Овој период на празници најверојатно е омилен за многумина од вас. Новогодишните мелодии, филмови како и новогодишните рецепти, можат да ни го доловат празничниот дух, но да не ја занемариме и моќта на книгите. Во продолжение откријте кои романи чие дејство се одвива околу Нова година и Божиќ вреди да ги прочитате во следниот период.rnrn
rn
1. „Прескокнувајќи го Божиќ“ од Џон Гришам
rnДали сте го гледале „Божиќ со Кранкови“? Ова е книгата врз која е базиран филмот! Станува збор за брачен пар кој одлучува за прв пат да не го слави Божиќ бидејќи нивното единствено дете нема да биде дома за празниците, и наместо тоа, да одат на крстосување по Карибите. Сепак, се чини дека на соседите не им се допаѓа нивниот план. Ви гарантираме дека оваа книга дефинитивно ќе ви ги разубави празниците!rnrn
rn
2. „Божиќни писма“ од Деби Макомбер
rnХероината во романот заработува преку пишување божиќни писма за другите, при што ги прави повозбудливи нивните животи. Таа ги пишува писмата во нејзиното омилено кафуле кое патем го посетува и еден човек за кого Божиќ е само една обична лага. Тие набргу се запознаваат и иако нивните мислења се разидуваат, сепак на крајот ќе сфатат дека постои љубовна хемија помеѓу нив.rnrn
rn
3. „Божиќен автобус“ од Мелоди Карлсон
rn„Божиќен автобус“ е книга за жена која е разочарана кога ќе слушне дека нејзините деца нема да се вратат дома за Божиќ. Таа е толку осамена што решава да покани странци да престојуваат во собите на нејзините деца. На почетокот се чини дека е добра идеја, но како што минува времето, таа не е толку сигурна дека го направила вистинскиот избор.rnrn
rn
4. „Божиќниот воз“ од Дејвид Балдачи
rn„Божиќниот воз“ е приказна за човек кој тргнува на пат кон дома со воз непосредно пред Божиќ. Сепак, неговите планови да стигне дома навреме ќе бидат уништени откако шините ќе бидат затрупани со лавина од снег. Главниот лик заедно со сите останати патници во возот ќе го дочекаат Божиќ поразлично од кога и да било.rnrn
rn
5. „Зимска улица“ од Елин Хилдербренд
rnРоманот „Зимска улица“ ја раскажува приказната за маж кој се оженил два пати и одгледал четири деца. Сега неговите деца се возрасни, но тоа не значи дека нема да го поминат Божиќ заедно. Се разбира, овој пат не е исто како што било некогаш, пред многу години…rnrn
rnrnОткако ја прочитавте нашата листа на новогодишни и божиќни романи, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 15-те најпопуларни божиќни книги според корисниците на Гудридс.rnrnИзвор: allwomenstalk.com