Штотуку е откриено дека постои вирус што буквално не може да се избрише од телефонот бидејќи повторно се инсталира. Ова е уште една закана за оние што користат андроид телефони.rnrn
rnrnАпликација наречена ai.type, која е инсталирана во повеќе од 40 милиони телефони, купува врвна дигитална содржина без знаење на корисникот. Покрај трошењето пари од сопствениците на овие телефони, апликацијата во позадина објавува и реклами и генерира лажни кликнувања.rnrnБезбедносната компанија „Апстрим“ (Upstream) открива дека апликацијата создала големи проблеми во 13 земји, а моментално најпогодени се Египет и Бразил. Оваа безбедносна платформа досега блокирала 14 милиони сомнителни трансакции што се обидувала да ги изврши апликацијата ai.type.rnrnОвие лажни купувања би ги чинеле сопствениците на андроид телефони над 18 милиони долари потрошени за неовластени купувања.rnrnАпликацијата под името ai.type LTD е развиена од страна на компанија од Израел и се рекламира како бесплатна тастатура за емотикони.rnrnИ покрај тоа што е отстранета од Google App Store, таа е сè уште инсталирана во милиони андроид уреди.rnrnИмате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!
Tag: андроид
-

Апликација што може да ви украде пари
-

14 помалку познати факти за Андроид
Денес повеќе од милијарда мобилни телефони го користат оперативниот систем Андроид, па ова го прави еден од најпознатите. Погледнете неколку интересни и помалку познати факти за овој оперативен систем.rnrn
rnrn1. Оперативниот систем Андроид е направен од Android Inc. во 2004 година. Подоцна, во 2005, Гугл го купил за 50 милиони долари.rnrn2. Оперативниот систем Андроид бил развиен како платформа за дигитални камери. Но, подоцна се сменил фокусот кон смартфоните кога се видел нивниот потенцијал.rnrn3. Гугл го лансирал оперативниот систем Андроид на 5-ти ноември, 2007 година. Тој е софтверски систем базиран на Линукс.rnrn4. HTC Dream или T_Mobile G1 е првиот смартфон кој користел Андроид. Телефонот е пуштен во продажба во 2008 година.rnrn5. Оперативниот систем Андроид има повеќе од милијарда активирања на направи како смартфони и таблети.rnrn6. Освен Андроид 1.0 и 1.1, сите останати Андроид верзии се крстени по некои слатки како Jelly Bean (гумени бонбони), Ice Cream Sandwich (сендвич од сладолед), Honeycomb (саке) и слично.rnrn7. Оперативниот систем Андроид има повеќе верзии, а името на секоја верзија следи азбучен ред. Имињата на верзиите се: Astro, Bender, Cupcake, Donut, Eclair, Froyo, Gingerbread, Honeycomb, Ice Cream Sandwich, Jelly Bean, KitKat, Lollypop, Marshamllow и Nougat.rnrn8. Дали знаете дека Андроид е отворен оперативен систем? Тој им овозможува на корисниците да го менуваат изворниот код. Ова им овозможува на производителите да додаваат свои функции на оперативниот систем.rnrn9. Значењето на зборот Андроид е робот со човечки изглед. Ова се однесува на машки робот. Зборот за женски робот е Гиноид.rnrn10. Енди Рубин, креаторот на овој оперативен систем, бил нарекуван Андроид. Името го добил додека работел во Епл поради неговата љубов кон роботите.rnrn11. Во вселената постои направа која работи со Андроид. НАСА ги опремила вселенските роботи со Nexus S направите што го содржат овој оперативен систем.rnrn12. Повеќето луѓе мислат дека логото исто така е Андроид, но ова не е точно. Името на маскотата на Андроид е Багдроид, иако ова не е официјално.rnrn13. Едно од најдобрите нешта кои ги нуди Андроид се апликациите. Продавницата за апликации Google Play има повеќе од 48 милијарди апликации, од кои повеќето се бесплатни.rnrn14. Денес Андроид се користи и за направи како Google Glass, паметни часовници и слично.rnrnПогледнете и зошто да изберете Андроид смартфон. -

10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега
Смартфоните влегоа во нашите животи со брзина на светлината, па немавме време да ги откриеме сите можности што ги нудат. Освен тоа, нивниот прогрес не стои во место и постојано се надградуваат со што стануваат сѐ помоќни и помоќни. Дали знаете дека многу од секојдневните активности ќе ви станат полесни доколку научите како правилно да го користите вашиот Андроид уред? Во продолжение, дознајте за некои од нивните одлични скриени карактеристики…rn
1. Клонирање апликации
rn
rnrnВо поновите верзии на Андроид постои опција од менито што се вика „App Cloner“ со чија помош можете да дуплицирате некоја апликација со едно единствено кликање. Ова може да биде корисно за луѓето кои често се вклучуваат на социјалните мрежи преку различни профили. Доколку вашиот Андроид не ја поддржува оваа опција, можете да симнете посебен програм за клонирање апликации.rn2. Симнување видеа и аудио клипови од Јутјуб
rn
rnrnГугл ги крие апликациите што ви овозможуваат да симнувате Јутјуб видеа од неговата официјална продавница. Но, постојат многу други достапни апликации што се бесплатни и ќе ви го понудат истото. Некои веќе имаат стекнато добра репутација, а други се понови на пазарот. Сите работат на истиот принцип: Го копирате линкот од видеото или го наоѓате фајлот преку апликацијата.rn3. Претворете го вашиот смартфон во дигитална вага
rn
rnrnДали сте знаеле дека можете да мерите мали предмети со помош на вашиот телефон? Тоа е така благодарение на една специјална апликација што го претвора вашиот уред во дигитална вага. Само инсталирајте ја апликацијата, калибрирајте ја со мало воздушно перниче или кој било друг предмет чија тежина веќе ја знаете (како на пример, монета) и можете да почнете со мерење!rn4. Отворете две прозорчиња со помош на еден допир
rn
rnrnСакате да читате е-книга и да користите речник истовремено без да ги менувате прозорчињата? Лесна работа! Само вклучете го модалитетот за повеќе прозорчиња. За да го направите ова, отворете ја апликацијата и држете на копчето за листа на задачи (десно од копчето „Home“). За жал, не можат сите смартфони да работат на ваков начин.rn5. Преминете во „safe mode“
rn
rnrnОва е корисно за да ги дебагирате и да ги отстраните апликациите што ја попречуваат правилната функција на телефонот. За да преминете во „safe mode“, вклучете го вашиот телефон или таблет, потоа повторно притиснете го копчето за вклучување и задржете го. Кога ќе се појави менито, притиснете го и задржете го копчето за исклучување означено со „Off“ или „Power Off“. Кога ќе се појави опцијата за „safe mode“, притиснете „ОК“.rnrnПреминете на следната страница за да ги дознаете останатите корисни карактеристики на смартфоните…rnrn -

Топ 15 бесплатни игри за Андроид
Нема причина да не ги сакате игрите наменети за Андроид. Тие најчесто се бесплатни и можете да ги играте секаде и во секое време. Па, без разлика дали сте нов корисник на Андроид, или едноставно барате нешто забавно за правење, погледнете ги 15-те најдобри бесплатни игри со кои можете да си го исполните слободното време.rn
1. Plague, Inc.
rn
rnrnОва е можеби една од најмрачните игри. Целта на играта е да ја убиете целата популација на земјата со вирус кој вие ќе го креирате. Од нејзиното пуштање во 2012 година, оваа игра има добивано само позитивни критики.rn2. Asphalt
rn
rnrnОваа игра си ја заслужила титулата за најдобра апликација за тркање. Во најновата верзија можете да одбирате помеѓу 130 автомобили, вклучувајќи Ферари, Ламборгини и Шевролет и можете да ги средувате по ваш вкус.rn3. Fallout Shelter
rn
rnrnОваа игра е бесплатна само затоа што била некој вид реклама за добро познатата видео игра Fallout 4. Но, луѓето ја прифатија играта многу добро, па таа стана хит кај корисниците на Андроид.rn4. Pac-Man 256
rn
rnrnОваа модерна верзија на познатата игра ги содржи сите класични елементи кои ги сакаме кај оригиналот, но со повеќе забава, потешки нивоа и подобра графика.rn5. Hearthstone: Heroes of Warcraft
rn
rnrnАко сте обожавател на познатата World of Warcraft, тогаш ќе уживате и во оваа игра. Играта е стратегија со карти и е достапна и за компјутер.rn6. Clash Royale
rn
rnrnСпин-оф на популарната Clash of Clans, оваа игра е дуел кој комбинира елементи на одбрана, стратегија и собирање карти.rn7. Plants vs. Zombies
rn
rnrnВеќе модерна класика, играта која прв пат беше објавена во 2009 година се прослави заедно со смартфоните. И да не го заборавиме фактот дека го следи зомби трендот уште од почетокот.rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Дознајте како Гугл може да ви помогне во одлуката за вашиот нов смартфон
Гугл неодамна го пушти веб-сајтот Which Phonе. Како што кажува самото име, сајтот сугерира предлози за телефони за неодлучните корисници според критериумите кои тие самите ги внесуваат.rnrn
rnrnНа самиот почеток Which Phone ќе ви побара да внесете минимум три најважни работи што ги барате кај вашиот иден телефон, од квалитетот на камерата, карактеристиките на телефонот поврзани со гледањето видеа, слушањето музика и слично, па сè до изразувањето на вашиот стил.rnrn
rnrnОткако ќе ги одберете најважните работи, Which Phone ќе ви постави дополнителни прашања од одбрани категории, па потоа ќе ви предложи модел на телефон за кој тој смета дека е вистински избор за вас.rnrn
rnrnИзгледа идеално, но голем пропуст е тоа што немате можност да одберете со колкав буџет располагате. Плус, секако, во фокусот се најновите и најмоќните телефони на пазарот, а разликата помеѓу нив е минимална, па ако не сте внимателни, може да наседнете на поскап модел, кој секогаш ќе ви биде понуден прв наместо поевтиниот.rnrn
rnrnАко сте неодлучни околу тоа кој да биде вашиот следен смарт телефон, а притоа знаете дека тоа сигурно ќе биде андроид, Which Phone е добра почетна точка за да дознаете каков модел ќе ви одговара најмногу според вашите потреби. Со неколку збора, веб-сајтот си ја врши работата. -

6 бесплатни апликации со кои ќе го најдете изгубениот или украдениот андроид смартфон
Ако сте го изгубиле или ви го украле вашиот андроид смартфон, не е крај на светот како што беше некогаш. Денес можете да си инсталирате уште веднаш некоја од овие апликации со чија помош ќе го најдете кога ќе го снема. Доколку сакате да симнете некоја од нив, клик на поднасловот ќе ве однесе до местото од каде што можете да го сторите тоа.rnrn
rn1. Where’s My Droid
rnОваа апликација ќе ви овозможи лесно да го лоцирате вашиот телефон. Кога ќе го снема, можете од друг телефон да испратите текстуален код до него со цел да направите тој да заѕвони во рацете на крадецот дури и кога е на вибрации или пак за да добиете назад текст со GPS координатите на телефонот. Доколку ја користите Pro верзијата на Where’s My Droid, која се плаќа, ќе можете од каде било да правите слики со вашиот изгубен или украден андроид смартфон со цел да сфатите каде е тој.rnrn
rn2. Plan B
rnPlan B е многу едноставна апликација која може да ви помогне дури и да не сте ја инсталирале пред да го снема вашиот телефон. Треба само да ја инсталирате на кој било телефон и потоа од него да испратите порака со текст „Locate“ на вашиот број. Оттогаш таа ќе почне со GPS следење на исчезнатиот смартфон, ќе ви испраќа информации на вашата gmail сметка за тоа каде е и така лесно ќе го најдете.rnrn
rn3. Lost Android
rnСо оваа апликација можете од каде било преку СМС да го вклучите украдениот телефон по што тој ќе почне да ѕвони нападно и да свети најсилно што може. Исто така ќе можете да го вклучите или исклучите GPS следењето, да фотографирате со него, да ги избришете вашите фотографии, видеа и пораки од мемориската картичка и да видите кон кои броеви се јавувал крадецот откако го украл телефонот. Звучи неверојатно, но апликацијата има и систем со кој текстот го претвора во говор кој секој може да го чуе додека крадецот ракува со телефонот. Ќе бидете известени по имејл ако биде променета СИМ картичката. Доколку сте заборавиле да ја инсталирате пред да го загубите телефонот, тоа можете да го сторите и подоцна без крадецот да забележи.rnrn
rn4. SeekDroid: Find My Phone
rnОва е апликација која, како и претходните, овозможува GPS следење, бришење на податоци, ѕвонење итн., но се разликува по тоа што работи и кога СИМ картичката е извадена. Со доплаќање за Pro верзијата ќе имате можност да добиете и мапа со линијата на движење на смартфонот и насоката кон која се движи во моментот.rnrn
rn5. AntiDroidTheft
rnИнсталирајте ја оваа апликација за да можете на интернет да следите какви фотографии се правени со вашиот украден смартфон, какви промени со СИМ картичката се направени и следете го преку GPS.rnrn
rn6. Prey Anti-Theft
rnPrey Anti-Theft мора да се инсталира пред да исчезне телефонот. Ја активирате преку СМС порака со текст „GO PREY“ и потоа на нивната интернет страница треба да го маркирате вашиот телефон како некој што е исчезнат. Оттогаш ќе почнете да добивате известувања за тоа каде тој се наоѓа. Крадецот не може да ја избрише апликацијата, затоа што тоа е можно само со лозинка.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

15 причини да изберете андроид смартфон пред ајфон
Ајфонот некако останува најпопуларниот смартфон кој денеска постои на пазарот, иако кога ќе ги разгледате набројаните причини кои следуваат тоа не е баш разбирливо. Како и да е, доколку размислувате дали да одберете андроид смартфон или ајфон, пожелно е да ги имате овие неколку причини предвид пред вредноста на брендот.rnrn
rn- rn011
- Меморијата што ајфонот ја има на располагање во моментот кога ќе го купите потоа не може да се надгради. За разлика од него повеќето андроид смартфони имаат слот за micro SD картичка каде што можете да додадете дополнителна меморија.
- Старата батерија на ајфонот не може едноставно да се замени со нова. Оние на андроид смартфоните најчесто лесно се заменуваат.
- Голем дел од андроид телефоните можат да се користат како универзални уреди за далечинско управување благодарение на инфраред сензорите. Ајфонот нема ваков сензор.
- Системот на андроид за категоризирање на фајловите е одличен, па кога ќе го поврзете вашиот телефон со компјутер лесно можете да пребарувате низ нив за да го најдете она што ви треба. Епл не овозможува таков пристап до сите ваши фајлови.
- За да го наполните ајфонот со музика неопходен ви е ајТјунс, а за префрлање на фотографиите на компјутерот ајФото. На андроид телефонот не му е гајле од каде доаѓа вашата музика и не е толку комплицирано да се префрлуваат фотографиите.
- Ако пребарате некоја апликација за ајфон во прелистувачот, ќе мора да го отворите ајТјунс или Еп Стор за да ја симнете и инсталирате. Симнувањето апликации за андроид се прави и директно од веб-сајтови, без потреба од повикување на дополнителни апликации.
- Батеријата на андроид телефонот може да се наполни со кој било УСБ кабел. Онаа на ајфонот бара кабел на Епл.
- Еве нешто и за таблетите. На андроид таблет можете да направите повеќе кориснички профили доколку сакате да споделувате еден уред со повеќе колеги на работа или со членовите на семејството, без притоа меѓусебно да си ги пристапувате информациите. И повторно, тоа е опција која Епл не ја нуди на своите таблети.

- Андроид телефоните ги користат мапите на Гугл, кои се многу подобри од оние на Епл. Иако и на ајфон можете да инсталирате Гугл Мапс, оваа апликација не можете да ја направите дифолт.
- Андроид уредите располагаат со неколку опции повеќе за отклучување на уредот (вклучувајќи препознавање на лице и шаблони кои се исцртуваат со прст). Ајфонот може да се отклучи само со отпечаток од прстот или со лозинка.
- Андроид смартфоните можат да се персонализираат многу повеќе во споредба со ајфоните, на пример со додавање на виџети на почетниот екран. Исто така, за андроид има и многу апликации кои можат дополнително да го променат интерфејсот на вашиот смартфон. На пример Aviate ви овозможува азбучно подредување на апликациите во вид на листа.
- Ајфонот ги чува иконите од сите апликации на почетниот екран, додека тоа на Андроид телефон може и поинаку да се уреди.
- Голем број андроид телефони овозможуваат не само користење, туку и гледање на повеќе апликации одеднаш. Второто кај ајфонот не е можно.
- Андроид смартфоните ги сместуваат визуелните потсетници на врвот на екранот заради што е полесно да проверите дали имате повик/порака/имејл… на кој треба да одговорите. Ајфонот нотификациите не ги чува овде.
- И покрај сите овие предности, на пазарот постои многу поголем избор на андроид смартфони и тоа за пониска цена од ајфонот.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Најмоќниот паметен часовник што некогаш се има појавено
Паметниот часовник „Neptune Pine“ ќе биде одличен кул гаџет кој секој ќе сака да го има на својот зглоб. Сè што другите компании ветуваа со своите паметни часовници, а не успеаја да го направат, овој часовник ќе го има. Паметните часовници кои веќе се на пазарот, не функционираат самостојно, па морате да ги користите како помошник на вашиот телефон. Но, не и Neptune Pine.rnrn
rnrnЧасовникот ќе има целосно функционален Андроид систем, слот за мемориска и СИМ картичка, па слободно ќе можете да го користите како телефон. Со овој паметен часовник можете да сурфате на интернет, да остварувате видео повици, бидејќи има две камери (задната е 5 мегапиксели) со блиц, да инсталирате апликации и многу други работи.rnrn
rnrnЕдинствената мана му се димензиите, бидејќи уредот е нешто помеѓу мал паметен телефон и голем часовник. Сепак, доброто е тоа што може да се извади од ременчето и да се користи како обичен телефон.rnrn
rnrnПроектот беше претставен на познатиот сервис „Kickstarter“, а за отпочнување со производство на часовникот беа побарани 100.000 канадски долари. Верувале или не, на скоро два дена до рокот за собирање на сумата, собрани се над 700.000 канадски долари, што значи дека набрзо ќе го видиме овој феноменален паметен часовник на пазарот.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

I’m watch – првиот рачен часовник со оперативен систем
Ви ѕвони телефонот, но не можете да го лоцирате во чантата или пак мора да го извадите од џебот пред да седнете во кафуле. Следниот чекор во светот на мобилната технологија се паметните часовници кои можете да ги носите на вашиот рачен зглоб. Сега, сите опции буквално секогаш ќе ви бидат „на рака“.
I’m watch е производ на Италијанската компанија Blue Sky. Тие го претставуваат како првиот вистински smartwatch (паметен часовник), кој доаѓа со оперативен систем Андроид 1.6.
Она што доаѓа спакувано во ова мало паметно издание е processor IMX233, можност за поврзување со Андроид-базирани телефони или со Ајфон преку блутут, 64MB RAM и флеш меморија со капацитет од 4GB за чување фајлови. Има аудио излез за поврзување со слушалки за да можете преку него да слушате музика, но и самиот поседува микрофон и звучник.
Неговиот мултитач-екран е голем 1,54 инчи и е со резолуција од 240 на 240 пиксели. На него можете да ги изведувате сите стандардни движења со прстите кои се карактеристични за екраните осетливи на допир.
rn
I’m watch претставува мобилен телефон, на кој можете да сурфате, слушате музика, радио, да си го организирате времето, да гледате слики и видеа, да ги користите социјалните мрежи, како и секакви други апликации кои би ви биле потребни.

rnЌе биде достапен од јануари, 2012 година. Ќе го има во 7 различни бои (249 евра), плус едно специјално титаниумско издание (499 евра), и како луксузен накит во 4 варијатни: жолто злато, розово злато, бело злато со дијаманти и црно злато (од 9.999 евра).rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
-

Преклопувачки телефон со 3 екрани
Пред да почнете да се возбудувате, да ве предупредиме дека се работи за концепт за мобилен телефон, но идејата и дизајнот се прекрасни и иновативни, па вреди да ги погледнеме.
Телефонот наречен Флип е дизајниран од страна на Кристијан Улрик Ларсен. Работи на оперативниот систем Андроид, а физички е составен од 3 преклопувачки екрани со Super AMOLED технологија зад кои се крие QWERTY тастатура. Флексибилноста ја овозможуваат челичните зглобови кои ги поврзуваат деловите.
Преклопувачкиот телефон може да се користи стандардно, во вид на плочка, може да се отвори како шатор, дури и да се намести како книга. Се надеваме дека овој концепт ќе стане физички реален во блиска иднина, а во меѓувреме погледнете ја магијата што би ја правел овој супер стилски мобилен телефон.









rnrn