Оваа седмица пристигна музичкиот мешап за 2013, кој секоја година со задоволство го очекуваме. Во последните 7 години DJ Earworm го прославува месец декември, правејќи маестрален мешап од 25-те најпопуларни песни за годината. Наречени „United States of Pop“, мешапите се составени од битови и делови од сите 25 одбрани песни, проследени со нивните видео записи, а диџејот притоа завршува одлична работа, врзувајќи ги во едно убаво аудиовизуелно видео.rnrn
rnrnПостои веројатност дека после неколку години нема да ви текнува на ниедна песна од 2013, но во меморијата сигурно ви се врежеле големите хитови како Get Lucky, Blurred Lines, Wake Me Up и ред други. Оваа година видеото е сочинето од делови од песните на Мајли Сајрус, Лорди, Макелмор, Тејлор Свифт, Дафт Панк, Имеџин Дрегонс, Ријана и други. Уживајте!rn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.