Додека светот се надеваше дека најдобрата песна за 2011 година ќе биде некоја од хитовите на Адел, Џастин Бибер, Лејди Гага или други слични поп изведувачи, светската медиумска куќа Си-ен-ен ја претстави индиската песна насловена како „Why This Kolaveri Di?“ од досега за светот анонимниот пејач Дхануш, како хит на годината.
Песната е испеана на измешан тамилски и англиски јазик, а во груб превод значи „Зошто овој убиствен бес, девојко?“ или на англиски јазик „Why This Murderous Rage, Girl?“.rn
rnТаа е направена за да се најде на саундтракот на филмот „3“ зад кој стои индиската филмска продукција „Kollywood“. Имено, причината која Си-ен-ен ја наведува за прогласувањето на оваа песна како најголем хит за 2011 година е нејзината брзорастечка популарност на Јутјуб. За само еден месец од нејзиното поставување на овој сервис (16 ноември), песната била прегледана повеќе од 28 милиони пати.rnrn
Англиска преработка:
rn
Италијанска преработка:
rn
rnВо еден трговски центар во Оукленд се одигра дури и флешмоб на овој хит. Песната може нема да ви се допадне, но верувајте неколку дена ќе си ја пеете во себе.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
