Која е мерката за лудило?
rn
Наша оценка: 9/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rn„Вероника реши да умре“ е едно од постарите дела на Пауло Коелјо, па е и поразлично од она што го пружа во последните неколку години. Нема големи дози од магичниот реализам типичен за него, туку проблемот кој овде го изнесува го третира на пореалистичен начин. Се разбира, и овој пат приказната е автобиографска, а инспирирана од времето кое го поминал во установа за ментално здравје. Можеби веќе знаете, неговите родители сметале дека е луд затоа што сакал да биде писател и го пратиле таму за да го оправат. Но наместо тоа, таму се создал материјал за пишување. Тоа што е слично со другите негови дела е дека сопствената приказна и овој пат ја пренесува преку женски карактер.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnТоа е Вероника, млада 24-годишна девојка од Љубљана која решила дека треба да се самоубие. Не ѝ е сосема јасно зошто, но ете, сака да се самоубие. А нејзиниот живот наизглед е таков каков што секој на таа возраст би го посакал: дипломирала, работи, има момчиња, се забавува… Непосредно пред чинот размислува за банални работи барајќи повод за тоа што сака да го стори, давајќи до знаење дека вистинските причини таа ги носи скриени подлабоко во себе. На крај сепак ги испива таблетите и заспива мислејќи дека тоа е тоа, нема веќе да го живее овој мизерен живот во оваа мизерна земја. По некое време се буди во рајот, но тој не ѝ изгледа таков каков што го замислувала. Околу неа место ангели има растрчани луѓе облечени во бело кои ѝ зборуваат нешто нејасно. Набргу сфаќа дека е во психијатриската болница Вилет.rnrn
rnrnТакво озлогласено место не може да биде рај. И што е уште полошо, преживеала! Но добро е барем тоа што нејзиниот кошмарен живот ќе трае само уште неколку дена. Нејзиното срце толку многу ослабнало од таблетите кои не успеаја да ја убијат, па каде и да е ќе замине и од болницата и од овој свет. Но, токму тогаш Вероника ќе доживее работи кои ќе ја натераат да се соочи со она што ја прогонува и на животот да почне да гледа на поинаков начин, како на некој кој вреди да се живее.rnrn„Вероника реши да умре“ е книга чие дејство се одвива во лудница – идеално место за испитување на поимот на лудилото. Коелјо овој пат на доста суптилен начин се впушта во расправа за дефинирање на лудилото, за тоа кој е луд, а кој не, но и понатаму на неговиот супер едноставен, разбирлив и забавен начин. Тоа што вам може многу да ви се допадне е тоа што книгата третира теми кои силно ги засегаат читателите од средина како нашата, во која конзервативноста секогаш се појавува во нови бранови славејќи ја покорноста кон нормите. И самата болница е метафора за простор исполнет со неконвенционални луѓе на кои им се суди според конвенционални норми, а особено е интересно прикажувањето на однесувањето на ментално болните кои се сместени таму.rnrnИма за што да се размислува откако ќе се заврши ваква книга.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk
