КАФЕ ПАУЗА

Tag: албуми

  • 7-те најочекувани музички албуми за 2019 година

    7-те најочекувани музички албуми за 2019 година

    Од Мадона, до Лана и Ријана, во продолжение следува листа со најочекуваните музички албуми за 2019 година. Кога ќе ги видите артистите, воопшто нема да ве изненади зошто многумина тврдат дека оваа година ќе биде навистина плодна кога станува збор за поп музиката. Нови албуми, соработки, повторни враќања на сцената… сè е во игра!rn

    1. Аријана Гранде

    rnrnrnОткако го објави својот последен албум „Sweetener“, талентираната пејачка ги освои срцата на многумина ширум светот. Според тоа што се зборува, новиот албум на Аријана ќе биде уште подобар!rn

    2. Мајли Сајрус

    rnrnrnМајли ја заврши претходната година со хит синглот „Nothing Breaks Like a Heart“, заедно со Марк Ронсон и брзо потоа најави дека следната година ќе излезе сосема нов албум од неа. Таа открила дека новиот албум ќе биде комбинација од поп, рок и хип-хоп.rn

    3. Дуа Липа

    rnrnrnОваа пејачка веќе некое време работи на својот втор албум, а со оглед на тоа колку успех доживеа со првиот, целиот свет е во исчекување на нејзините нови песни. Иако не се знае точниот датум на издавање, не би требало многу да чекаме, бидејќи таа веќе има и наслов (што сè уште го чува во тајност).rn

    4. Зара Ларсон

    rnrnrnМистериозната шведска поп дива не открива многу за новиот албум, но тоа што досега се знае е дека темата ќе биде феминистичка и албумот ќе излезе оваа година.rn

    5. Мадона

    rnrnrnИако се чини како да беше вчера, последниот албум на Мадона, „Rebel Heart“, излезе во 2015 година. За нејзиниот нов музички албум сè уште не се знае ништо, но сепак очекувањата на целиот свет се високи! Па, секако – станува збор за Мадона!rn

    6. Ријана

    rnrnrnНовиот албум на Ријана е најавен за во ноември и самата пејачка го потврди тоа на нејзиниот Инстаграм профил.rn

    7. Лана Дел Реј

    rnrnrnИ Лана Дел Реј планира да го издаде нејзиниот нов музички албум при крајот на 2019 година, а неговиот наслов ќе биде „Norman F_____ Rockwell“. Тоа што е најинтересно е што пејачката изјави дека овој албум има влијание од Red Hot Chili Peppers.

  • 10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

    10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

    Изгледа дека музиката и контроверзијата секогаш одат заедно. Нема ден а музичарите да не се соочени со критики од групи луѓе кои сметаат дека нивната музика е навредлива. Најчесто проблемот е со текстовите на песните. Но, не се само текстовите мета на критика. Многу често уметноста на албумите се смета за несоодветна. Често овие слики се цензурирани, некои места одбиваат да ги продаваат албумите, а понекогаш изведувачите се присилени целосно да ја отстранат сликата. Па, погледнете кои се најконтроверзните музички албуми на сите времиња.rn

    1. N.W.A. – Straight Outta Compton (1988)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnВо 1988-ма година, групата беше еден од основачите на жанрот „генгста рап“ и го издаде својот најконтроверезен албум. Проблемот бил со нивните текстови во кои опишувале насилен живот помеѓу дроги, банди и полициска бруталност. Бендот бил баниран од многу познати радио станици ширум САД.rn

    2. Еминем – The Marshall Matters LP (2000)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnКонтроверзијата околу Еминем се зголеми кога тој го објави помрачниот и уште поличен албум. Песните содржат многу теми за возрасни и текстови кои ги засенуваат неговите претходници.rn

    3. Мерлин Менсон – Mechanical Animals (1998)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnДо 1998-ма година веќе многу родители го мразеа Мерлин Менсон, а по издавањето на овој албум имаше премногу скандали. Кога луѓето ја воочија поврзаноста помеѓу албумот и пукањето во средното училиште Колумбајн, изведувачот се соочи со многу критики.rn

    4. Baby Count – Body Count (1992)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrnАлбумот беше мета на критики поради динамичната содржина бидејќи станува збор за рапување во форма на протест. Ice-T не ги измислувал нештата во текстовите. Тој ја искажал својата загриженост за однесувањето на полицијата. Токму тој е одговорен за реалниот проблем со кој се соочени многу Американци, особено црнците и луѓето со потекло од Латинска Америка – полициската бруталност.rn

    5. Rage Against the Machine – Rage Against the Machine (1992)

    rn10-те најконтроверзни музички албуми на сите времињаrnrn1991-ва година е период на хард рок и хеви метал. Бендот им се спротивстави и на двете и беше вовлечен во политички оган. Овој поглед, роден од протестите во 1960-тите и 1970-тите ќе служи како извор за контроверзиите поврзани со овој рап/метал бенд бидејќи тие користат мотиви како неправедност и изопаченост во нивните текстови.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 15-те најдобри музички албуми за 2015

    15-те најдобри музички албуми за 2015

    Доколку сте музички фан и редовно ги следите вашите омилени пејачи, пејачки и бендови, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Сигурни сме дека веќе сте чуле за овие албуми и дека ги знаете сите песни кои тие ги содржат, па токму затоа и решивме да направиме една листа во која ги издвојуваме најдобрите 15 од претходната година кои едноставно мора да се имаат. Што мислите, пропуштаме ли некој?rnrn

    1. Адел – 25

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnНезависно дали се сметате за фан на оваа мега популарна дама или не, Адел без сомнение го освојува првото место на листата на најуспешни албуми за 2015. Покрај фактот што го собори рекордот на N-sync за само 3 дена, песната „Hello“ стана предмет на бескрајни пародии и неизбежен дел од концертите под тушот. И додека „25“ нуди низа нови прекрасни балади со нејзиниот потпис, Адел ни нуди и дел од новото и модерното низ песните „Send My Love (To Your New Lover)“ и „Water Under the Bridge“.rn

    2. Шамир – Ratchet

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnШамир има само 21 година и веќе постигна неверојатен успех. Oд прва рака може да ни понуди забавни ритами преку „On the Regular“ и „Make a Scene“. И да, неговиот глас е баш таков, без никакви компјутерски алтерации. Неверојатно.rn

    3. One Direction – Made in the A.M.

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnМомците оваа година можеби изгубија еден член, но не ја изгубија моќта за правење добра поп музика која ќе ја потпевнувате веднаш после првото слушање. Се чини дека заминувањето на Зејн Малик од групата додатно ги зајакна и ги мотивираше преостанатите пејачи да работат уште повеќе за да бидат посилни и да ни го понудат најдоброто од себе.rn

    4. Ерика Баду – But You Caint Use My Phone

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnБез сомнеж, Ерика е вистинската личност од која ќе сакате да слушнете кавери на песни кои се подобри од оригиналот, а потоа да направите албум кој ќе го претвори вашиот мобилен во магична кристална топка со магичен звук.rn

    5. Кејси Мусгрејвс– Pageant Material

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnВелат дека делата на Кејси се кантри музика за оние кои не сакаат да слушаат ваков жанр. Иако ова би требало да биде комплимент, тоа исто така алудира на фактот дека Кејси не ги сака љубителите на кантри музиката, што е сосема погрешно. Баш напротив, Кејси нè тера накратко да навлеземе во оваа сцена и да уживаме во комбинацијата на дрската Лорет Лин и опуштениот Вили Нелсон.rn

    6. Џастин Бибер – Purpose

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏастин ја помина 2015-тата извинувајќи се за сѐ што направи во 2014-тата, па затоа и по излегувањето на албумот Purpose луѓето повторно сакаа да го гледаат како уметник, а не како нескротлив насилник. Новиот албум нуди широка разноликост – од оној необичен хит со Скрилекс и Дипло (тоа е инаку неговиот глас, а не флејта), до „What Do You Mean?“ и „Sorry“. Дали Бибер конечно порасна?rn

    7. Sleater-Kinney – No Cities to Love

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnПовеќето бендови, кои одамна ја напуштија музичката сцена, не би се вратиле без една голема повратна турнеја, но Sleater-Kinney не се како повеќето бендови. Долгогодишната пауза воопшто не им наштети на нивната способност да прават одлична музика, баш напротив, тие се вратија посилни од кога било претходно. „Price Tag“ и „No Anthems“ не само што се најдобрите песни од албумот, туку тие се и нивните најдобри песни воопшто. rn

    8. Бјорк – Vulnicura

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnАко барате песни кои ќе ве натераат да си ја исплачете душата, без сомнение ќе ги пронајдете на 9-тиот албум на легендарната Бјорк, која својот албум го посвети на прекинот на нејзината долгогодишна врска со Метју Барни. Зборовите се разорни, но способноста на претворањето на нејзината болка во прекрасна музика е едноставно инспиративно.rn

    9. Bully – Feels Like

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnСо песната „Feels Like“, овој бенд го постигна невозможното – создаде рок албум исполнет со интензивни емоции кои не звучат ни малку вештачки. Малку ги жалиме вашите соседи. И нашите.rn

    10. Џенет Џексон – Unbreakable

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏенет, со својот прв албум после 7 години, му покажа на светот како изгледа едно успешно враќање на сцената без копирање трендови и компромитирање на имиџот. Дефинитивно ѝ помогна и соработката со продуцентите Џими Џем и Тери Луис, но зад тој сексапил и глас стои само таа.rn

    11. Џоана Њусом – Divers

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏоана Њусом дефинитивно ги сака педантните изведби кои мора да се слушаат повеќе пати, со висока концентрација, по можност додека не работите нешто друго. Освен можеби да уживате во чаша вино, но не премногу, бидејќи мора да го задржите фокусот. Новиот албум, иако е пократок од претходниот, е текстуално и музички сложен и воопшто не губи од богатството. Ако можете да одвоите време и да го ислушате албумот, тоа ќе ви биде едно од најисплатливите музички искуства за оваа година.rn

    12. Лана дел Реј – Honeymoon

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЛана својот ретро меланхоличен стил почна да го усовршува уште со песната „Video Games“ со која се прослави во 2011-тата година, но „Honeymoon“ го носи тој стил до совршенство. Слушањето на овој албум е како одење по мочуриште во алкохолизирана состојба – гламурозно мочуриште каде сите пијат скап шампањ и носат свилени пижами.rn

    13. Кендрик Ламар – To Pimp a Butterfly

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnСе зборуваше дека овој албум е „комплициран“, но тоа зависи од времето кое сте спремни да го вложите во него. Ако му посветите повеќе внимание, ќе ја цените оваа единствена комбинација на жанрови: од фанк, џез, соул па до сѐ друго, како и способноста за изразување на Кендрик.rn

    14. Грајмс – Art Angels

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnПосле вестите дека го исфрлила цел албум, тешко беше да се поверува дека Грајмс некогаш ќе издаде нешто брилијантно како минатиот албум „Visions“, но после последниот албум знаеме дека никогаш повеќе не треба да се сомневаме во неа. Нема многу да откриваме, освен тоа дека таа не се шегуваше кога рече дека секоја песна крие целосно поинаков звук. После овој албум, сите други ќе ви се чинат монотони и досадни.rn

    15. Карли Реј Џепсен – E•MO•TION

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnНикој не направи подобар поп албум во 2015-тата од Карли. Секоја песна од новиот албум е она што го посакуваме и очекуваме од една поп песна – веселба, поистоветување, привлечност и тоа до таа мера што после овој албум, нема да престанете да ги потпевнувате мелодиите кои ќе ги излудат, но и изразат сите околу вас. Немојте ни да се обидувате да се борите со тоа и да давате отпор.

  • Како да го изградите музичкиот вкус?

    Како да го изградите музичкиот вкус?

    Музиката е насекаде околу нас. Слушаме музика додека пешачиме, работиме, одмораме. Но, ако одговорот на прашањето каква музика слушате е „од сè по малку“, тогаш време е да почнете внимателно да го градите музичкиот вкус.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Слушајте различни радио станици

    rnАко постојано го слушате истото радио, можеби е време нешто да смените. Повеќето радија се држат до сопствените музички листи и ретко се отворени за нови музички артисти и стилови. Можете да слушате некои од многуте светските онлајн радија и постојано да истражувате.rn

    Откривајте нови жанрови на музика

    rnАко слушате комерцијални радио станици, тогаш сте запознаени со само мал дел од музичкиот спектар. Наместо тоа, одете на Википедија и информирајте се за некој жанр. Читајте за неговите главни карактеристики и претставници. На пример, почнете со блуз. Со текот на времето, ќе го најдете жанрот што вам најмногу ви се допаѓа и полека ќе градите вкус и став за таквиот вид музика.rn

    Слушајте цели албуми

    rnЗа многу артисти албумот е уметничко дело. Ако знаете само една песна од некој бенд, навистина не е доволно за да кажете дека го слушате тој бенд. Почнете со преслушување на омилените песни од одреден артист, а потоа преслушајте ги и албумите.rn

    Слушајте ги албумите според хронолошки редослед

    rnДоколку имате слободно време, одете малку подлабоко во разбирање на музиката и слушајте ги албумите на омилениот артист според хронолошки редослед. Кај некои бендови последната песна од претходниот албум е поврзана со првата од наредниот. Познавањето на таквите моменти навистина ќе ви го продлабочи и развие разбирањето на нивната музика.rn

    Читајте рецензии

    rnКога слушате музички албум за првпат, слушајте го многу внимателно. Обрнете внимание на стилот, влијанието земено од други музичари, емоциите и слично. Откога ќе го преслушате, прочитајте рецензии и видете дали се согласувате со размислувањата. Доколку не, можете да искоментирате и аргументирано да си го кажете своето мислење.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?rn

    Забележете како реагирате на омилената музика

    rnАко веќе сте откриле кои бендови и музички стилови најмногу ви се допаѓаат, обидете се прецизно да си објасните зошто е тоа така. Вашиот музички вкус е гласот на потсвеста, и ако обрнете внимание на вашите емотивни и физички реакции кон омилената музика, можете да научите повеќе за себе.rn

    Знајте ги музичките инструменти

    rnМногу важен елемент во подлабокото разбирање на музиката е слушањето на различните инструменти кои заедно го произведуваат неверојатниот звук. На интернет, можете накратко да се запознаете со сите инструменти вклучени во еден оркестар и да стекнете основно знаење.rn

    Слушајте или гледајте музички документарци

    rnСлушањето или гледањето музички документарци ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста меѓу вашата омилена музика и социјално-економските услови за време на нејзиното создавање, што ќе ви даде поширока слика и сфаќање.rn

    Споредувајте различни верзии

    rnКога слушате песна од омилениот бенд, слушајте ја во сите варијанти во кои се појавува. Ова ќе ви го развие слухот за темпо, ритам, боја, емоција и сите ситни детали на едно музичко дело.rn

    Одете на концерти

    rnОдете на концерти, свирки и музички фестивали кои одговараат на вашиот музички вкус. Тоа е најголемата награда за еден артист и знак дека навистина ги цените нивната музика, настап и енергија.rnrnКако да го изградите музичкиот вкус?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн

    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн

    Деталите за животот, делото и смртта на познатиот вокал и гитарист на бендот Нирвана, на сите ни се добро познати. Ова се еден мал дел фотографии извадени од неговите семејни албуми кои не ѝ се познати на пошироката јавност.rnrn

    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Курт на возраст од 5 месеци со неговиот татко Дон. Сликата е направена во јули 1967 година.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Курт на двегодишна возраст со дајре во раце, во домот на неговата тетка Мари.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Курт обожавал да црта карактери од стрипови. За неговиот осми роденден во февруари 1975 година, тој од неговите дедо и баба добил штафелај.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Курт во Јапонија
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Фотографија направена во раните денови од постоењето на Нирвана. Во тоа време Курт имал навика своето соло на гитара да го свири легнат на грб.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Писателот Вилијам Бароуз и Курт Кобејн сликани пред куќата на Бароуз во Канзас.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Омилената слика на Кортни од Кобејн. Фотографијата е направена во нивната куќа во северен Сиетл во 1993 година.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Курт во дневната соба во неговиот апартман во Лос Анџелес.
    rnrn
    Ретко видени фотографии од семејните албуми на Курт Кобејн
    Полароид фотографија од Кобејн во маичка од интернационалниот поп андерграунд фестивал од Олимпија и со неговото маче Спина Бифида.

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Омилените музички албуми на Курт Кобејн

    Омилените музички албуми на Курт Кобејн

    Следната листа со 50 музички албуми е рачно напишана од страна на Курт Кобејн и објавена во книгата „Journals“, во 2002 година. Таа содржи негови белешки, делови од дневници и други работи поврзани со животот на проблематичниот фронтмен на „Нирвана“. Ова е само еден мал сегмент.rnОмилените музички албуми на Курт Кобејн1. Iggy and the Stooges, „Raw Power“rn 2. Pixies, „Surfer Rosa“rn 3. The Breeders, „Pod“rn 4. The Vaselines, „Pink EP“rn 5. The Shaggs, „Philosophy of the World“rn 6. Fang, „Landshark“rn 7. MDC, „Millions of Dead Cops“rn 8. Scratch Acid, „Scratch Acid EP“rn 9. Saccharine Trust, „Paganicons“rn 10. Butthole Surfers, „Pee Pee the Sailor” aka “Brown Reason to Live“rn 11. Black Flag, „My War“rn 12. Bad Brains, „Rock for Light“rn 13. Gang of Four, „Entertainment!“rn 14. Sex Pistols, „Never Mind the Bollocks“rn 15. The Frogs, „It’s Only Right and Natural“rn 16. PJ Harvey, „Dry“rn 17. Sonic Youth, „Daydream Nation“rn 18. The Knack, „Get the Knack“rn 19. The Saints, „Know Your Product“rn 20. Kleenexrn 21. The Raincoats, „The Raincoats“rn 22. Young Marble Giants, „Colossal Youth“rn 23. Aerosmith, „Rocks“rn 24. Various Artists, “What Is It“rn 25. R.E.M., „Green“rn 26. Shonen Knife, “Burning Farm“rn 27. The Slits, „Typical Girls“rn 28. The Clash, „Combat Rock“rn 29. The Faith/Void, „Split EP“rn 30. Rites of Spring, „Rites of Spring“rn 31. Beat Happening, „Jamboree“rn 32. Tales of Terror, „Tales of Terror“rn 33. Leadbelly, „Leadbelly’s Last Sessions Vol. 1“rn 34. Mudhoney, „Superfuzz Bigmuff”rn 35. Daniel Johnston, „Yip/Jump Music“rn 36. Flipper, „Generic Flipper“rn 37. The Beatles, „Meet the Beatles“rn 38. Half Japanese, „We Are They Who Ache With Amorous Love“rn 39. Butthole Surfers, „Locust Abortion Technician“rn 40. Black Flag, „Damaged“rn 41. Fear, „The Record“rn 42. PiL, „Flowers of Romance“rn 43. Public Enemy, „It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back“rn 44. Marine Girls, „Beach Party“rn 45. David Bowie, „The Man Who Sold the World“rn 46. Wipers, „Is This Real?“rn 47. Wipers, „Youth of America“rn 48. Wipers, „Over the Edge“rn 49. Mazzy Star, „She Hangs Brightly“rn 50. Swans, „Young God“rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк Синатра

    Мајкл Стивен Бубле (Michael Steven Bublé) е италијанско-канадски џез пејач и актер. Роден е на 9-ти септември, 1975 година, во Британска Колумбија, Канада. Пораснал со џез-плочите од колекцијата на дедо му. Токму тој го убедил да го направи првиот чекор во музичката индустрија. Го охрабрил да се пријави на телент-шоу во Ванкувер, каде го освоил првото место, но за жал бил дисквалификуван, бидејќи имал 18 години, а границата за учество била 19. Ова не го разочарало Бубле. Тој одлучил повторно да учествува на едно канадско шоу за млади таленти, на кое со неговиот „страшен“ вокал уште еднаш завршил на врвот.rnrnБезрезервната поддршка од дедо му продолжил да ја добива и понатаму. Тој бил водоводџија и поправал бесплатно по клубовите, само за да ги убеди нивните сопственици да му овозможат настап на неговиот внук, кој и во вакви околности успeал да издаде три независни албуми. Тие се: „First Dance“ (1996), „Babalu“ (2001) и „Dream“ (2002).Мајкл Бубле – мултиплатинестиот издавач кој јавноста го поистоветува со Френк СинатраМладиот Бубле навистина тешко се снаоѓал во музичките лавиринти, сè до моментот кога за неговиот талент дознал поранешниот канадски премиер, Брајан Малруни. Тоа се случило кога уморен од 10-годишната борба на сцената, тој се подготвувал да се откаже од музичката кариера и среќата да ја побара на медиумскиот пазар.rnrnОваа грешка за влакно ја избегнал, бидејќи на еден од неговите настапи во 2000 година, го импресионирал Мајкл Мексвини, тогаш десната рака на премиерот. Бубле по настапот му подарил копија од неговиот прв независен албум, велејќи му дека ако не му се допаѓа музиката, може слободно да го искористи како подлога за вино. Мексвини одлучил цедето да му го даде на премиерот, кој пак, на инсистирање на својата сопруга го поканил талентираното момче да пее на свадбата на нивната ќерка.rnrnНа веселбата, Бубле се запознал со музичкиот продуцент Дејвид Фостер, кој веднаш го земал под негова закрила. Три години подоцна, во февруари, 2003-тата, се случува неговото големо деби. Тој го издава студискиот албум „Michael Bublé“, по кој следуваат бројните музички награди и неверојатниот светски успех во шоу-бизнисот.rn

    rnАлбумот долго време потоа се задржува на врвот на топ 10 листите во Канада и Велика Британија, а веќе наредната година, Бубле е прогласен за најдобар нов изведувач на канадските музички награди „Џуно“ (Juno). Во 2005-тата, пак, на „Светските музички награди“ (World Music Award), тој го збогатува професионалното CV и со признанието за најпродаван изведувач.rnrnБубле многу пати досега е прогласуван за најдобар машки вокал. Во 2007-та, тоа признание му беше оддадено на „NATIONAL JAZZ AWARDS“, а во 2008-та и на престижните „Canadian Smooth Jazz Awards“. Меѓу неговите најголеми успеси е и албумот „Crazy love“ (2009), кој во неколку наврати го вивна до врвот…rnrnДенеска, талентираниот музичар може да се пофали со над 30 милиони продадени копии од неговите 15 издадени албуми. Последниот, насловен како „Christmas“ го лансираше на 24 октомври, 2011 година.rn

    rnМултиплатинестиот издавач во преку 15 држави, покрај по моќниот глас, препознатлив е и по своjот „олд скул“ шарм и харизма. Најверојатно и за ова треба да му се заблагодари на сопствениот дедо. :)rnrnЗаради неговите несекојдневни вокални способности и елеганција, јавноста се осмели да го нарече Френк Синатра на новиот милениум. За ваквото поистоветување со музичката легенда, Бубле вели:rn
    rn

    „Никогаш нема да има друг Френк Синатра. Јас никогаш не сум посакал да бидам другиот Синатра. Јас само сакам да бидам Мајкл Бубле. Ме навредува тоа што луѓето мислат дека го слушам само Синатра. Роден сум во 1975 година. Како дете мојот најголем идол беше Мајкл Џексон, а како тинејџер сакав да станам дел од ‘Beastie Boys’.“

    rnrnrn

    rnКарактеристично за интернационална музичка сензација е и тоа што концертите ги завршува пеејќи без микрофон. Тоа започнал да го практикува, откако на настап во Лос Анџелес, додека ја пеел „My Funny Valentine“ му се исклучил микрофонот. Но, Ален Чанг, пијанистот на Бубле продолжил да свири, а тој ја испеал песната до крај. Направиле фантастична акустична верзија, со која ја излуделе публиката.rnrnЗа канадската мегаѕвезда карактеристични се и интерактивните настапи и концерти. Бубле низ годините изградил специјален однос со публиката. Еве едно од видеата кои најдобро го потврдуваат тоа.rn

    rnВокалистот кој години наназад го носи епитетот најдобар интерпретатор во светот, во 2011-тата доби нова шанса и на полето на љубовта. Долгогодишната врска со младата аргентинска актерка и модел, Лусијана Лопилато (позната по улогата на Миа Колучи во мегапопуларната тинејџерска серија „Млади бунтовници“) ја крунисаа со брак.rnrnВо чест на својата сопруга, Мајкл го издаде синглот „Haven’t Met You Yet“ (Crazy Love, 2009). Во 2010-та, тој беше прогласен за сингл на годината, на наградите „Џуно“. Лусијана се појавува и во спотот за песната.rnrnНеговите претходни врски кои долго време ја брануваа јавноста беа оние со актерката Емили Блант и со танчерката и пејачка, Деби Тимус. И тие добија соодветно место во музиката на Бубле. Хит синглот „Home“ од албумот „It’s Time“ е посветен на Деби, а Емили била неговата инспирација за песната „Everything“ (Call Me Irresponsible)…rn

    rn

    rn

    rnБубле не заостанува ниту со актерството. Глуми во филмовите „Totally Blonde“ (2001), „The Snow Walker“, „Duets“ (2000), „Death Game“ (1997), „A Russell Peters Christmas Special“ (2011) и во голем број ТВ серии. Во преку 150 наслови се глуми себеси, а се јавува и како специјален гостин. Заслужен е и за музиката во 70-тина од нив.rnrnВо 2000 година, Бубле добива и две номинации за наградите „Genie Award“, за песните кои ги напишал за филмот „Here’s To Life!“, во кој главна улога е  Ерик Меккормак.rnrnЗа Бубле има уште многу што да се зборува. Тој постојано е во фокусот на вниманието на јавноста, но она што сите ги остава без коментар се неговите неверојатни вокални способности. Во продолжение, уживајте уште малку во нив…rn

    rn

    rn

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот High Control

    Интервју со бендот High Control

    Интервју со бендот High ControlБенд: High Controlrnrn Основан: 2005 годинаrnrn Музика: алтернативен рокrnrn Албуми: „In every way“ (2009), „Report“ (2011)rnrn Состав: Роберт Матовски (вокал, гитара), Игор Мариниќ (бас), Гоце  Симоновски (гитара) и Јосип Сензел (тапани)rn
    rn


    Дека македонската музичка сцена навистина има квалитет со кој може да се гордее, покажаа момците од бендот High Control. Со многубројни настапи и ангажмани, веќе два албума зад себе и промоција на новиот, петти по ред официјален видео запис за песната „Доста“, навистина ја покажаа нивната посветеност кон музиката и сигурноста со која чекорат кон сè поголеми успеси.rnrnБендот е оформен во 2005 година, но самиот состав претрпел одредени промени па така сегашниот тим работи заедно од 2007 година и може да се забележи дека функционира одлично. Нивната музика според најголем дел од критичарите е категоризирана како алтернативен рок, но дефинитивно станува збор за препознатлив, жив звук одличен за многубројните свирки на кои бендот постојано е ангажиран. rnrnФановите секогаш можат да најдат плус информации во врска со идните свирки, настапи и други битни информации за бендот на нивниот официјален веб-сајт www.highcontrolmusic.com, и што е најбитно и двата албуми можат да си ги симнат бесплатно. Освен што се навистина посветени на нивната музика и напорно работат, момците од High Control се одлично расположени и за муабет, па така со задоволство ви пренесуваме што открија во интервјуто за Кафе пауза.rnrn


    rn
    rnИнтервју со бендот High Control Зад себе имате веќе два албума, одлични хитови и неверојатни настапи… Ви недостасуваат почетоците, првите свирки, собирањето во гаражи или пак во суштина работите и не се толку променети?rnrnИако сме подобрени во однос на тоа како сме го добиле своето место на сцената, во суштина работите не се многу изменети во однос на собирањето по гаражи, процесот на создавање музика – сепак таму амбиентот е најдобар за работа. А од првите почетоци и свирки можеби недостига оној предизвик за самодокажување, како и желбата да те „слушне“ некој.rnrn Како настана „Report“ и колку долго работевте на албумот?rnrnНа „Report“ работевме околу една и пол година, бидејќи после првиот албум „In Every Way“, кога сè уште некако се баравме и експериментиравме, со овој албум веќе знаевме што сакаме, знаевме каде одиме, т.е. имавме визија како тој ќе звучи, а крајниот производ беше повеќе од задоволителен.rnrn Песните очигледно испраќаат јасна порака до публиката, не може, а да не се забележи таа поврзувачка нишка на „Are you blind?“, „Tired of lies“ или „Brainwashed“… Мислите ли дека дојде време младите конечно да се освестат за сè што се случува околу нас?rnrnВремето не само што е дојдено, туку дури е и одминато, ама се добива некој впечаток дека кај младите постои своевидна индолентност, како да владее една општа апатија и затоа малку сме скептични во однос на ова прашање, бидејќи како да не постои веќе онаа движечка сила која би требала да биде манифестирана од страна на младите, како да недостига креативност, самосвест, желба за подобро. Сепак, наше е да ги искажеме работите кои нè мачат и да се надеваме дека ќе допрат до некого.rnrnОд што ви е „доста“?rnrnДоста ни е од насилници, убијци, лажговци, лицемери, профитери кои заработуваат на сметка на маката на другите, празни, неисполнети ветувања, лоши вести, заплашувања… Доста ни е од сè она што веќе со децении нè оптоварува.rnrn

    rnrnКако и дали воопшто се смени вашата музичка и уметничка визија од времето кога почнавте со формирањето на бендот? Дали се движите во посакуваната насока за High Control, онаа која ја замисливте при самите почетоци? Би промениле ли нешто?rnrnМузиката созрева заедно со нас. На почетокот имавме некоја визија за создавање на основа на сето она што е изградено до денес, но сè уште градиме – тоа е еден процес кој никогаш не запира. Мислиме дека се движиме во вистинска насока и сега за сега не би менувале ништо, но не се исклучува можноста за експериментирање со нови инструменти, технологии, соработка со други музичари и слично.rnrnШто ве инспирира? Кои се вашите идоли?rnrnГенерално инспирација црпиме од нашето секојдневие. Животот е полн со убави и не толку убави работи, предизвици, пречки, а сето тоа е доволно за да ве инспирира. Ако зборуваме за идоли, тогаш идоли ни се сите добри луѓе, кои што успеале да задржат од доброто во себе во овие тешки и лицемерни времиња. На музички план, идоли ни се оние музичари кои успеале да останат искрени во својата музика, а сепак да допрат до голем аудиториум и да бидат влијателни.rnrnНаоѓате ли време и за некое хоби покрај ангажманите на музички план? Што прават High Control во слободно време?rnrnHigh Control во слободно време работат макотрпно на финиширање на третиот албум! Хаха, мала шега која не е многу далеку од вистината, но сите приватно сме ангажирани кој со работа, кој со факултет, кој и со двете, па сепак работата на музиката која ја сфаќаме сериозно т.е. претставува нешто што навистина ни е важно – всушност ни преставува и едно хоби и издувен вентил.rnrn

    rnrnКога би ви се понудила можност за милионски договор од некоја светска издавачка куќа под услов да го промените стилот на музиката, би прифатиле ли?rnrnТоа би значело дека ни нудат договор заради погрешни причини или скриени намери, а не заради нашата музика. Повеќе би сакале да ни понудат милионски договор за да продолжиме да го работиме она што најдобро го работиме т.е. да создаваме музика онака како што ние сакаме. Тоа веќе би значело нешто големо!rnrnСе чини дека во последно време, повеќе од кога било, музиката и модата едноставно не одат едно без друго, музичарите кои се пробиваат постојано се трудат да изнајдат некој препознатлив, дури ексцентричен стил… Да речеме, „Hurts“ не може човек да ги замисли без костуми. Начин на уметничко изразување или желба за привлекување внимание? Може ли да се очекува нешто такво од High Control?rnrnНе сме размислувале на тоа да го поставиме имиџот во некој „тренди“ елемент, затоа што размислувањата ни одат во насока дека треба да бидеме препознаени според нашата музика и според она кое ние навистина сме, без да додаваме некоја ексцентричност и да го промениме тој впечаток.rnrnКои настапи ви останале во особено сеќавање?rnrnБи можеле да издвоиме неколку, и тоа од: Winner Fest, Total Demo Fest (каде што освоивме прво место и како награда го снимивме првиот албум „In Every Way“), Пиволенд, Битола Отворен Град, Music Without Borders (Вуковар – Хрватска) двата настапи на EXIT (Нови Сад), па сè до еден од попозитивните настапи на Пикник Рок Фест (Куманово) пред околу 6-7.000 публика со многу позитивна енергија.rnrn

    rnrn Каков е вкусот на славата? Дали ви се допаѓа идејата луѓето да ве препознаваат каде и да одите?rnrnХахаха, па не би рекле дека некој тука во Македонија може да се пофали со некоја слава или дека е ѕвезда и слично. Поимот ѕвезда е изваден тука кај нас од контекст, бидејќи за да бидеш ѕвезда треба да продаваш милионски тиражи на албуми и преку цела година да си на турнеја низ светот, така што едноставно ние се задоволуваме со тоа што ќе сретнеме нови луѓе, а сме сретнале многу прекрасни луѓе со кои сме изградиле пријателски односи, ќе презентираме дел од она што сме успеале да го сработиме и ќе се задоволиме со позитивен повратен ефект од публиката, сè другото е бонус.rnrnШто би им препорачале на читателите на „Кафе пауза“?rnrnДа го читаат вашиот портал, бидејќи изобилува со интересни и квалитетни содржини, нека се надградуваат во животот, нека го живеат со полн здив, нека работат макотрпно на остварување на соништата и никогаш нека не се предаваат – не постои друга формула за да се биде среќен и исполнет.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават

    Детството е период во кој живееме безгрижно и слободно. Време во кое сме искрени, нема лаги и интриги и со останатите деца имаме искрен однос. Како растеме, така добиваме слика за реалноста која нè менува и на која секогаш се прилагодуваме.rnrnСепак детството е период кој никогаш не се заборава и на кој вечно се навраќаме, сеќавајќи се на сите работи кои сме ги правеле тогаш. Ова се еден мал дел од работите кои сигурно ги паметат оние кои биле деца во 80-тите и 90-тите, а доколку е така, тогаш сигурно имале убаво детство.rnrn

    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Албуми со самолепливи сликички
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Детска пошта
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Одлични детски филмови (Сам дома, Бетовен, Ричи Рич)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Забавни сериски филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Интересни цртани филмови
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Култни видеоигри
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Џамлии
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Тетрис
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Не лути се човече
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Првата конзола Нинтендо (Nintendo Entertainment System)
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Чипи-чан
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Пластични зелени војничиња
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Аудио касети
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Патики што светкаат
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Карти Меџик и Покемон
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Маички „Bad+Mad“
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Циркусот Медрано
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Крадење од црешата на комшијата
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Бонбони Пез
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Играње Плочка
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Кофичка, гребло, сито и лопатка за на плажа
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Виткање на книгите во украсна хартија на почеток на школската година
    rnrn
    Работи од детството кои никогаш нема да се заборават
    Дување балони од сјај

  • Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Музички албуми кои го одбележаа 21-от век

    Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.

    rn
    rn

    Еминем  – „The Marshall Mathers LP“ (2000)

    rnДодека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ауткаст – „Stankonia“ (2000)

    rnИмагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)

    rn„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)

    rnОва дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)

    rnПреку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)

    rnОна што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)

    rnЕден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)

    rnЛејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век rn

    Адел –  „21“ (2011)

    rnМоќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година. Музички албуми кои го одбележаа 21-от век
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.