КАФЕ ПАУЗА

Поезија: Портрет

Портрет

Автор: ПеперуткаrnrnПортретrnrnСакам да те насликам,rnа не знам да сликам.rnА толку многу сакам да знам.rnСакам да си ги бојамrnчувствата и мислите,rnсликите и зборовите.rnСакам многу бои.rnНеправилни форми,rnапстракции со конкретна моќrnсо силина и душаrnкако чувствата во мене.rnНе знам како правилно да те насликамrnама имам право да сакам.rnИ не сакам правила,rnзатоа ти ќе бидеш мое платно.rnЧетки не користам.rnМислиш дека ќе се снајдамrnсамо со она што го имам?rnСветлозелен поглед потонатrnво сатенската црнина на твоите очи.rnСнежно бели мали стапкиrnшто водат кон твоите чекори.rnРозови воздишки од треперењаrnштом застанам пред тебе.rnНебесно сина насмевкаrnбез ниедно облаче,rnнескриена,rnискрена,rnсо воскликrnза тебе.rnМлада месечинаrnсе огледува во твоите очи.rnНежни праска допири.rnСамо мала срамежлива нијанса.rnТанц на жолти преграткиrnоколу целото твое тело.rnПеперуткасти виолетови бакнежиrnпо твоето лице.rnМоите омилени бои.rnСо нив сакам да бојамrnдолго, долго, долго…rnКолку си прекрасен!rnНо не сум завршила.rnИ нема да завршам.rnВака можам да сликам бесконечно.rnДодека мотивот е љубовна искра што тлее,rnскокотлива радост, растреперен пулс, немирно срце,rnдодека ти си моето платно,rnјас сум најдобрата сликарка.