Цената му е превисока. Никој никогаш не го видел, ниту ќе го види. Постои отсекогаш и ќе постои засекогаш, а истовремено можеби ниту постоело ниту пак ќе постои.rnrn
rnrnИма огромна моќ, има моќ да манипулира со светот, со луѓето, со сѐ што постои. Манипулира со минатото, сегашноста и со иднината, всушност манипулира само овде и сега, бидејќи сѐ останато според него е илузија. Манипулира само затоа што човекот тоа му го дозволува. Човекот упорно се обидува да го контролира, а тоа за возврат манипулира со нас.rnrnБидете му пријател, само така ќе ја придобиете неговата моќ. Бидете во чекор со него, бидејќи секогаш е точно и на вистинското место. Од него сѐ започнало, трае и ќе трае она што всушност никогаш не постоело, а сепак секогаш е тука, секогаш со нас, секогаш дел од нас.rnrnНесебично е, не малку, ни дава и премногу, ни дава да сме дел од него. Себични сме ние луѓето, грабајќи го и трчајќи пред него, иако досега никој не успеал да зачекори пред него, како што и никогаш никој не успеал да го купи, а со него купуваме сѐ доколку знаеме да го управуваме, доколку знаеме да му бидеме пријател.rnrnНè цени и повеќе од потребното, но го цениме ли ние него? Дали го цениме единствениот и најдрагоцен ресурс кој постои на оваа планета?rnrnЗалудно е да го контролираме она што веќе одамна нѐ контролира нас.rnrnТаа драгоценост се вика ВРЕМЕ.rn
Автор: Кристина Николовска Шебаљ