КАФЕ ПАУЗА

„Борка“ прослави 10 години постоење и активизам во борба против ракот

На 26.11.2017 година во ресторан Александар Парк во Виница, беше организирана јубилејна прослава по повод 10 години од постоењето на Борка – македонско здружение за борба против ракот.rnrnborka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot (1)rnrnНад 150 жени од разни градови од Македонија присуствуваа на прославата организирана и финансирана од Макпрогрес Виница.  На настанот беше организирана и хуманитарна лотарија со награди од локални спонзори. Собраните средства се наменети за нега на пациенти кои боледуваат од рак на дојка.rnrnНеодамна беше одржана Десеттата Национална Конференција посветена на ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден”, на која се апелираше и беа истакнати загрижувачки факти и податоци за ова заболување во Македонија.rnrnborka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot (2)rnrnНајвисоко на ризичната листа по смртност од рак на дојка, на прво место во Европа, се наоѓа Македонија. Нажалост, во земјава умираат најголем број од пациентите кои заболеле од оваа болест. Оваа информација е застрашувачка ако се земе предвид дека во повеќето европски земји, оваа болест успешно се лекува.rnrnСо цел подигнување на свеста во општеството за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, здружението „Борка“ активно ги едуцира граѓаните, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да се охрабрат да прават редовни прегледи за негово навремено дијагностицирање.rnrnborka-proslavi-10-godini-postoenje-i-aktivizam-vo-borba-protiv-rakot (3)rnrnМакпрогрес Виница го поддржува здружението „Борка“ во решителноста и напорите да ги интензивира реформите за подобрување на условите во земјава, за справување со оваа болест.