КАФЕ ПАУЗА

Tag: алергии

  • Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

    Секако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергија

    И додека некои со нетрпение ја очекуваат пролетта, таа за многумина е синоним за проблеми со алергиите. Поленот и надворешните алергени како прашината може да го направат вашиот живот неподнослив ако направите грешки за кои не сте ни свесни. Иако некои може да имаат лесни, а други сериозни симптоми на алергија, важно е да знаете дека можете да си помогнете ако ги избегнете следниве грешки:rnrnСекако треба да ги избегнувате: 5 грешки што ги правите кога имате алергијаrn

    1. Го оставате прозорецот отворен

    rnВоведете правило да ви бидат прозорците затворени за време на сезоната на алергии. Дури и ако не сте дома, не оставајте го прозорецот отворен бидејќи честичките полен може да влезат внатре додека вие не сте дома. Особено не го отворајте прозорецот додека е сончево и ветровито надвор, советуваат пулмолозите.rn

    2. Го вклучувате клима-уредот

    rnИако температурите во текот на летните денови може да бидат неподносливи за сите луѓе, луѓето кои страдаат од алергии или имаат астма не би требало да го вклучуваат клима-уредот. Тој е штетен, особено за астматичарите ако користите силни хемиски агенси за чистење на уредот. Исто така, ненадејните промени на температурата се штетни за овие личности. Во секој случај, користењето на клима-уред не е најдоброто решение за лицата со алергии затоа што тие луѓе се почувствителни.rnrnКако алтернатива, се препорачува да вградите филтри за полен во системот за вентилација. Вклучувајте го климатизерот во автомобилот само ако имате филтри за полен.rn

    3. Вежбате во погрешно време

    rnАко сакате да вежбате на отворено, внимавајте на периодот во текот на денот и на временските услови. Избегнувајте да излегувате рано наутро или попладне бидејќи тогаш концентрацијата на полен во воздухот е најголема. Колку е потопло и поветровито, толку е полошо. Излегувајте доцна навечер затоа што тогаш обично количината на полен се намалува.rn

    4. Ја одложувате употребата на лекови

    rnТреба да избегнете да ги употребувате лековите со задоцнување, кога практично не сте во состојба да дишете. Кога знаете дека ќе започне сезоната на алергии, обидете се да се погрижите за вашето здравје на време. Превенцијата е најдобриот лек.rnrnАко пиете таблети за алергија, започнете да ги користите 2 недели пред поленот да се појави во воздухот. Доволно е да земате 1 таблета на ден. Тоа ќе има ефект, советуваат пулмолозите кои посочуваат дека е голема заблуда ставот дека алергијата не може да се излекува.rn

    5. Имате плишени играчки дома

    rnПлишените играчки се слатки и меки, но, за жал, во многу случаи тие едноставно стојат на полиците или на креветот и собираат прашина што е најчестиот предизвикувач на алергии.rnrnАко имате плишени животни и алергија, најдобро е да се ослободите од нив. Можеби треба да му дозволите на вашето дете да избере само 1 или 2 плишени играчки што може да ги перете одвреме-навреме.rnrnМожеби сакате да откриете и што открива должината на одредени делови од телото за вашето здравје?rnrnrn 

  • Оваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полоши

    Оваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полоши

    Поминаа неколку денови откако дојде пролетта и покрај тоа што поголемиот дел од луѓето уживаат во топлото време и расцутената природа, оние што страдаат од алергија имаат голема мака. Ако долго време се борите со сезонските алергии, тогаш сигурни сме дека веќе сте престанале да одите на лекар, па самите си препишувате терапија бидејќи имате искуство и знаете точно што ви треба. Зошто да трошите време по болници, кога докторот секојпат ви ја препишува истата терапија?rnrnОваа ненамерна грешка ги прави вашите пролетни алергиски реакции многу полошиrnrnАко се пронајдовте во ова објаснување тогаш имаме лоши вести за вас, кои дополнително ќе ви ја влошат мрсулавата мизерија. Според неодамнешните истражувања, назалните спреови во моментот на нанесување можат инстантно да ви ги олеснат симптомите, но на долг рок предизвикуваат состојба наречена ринитис медикаментоза, односно „повторувачка конгестија“.rnrnШто значи тоа? Спреовите за ослободување на носот прават магија така што ги намалуваат воспалените крвни зрнца во назалните патишта, дозволувајќи му на воздухот да струи. Но со премногу честа употреба, повеќе од неколку денови по ред, истите тие крвни клетки почнуваат многу да се потпираат на лекот, па се дујат повеќе од нормалната големина, бидејќи ја чекаат новата доза. Ако некогаш сте чуле за зависност од назални спреови, сега точно знаете за што станува збор!rnrnЗа да ја избегнете повторувачката конгестија, најдобро е да го исфрлите назалниот спреј од употреба и да додадете други третмани за ослободување на носот, како на пример, плакнење со солена вода, антихистамини и во потешките ситуации, стероиди препишани од доктор.rnrnУблажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди!

  • Науката открива: Која е неочекуваната здравствена придобивка од грицкањето нокти?

    Науката открива: Која е неочекуваната здравствена придобивка од грицкањето нокти?

    За луѓето кои грицкаат нокти честопати се смета дека шират бактерии и инфекции поради постојаниот контакт на рацете со устата. Сепак оваа навика е дел од секојдневниот живот на многумина и на повеќето многу им е тешко да се ослободат од неа. Доколку и вие сте едни од нив, размислете уште еднаш пред конечно да решите да престанете со грицкањето нокти. Имено, едно ново истражување открило дека иако оваа навика не е добра за вашите прсти и кожа, постои една неочекувана придобивка од неа.rnrnНауката открива: Која е неочекуваната придобивка од грицкањето нокти?rnrnСпоред најновите истражувања, навиките како цицање на палецот и грицкање на ноктите можат да послужат како заштита против некои чести алергии. Во истражувањето објавено во списанието „Pediatrics“ учествувале 1.000 деца на возраст од 5 до 11 години и од нивните родители било побарано да проверуваат дали тие го цицаат палецот и грицкаат нокти на секои две години. Исто така, кај секое дете се извршила проверка за алергии кога наполнило 13 и 32 години.rnrnДобиените резултати не соодветствувале со дотогашните верувања дека грицкањето нокти и цицањето на палецот се штетни по здравјето поради пренос на бактерии. 31% од децата поминале низ период кога грицкале нокти или го цицале палецот и нивните алерготестови биле негативни. Но, децата кои целосно ги победиле алергиите биле оние кои и го цицале палецот и ги грицкале ноктите.rnrnСигурно ќе си помислите дека постои сто и една причина поради која имуниот систем на децата ги победува алергиите, па како би можеле да бидеме сигурни дека токму грицкањето нокти е заслужно за тоа? Важно е да се спомене дека истражувачите земале предвид различни варијабли, на пример, дали семејството чувало домашни миленичиња, дали родителите пушеле цигари, како и социо-економскиот статус. Всушност, ова истражување е делумен доказ за она што е познато како „хигиенска хипотеза“.rnrnСпоред хигиенската хипотеза, опседнатоста со чистотата во денешното општество нѐ прави поподложни на болести. Зошто е тоа така? Поради намаленото изложување на микроби, паразити и заразни болести во раниот период од животот, природниот развој на имуниот систем се потиснува што ја зголемува нашата подложност на алергии. Има смисла, нели?rnrnНауката открива: Која е неочекуваната придобивка од грицкањето нокти?rnrnВо секој случај, тоа не значи дека цицањето на палецот и грицкањето нокти се добри за нас. Децата не треба да имаат целосна слобода врз нивните навики за цицање и грицкање. Во тој контекст, еден од авторите на истражувањето, Малколм Сирс, професор по медицина на Универзитетот во Канада изјавил:rn

    „Нашите резултати ја поддржуваат хигиенската теорија дека раното изложување на нечистотија и бактерии го намалува ризикот од појава на алергии. Иако не препорачуваме овие навики да бидат охрабрувани, сепак тие имаат своја позитивна страна.“

    rnНа сите ни е добро познато дека грицкањето нокти се поврзува со многу негативни последици како што се проблеми со забите, инфекции на ноктите, дури и ширење на ХПВ вирусот. Но, според резултатите од истражувањето и дополнителниот коментар на истражувачите, се чини дека умереноста е клучот кога станува збор за грицкање нокти. Не се советува да продолжите со оваа навика во зрелата доба од животот, но ако имате деца или познавате деца кои ја имаат оваа навика, подобро е само да ги потсетувате одвреме-навреме дека тоа е штетно за нив, отколку да спроведете детален план за одвикнување од грицкањето нокти.

  • Ублажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди

    Ублажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди

    Пијте го редовно и ослободете се од алергиите и сезонските настинки

    rnУблажете ги симптомите на пролетните алергии со вкусно овошно смуди rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 1 морков со средна големина
    • rn011

    • 2 големи портокали
    • rn011

    • 1/2 краставица
    • rn011

    • 5-10 листови нане
    • rn011

    • 20 грама свеж корен од ѓумбир
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзмијте го и излупете го овошјето. Исечкајте го на парчиња и ставете го во блендер. Листовите нане додајте ги на крајот. Добро помешајте ги сите состојки. Консумирајте една чаша дневно и тоа наутро, пред појадок.rn

    Зошто ова смуди е толку добро за вас?

    rnПортокалите го прочистуваат организмот бидејќи се одличен извор на витамин Ц.rnrnМорковите изобилуваат до бетакаротен и витамин Д и помагаат во зацврстувањето на коските и зглобовите.rnrnНането е одлично природно инхалаторно средство за респираторниот систем, кој најмногу страда кога доаѓа пролетта.rnrnЃумбирот е моќен антиоксиданс кој ги намалува главоболките што настануваат како резултат од честото кивање.

  • Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Немојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергии

    Кивањето, раздразнетите синуси, чешањето и болењето на грлото се едни од најчестите симптоми на сезонските алергии кои се најизразени во пролетните месеци. Тоа се должи на високата концентрација полен, на кој многу луѓе покажуваат симптоми како потешкотии со дишењето и солзење на очите. Но, постојат и скриени знаци на алергиите кои потсетуваат на обична настинка, вирус па дури и ПМС. Во продолжение прочитајте кои се тие и обидете се да не ги игнорирате и да побарате соодветна помош, бидејќи иако алергиите можат да се контролираат тие сепак знаат да бидат доста непријатни.rnrnНемојте да ги игнорирате: 3 скриени симптоми на сезонските алергииrn

    1. Умор и слабост

    rnДоколку во текот на денот забележите дека сте поуморени од вообичаено и немате волја да се движите, тогаш можеби станува збор за некаква сезонска алергија. Чувството на умор може да предизвика симптоми како што се печење и чешање на очите што е често резултат на недоволното спиење.rn

    2. Главоболка и кашлица

    rnГлавоболката се поврзува со т.н. пролетен умот и промена на времето. Но, позади неа може да се крие и сезонска алергија. Ваквите главоболки се тесно поврзани и со затнувањето на носот, што може погрешно да се интерпретира како симптом на настинка или вирус. Меѓутоа, причинителот е слузта која се собира во синусите поради притисокот на фронталната коска. Исто така, еден од скриените симптоми е и кашлицата која може да го зајакне тој притисок во главата и по продолжение, главоболката.rn

    3. Раздразнетост и нервоза

    rnРаздразнетоста и немањето концентрација се поврзани со носот, ушите и синусите, односно со целосната слузница на нашиот организам која под влијание на алергените може доста да се оштети. Лошата работа и неправилното функционирање на слузницата може да го отежни дишењето и да предизвика несоница или лошо спиење. Ваквите непријатни симптоми можат да влијаат и врз расположението, па доколку почувствувате нервоза или лутина без никаква причина, тоа се должи на цутењето на одредени пролетни растенија.

  • 5 природни начини на кои можете успешно да се изборите со пролетните алергии

    5 природни начини на кои можете успешно да се изборите со пролетните алергии

    Алергиите се реакција на имунолошкиот систем како заштита од одредени фактори од околината. Но, дали сте знаеле дека токму природните продукти можат да ви овозможат совршена заштита од симптомите на алергија? Со цел да го зајакнете вашиот организам, потребно е да се вратите на природните начини на лечење, кои не вклучуваат токсини и хемикалии. Дел од овие начини кои можат многу да ви помогнат се и следниве 5…rnrn5 природни начини на кои можете успешно да се изборите со пролетните алергииrn

    1. Коприва

    rnКопривата е природен антихистамин и имуномодулатор кој го чисти целиот организам и на тој начин помага при справувањето со сите алергии. Тој ги ублажува симптомите како што се кивањето и надразнетите очи. Најдобриот начин на кој можете да ја внесете копривата во вашето тело е преку чај, кој не само што ја ублажува алергиската реакција, туку и придонесува при создавање на црвените крвни зрнца во организмот.rn

    2. Пробиотици

    rnДобрите бактерии во цревата го стимулираат создавањето на имуноглобинот кој потоа ги неутрализира токсините. Едно неодамнешно истражување покажало дека пробитоците или пријателските бактерии можат многу да ја намалат алергиската реакција на полен. Исто така, ова истражување покажало и значително опаѓање на симптомите кои се јавуваат како плацебо ефект.rn

    3. Масло од црн ким

    rnТоа влијае против воспаленијата и има антихистаминско делување, па токму затоа треба да ви биде и еден од првите избори при ублажување и превенција на симптомите на алергија. Ова масло не само што ги ублажува сите алергиски симптоми, туку и го олеснува дишењето и истовремено го спречува развојот на секундарните бактериски инфекции кои често се јавуваат паралелно со сезонските алергии.rn

    4. Масло од еукалиптус

    rnЕдно истражување од 2010 година открило дека ова масло има благотворно делување врз респираторните проблеми како астмата. Ставете малку од ова масло во еден сад и поставете го на вашата работна маса додека сте на работа. Дишењето дополнително ќе го олесните доколку измешате 3 капки масло од еукалиптус со една лажица маслиново масло кое потоа ќе го нанесете на вашите гради.rn

    5. Мајчина душица

    rnЧајот од мајчина душица го ублажува кашлањето и има смирувачко делување врз грлото (особено ако е воспалено). За да ги намалите алергиските реакции, комбинирајте мајчина душица со коприва. Извлечете го максимумот од овие две состојки така што ќе подготвите чај од 2 лажици коприва и 1 лажица мајчина душица во пола литар зовриена вода. Покријте го и почекајте 15 до 20 минути да делува и потоа пијте го.rn

    Дополнителни начини на кои можете да го зајакнете вашиот организам:

    rn

      rn011

    • Витаминот Ц е моќен антихистамин, па токму затоа кај оние со алергии се препорачува секојдневно да пијат по 2 до 3 грама.
    • rn011

    • Во вашата исхрана вклучете повеќе лук и кромид, бидејќи тие содржат високи концентрации на состојки кои делуваат против воспаленија.
    • rn011

    • Избегнувајте ја протеинската храна како млеко, јајца, месо…
    • rn011

    • Од млечните производи се препорачуваат само ферментирани производи кои се богати со пробиотици (јогурт, кефир…).
    • rn011

    • Наместо кравјо млеко пијте козјо млеко.
    • rn

    rn

    Практични мерки на заштита од алергиски реакции:

    rn

      rn011

    • За време на сезоната во која има висока концентрација на полен во воздухот, држете ги прозорците што повеќе затворени.
    • rn011

    • Избегнувајте да бидете на отворено кога има многу сонце и ветар (тогаш има најголема концентрација на полен во воздухот).
    • rn011

    • По секое враќање во домот, фрлете ја целата облека за перење и истуширајте се со цел да ги отстраните сите зрнца полен кој се задржале на вашето тело.
    • rn011

    • Имајте на ум дека најмалата концентрација на полен во воздухот е по дождот, па токму тогаш би било најсоодветно да излегувате на отворено.
    • rn011

    • Пред да излезете од вашиот дом намачкајте го вашиот нос со невеново масло (или маслиново масло) со цел да го намалите вдишувањето на поленот од воздухот.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 несекојдневни употреби на лак за нокти

    10 несекојдневни употреби на лак за нокти

    Покрај тоа што можете да си го разубавите изгледот на ноктите, постојат и голем број несекојдневни употреби на лаковите за нокти. Ова се 10 начини на кои можете да го употребите лакот за нокти за секојдневни работи и проблеми.rnrn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Со лак можете да го освежите вашиот накит

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Да ги обоите клучевите за да можете да ги разликувате

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Да го обложите делот од обетките кој ја допира кожата на увото за да се елиминира појавата на иритации и алергии

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Обложете го врвот од конецот со лак за нокти за полесно да го протнете низ иглата

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Лакот може да ви послужи како течен ханзапласт

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Да го спречите ресењето на платнените патики

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Да го спречите потемнувањето на бижутеријата

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Да залепите коверт

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Нанесете лак на дупчето на хулахопките за да не ви се скинат по целата должина

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrn

    Заштитете ги металните предмети по дома за да не ви ’рѓосаат

    rn10 несекојдневни употреби на лак за ноктиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

    Како да ја преживеете сезоната на алергиите?

    Пролетта веќе започна, каде и да погледнете можете да забележите дрвја со нови лисја, прекрасни цвеќиња на земјата и птици кои со песна ја испраќаат зимата. Но, ако страдате од алергии, пролетта не е толку убава слика за вас – всушност, таа повеќе изгледа како кошмар од кој не можете да избегате. Наредниве неколку месеци ќе ви бидат тешки, па затоа прочитајте ги овие неколку совети кои можат барем малку да ви ја олеснат борбата со алергиите…rn

    Држете ги прозорите затворени

    rnНајважното правило за да си помогнете на себе е да ги држите причинителите на алергии што подалеку од вас. Најдобриот начин да успеете во оваа намера е доколку прозорците и вратите од вашиот дом останат затворени.rnrnКако да ја преживеете сезоната на алергиите?rnrnИ покрај тоа што топлото време и свежиот воздух можеби ве примамуваат, издржете барем додека не помине најбурниот период на пролетта и потоа внесете малку нов воздух во вашиот дом.rn

    Приклучете развлажнувач на воздух

    rnАлергиите се влошуваат во посуви климатски услови каде што нема доволно дожд за да ги бутне причинителите на алергии од воздухот во земјата каде што не се толку голем проблем. Но, само затоа што е суво надвор, не мора да значи дека треба да биде суво и внатре. Пробајте да си помогнете со апарат кој ќе го развлажнува воздухот во вашиот дом.rnrnНо, бидете внимателни со неговата употреба. И покрај тоа што малку повлажен воздух може да ви помогне, доколку претерате со употребата, големи се шансите да предизвикате појава на мувла која исто така влијае негативно на алергиите.rn

    Купете прочистувач на воздух

    rnДруг начин на кој можете да си помогнете во сезоната на алергии е со прочистувач на воздухот. Тој ги отстранува прашината и останатите причинители на алергии од воздухот кој го дишете. За најголем ефект, чувајте го во просторијата каде што спиете. Или пак, доколку работите од дома, наместете го онаму каде што го поминувате поголемиот дел од денот.rnrnКолку е почист воздухот, толку помалку вашето тело мора да се бори, притоа овозможувајќи ви поголем мир и удобност во вашиот нос.rn

    Обидете се со нети пот

    rnОвој начин на справување со алергиите може на прв поглед да ви биде застрашувачки. Сепак, на кој би му се допаѓала идејата да внесува вода низ едната носница само за истата да излегува низ другата? Тоа може да создаде чувство на давење, што не секоја личност свесно би го посакала.rnrnКако да ја преживеете сезоната на алергиите?rnrnНо, ако можете да преминете преку начинот на кој ова функционира, ќе сфатите дека и не е толку лошо. Топлата вода предизвикува чувство на олеснување во воспалените носни патишта и ефективно ги отстранува причинителите на алергиите кои го предизвикуваат тој проблем. Да не заборавиме и на фактот дека во солената вода нема хемикалии или неприродни супстанци кои предизвикуваат непријатни несакани последици.rn

    Пијте јаболков оцет

    rnСе верува дека јаболковиот оцет има голем придонес при одржувањето на здравјето (како на пример, одржување на постабилно ниво на шеќер кај дијабетичарите, намалување на крвниот холестерол и притисок, па дури и при борбата со ракот), но исто така помага и при борбата со алергиите. Како?rnrnАко се напиете една лажичка чист оцет, што ќе се случи? Вашите очи ќе почнат да солзат и синусите ќе ви се прочистат. Сите овие нешта помагаат при исфрлање на причинителите на алергии надвор од вашето тело.rn

    Пијте многу вода

    rnЕдна од најдобрите нешта кои можете да ги направите за време на сезоната на алергиите е да пиете многу вода. Колку повеќе поете вода, толку повеќе слуз може да направи вашето тело. И секако, колку повеќе слуз имате, толку сте поспособни за борење со сите оние причинители на алергии со кои секојдневно се сретнувате.rnrnКако да ја преживеете сезоната на алергиите?rnrnВашата цел нека биде околу 6-8 чаши вода дневно. Доколку не сте навикнати да пиете чиста вода во поголемо количество, тогаш додајте во неа малку цеден лимон или портокал.rn

    Јадете зачинета и/или топла храна

    rnЗачинетата храна функционира на сличен начин како и јаболковиот оцет. Погрижете се храната да ви биде толку лута што ќе ви бидат потребни марамчиња додека јадете.rnrnКако што веќе спомнавме, колку повеќе го прочистувате вашиот нос, толку подобро ќе биде за вас. Овој начин на справување со алергиите не само што е природен и ефективен, туку и ви овозможува резултати веднаш.rn

    Посетете доктор

    rnДоколку сте се обидете со сè, но ништо не ви помогнало, можеби е време да го посетите вашиот доктор. Дознајте дали ви е потребен специјализиран третман за да го спречите влошувањето на вашите алергии или пак, станува збор за некој вид инфекција.rnrnАлергиите знаат да бидат многу досадни и проблематични, но постојат многу работи со кои можеме да ги направиме полесни. Обидете се со некои од овие совети денес и се надеваме дека уште утре ќе можете полесно да дишете.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 природни лекови против пролетните алергии

    7 природни лекови против пролетните алергии

    Пролетта е преубаво годишно време, но со себе носи и голем број алергии. Најчести симптоми кои ги предизвикуваат сезонските алергии се кивавица, солзење на очите, како и воспалено и суво грло. Меѓутоа постојат голем број природни лекови кои можат да ни го олеснат живеењето и уживањето во пролетта. Ова се мал дел од нив.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Камилица

    rnАнтивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации. Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.rn

    Коприва

    rnКопривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.rn

    Нане

    rnНането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Мајчина душица

    rnЧајот од мајчина душица помага при лечење на кашлицата, гушење предизвикано од алергија, а има и смирувачко дејство врз воспаленото грло. Ако не сте во можност да најдете свежа, побарајте чај во секоја билна аптека.rn

    Мед

    rnМедот е одличен лек кој го ублажува кашлањето и воспалението во грлото. Едно лажиче мед и шолја чај можат многу да ви помогнат.rnrn7 природни лекови против пролетните алергииrn

    Ѓумбир

    rnЃумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.rn

    Лута пиперка

    rnЛутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии

    Автор: Бојана МандевскаrnrnПролет! Сѐ цвета и раззеленува. Свежиот мирис на цвеќињата е толку нежен и пријатен, дрвата расцутеа, на пазарите сѐ повеќе и повеќе е застапен свеж зеленчук и свежо овошје. Со нетрпение чекавте да помине ладната зима за да може повеќе време да поминувате во прошетки низ природа, да се ослободите од зимската облека и да јадете посвежа храна.rnrnСè навидум е убаво, но оваа пролет нешто се случи со вас. Веќе неколку дена кивате, очите ви солзат, се борите за здив, јазикот ви е црвен, ни пудра не ви помага во сокривањето на подочниците околу очите. Бевте на лекар,  подлегнавте на безброј испитувања и крајниот резултат беше алергија? Сега се прашувате како ќе продолжите понатаму, дали има лек? Не паничете, веќе сме 21 век кога медицината е толку напредна и секојдневно сме сведоци на нови изуми, лекови, сѐ со цел да се подобри здравјето на луѓето.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnОдвојте неколку минути за да се запознаете со основните елементи на алергиите, неколку митови и вистини поврзани со нив, кои ќе ви бидат од голема корист.rnrnАлергија е преосетливост на организмот кон некои супстанци, додека пак алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, микро-крлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и многу други. Постојат многу видови алергии и голем број нивни причинители. Ова се 5 најзастапени митови/прашања поврзани со алергиите и вистините за нив.rnrnМит: Јадењето мед може да ги спречи или излекува сезонските алергии?rnrnОвој мит потекнува најверојатно од размислувањето кое постои кај луѓето дека во медот има минимални количини полен. Доколку во текот на годината се внесува секојдневно мед ќе се смали сензитивноста на организмот од полен и ќе се излекува сезонската алергија. Вистината е дека стварно во медот има одредено количество полен, кое пчелите го собираат од растенијата. Проблемот е во тоа што поленот кој предизвикува алергии, што првенствено го има во дрвјата, тревите и плевелта, не е од растенијата кои пчелите ги користат за производство на мед. Но, доколку сте љубител на медот, алергијата не треба да биде причина која ќе ве спречи во уживањето на неговиот вкус.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Возрасните не можат да се „разболат“ од алергијаrnrnВистината е дека и возрасните може да се „разболат“ од алергија. Тоа што сте возрасни не значи дека не може да бидете подложни на антитела кои ќе ви предизвикаат алергиска реакција. Нивото на антителата „IgE“, предизвикувачи на алергии, во организмот на човекот со текот на годините почнува да опаѓа, но тоа не значи дека не постои можност за појава на алергија во повозрасните години. Доколку се појави алергија, тоа значи дека извесен период организмот бил изложен на некој алерген.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Цветните растенија се најголемите причинители на алергијаrnrnВистината е  дека цвеќињата како розите и лилјаните поседуваат т.н. тежок полен, односно полен кој потешко се пренесува бидејќи луѓето не се во близок секојдневен контакт со нив. За разлика од цвеќињата кои ги споменавме, постојат други растенија кои поседуваат т.н. лесен полен и тие се „виновниците“ за појавата и развојот на алергиите. Растенијата содржатели на лесен полен се дрвјата, плевелот, тревите кои што ги има насекаде околу нас. Поленот од овие растенија се пренесува многу лесно особено преку ветерот.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Алергиите не претставуваат сериозен здравствен проблемrnrnВистината е дека алергијата не преставува едноставна моментална непријатност. Тие се состојба на која ѝ треба соодветен лекарски третман. Можна е појава на одредени здравствени компликации доколку не се третира алергијата. Компликациите се појавуваат во вид на кашлица, астма, главоболка, прекини во вечерното спиење и дневна поспаност, омалаксаност. Постои можност од појава на синуситис.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергииrnrnМит: Земањето лекарства е единствениот начин за борба против алергиските симптомиrnrnВистина е дека земањето лекарства ги ублажува и намалува алергиските симптоми. Но, во поново време е измислен нов начин на лекување на пациентите преку процес на имунотерапија. За пациентите кои консумираат поголемо количество на медикаменти, се предлага замена на апчињата за алергија со имунотерапија. Имунотерапијата е процес кој трае неколку години, но во голем процент ги намалува и лекува алергиите. Посоветувајте со вашиот лекар и доколку постои можност, заменете ги лекарствата со имунотерапија.rnrn5 митови и вистини поврзани со сезонските алергии
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.