога г-ѓа Гудрич отишла на рутински преглед на 20 седмици од нејзината бременост и докторите забележале чуден обрач околу срцето на Кики.rnrn„Бев препратена на преглед во болница во Лондон за да ми направат понатамошни испитувања, но за два дена почнав да крвавам и докторите ни рекоа дека имам оштетување на плацентата, што значеше дека плодовата течност истекува.“rnrnДокторите објаснувале дека за само 20 седмици, бебињата немаат шанси да преживеат ако се родат. Сè што можел да направи болничкиот персонал, е да ја задржи Андреа на болнички кревет и да го чека, неизбежното пометнување.rn
    rn

    „Јас и Пол се подготвувавме за најлошото“– вели г-ѓа Гудрич.

    rnНо, докторите беа вчудоневидени кога направија ултразвук и ја видоа Нико како лежи под Кики во плацентата.rn
    rn

    „Уште почудно е тоа што Нико останала во истата позиција. Многу ни олесна кога стигнавме до 24-тата седмица, бидејќи знаевме дека секој нареден ден што ќе го поминат во плацентата, значи големо зголемување на шансите за нивно преживување.“

    rnПосле 30 недели бременост, Андреа се породила со царски рез. Прва се родила Нико и тежела 1,5 кг, а после 5 минути и Кики, која тежела 1,4 кг.rn
    rn

    „Мене ми изгледаа дека се многу малечки, но докторите ми рекоа дека имаат добра телесна тежина, со оглед на фактот што Нико успеа да ги одржи да останат внатре цели 10 седмици“ – вели г-ѓа Гудрич.

    rnДвете девојчиња биле дадени на специјална нега, при што Нико била само 6 недели, а Кики цели три месеци. Сите тестови од тогаш навака, велат дека срцето на Кики е во ред.rnrnДокторите не знаеле што е тоа што го виделе на ултразвукот. Но, сега срцето на Кики ѝ е совршено здраво. Сопружниците рекле дека забележале дека нивните двојајчани близнаци, кои сега имаа седум месеци, секој ден сè повеќе си личат меѓу себе.rn
    rn

    „Тие сакаат секогаш да се гледаат лице в лице и секоја од нив веќе умее да ја насмее својата сестричка. Кога ќе пораснат, ќе им објасниме на двете, дека причината поради која што тие имаат толку цврста меѓусебна врска, не е бидејќи делеле иста матка, туку бидејќи пред да се родат, Нико ѝ го спасила животот на Кики“ – додава г-ѓа Гудрич.

    rnСемејството Гудрич се поддржувачи на „Спаркс“, добротворна организација, која е посветена на истражување на состојбите кои негативно влијаат врз бременоста на идните мајки.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn