Даниел Кампос е повеќе од музичар и повеќе од танчар. Репертоарот на овој Филипинец го одликуваат толку многу стилови, што може да се споредува со некои големи светски музички имиња, како Мадона. Неговиот пристап е специфичен бидејќи тој музиката ја прави жива. Неговото последно парче, „Музичката кутија“ е добар пример за она за што тој е способен. Видеото трае 10 минути, но верувајте, вреди да го изгледате. Ова е некаков спој на глума, играње и творење музика. Нема да ви откриваме детали од сценариото, но ќе кажеме дека ова музичко-танчерско дело има и своја приказна. Браво за Даниел Кампос!rn
rn

