rn
4. „Мажот кој го сакам“ – Суен Лакер (The Man I Love)
rnНе само што оваа приказна ги има сите одлики на љубовта, туку почнува и со трагично пукање во едно училиште. Погледнете како љубовта, справувањето и менталната болест влијаат на група пријатели после насилство.rn
5. „Светот не е фабрика за исполнување желби“ – Џон Грин (The Fault in Our Stars)
rnТргнете го филмот настрана, бидејќи оваа книга навистина ќе ве уништи. Ова е приказна за двајца млади луѓе кои се вљубуваат, но и се борат со смртоносна болест. Приказната навистина им дава перспектива на животот и љубовта, особено кога ќе сфатите дека времето не е на ваша страна. Имајте на ум дека многу ќе плачете.rn
6. „Види ме“ – Николас Спаркс (See Me)
rnАко сè уште не сте запознаени со магијата на пишување на Николас Спаркс, време е да го направите тоа. Неговите приказни секогаш нè ставаат во ситуации кои можат да се случат секому. Во оваа книга дознајте што ќе се случи кога двајца луѓе неочекувано ќе се сретнат и откријте како се развива нивната љубовна приказна.rn
7. „Еленор и Парк“ – Реинбоу Ровел (Eleanor & Park)
rnИ во оваа книга ќе се вратите на лудите искуства за време на вашата прва љубов. Многу често првата љубов не трае долго, но не ги забораваме моментите од таа еуфорија. Зачекорете во приказната на едно дуо кое е соочено со стравот од првиот пат, иако и двајцата се доволно паметни да знаат дека тоа нема да трае.
Изгледа дека книгите имаат моќ да ја испратат нашата фантазија во некоја друга димензија. Оваа зима сместете се удобно, набавете некоја од книгиве и подгответе се за многу емоции.
Ако пак романтичните книги не се за вас и сакате мал предизвик, погледнете ги 8-те најкомплицирани книги што вредат да се прочитаат.

