КАФЕ ПАУЗА

Сингл – да се биде или не, прашање е сега!

Сингл – да се биде или не, прашање е сега!

Written by

in

Како што читам текстови за луѓето кои не се во врска, сè повеќе сфаќам дека денес не е ин да си сингл. Ако повеќе обрнеш внимание, ќе сфатиш дека статусот „сингл“ го спомнуваат во таков контекст како да е болест.rnrnДали сè уште сте сингл? Што не е во ред со вас? Како да си најдете момче? Како да го освоите принцот од бајките? Зошто не можете да запознаете некој по ваша мерка? И вие ми ги нудите сите тие одговори, како на послужавник? Браво! А што ако, ете по некоја чудна претпоставка, некој сам си одлучил дека сака да биде сингл? Замислете си, постојат и такви луѓе, кои се сингл зашто така им се сака!rnrnСингл – да се биде или не, прашање е сега!rnrnЗнам доволно личности кои влетале во врска, не зашто тие сакале туку дека така требало, па затоа си имам поткрепа за една моја теорија. Луѓето забораваат да си го тераат својот ќеф. Некои од нас се толку опседнати со тоа да не бидат осудувани и покажувани со прст, што забораваат на она што навистина им е важно во животот. Општеството не е монотона шема, барем не сега во 21-ви век! Не мора да значи дека по завршувањето факултет мора да се мажиш, во случај да не се запишеш на факултет, дека ќе се мажиш по завршувањето средно, не мора да имаш дечко/девојка само затоа што сите останати од твоето друштво имаат, не мора да имаш сериозна врска само зашто ти било дојдено времето за сериозна врска. Секој си го тера животот по своја шема, на секого различно ќе му се наместат коцките, секој си ја наоѓа среќата во различни работи.rnrnАко таа сака да биде сингл и на 30 години, ќе биде, ако сака да ù се посвети на кариерата ќе го стори тоа, а нема да ги слуша бабите и тетките по свадби како благословуваат 20-годишни девојчиња „И на ваша глава, што поскоро!“ Сакав да применам една добро позната финта за на погреби ама ми звучеше многу лошо, па научив да си ја таложам нервозата и да возвратам со насмевка и едно кратко и безначајно „Благорадам“. Сепак е благослов, не велам не, само немојте што поскоро, туку кога вие ќе мислите дека е правото време. Свадбите и слични семејни собири за сингл-луѓето можат да бидат вистински пекол, но и рај, кој како ќе си ја сфати ситуацијата. Исто како што и животот е трагичен за оние кои премногу размислуваат.rnrnУбаво ми вели тато и ќе си го послушам, Не фаќај дечко кој ќе го стави фудбалот пред тебе како примарна работа, најди некој кој ќе го исклучи телевизорот кога ќе види дека имаш проблеми, исто како што тоа го правам јас.“ Ете така, а кога ќе мислам дека ми треба некој ќе си распишам оглас: „Барам дечко за озбилно, ама не за везден, да не ме замара 24/7.“rnrnШала на страна, мој совет е да го следите РАЗУМОТ. Кога вие ќе се чувствувате подготвени за врска или за брак, а не кога вашата комшивка ќе ви рече дека ви заминал возот. Проблемот на нашето општество е тоа што секој си го пика носот таму каде не му е местото. Кога секој би си ги гледал своите грижи и проблеми сè би било поинаку! Имате право да пребирате и на 40 години, никој на ништо не смее да биде приморан, сакам веќе еднаш да дојде тоа време кога луѓето ќе ги рашират видиците, ќе гледаат подалеку од носот и ќе престанат да осудуваат. Подобро да си сингл отколку да си во врска која те гуши, подобро не биди во брак на колку било години отколку да се мажиш/жениш зашто општеството така налага. Не смееме да правиме нешто што не нè исполнува и не нè прави среќни.rnrnДа се биде сингл има свои предности и недостатоци, но да не бидеш сингл само поради непишаните критериуми на општеството е трагичо.rnrnНе знам за вашето, но моето кафе е „дабл“ и покрај тоа што е наменето за една личност, како инаку да се справам со овој мамурлак?rnrnБидете сингл ако ви се сака, бидете дабл ако уживате повеќе така,rnrnТерајте си ќеф, до следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.