Автор: Катерина НеделкоскаrnrnrnЗнаеш што е работата со последните средби? Тоа што ретко кога знаеш дека се последни. Најчесто, не ни претпоставуваш. Имам јас јака интуиција, скоро секогаш знам кога се ближи крајот. Колку е благослов, уште повеќе е клетва… Тажно е што верувам во бесконечност. На себе носам ланче со приврзок знак за бесконечност, а не верувам дури ни во подобро утре. Верувам дека сè има свој крај. Кога не би имало крај, зошто воопшто би започнало?! Некои работи беа судени да се завршат тогаш. Таа зима, во таа иста соба, меѓу тие четири ѕида каде што пред многу години бев најсреќниот атом во вселената. Не повеќе.rnrn
rnrnНешто ми кажуваше дека таа вечер е последна, додека чувствував како срцето ми се празни од љубовта без која порано не бев способна да дишам. Вдиши, издиши, вдиши, издиши… Празнина.rnrnИ најголемата сила на светот ослабна и исчезна.rnrnТокму тоа му требаше на светот, уште една просечна емоција, небаре малку има!rnrnНе можам да живеам просечен живот, не можам да заспивам и да се будам со стравот дека тоа што го живеам сега е најдоброто што може да биде, кога знам дека не е. Не живеам скромно, одбивам да чувствувам скромно! Сакам љубов која ќе ме буди во сред ноќ само за да ме потсети дека реалноста ми е милион пати подобра од кој било сон. Адреналин и среќа до тој степен што ти доаѓа да се расплачеш кога ќе помислиш што имаш покрај себе! Верувам дека нема помоќно чувство од она дека некому вистински припаѓаш.rnrnДа не знаев тогаш дека таа ноќ е последна, да не ставев крај во точно определениот момент, немаше да бидам каде што сега сум. Среќна, своја, негова…rnrnКрајот има специфичен мирис и вкус, но не секој ја има привилегијата да го почувствува кога е најпотребно…rnrnТој крај беше почеток на сè што следеше, и конечно почна да важи она старо добро познато правило: краевите најчесто се ништо друго освен огромни почетоци, зависно од тоа колку си спремен да дадеш.
Затоа што секој крај е почеток…
