Листата на најдобри трилери на сите времиња никогаш нема да ви биде комплетна ако го испуштите ова генијално дело. Истото важи и за листата на најголеми љубовни драми.
Наша оценка: 8/10
rn
Ваша оценка: [ratings]
rnБрзиот, возбудлив и динамичен стил на пишување на новите генијални умови и креатори на најдобрите трилери на денешницата, може многу лесно да нè навлече и најчесто нè тера да читаме во еден здив. Не можеме да негираме дека напнатоста на дејствието, плетењето на мрежата на мистерија и тајни, нијансите на психолошките манифестации на однесувањето на еден добро структуриран лик не се клучни кога станува збор за квалитетен трилер, но најчесто неочекуваните и агресивни пресврти се токму тие моменти коишто не држат будни цела ноќ. Сè додека не се потсетиме на старите добри трилери и не ископаме некое легендарно дело како „Црниот принц“ на Ајрис Мердок. Е тогаш, ќе се потсетиме дека најдобрите се оние коишто на почеток не ви изгледаат толку интересни и возбудливи, потоа ве тераат да размислувате за нив додека се возите во автобус, па сфаќате дека не мора да ги вртите брзо страните за да дознаете што се случува туку да уживате во секој совршено избран збор и на крај, со последната страница знаете дека нешто во вас е засекогаш изменето.rnrn
rn
Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ
rnrnrn
rnrnrn„Црниот принц“ започнува со еден долг и здодевен вовед на писателот Бредли Пирсон, главниот лик во книгата, според кој ако ја судите книгата многу ќе погрешите. Но, е клучен за запознавање на овој средовечен, нереализиран писател кој е убеден дека ќе напише ремек-дело некогаш, но едноставно не може да ја најде вистинската приказна за којашто сака да пишува. По малку меланхоличен, Бредли планира патување и изнајмува куќа на море, со единствена цел да ужива во самотијата и да се посвети на пишувањето. Сè додека „приказната“ која ја бара не му го опседне животот, уште пред да тргне на пат.rnrn
rnrnНекој ѕвони на вратата – братот на бившата жена на Бредли, прв сигнал за неволја. Додека се труди да го откачи, некој ѕвони на телефон – неговиот долгогодишен пријател и ривал, Арнолд Бафин мисли дека си ја убил жената. Патувањето е одложено, Бредли мора да му помогне на својот пријател и тука започнува хаотичниот вртлог на проблеми од кој Бредли не може да се извлече.rnrnКнигата има шест главни лика чиишто животи се испреплетуваат и на крајот кулминираат на најдобриот можен начин на којшто еден генијален трилер може да заврши – со убиство.rnrnНесогласувањата во брачниот живот на Арнол и Рејчел, нивната наивна, дваесетгодишна ќерка Џулиан која започнува афера со Бредли, неговата депресивна сестра Присила која го напушта својот сопруг, неговата бивша жена Кристијан која се враќа за да му го загорчи животот и нејзиниот брат Френсис се сосема добра основа за проблеми.rnrnНо, „Црниот принц“ не е само трилер. Морам да признаам дека, љубовната афера помеѓу Бредли и Џулиан иако бизарна, изобилува со романтика и чувства и во голема мера книгата е всушност приказ на неверојатниот ефект на љубовта и начинот на кој може да нè измени. Дури и намќорест старец кој не се грижи за никој во неговиот живот и е опседнат со тоа да биде признат и запомнет.rnrnМожеби најинтересниот дел е фактот дека меѓу нив нема лажго, ликовите му се обраќаат на читателот со сопствената визија за настаните и начинот на кој ги доживуваат. Тие се комплексни, интересни, но Ајрис не се труди да ги направи особено привлечни за читателот. Обични луѓе, средна класа, секојдневни проблеми кои се испреплетуваат на тој начин што се сè само не обични и секојдневни, само поради одлуките на самите ликови.rnrnДа бидам искрена, никогаш не сум била фан на Шекспир па ми требаше време да ја сфатам поврзаноста со Хамлет и начинот на кој Ајрис преработува некои делови во контекст на книгата. Во секој случај, книгата бара време и посветеност, но нуди вистинско уживање. Овој прекрасен доказ за генијалноста на Ајрис Мердок не смеете да го пропуштите.rnrn
тел: 02/3238-722
knizarnica@kniga.com.mk

