Членовите на музичката група „CDZA“ за кои веќе читавте во текстот „Историјата на додворувањето во 4 минути“, направија ново фантастично шоу овој пат на улица.
Тие креираа џубокс на којшто минувачите оставајќи паричка во една од теглите, можеа да изберат песна од Лејди Гага, Бах и Мајкл Џексон, свирење брзо, свирење споро и изненадување. Изведувачите на виолина и на контрабас умешно им ја исполнуваа секоја нивна желба, а сумирано на крајот и заработија некој долар.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
